Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Скопје, 26 јули 2023 – Samsung Electronics ја претставува својата нова серија Galaxy Tab S9, врвен асортиман на производи кои го редефинираат светот на таблетите и поставуваат нови стандарди за гледање и креативна слобода. На сите три модели – Galaxy Tab S9, Tab S9+ и Tab S9 Ultra – Dynamic AMOLED 2X екраните гарантираат ненадминливо искуство на гледање и забава заедно со Qualcomm Snapdragon® 8 Gen 2 for Galaxy. S Pen пенкалото, кое е дел од ...
Во подготовка подолг период и достапен како ограничена бета верзија, прелистувачот Arc од The Browser Company ја доби својата прва официјална верзија. Arc 1.0 е достапен за симнување за сите корисници, но засега само на macOS и iOS. Од компанијата најавуваат и Windows верзија, но ќе видиме кога истата ќе стане достапна. Arc прелистувачот е направен на основа на Chromium кодот, но тука завршуваат сличностите со Chrome или било кој друг ...
Два месеци по пуштањето на својата официјална ChatGPT апликација на iOS, OpenAI сега конечно ја пушти својата апликација и на Android. Корисниците на оваа платформа веќе нема да мора да ја користат алатката само преку прелистувач или да ризикуваат и да користат некоја од многуте „алтернативни“ апликации кои не се од OpenAI. Апликацијата овозможува интеракција со вештачката интелигенција исто како преку десктоп, а корисниците можат да ја користат ...
Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) ја објави Програмата за стипендирање на идните студенти за академската 2023/2024 година според која на средношколците кои покажале добар успех во средното образование им се отвора можност да го продолжат школувањето на еден од најдобрите универзитети во земјава којшто, според Шангајската листа, е прогласен за најдобар универзитет во областа на наставата и учењето. Програмата за стипендирање на идните ...
Веќе сме запознаени со неофицијалниот план според кој до 2026 iPhone Pro моделите веќе нема да имаат видлива камера и Face ID сензор на екранот. Според овој план, Apple постепено ќе ги менува карактеристиките на предната страна, се до 2027 година кога сите iPhone модели ќе изгледаат исто, барем на предниот дел. Сега познатиот Ice universe излезе со слика за тоа како ќе изгледа iPhone кога целосно ќе бидат тргнати под екранот камерата и ...
Вест која фановите на Samsung не би сакале да ја прочитаат, враќање на Exynos чипот кај телефоните од овој производител, се најавува како можност која би се случила до крајот на оваа година. Според извори на Pocket-Lint, Samsung размислува повторно да почне да го користи нивниот чип кај телефоните, како што беше случајот до минатата година, во одредени региони. Тоа значи дека корисниците во Европа и уште некои, наместо со Snapdragon чип, ...
Очекувано беше дека Chat функциите на Bing, односно новиот Bing ќе биде достапен само преку Microsoft Edge. Од компанијата се познати по форсирањето на нивните производи, па ова не изненади никого. Минатиот месец беше најавено дека пристапот до новиот Bing ќе биде пуштен и за другите прелистувачи, па со тоа ќе можат да почнат да го користат и корисниците кои не сакаат да се префрлат на Edge. Оваа достапност според информациите е започната, иако ...
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, што ќе се одржи од 30 август до 9 септември оваа година. „Домаќинство за почетници” ќе биде дел од натпреварувачката програма „Orizzonti“ и ќе биде во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, ...
Скопје, 25 јули 2023 – Филмот BARBIE станува еден од најистакнатите културни моменти за годинава, а Samsung Electronics Co, Ltd го објави своето партнерство со Warner Bros. Pictures непосредно по самата премиера. Ексклузивната соработка се состои од глобална малопродажна активација и европска дигитална активација на BARBIE SmartThings DreamHouse. Кампањата ќе биде лансирана на повеќе канали во две фази ова лето, почнувајќи со глобалната ...
Sony конечно ја претстави наредната генерација од нивните одлични безжични слушалки од категоријата кои се ставаат во ушите. WF-1000XM5 доаѓаат цела година подоцна од нивните поголеми WH-1000XM5 и се тука да ги донесат на пазарот повторно едни од најдобрите слушалки кои се достапни. Sony WF-1000XM5 слободно може да се каже дека се целосно нови слушалки, а не само надградба од претходните, односно WF-1000XM4. Заклучокот доаѓа поради целосниот ...
