Во рамки на заложбите за континуирана и забрзана дигитална трансформација, Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и Претседателот Стево Пендаровски денеска во ЕТУ-Куманово промовираа четири (4) нови е-услуги: Првата услуга е: Контрола на листата на логови за спроведен пристап до личните податоци на корисникот. ,,Услугата обезбедува издавање на листа на логови за спроведен пристап до вашите лични податоци од страна на ...

Google Chrome добива нов начин за измена на изгледот кој е доста подостапен и полесен. Корисниците ќе можат без влегување во Settings делот да ги променат боите и темите на Chrome и со тоа на едноставен начин да го прилагодат на своите желби и вкусови. За да се дојде со кратенката за брз пристап до прилагодувањата на изгледот, се што треба е да се отвори нов таб и да се притисне на копчето „Customize Chrome“ кое е поставено во долниот десен ...

Windows конечно добива вградена поддршка за „rar“ датотеки, како што веќе одамна има за „zip“. Вградената поддршка значи дека корисниците нема да имаат потреба да бараат и инсталираат апликации само за да неколку пати во годината отворат некоја датотеки која им е испратена во rar форматот. Покрај за rar, Windows 11 добива и поддршка за tar, 7-zip, gz и други датотеки додадени со соработка со Libararchive проектот со отворен код. Работата со ...

Netflix „конечно“ започна со неколку годишните најави за прекинување на практиката на споделување на лозинката, односно сметката со повеќе корисници. Од компанијата започнаа со наплата за еден дополнителен корисник кој не е дел од истото домаќинство во САД, а цената за тој корисник не е баш ниска и истата изнесува 8 долари месечно. Добро е што засега нема најави за проширување на оваа новина во други земји, па и во нашата, а ќе видиме како ќе ...

„Widgets“ лентата, која беше претставена како дел од тогаш новиот Windows 11, е одличен додаток на овој оперативен систем. Сепак, малиот број на „виџети“ беше пополнет со цела низа на новости од MSN сервисот на Microsoft. Од компанијата се познати до некаде по наметнувањето на одредени нивни сервиси и производи, па тие уште од Windows 10 почнаа да даваат непотребно значење на оваа листа. Сега кога постепено гледаме пуштање на повеќе виџети ...

Нема уште многу време до претставувањето на наредните генерации од оперативните системи од Apple. Тоа ќе се случи на 5 јуни, на главната презентација од WWDC 2023 конференцијата. Што ново се очекува кај овие системи, како и секогаш се дознава неофицијално, а тоа е случајот и со новата информација за iOS 17. Според Марк Гурман, Apple планира да го искористи екранот на iPhone во ситуациите кога телефонот е поставен на полнач и е во вертикална ...

Stories се едни од најпознатите форми на објава на друштвените мрежи, а скоро и да нема корисник кој не ги користи. Прво претставени на Snapchat, а потоа преземени како начин на објава од страна на Instagram, овие објави со рок на траење од 24 часа се одличен начин да се прикаже нешто што не е замислено да остане на профилот. Сепак, популарноста на Stories не е баш голема на YouTube, а тоа и не треба да изненадува. За разлика од друштвените ...

Со затоплувањето на времето и доаѓањето на летото, се вжештува и изборот на добри содржини кои чекаат на вас – ваше е само да се логирате, да си наточите некој освежителен пијалак и да се препуштите на бескрајната забава која ви ја носат некои од најпопуларните актери и креатори во светот. Љубителите на блокбастери и врвни популарни серии од најголемите студија во светот сигурно ќе најдат нешто во што ќе уживаат, но SkyShowtime нуди и низа ...

После доволно одложување и претпазлив пристап, како и тестирање во неколку земји во Јужна Америка, Netflix официјално започна со спроведување на нивното правило за делење на една сметка само помеѓу семејството, односно тие што живеат во истото домаќинство. Добро е што се’ уште нема најави за вклучување на повеќе земји во оваа одлука, како и нашата земја, па оваа новина сега се однесува за можеби најголемиот пазар на компанијата, тој во САД. ...

Тогашен Facebook, ја купи познатата компанија GIPHY за сума која не беше истакната, но се верува дека е некаде од 300-400 милиони долари. Со ова Facebook доби контрола над најпознатата платформа за интересни анимирани слики, GIF, кои се користат на сите нивни апликации. Сепак, година дена подоцна британското CMA заклучи дека компанијата треба да биде продадена поради можноста Facebook да го ограничи пристапот до GIPHY на останатите ...

