Ноќеска во 01:10 часот во село Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го привеле К.Ѓ.(32) од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој претходно во угостителски објект во Мешеишта, физички и со дрвен предмет ги нападнал Љ.Ѓ.(57) од Мешеишта и А.С. од струшкото село Враништа, а потоа надвор од објектот оштетил патничкo возило „фолксваген“ со струшки регистарски ознаки. По целосно документирање на ...

72-годишник од скопски Љуботен вчера пријавил во полиција дека негов 47-годишен соселанец физички ги нападнал него, синот и снаата. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:20 часот во СВР Скопје, Б.А.(72) од село Љуботен, скопско, пријавил дека по претходна расправија, тој, неговиот син и неговата снаа биле физички нападнати од Б.А.(47) од Љуботен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ...

Три лица се повредени во сообраќајката што утринава се случи на клучката кон аеродромот во Скопје. Според информациите од МВР, возило со српски таблички управувано од 34 годишен возач се превртело. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 05:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ. (34) од Република Србија, удрило во метална ограда и се превртело ...

Ноќеска во 01:30 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Д.(19) од Тетово затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Како што се наведува во полицискиот билтен, при преземање мерки, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,33 промили алкохол во крвта. По целосно ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов извршија обиколка на просторот околу седиштето на оваа значајна институција. „МАНУ е една од најважните и највредните институции во Македонија, дом на науката, уметноста, знаењето и мислата што ја движи државата напред. Како Град Скопје, ќе дадеме поддршка во уредувањето на просторот, со цел овој ...

Изминатиов викенд, Porsche Center Skopje беше домаќин на големиот Porsche Community настан, кој на едно место ги обедини страсните членови на Porsche Club North Macedonia, долгогодишните клиенти, ентузијастите и претставниците на медиумите во уникатно славење на прецизниот инженеринг и моќта на заедницата. Настанот помина во знакот на исклучителна енергија и бројна публика, каде што фокусот беше ставен на лојалноста на клиентите и ...

Денес е голем ден за Трубарево и за цела Општина Гази Баба. Со огромна чест и гордост ја пуштивме во употреба новата детска градинка „Кокиче“, капитален проект кој повеќе децении беше желба и потреба на жителите од ова населено место. Денес тоа што долго се чекаше, конечно стана реалност, истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Изградивме современа детска градинка на површина од 720 квадратни метри, со пространи и ...

Познатиот скопски бизнисмен Марјан Јованов (58), во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од својот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера во 18:15 часот, кога во базен во дворот од куќата било пронајдено безживотното тело на Јованов. „На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на ...

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Општина Кочани, наменета за потребите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани во справувањето со пожари и други елементарни непогоди. Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе се овозможи набавка на специјализирано возило за пристап до тешко достапни и опожарени терени, како и набавка на комплети лична заштитна опрема за пожарникарите. Опремата вклучува заштитни ...

Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри, информираа од Општината. Од таму посочија дека инсталирани биле нови метални канделабри и енергетски ефикасни ЛЕД светилки на улица „32“ во н.м Илинден, во должина од 450 метри, ...

Утрово на автопатот, на надвозникот кај влезот на Скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се преврте. Според сведоштва на очевидци, повредени биле повеќе лица. Причините за несреќата засега не се познати. Дополнителни информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи. Фотографија: Фактор Утрово на автопатот, на надвозникот кај влезот на Скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајна несреќа во ...

Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство. Како што се наведува во соопштението на Обвинителството, на 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел ...

Управата за извршување на санкции информираше дека затворската полиција во КПУ Затвор Скопје добила нови униформи. „Грижата за вработените е наша обврска, а создавањето подобри услови за работа е еден од нашите приоритети. Со таа цел, во КПУ Затвор Скопје е извршена набавка на нови униформи за припадниците на затворската полиција“, велат од Управата. Од таму посочија дека со оваа набавка продолжуваат да инвестираат во професионалноста, ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски утрово во објава на Фејсбук ги покани граѓаните во среда, со почеток во 19 часот, во Националниот археолошки музеј, на концерт на класична музика во изведба на Трио Аперто. „Заедно ќе уживаме во внимателно одбрана програма со дела од Шостакович, Форе, Цанев, Дворжак, Светиев, Шнитке и други композитори, во изведба на врвните македонски уметници Марина Трајковска, Момчило Куфојанакис и ...

Општина Чаир и неделава продолжува со активностите во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, преку која граѓаните ќе можат бесплатно да добијат совети и здравствени услуги. Како што соопшти општинската прес-служба, секој ден, од 11:00 до 13:00 часот, граѓаните ќе можат бесплатно да добијат совети и здравствени услуги на следните локации: Парк Чаир – медицински тим од Здравствен дом Скопје; Стара чаршија (пред Мустафа-пашината ...

Овој викенд Општина Бутел и населба Радишани беа во центарот на баскет 3х3 турнирите, а јубилејното 5-то издание заврши со спектакуларни натпревари. „Рекордна посетеност со што уште еднаш се докажа дека овој 3х3 баскет турнир е најдобар во Македонија! Четири дена исполнети со многу забава, дружење но пред се врвна кошарка со најдобрите екипи од цела Република Македонија и Балканот! Четири дена во кои беа срушени рекордите на посетеност и ...

Измените на Изборниот законик, коишто до петокот се усогласуваа од членовите на работна група, би можеле денеска да се најдат на собраниска седница како предлог на пратеници. Предлогот треба да биде потпишан од пратеничките групи и формално да биде доставен до Собранието. Тоа би можело да се случи уште денеска, велат извори од владејачкото мнозинство. Собранието денеска треба да започе една нова седница, така што дневниот ред би можел да се ...

