Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави е подготвена да ја продолжи соработката со селекторот Маурисио Покетино, нудејќи му нов договор што би го задржал на клупата на националниот тим и по Светското првенство во 2026 година, сè до Мундијалот во 2030, кој ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко. Сегашниот договор на 54-годишниот аргентински стратег завршува следниот месец. Настапите на американската репрезентација на ...
Англија вечерва од 23 часот ќе се соочи со Панама во натпревар од третото коло во групата Л, во која настапува и Хрватска. Англичаните во првото коло ја совладаа Хрватска со 4-2, благодарение на одличното второ полувреме, но потоа разочараа со ремито без голови против Гана. Со тој резултат тимот на Томас Тухел си ја искомпликува битката за првото место во групата. За да го осигура лидерското место, Англија мора да ја победи Панама, доколку во ...
По неубедливото издание на германската репрезентација против Еквадор (1-2), критиките во Германија стануваат сè погласни. Иако Парагвај ја чека Германија во нокаут-фазата, можно е во осминафиналето да следува дуел со еден од главните фаворити за титулата, Франција. Поранешните германски репрезентативци Лукас Подолски и Тони Крос испратија сериозно предупредување. „Ми недостига јасна идеја во офанзивната игра. Едноставно не успеваме добро да ...
Шпанија најверојатно до крајот на Мундијал 2026 остана без двајца од своите офанзивни фудбалери. Нико Вилијамс и Јереми Пино го напуштија теренот за време на победата од 1-0 против Уругвај поради повреди. Информациите за двајцата се дека нема да можат да настапуваат до крајот на турнирот, доколку се потврдат сомнежите за нивните повреди. Вилијамс влезе во игра во 76-тата минута на местото на Ламин Јамал. Меѓутоа, крилниот фудбалер ...
Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година со јасна цел – две победи и потврда на првото место во групата. Пред важните дуели со Ирска и Луксембург, кои се на програмата на 2. и 5. јули, репрезентативниот бек Виктор Ташовски истакнува дека пристапот мора да биде максимално сериозен и фокусиран. По одличните настапи во дресот на ТФТ во МТЕЛ Супер лигата и АБА 2 ...
Националниот тим на Египет се соочува со сериозна загриженост во врска со состојбата на својата најголема ѕвезда Мохамед Салах. Напаѓачот беше принуден да го напушти теренот поради повреда за време на ремито 1-1 против Иран. 34-годишниот Салах беше заменет во 57-та минута, при што веднаш стана јасно дека има физички проблем. Камерите го уловија медицинскиот тим како му става мраз на задниот дел од бутот, додека тој седеше на клупата. И покрај ...
Репрезентацијата на Хрватска игра против Гана и не смее да загуби ако сака да обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство. Избраниците на Златко Далиќ ќе имаат тешка задача против африканската селекција, откако претходно загубија од Англија (4-2) и минимално ја победија Панама со 1-0. Англичаните имаат релативно полесна задача и со триумф над Панама ќе го осигураат првото место во групата. Селекторот Томас Тухел има одредени ...
Најдобриот фудбалер на Иран, Мехди Тареми, иако неговиот тим има шанси да се пласира во втората фаза на Мундијалот, беше скршен по утринското реми против Египет (1-1), каде нивниот гол во судиското продолжение беше поништен поради офсајд. Иако јасните фудбалски правила налагаат дека Халилзадех се нашол во недозволена позиција, многумина во оваа одлука гледаа нешто пошироко од само губење на два бода за Иран. „Ова е катастрофално Светско ...
Дури 18 Бет билдер комбинации има во Sport Life за последните шест натпревари кои ќе се играат во групната фаза од Светското првенство. За еден од највозбудливите дуели меѓу Хрватска и Гана има квота од 25, а потребно е Хрватска да даде гол во двете полувремиња, Хрватска да изведе 2+ корнери во двете полувремиња, Хрватска да има 2+ шутеви во двете полувремиња и Гана да изведе барем по еден гол во двете полувремиња. Меч кој многу треба да ...
Големата ѕвезда на Канада, Алфонсо Дејвис, веќе е целосно подготвен за игра. Се очекува тој да настапи на натпреварот за својот национален тим против Јужна Африка во првиот меч од нокаут-фазата на Мундијалот 2026. Американскиот селектор на Канада, Џеси Марш, потврди дека левиот бек на Баерн Минхен е целосно опоравен, но сè уште не е јасно дали ќе биде стартер или ќе влезе во игра во второто полувреме. Стручњакот претходно изјави дека Дејвис ...