Соработката помеѓу Microsoft и OpenAI резултира со донесување на Bing кај познатата ChatGPT алатка. Со тоа ChatGPT добива пристап до најновите информации, нешто кое може да се каже дека беше и мала маана на „ботот“. Bing ќе биде главниот пребарувач на ChatGPT, а веднаш ќе им биде достапен на корисниците на ChatGTP Plus претплатниците. За кратко време, бесплатните корисници ќе можат да го користат Bing како бесплатен додаток. „ChatGPT сега ќе ...

Windows никогаш не бил првиот избор од страна на програмерите, а Microsoft изминатите години се обидува да го промени тоа. На Build 2023 од компанијата презентираа нова апликација која може да направи доста во овој правец. Апликацијата е наречена Dev Home и е замислена да биде како еден контролен центар за се поврзано со работата на програмерите. Корисниците преку Dev Home ќе можат да ги инсталираат сите потребни апликации, да ги постават ...

Вчера започна Microsoft Build 2023 и како што се очекуваше, а и можеше да се види од агендата, главната „ѕвезда“ на годинешниот настан е вештачката интелигенција. Microsoft имаат решено да бидат главните и првите кои ќе ја интегрираат ВИ и алатките во скоро сите нивни производи, а оваа недела ќе го видиме резултатот од тоа. Windows Copilot е една од главните новини кои не интересираат и ќе го промени начинот на користење на Windows за сите ...

Netflix, кои оваа недела го назначија Арнолд Шварценегер за главен акционен директор, направија мала промена во „My List“ делот која ќе направи голема разлика за корисноста на овој дел од апликацијата. Оваа листа на зачувани филмови и серии сега ќе може да се уредува според неколку филтри, па корисниците ќе можат полесно да ја најдат содржината која ја зачувале за гледање подоцна, а и да ја издвојат таа која веќе е гледана. Достапни ќе бидат ...

Microsoft Build 2023 официјално започнува денес. Тридневната конференција е една од неколкуте годишни конференции од големите компании кои со задоволство ги гледаме. Иако ваквите конференции пред се’ се наменети за програмерите, на нив има доволно презентации поврзани со производите од Microsoft, од кои дознаваме доста за нивната иднина. Конференцијата ќе започне во 17:30 часот по македонско време, а првата презентација ќе биде од директорот ...

WhatsApp ја доби можноста, која кај повеќето конкуренти е од поодамна достапна, за измена на веќе испратените пораки. Оваа можност е одлична за ситуации кога е направена некоја грешка, како и кога нешто треба да се додаде дополнително. Измената на пораките може да се направи со подолго притискање на пораката, па притискање на „Edit“, по што пораката ќе може да се измени. Рокот во кој една порака ќе може да се измени е 15 минути од нејзиното ...

Се прашувавме какви се плановите во Apple, ако воопшто ги има, во оваа „трка“ на што поголема интеграција на генеративната вештачка интелигенција, која во главно ја водат OpenAI, Microsoft и Google. Познатата компанија од Купертино секако нема да остане надвор од овој тренд, а тоа се гледа од повеќе огласи за работа кои се објавени од нив. Бројот на објавени работни места е прилично голем и достигнува бројка од скоро 90. Во нив може да се ...

Скопје, 23 мај 2023 година – Безбедносната платформа Samsung Knox го слави својот десетти роденден. Именувана по едно од најдобро обезбедените места во светот, првпат беше претставена на Светскиот конгрес за мобилни телефони (MWC) во 2013 година. Тоа е една деценија на водечка мобилна заштита за корисниците ширум светот, за време на која платформата Samsung Knox стана холистичка безбедносна платформа и синоним за заштита на милијарди ...

Од самото пуштање на јавната и понапредна верзија на ChatGPT при крајот на минатата година, јасно стана дека една од областите каде што ќе излезат проблеми поради ваквите алатки е образованието. ChatGPT овозможува креирање на текст врз основа на неколку насоки од корисникот, што овозможува да преку оваа алатка може да се напишат цели есеи, како и трудови за факултетите. Професорот Џеред Мам од Texas A&M Универзитетот, на група од ученици ...

Microsoft минатиот месец најави дека моменталната верзија од Windows 10, поточно 22H2, ќе биде и последната од овој оперативен систем. Тој веќе нема да добива нови функции, па до крајот на поддршката во 2025, ќе бидат пуштани само безбедносни надградби и исправки на грешки. Идниот месец ќе заврши поддршката за претходната верзија, односно 21H2, па корисниците ќе бидат автоматски надградени на најновата. Ова е логично кога ќе се земе во ...

Минатата недела Google најави дека од крајот на оваа година планира да започне процес на бришење на сметките од корисниците кои не се најавиле на нив две години. Ова го прават поради безбедносни причини, односно овие сметки имаат многу поголем ризик да бидат пробиени, а потоа искористени за крадење на идентитетот на корисникот, на пример. Бришењето на сметките подразбира бришење на сите податоци во нив, односно во сервисите од Google кои се ...