На 63-годишна возраст почина театарскиот режисер Сашо Миленковски. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режираше повеќе од 50 претстави, поставувајќи дела од автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. Една од неговите најзначајни режии беше праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, поставена во Битолскиот народен театар во 1992 година. Претставата освои четири ...

Oд март следната година, Србија повторно ќе воведе задолжителна воена служба, која ќе трае 75 дена и ќе ги опфати мажите помлади од 30 години. Оваа одлука ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека станува збор за „многу кратка“ воена обука. Најавата беше дадена на Воениот аеродром Батајница, во близина на Белград, каде што беше организирана голема презентација на воена опрема, вклучувајќи авиони, хеликоптери, ...

Вреди ќе добие шест министерски ресори во рамки на најавената владина реконструкција, потврди вчера вицепремиерот и министер за евроинтеграции, Беким Сали. Според него, конечните одлуки за новите министри сè уште не се донесени, а разговорите за реконструкцијата продолжуваат. Сали изјави дека Вреди во новата владина распределба ќе раководи со Министерството за животна средина, Министерството за економија, Министерството за правда, ...

Поради сообраќајна незгода на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правецот од Скопје кон аеродромот, во моментов е изменет режимот на сообраќај. Од ТАВ Македонија информираат дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен правец. До патниците и посетителите е упатен апел да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда. Поради сообраќајна ...

Во ЈП Јасен на повеќе локации е извршена дива сеча на шума, а видео-снимки и фотографии покажуваат дека дрвјата се поставени на повеќе купчиња спремни за утовар, открива последната епизода на емисијата „Код“ на Телма. Надлежните според одговорите што беа емитувани во емисијата, потврдиле дека дрвјата кои се во непосредна близина на патот се краделе во повеќе наврати. Локациите кои се пусти во резерватот, може да се видат само од воздух, со ...

Двајцата беа од клирот на свети Јован Златоуст. Кога злобните луѓе го протераа Златоуст од Цариград, се запали соборната црква, а пламенот од неа се крена и падна врз куќите на гонителите на светителот на Црквата. Народот во тоа го виде прстот Божји, а непријателите на Златоуст овој пожар им го припишаа на неговите приврзаници. Многумина од неговите блиски луѓе пострадаа заради овој настан, а меѓу нив и свештеникот Тигриј и чтецот Евтропиј. ...

Од 1 јули до 31 август ќе важи целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, поради зголемената опасност од шумски пожари. Забраната ќе важи во текот на целиот ден на сите површини под управување на претпријатието. Исклучок има за надлежните институции, шумарските служби, како и за лица кои ќе поседуваат писмено одобрение издадено од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“. За ...

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 3.0 степени ноќеска во 00:06 часот е регистриран во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците со кои располага Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Гостивар, Тетово и околните населени места, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотрес ...

Денот носи една од најзначајните астролошки комбинации во овој период. Photo by Jernej Graj on Unsplash Меркур започнува ретроградно движење во Рак, отворајќи неколкунеделен период на преиспитување, враќање кон минатото и работа на емоционалната сигурност. Можно е повторно да се појават стари разговори, нерешени семејни прашања или луѓе со кои некогаш сте биле блиски. Во исто време, Месечината влегува во Јарец и кулминира со Полна Месечина ...

На 29 јуни започнува ретроградниот Меркур во знакот Рак, транзит кој ќе трае неколку недели и ќе нè повика да го забавиме темпото, да се навратиме на минатото и да обрнеме внимание на нашата емоционална сигурност. Photo by Nik on Unsplash Иако ретроградниот Меркур често е познат по доцнења, недоразбирања и промени во плановите, неговото влијание во Рак е многу подлабоко и полично. Ракот е знак поврзан со домот, семејството, спомените, ...

Денес во 04:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б. (54) од Скопје. На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која успешно го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид од страна на надлежните органи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. ...

Вчера во Скопје, на повеќе различни локации, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје ги лишиле од слобода Е.М. (34) и 17-годишен малолетник, двајцата од Скопје. Како што соопшти полицијата, при извршени контроли кај двете лица била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци Вчера во Скопје, на повеќе различни локации, полициски службеници ...

Неделата носи мешавина од преиспитувања и нови почетоци. Photo by Elmer Cañas on Unsplash Иако ретроградниот Меркур ќе ги забави плановите и ќе врати некои нерешени ситуации од минатото, неколку хороскопски знаци ќе успеат токму во овој период да направат значаен чекор напред. Полната Месечина ќе донесе резултати од вложениот труд, а моќните аспекти на Марс ќе дадат храброст да се направат промени што долго време се одложувале. Овие три ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
49%
1005
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
50%
995
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
86%
1003
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1003
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
4.58
52%
999
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
98%
1001
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.92
74%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
69%
1007
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
77%
1004
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
7.72
55%
1000
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
5.81
88%
998
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
7.72
94%
1013
Currency

61.642

Currency

55.529

Currency

73.813

Currency

37.964

Currency

39.024

Currency

66.79

Currency

8.3333

Currency

0.67039

Currency

0.3479

Currency

0.52439

Currency

1.1049

Currency

0.59184

Калај

46.87

Кобалт

33.53

Злато

125211.08

Алуминиум

3.02

Бакар

12.40

Платина

48804.83

Рутениум

61086.42

Паладиум

31893.54

Иридиум

326330.08

Цинк

3.76

Сребро

1611.91

Родиум

293375.56