Вечерва ќе се комплетира групната фаза на историското прво Светско првенство со 48 репрезентации. Остануваат да се одиграат уште шест натпревари, па да бидат познати сите 32 учесници кои ќе останат во борба за трофејот. За полседните шест натпревари кои ќе се играат во трите групи, во Sport Life има одличен Бонус тип и е многу едноставно. Треба да се одигра дека на сите натпревари во првото полувреме ќе биде постигнат најмалку еден гол, а ...
На последните две светски првенства, Хрватска освојуваше медал. Откако играше финале на Мундијалот во 2018 година, кога загуби од Франција, на СП 2022 во Катар, Коцкестите стигнаа до третото место и бронзениот медал. Сега, на турнирот во САД, Канада и Мексико, Хрватите имаат три бода по две одиграни кола во групната фаза. прво загубија од Англија со 4:2, а потоа едвај со само еден гол славеа над Панама со 1:0. Вечерва Хрватска ќе игра против ...
Норвешка убедливо со 4:1 загуби од Франција и на крајот заврши на втората позиција во групната фаза. Мечот кој требаше да биде дерби во третото коло се претвори во невозбудлива пресметка во која Галските петли максимално доминираа и на крајот убедливо победија. Покрај тоа што Франција има еден од најсилните состави, работата дополнително им беше олеснета затоа што селекторот на Норвешка реши на теренот да започне буквално со различен состав ...
6787 Хрватска – Гана (23 ч.) Двете селекции имаат една цел, а тоа е да играат во нокаут фазата. Гана има четири бода, а Хрватска со три бода е на третото место. Тоа значи дека Коцкестите повеќе ќе атакуваат на триумф, додека Гана и со пораз речиси сигурно оди во разигрувањето. Гана игра многу дефанзивно, па затоа и гол-разликата по првите два меча е само еден даден и ниеден примен гол. Хрватите ја имаат улогата на фаворити, но тоа треба да ...
Фудбалерите на Египет со мнгоу среќа стигнаа до 1:1 во дуелот против Иран и на крајот го освоија второто место во групата кое директно води во нокаут-фазата. Египет водеше со 1:0, но Иран брзо израмни на 1:1. Иранците во финишот со сите сили се обидуваа да постигнат победнички погодок за да стигнат до второто место во групата. Се играше 90+3 минута, кога беше досуден слободен удар за Иран. Топката беше нафрлена во петерецот на Египет, а тука ...
Фудбал, одбојка и тенис има во денешната понуда на Супер типот каде може да се најдат многу зголемени коефициенти. Во пладневните термини доминираат тенисите, кога ќе се одиграат четири интереси пресметки. Давидовч-Фокина да слави над Квин е со квота од 1.73, а за победа на Хумберт против Бергс се дава квота од 1.47. Како сигурица делиува најавата за победа на Кејс против Мариа. Во одбојката посебно внимание привлекуваат репрезентативните ...
Уругвај загуби од Шпанија со 1:0 и на тој начин ги загуби сите шанси да ја помине групната фаза на Светското првенство, иако е на третата позиција која може да донесе место во нокаут системот. Уругвајците освоија само два бода во трите меча и испишаа негативна историја откако за прв пат се случува втор Мундијал во низа да го завршат настапот во групите. Трагичар за поразот од Шпанија е легендарниот голман Фернандо Муслера. Ветеранот кој на 40 ...
Актуелниот светски првак Аргентина останува да го одигра мечот од третото коло во групната фаза, но уште сега е јасно кој ќе биде првиот нивни противник во нокаут сегментот. Дебитантот на Мундијалите, репрезентацијата на Зеленортски острови која испиша историја и се пласираше во 16-финалето, ќе биде предизвикот на Аргентина во фазата во која веќе нема право на грешка. Интересно е дека Зеленортски острови ја заврши групата без ниту еден пораз, ...
Пет меча од Светското првенство се дел од денешната понуда во Квоти на ден, а доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет заедно, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е 48.51. Хрватска треба да победи против Гана и да има најмалку еден гол во второто полувреме за да биде добитна комбинацијата која носи коефициент од 2.45. Англија е голем фаворит против Панама, па Гордиот Албион да даде најмалку еден погодок во првото ...