На почетокот од месецот можевме да прочитаме дека Telegram ќе ја додаде популарната функција Stories во нивната апликација. За среќа, корисниците кои не сакаат да ја користат, можат да ја исклучат, оваа функција која веќе и да нема каде не е достапна. Сега Stories на Telegram почнуваат да стануваат достапни за корисниците, но засега тоа е само за Premium корисниците, односно тие кои ја плаќаат месечната претплата од сервисот. Како што беше ...
Samsung го заврши развојот на наредната генерација од GDDR меморијата, односно GDDR7, која моментално е единствена на пазарот, а ќе треба да почекаме и на конкуренцијата. Од компанијата најавуваат дека први кои ќе добијат пристап до новите чипови ќе бидат нивни клучни клиенти кои ќе треба да направат верификација на подобрувањата, а корисниците можат да очекуваат подобрувања кај графичките картички до крајот на годината или од идната. Новата ...
Започна како не до крај јасна најава од страна на Елон Маск, а денеска веќе започна процесот на ребредирање на Twitter. Оваа друштвена мрежа ќе се дистанцира од досега познатата птичка, а истата ќе биде заменета со лого во форма на буквата „X“. Домејнот X.com исто така од вчерашниот ден започна да носи до twitter.com, а веќе може да се забележи и промена на главното лого на страната. Ова лого првично беше најавено како привремено, додека се ...
За оваа година се очекува покачување на цените на iPhone 15 моделите со Pro ознаката. Ова веќе можевме да го прочитаме, а сега повторно доаѓа како информација од страна на Blomberg. Како причина за ова качување на цените изгледа е очекувањето да не дојде до раст на пазарот на мобилни, па Apple планира зголемување на своите приходи на овој начин. Иако не се очекува раст на пазарот на мобилни, Apple сепак очекува задржување на количината на ...
Креирањето на квалитетни и ефективни огласи е од клучно значење за да ја максимизирате Вашата продажба и да привлечете што поглем број на потенцијални купувачи или заинтересирани лица. Во текстов во прилог ќе споделиме неколку совети кои ќе Ви помогнат да го креирате најдобриот оглас на најголемата платформа за огласување во државата – Пазар3 мк. Јасен и концизен наслов Привлечете го вниманието на потенцијалните клиенти со наслов кој ја ...
Со пуштањето на Chrome 115 оваа недела, Google и официјално ќе започне со пуштањето на Privacy Sandbox, замената од компанијата за колачињата кои се користат за следење на корисниците, покрај нивната основа функција. Privacy Sandbox беше најавена уште пред неколку години, а сегашната верзија беше најавена во 2020 по критиките на првата верзија. Во основа, корисниците ќе продолжат да добиваат реклами врз основа на страните кои ги отвораат, само ...
Twitter планира да воведе можност за објава на цели статии директно на платформата, нешто што сигурно ќе биде достапно само за претплатниците на Twitter Blue. Ваквата можност на мрежата ќе направи доста голема промена во нејзиниот стил кој е познат уште од самиот почеток по кратките објави со ограничена должина. Ограничувањето започна со познатите 140 карактери, а сега е зголемено на 280, додека претплатниците на Twitter Blue имаа можност за ...
По објавата дека мерката на Netflix со која сака да ја прекине популарната практика на споделување на сметките со пријателите, функционира, дојде и најавата дека истата ќе биде пуштена во целиот свет. Според Netflix, повеќе корисници имаат креирано сопствени нови сметки во споредба со тие кои ги имаат откажано, па сервисот има добиено скоро 6 милиони нови корисници по пуштањето на новата мерка во неколку земји, вклучувајќи ги и САД. Тоа што ќе ...
Apple GPT, како што почнува да се нарекува неофицијалниот голем јазичен модел кој го развиваат од компанијата, според информациите веќе е во фаза на тестирање. Дека од компанијата нема да гледаат од страна неодредено и ќе започнат со развој на свои алатки направени на основа на јазични модели и вештачка интелигенција, можевме веќе да прочитаме, а сега доаѓа и потврда од Марк Гурман од Bloomberg. Вработените на Apple веќе имаат пристап до ...
Според аналитичар од Bank of America, Apple оваа година планира мало одложување на претставувањето на iPhone 15 серијата, кое обично се случува во септември, со исклучок на 2020 кога почна корона кризата. Причина за ова одложување на се дава, а и поради фактот што никој од останатите аналитичари и објавувачи на неофицијални информации не информиран за нешто вакво, се смета дека информацијата може и да не е точна. Исто така, не е познато дали ...
