Март за вас е еден од поклучните месеци во годината, бидејќи директно ве става во фокус преку лунарната еклипса во вашиот знак. Ова не е период за површни промени, туку за длабоко преиспитување на идентитетот, навиките и начинот на кој се движите низ секојдневието. Работите што долго време сте ги игнорирале или рационализирале сега стануваат видливи и бараат јасен одговор. Првата половина од месецот е силно обележана од односите со другите. ...

Март за вас е месец во кој секојдневието, обврските и односот кон сопствената енергија доаѓаат во прв план. Ова е практичен и корективен период, со јасна порака: начинот на кој живеете секој ден мора да биде одржлив. Ако долго време сте функционирале преку компромиси, прилагодување или премолчување на заморот, март ќе ве соочи со последиците. Првата половина од месецот е силно обоена од енергијата на Риби и ретроградниот Меркур, што може да ...

Март за вас е месец во кој се отвора прашањето колку простор има за радост и креативност. Ова не е лесна, но е искрена проверка: дали навистина уживате во она што го градите или само функционирате од навика и одговорност. Првата половина од месецот е силно обоена од енергијата на Риби и ве враќа кон теми поврзани со љубовта, инспирацијата и емотивната искреност. Марс во Риби од 2 март ја активира вашата креативна и емотивна страна. Може да ...

Март за вас е месец во кој фокусот се спушта од големите идеи кон основата врз која тие треба да стојат. Ова не е период за бркање нови хоризонти, туку за зацврстување на внатрешната и надворешната сигурност. Првата половина од месецот силно ја нагласува темата на домот, семејството и емотивната стабилност. Ако овие области подолго време биле запоставени, сега бараат внимание. Марс во Риби од 2 март ја активира потребата за емоционална ...

Март за вас е месец во кој менталниот фокус и секојдневната комуникација доаѓаат во преден план. Ова не е период на големи декларации, туку на постепено расчистување на мислите, разговорите и договорите што ја обликуваат вашата реалност. Првата половина од месецот ве тера да забавите и да обрнете внимание на деталите што обично ги прескокнувате во трката кон резултати. Марс во Риби од 2 март ја активира потребата за внимателен пристап во ...

Март за вас е месец во кој темите на вредност, сигурност и лични ресурси доаѓаат во фокус. Ова не е период на радикални пресврти, туку на трезвена проценка: што навистина ви носи стабилност и на што реално можете да се потпрете. Првата половина од месецот ве тера да забавите и да ги преиспитате приоритетите, особено во однос на финансии, самодоверба и начинот на кој ја мерите сопствената вредност. Марс во Риби од 2 март ја активира темата ...

Март за вас е еден од најважните месеци во годината, бидејќи голем дел од астролошката динамика се одвива токму во вашиот знак. Ова е период на личен пресврт, но не преку драматични настани, туку преку нежно, а сепак длабоко усогласување со тоа кои сте и што повеќе не можете да носите со себе. Првата половина од месецот ве става во состојба на зголемена чувствителност, интуиција и внатрешна работа. Марс влегува во вашиот знак на 2 март и ја ...

Март за вас е месец на силно рестартирање на вашата енергија. Иако на површина може да изгледа како период на забавено темпо, зад сцената се случуваат длабоки процеси што ве подготвуваат за целосно нов почеток. Првите две третини од месецот се одвиваат под силно влијание на Риби, што за вас значи дека акцијата не е директна, туку тивка, интуитивна и често невидлива за другите. Ова е фаза на подготовка, расчистување и затворање на стари ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираше дека вчера во атарот на село Теарце, била успешно отстранета артилериска граната со калибар од 100mm од Првата светска војна. Гранатата била пронајдена на отворен простор и веднаш биле преземени соодветни активности за нејзино безбедно обезбедување и дислоцирање. По извршената проценка на терен, пиротехничарот Зоран Пеев од ДЗС спровел контролирана интервенција согласно утврдените ...

Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре дел од корисниците во општината Центар ќе останат без снабдување со електрична енергија. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улица „Новопроектирана 2“, како и дел од локалите и зградите лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ (броеви 15-17) и на булеварот „Климент Охридски“. Според најавите, прекинот ќе трае во периодот од 07:30 до 15:30 часот. Поради планирани технички ...

Вчера попладне 33-годишна жена била уапсена во Кисела Вода. - На 25.02.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа К.Н.(33) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, соопштија од полицијата во дневниот билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера попладне 33-годишна жена била уапсена ...

Македонски Телеком ja заврши 2025 година со раст во сите сегменти, финансиски раст и големи инвестиции во развојот на инфраструктурата. Ова е резултат на конзистентниот раст во текот на целата година и следење на стратегијата за најдобра мрежа и врвно корисничко искуство. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на годината изнесуваат 2.860 милиони денари наспроти 2.296 милиони денари на крајот од минатата година. Оперативната добивка ...

