Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Како дел од своите општествено одговорни активности, „Sport Life“ обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии – Здружението „Отворете ги прозорците“ и SLP.BOJAN – Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација. Донациите се наменети за набавка на асистивна технологија, рехабилитациски помагала и дидактички материјали кои ќе придонесат за поквалитетна поддршка на ...
Седумдесет и осумгодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило товарно возило на локалниот пат меѓу селата Орешани и Зелениково. Според информациите од МВР, сообраќајната несреќа се случила на вчера околу 07:15 часот, кога товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Т.Д. од скопското село Усје, удрило во пешакот Н.Б. (78) од село Студеничани. Во несреќата, пешакот се здобил со ...
Скопјанка тешко повредена откако паднала во автобус во Скопје. - На 25.06.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека додека се превезувала во автобус на територија на населба Пржино во Скопје, во автобусот паднала Ј.С.(68) од Скопје и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. Скопјанка тешко повредена откако паднала во ...
Тинејџер од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила по полноќ на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром. - На 26.06.2026 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Јане Сандански“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(31) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(19) од Скопје, известија од МВР во ...
Малолетен мопедист од Пробиштип е тешко повреден откако удрил во возило. Пренесен е на штипската клиника на лекување. Инцидентот се случил вчера попладне. - На 25.06.2026 околу 15:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, 17-годишен малолетник од Пробиштип, управувајќи мопед со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, запрено од С.С.(52) од ...
Седумдесет и деветгодишен жител на охридското село Коњско е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во Охрид, при што оштетил шест паркирани возила. Како што информира МВР, на 25 јуни околу 12:20 часот полициски службеници на улицата „Питу Гули“ го привеле К.Р. (79), кој претходно на булеварот „Туристичка“, управувајќи „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во шест паркирани патнички возила. ...
Во пресрет на овогодишното издание на фестивалот „Охридско лето“, А1 Македонија ја претстави кампањата „Културна врска“, чиј централен дел е новата џез-интерпретација на легендарната македонска народна песна „Билјана платно белеше“, создадена во соработка со Националниот џез оркестар. Како генерален спонзор на „Охридско лето“, А1 Македонија годинава одлучи поддршката на културата да ја преточи во трајна вредност, музичко дело што останува ...
4-годишно дете од Тетово е повредено откако се судрило со електичен тротинет на тротоар во Тетово. Детето управувало детски тротинет. - На 25.06.2026 во 20:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на тротоар на булеварот „Маршал Тито“ се судриле електричен тротинет кој го управувал 14-годишник од Тетово и детски тротинет, кој го управувал четиригодишник во придружба на негов родител. Притоа, четиригодишното дете се здобило со телесни ...
Победничкото ѕвонче повторно заѕвони на Универзитетската клиника за детски болести, овојпат во чест на Ана, која успешно го заврши своето лекување. За радосната вест информираше Министерството за здравство, од каде посочија дека секое ѕвонење на победничкото ѕвонче е симбол на детската храброст, семејната љубов и посветеноста на здравствените работници. „Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја ...
Педесет и петгодишен жител на тетовското село Теарце е лишен од слобода под сомнение дека предизвикал пожар на нива покрај регионалниот пат Тетово–Јажинце. Како што соопшти МВР, вчера околу 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека избувнал пожар во атарот на селото Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземените мерки, ...
За викендот од 26 до 28 јуни 2026 година, енергијата е насочена кон проширување на хоризонтите, слушање на внатрешниот глас и преземање конкретни чекори кон нешто што долго време ве повикува. Photo by Kitera Dent on Unsplash Месечината во Стрелец носи желба за движење, учење и нови искуства, додека хармоничните аспекти со Нептун и Сатурн помагаат соништата да добијат појасна форма. Неделата носи дополнителен поттик преку поволниот аспект ...
Во насока на заштита на животната средина и развој на одржливите практики за управување со отпад, Општина Илинден, во соработка со Центарот за климатски промени и ЈКП Илинден, започна со воспоставување систем за примарна селекција на пластичен отпад. Во рамки на првата фаза од иницијативата, во населеното место Јака беа бесплатно распределени корпи за селекција на пластичен отпад во 60 домаќинства, со што граѓаните добија можност активно да ...
Градоначалничката, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“, упатувајќи му искрени честитки за големиот успех и за достоинственото претставување на Македонија на регионалната музичка сцена. На средбата беше истакнато дека Општина Кисела Вода е средина од која произлегуваат бројни млади, талентирани и успешни луѓе, а локалната самоуправа останува ...
Во Паркот на Франкофонија, утре, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам. На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија. Посетителите ќе имаат можност да разгледаат ...
Наставата без користење мобилни телефони за време на часовите успешно се реализираше изминатата учебна година во сите општински основни училишта во Гази Баба и веќе дава видливи резултати, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски. Според него, во секоја училница се поставени специјално изработени џебови, а дел од училиштата располагаат и со специјализирани шкафови за безбедно оставање на мобилните телефони. На почетокот на секој наставен час ...
Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој зелен простор ќе биде ставен во функција и отворен за граѓаните, соопшти Град Скопје. Паркот се простира на површина од 8.000 квадратни метри, а според Градот, просторот кој со години бил запуштен и неискористен е трансформиран во современа зелена површина наменета за одмор, рекреација и дружење. Во рамки на паркот ќе има хортикултурно уредување, пешачки ...
Општина Кисела Вода официјално го најави претстојното „Културно лето“, манифестација со која ќе се одбележи 71-от роденден на најстарата скопска општина. Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, од вечерва до 28 јуни граѓаните ќе можат да уживаат во богата тридневна фестивалска програма на неколку локации низ општината. На прес-конференција градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ...
Кириите во Скопје бележат пад и стануваат меѓу најниските во Европа, покажуваат анализите на пазарот за недвижности. Според експертите, клучна причина е големата понуда на станови, вклучително и околу 100.000 празни недвижности во државата, што ја зголемува конкуренцијата меѓу издавачите. Во пракса, станови што првично се огласуваат за околу 400 евра месечно, често се издаваат и за 250 евра по неколку месеци. Агенциите за недвижности велат ...
По реакциите во јавноста по бегството на волците од Зоолошката градина во Скопје, здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ побара итно затворање на ЗОО Скопје сè до завршување на независен инспекциски надзор. Од организацијата објавија снимка од оградата на живеалиштето на волците, за која тврдат дека не ги исполнува безбедносните стандарди потребни за чување диви животни. Според нив, ваквата ограда остава сериозен сомнеж дали биле ...
Месечината денес влегува во Стрелец и носи потреба за движење, нови искуства и пошироки перспективи. Photo by Vinícius Santos on Unsplash По интензивната енергија на Шкорпија, сега вниманието се насочува кон иднината, учењето и откривањето нови можности. Хармоничниот тригон меѓу Месечината во Стрелец и Нептун во Овен дополнително ја зајакнува интуицијата и способноста да ги препознаете знаците што животот ви ги испраќа. Денес не мора сè да ...
Македонскиот тенис испиша историја. Лина Ѓорческа стана првата Македонка што обезбеди пласман на главниот турнир на Вимблдон, откако во квалификациите оствари три победи во три дена и го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот тенис. Фото Во финалниот квалификациски меч, Ѓорческа убедливо ја совлада Италијанката Бонцети, дозволувајќи ѝ да освои само три гејма. Со последниот освоен поен го завери местото меѓу најдобрите на ...
Денеска во Собранието имаше жестока дебата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во своето обраќање, Мицкоски упати серија критики на сметка на Филипче и поранешната власт, обвинувајќи ги за одговорност за бројни афери и пропусти од минатото. „Виновен сум што не сте во затвор, туку уште уживате на јахтите во Палури“, му порача Мицкоски на Филипче, додавајќи дека граѓаните очекуваат правда и одговорност. ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски од понеделник најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите во Армијата. „Од понеделник ќе започнеме со нов колективен договор, од следна година ќе се зголемат платите од Армијата, ќе се зголеми бодот и од наредните години со буџетот ќе има процентуално зголемување за Армијата. Од понеделник ќе седнеме заедно со сите синдикати, ќе разговараме за колективен договор“, ...
42-годишен скопјанец нападнат со остар предмет од непознато лице синоќа кај Бит Пазар. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со остар предмет го нападнало Е.А.(42) од Скопје и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 42-годишен скопјанец нападнат со остар предмет од непознато лице синоќа кај Бит Пазар. Како што ...
Една од најочекуваните игри во светот на gaming индустријата, Grand Theft Auto VI, е веќе достапна за преднарачка во Анхоч. Новото продолжение од Rockstar Games официјално излегува на 19 ноември 2026 година за PlayStation 5 и Xbox Series X|S, а сите гејмери кои сакаат навреме да го обезбедат својот примерок, можат да направат преднарачка преку продажната мрежа на Анхоч или онлајн на anhoch.com По години исчекување, GTA VI повторно ги носи ...
Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Киро Глигоров“, на спојување од влез-излез од објект, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(33) од Скопје и велосипед управуван од М.М.(45) од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка ...
Маж со тврд предмет физички нападнал 61-годишна жена на подрачјето на Бит Пазар. Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 00:45 часот во СВР Скопје, Ѓ.У.(61) од Скопје пријавила дека претходно вечерта околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од Ф.Д., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Маж со тврд предмет физички нападнал 61-годишна жена на подрачјето на Бит ...
Вработен во спортска обложувалница во Аеродром синоќа пријавил физички напад на неговото работно место. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(18) од Скопје пријавил дека околу 22:40 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.Љ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вработен во спортска обложувалница во ...
Во рамките на ексклузивен и визуелно спектакуларен настан, Порше Македонија официјално ја претстави новата ера на луксузните SUV возила на македонскиот пазар – целосно електричниот Porsche Cayenne Electric. Настанот, кој ги собра на едно место водечките бизнис лидери, јавни личности, автомобилски ентузијасти и претставници на медиумите, беше модериран од една од највлијателните македонски инфлуенсерки, Миа Костова. Таа со својот препознатлив ...
Синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Како што се наведува во полицискиот билтен, претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во ...