Nearby Share, функцијата на Android која овозможува споделување на датотеки помеѓу овие уреди, од март оваа година стана достапна за корисниците на Windows. Пуштена во бета форма, апликацијата им овозможува на корисниците искуство какво што имаат корисниците на Apple и познатата AirDrop функција. Апликацијата сега официјално е достапна, односно Google ја тргна бета ознаката и ја пушти првата верзија од Nearby Share за корисниците на Windows. ...
Во најновиот финансиски извештај кој го објавија од Netflix, стои заклучокот дека донесената мерка да се стави крај на споделувањето на лозинката со пријателите, покажува резултати. Бројот на корисници кои започнале да плаќаат самите за Netflix, како резултат на мерката, е поголем од тие кои се одлучиле да ја откажат. Со тоа, сервисот има добиено скоро 6 милиони нови корисници. Овој „успех“ од компанијата се смета како причина да мерката биде ...
Новиот Outlook, направен на основа на веб верзијата на outlook.com, треба да ги унифицира имејл апликациите од Microsoft. Тоа значи дека од компанијата ќе имаат една апликација која ќе изгледа исто на сите платформи, а тоа значи и крај за не толку популарната Mail and Calendar која доаѓа вградена со Windows 10 и 11. Овие планови се најавени уште од 2021 година, а целосната реализација се очекува за идната година, кога новиот Outlook конечно ќе ...
Корисниците на познатата апликација за разговори WhatsApp, ја добиваат можноста да испраќаат пораки на корисници кои не се нивни контакти. Досега за ова беше потребно телефонскиот број прво да се зачува во контактите на телефонот, по што ќе се појави и во листата на WhatsApp. Причините зошто некој би сакал да испрати порака на корисникот кој не е во неговите контактите се повеќе, а еден пример е испраќање на порака до доставувачот на храна или ...
Останува уште точно една недела до Galaxy Unpacked настанот кој Samsung оваа година ќе го одржи во Сеул, Јужна Кореа. На овој настан во главно знаеме што да очекуваме да биде претставено, а тоа се двата уреди на преклоп од компанијата, како и новата генерација од паметните часовници кои се едни од најпопуларните на пазарот. Можевме доста да прочитаме за Galaxy Z Fold5, а во главно поврзано со механизмот за преклоп, кој оваа година треба да биде ...
Поминати се 11 години од претставувањето на сопствена апликација за мапи од страна на Apple, која се’ уште се „мачи“ да конкурира на најпознатата Google Maps, а на почеток дури имаше и големи критики за нејзиниот квалитет. Оваа ситуација изгледа конечно почнува да се менува, па според информациите корисниците почесто се решаваат да и дадат шанса на Apple Maps, па голем дел од нив дури ја преферираат оваа апликација во споредба со Google Maps. ...
Новата реклама од Apple, насловена The Underdogs: Swiped Mac, ги прикажува можностите кои им се на располагање на корисниците во случај нивниот компјутер да биде украден. Прикажани се работи како известување на Apple Watch дека компјутерот веќе не е во близина на корисникот, па се до можноста за следење на уредот, негово заклучување, бришење и слично. Рекламата не е баш кратка и е направена како краток филм, секако на интересен начин каде ...
Покрај убавиот изглед на кровните градини, поглед за уживање и престој за рекреација, кровните градини се многу повеќе. Бенефитите особено доаѓаат до израз кога температурите се високи и се постојана грижа за сите. Тоа, на некој начин не приморува сите ние да размислиме како можеме да ја подобриме околината, да обезбедиме подобра иднина и да направиме барем нешто со што ќе помогнеме да го спречиме постојаното зголемување на летните температури, ...
Покрај тоа што Windows 11 добива по неколку надградби во текот на годината, со нови функции, сепак Microsoft ја задржува практиката на пуштање една поголема надградба во есен. Ова може да се каже дека е во рамките на пуштањето на нова верзија секоја година од страна на конкурентите, па и Windows 11 ја менува својата основна верзија. Сепак, кодот на моменталната верзија од Windows 11 и тој кој ќе биде дел од есенската поголема надградба, се исти, ...
Meta најави промени во делот за гледање на видео содржина кај нивната Facebook апликација, дел кој досега беше наречен Facebook Watch. Со оглед на популарноста на кратките вертикални видеа, односно Reels, јасно е во кој правец ќе се движат од мрежата, а со тоа доаѓа и поедноставено име, Video. Во делот Video корисниците ќе можат да ги видат на едно место сите видеа, без разлика дали се работи за Reels, стандардни видеа или видеа во живо. Овој ...