Вчера лишени од слобода биле четири возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол, додека со еден малолетник е извршен службен разговор за возење возило без дозвола. Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четири возачи, од кои двајца за возење под дејство на алкохол, еден за возење со забрана за управување возило ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески сподели дека денеска заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршиле увид во завршната фаза од изградбата на новиот објект „Изворче“ во Стар Аеродром, во рамките на детската градинка „Срничка“. Станува збор за капитален проект од огромно значење за овој дел од општината, каде што живеат многу млади семејства. Со доградбата и надградбата на ...

Општина Сарај објави дека движењето по патеката Матка е забрането поради опасност од уривање на карпи. Според општината, одлуката е донесена врз основа на актот на Дирекцијата за заштита и спасување, додека на опасните подрачја се поставени и предупредувачки знаци за паѓање камења. Забраната стапува на сила веднаш и ќе трае до понатамошно известување. Властите ги повикуваат жителите, туристите и здруженијата што планираат активности во оваа ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за ...

Двајца вработени во ЕВН биле нападнати на терен во тетовско. - На 25.02.2026 во 08:20 час во СВР Тетово Д.Р. (49) од Тетово пријавил дека претходниот ден во село Пирок, тетовско, додека извршувал работни како вработен во ЕВН Македонија со колегата Х.Х. (57) од село Камењане, тетовско, бил физички нападнат од Б.Б. од село Пирок, соопштија од тетовската полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Двајца вработени во ЕВН биле ...

Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини. Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и ...

Млад скопјанец пронајден во неконтактибилна состојба во стан во Гази Баба. - На 25.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во стан на сосед на подрачјето на Гази Баба во Скопје е пронајден С.Л.(29) од Скопје, кој бил во неконтактибилна состојба. Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, а во службен разговор неговиот татко П.Л.(63) појаснил дека С.Л. претходниот ден не се вратил дома од ...

Повторно фатен малолетник кој управува со возило. - На 25.02.2026 во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „фолксваген туран” со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило, информираа од МВР. По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во вторник (3 март), ќе пристигне во официјална посета на Македонија. Домаќин на Руте ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а предвидени се и средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Генералниот секретар ќе присуствува и на показна вежба на Армијата. Ова ќе биде прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Претходно, во ноември ...

Алијансата предводена од Арбен Фетаи вечерва ќе одржи вонреден состанок со структури од сите градови, каде што се очекува да се донесе одлука за спојување на партиските структури. Партијата нагласува дека, како меѓу најголемите придонесувачи и жртви за создавањето и одржувањето во живот на ВЛЕН, тие го прават следниот чекор кон етаблирање на ВЛЕН како политички субјект. Пред неколку недели, Движењето Беса ги распушти и своите партиски ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски сподели дека денеска темелно била исчистена улицата „50“, при што биле расчистени неколку диви депонии долж улицата. „Општинските работници се секојдневно на терен и изминатите денови расчистивме неколку помали диви депонии, посочи Костовски. Тој порача дека отпадот се фрла во канта или контејнер, не на јавни површини и апелираше до сите граѓани да ја чуваат средината и да не се создаваат ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија. Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на ...

По првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, во текот на завчерашниот ден не бил регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор - црвено светло. Ова го соопштија од полицијата, а информацијата веднаш беше протолкувана на социјалните мрежи. Многумина кои го поддржуваат проектот „Сејф Сити“ велат дека ова се конкретните резултати на терен. Младиот активист и писател Мартин Јовановски го сподели својот став на темава, ...

Од Општина Илинден денеска информираа за отпочната градежна офанзива во општината. Како што споделија во објавата на Фејсбук, започнати се активностите за асфалтирање на новоизградената улица „103“ во м.в. Јака во н.м. Марино. Оваа улица е во вкупна должина од 512 метри и широчина од 6 метри, со тротоари од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри. Од Општина Илинден исто така посочија дека градоначалникот Александар Георгиевски ...

Во текот на вчерашниот ден во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, ѝ се јавили маж, кој се претставил како лекар и ѝ кажал дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка ...

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта. Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите ...

Тендерската постапка за системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје ќе биде распишана во втората половина од 2026 година, а реализацијата на терен се очекува во 2027 година, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, по тримесечна постапка е одблокиран процесот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што овозможува проектот повторно да се активира. Ѓорѓиевски нагласи дека БРТ е ...

Во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа свечената промоција на првиот историски весник за Кисела Вода. Овој настан е дел од проект посветен на зачувувањето на локалното културно-историско наследство, насловен „70 години Кисела Вода – историја и култура што не се заборава“. На настанот покрај градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, говореа Билјана Јанева од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
66%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.16
78%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
48%
1018
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
46%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8942

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Родиум

319899.93

Злато

152465.86

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89