Американската компанија за достава на храна, DoorDash, која функционира како нашите Кликни Јади и Корпа, е обвинета од корисниците дека на тие кои нарачуваат преку iPhone, им се наплатува повеќе. Ова тврдење е во споредба со истата нарачка направена преку Android смартфон. Според обвинението, наплатата се прави поради верувањето дека корисниците на iPhone заработуваат повеќе, па на нив им се додава сума за поголема оддалеченост на ресторанот. ...

Смартфоните од Samsung, па и другите уреди, ќе продолжат да функционираат со помош на Google кога се во прашање пребарувањата на корисниците. Покрај тоа што Chrome доаѓа инсталиран кај овие уреди, Google Search го користи и Samsung Internet апликацијата, а тука е и „виџетот“ поставен на главниот екран. Оваа информација доаѓа по најавите за можна промена на соработката и префрлување на Bing од Microsoft. Ова е практика која не би чудело да ...

Во март оваа година можевме да прочитаме дека Meta се приклучува на трендот на развој на апликации конкуренти на Twitter. Ова посебно стана случајот по купувањето на Twitter од страна на Елон Маск, па според некои оваа мрежа сега станува се полоша. Сега ја имаме и првата слика, заедно со неколку информации, кои ни покажуваат дека од компанијата навистина работат на ваква апликација. Сликата изгледа е од презентација на апликацијата, како и ...

ChatGPT станува достапен на мобилните преку официјална апликација, за почеток достапна само за корисниците на iPhone и iPad. Апликацијата исто така за почеток е достапна само во САД, но се најавува проширување на достапноста на наскоро, како и пуштање на Android верзија. Апликацијата е бесплатна и ги нуди функциите кои досега беа достапни на веб, а исто така достапна е синхронизација на разговорите и Whisper функцијата за интеракција со ...

Apple се приклучува на група од компании кои ја забрануваат употребата на генеративна вештачка интелигенција од страна на своите вработени, откриваат преку добиен пристап до меморандумот The Wall Street Journal. Ова конкретно се однесува на новите неколку алатки кои станаа популарни при крајот на минатата година, односно ChatGPT и интеграцијата на оваа технологија во сервисите на Microsoft. Причината за ваквите одлуки во компаниите е јасна. ...

Twitter го зголеми ограничувањето на видеата кои корисниците на Twitter Blue претплатата можат да ги прикачат на оваа мрежа. Видеата сега можат да бидат долги до 2 часа, а зголемено е и ограничувањето на големината на датотеката која сега може да е до 8GB. Ова е прилично големо зголемување на ограничувањето кое досега беше до 1 час за должината на видеата, како и 2GB за големината на датотеката. Максималниот квалитет на видеата се’ уште е ...

За време на YouTube Broadcast настанот оваа недела, од сервисот најавија дека планираат да го променат начинот на прикажување на реклами на телевизорите. Ова е резултат и од статистиката која говори дека рекламите имаат најголема гледаност од овие уреди, каде луѓето веќе и се навикнати да им бидат прикажувани реклами. Наместо досегашните две реклами по 15 секунди, на телевизорите YouTube ќе прикажува една реклама од 30 секунди. Оваа промена ...

Веќе знаеме дека втората генерација од Nothing Phone ќе дојде со Snapdragon 8+ Gen 1, а тоа наводно случајно го објави еден од директорите во Qualcomm преку LinkedIn. Сега информацијата е и официјално потврдена директно од основачот и директор на Nothing, Карл Пеи. Тој на Twitter објави дека Nothing Phone (2) ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1, а ова ќе претставува големо подобрување во споредба со првата генерација моментално достапна. Чипот ...

Тинк тенк „Аналитика“ на денешниот настан насловен „Дали „Отворен Балкан‚“ ги исполнува очекувањата на домашните компании?“ ги презентираше наодите од сеопфатното квантитативно истражување за ефектите и задоволството на домашните компании од резултатите кои ги дава иницијатавата „Отворен Балкан“. Истражувањето е спроведено со 150 извозно ориентирани компании, од кои 100 од преработувачката индустрија и 50 кои работат во делот на туризмот. Ова ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
41%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
47%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
47%
1015
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.25
84%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.89
57%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
5.14
60%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
58%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
34%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
63%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
39%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
7.2
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Иридиум

258288.78

Родиум

350443.14

Злато

166450.52

Калај

43.90

Паладиум

45911.27

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07

Платина

60154.05

Бакар

10.68

Сребро

2840.84

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.18