Соединетите американски држави ја разгледуваат можноста да достават кандидатура да бидат домаќини на Светското првенство кое ќе се игра во 2038 година, пренесува ББЦ. Идејата за добивање на домаќинство на уште еден Мундијал и тоа само 12 години по актуелниов планетарен собир на кој САД е ко-домаќин заедно со Канада и Мексико, доаѓа по фактот дека ФИФА размислува во 2038 година, да се воведе и проширување на бројот на учесници на дури 64 ...
Легендарниот голгетер Златан Ибрахимовиќ во улога на стручен аналитичар и коментатот ги следи возбудувањата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Ибрахимовиќ е познат дека секогаш без „влакна на јазикот“ кажувал тоа што мисли, па така беше и овојпат, кога се работи за потегот на норвешкиот селектор да го стави комплетно „резервниот“ тим да игра против Франција. На крајот, Франција убедливо со 4:1 славеше над Норвешка и го обезбеди ...
По разочарувачките резултати во првите две кола кога ремизираа против Египет (1:1) и Иран (0:0), репрезентацијата на Белгија конечно победи и тоа убедливо со 5:1 против Нов Зеланд. Со овој триумф, Белгија на крајот го освои и првото место во групата со 5 бодови, пред Египет кој исто така има пет бодови, додека Иран е со три бода, а Нов Зеланд заврши само со еден освоен бод. Египет пропушти шанса да заврши на првото место во групата, откако ...
Зеленортски острови покажа дека чудата во спортот се случуваат, па така оваа репрезентација која за прв пат е дел од Светското првенство, се пласираше во ноакут фазата. Малата африканска земја во третото коло одигра без голови против Саудиска Арабија, а на крајот тоа беше доволно да го освои второто место во групата и да ја помине групата, во која утрово играа и Шпанија против Уругвај, а на крајот европската селекција победи со 1:0. По ...
Репрезентацијата на Норвешка убедливо со 4:1 загуби од Франција во меч по кој се дефинираше конечната табела во групата И. Франција со перфектни 9 бодови заврши како прва, додека Норвешка остана на второто место. Норвешка веќе го доби својот ривал во првата фаза од нокаут системот, а тоа е селекцијата на Брегот на Слонова Коска. За разлика од Норвешка, Франција како лидер во групата уште не го знае својот ривал. Галските петли за ривал ќе ...
Политичките и социјалните тензии повторно ја тресат големата фудбалска сцена. Иранскиот министер за спорт, Ахмад Доњамали, упати остро и директно предупредување до Светската фудбалска федерација (ФИФА) пред претстојниот натпревар помеѓу Иран и Египет. Како што објави спортскиот канал „Pitch Wire“, иранската делегација е подготвена да преземе радикален чекор, целосно да го напушти теренот и да го прекине натпреварот доколку на стадионот се ...
Фудбалската репрезентација на Франција како првопласирана во групата „И“ обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство, откако во дербито за врвот на табелата славеше во Бостон против селекцијата на Норвешка со 4-1. Дербито за првото место уште пред натпреварот го изгуби својот интензитет по одлуката на селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, да ги одмори најдобрите играчи, додека кај Французите мотивацијата не недостасуваше. ...
Англија во последното коло од групата „Л“ игра против Панама, но има огромни проблеми со составот. Селекцијата на Томас Тухел веќе обезбеди пласман во втората фаза, но добрата атмосфера во репрезентацијата ја наруши здравствениот билтен на клучните играчи. Како што пишуваат британските медиуми, најголемата грижа на Тухел е Рис Џејмс, кој поради проблеми со задната ложа пропушти тренинг пред последното коло од групата. Џејмс досега ги започна ...
Осман Дембеле блесна во дресот на Франција и со фантастичен хет-трик ја предводеше својата репрезентација во првото полувреме против Норвешка. Напаѓачот на ПСЖ трипати ја затресе противничката мрежа за само 25 минути, а Французите имаат водство од 3-1 по првиот дел. Дембеле го отвори резултатот во седмата минута по одличната асистенција на Килијан Мбапе, а истиот тандем повторно комбинираше во давесеттата минута, кога Французинот го постигна ...
Милан е на чекор до ангажман на португалскиот напаѓач Гонсало Рамош од редовите на европскиот шампион Пари Сен Жермен, пренесува „Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, Росонерите се во завршна фаза од преговорите со клубот од Париз и понудиле околу 40 милиони евра за трансферот на 24-годишниот голгетер. Со предвидените бонуси, вредноста на зделката би можела да достигне 45 милиони евра. Во тек се и разговорите со познатиот агент ...
Баерн Минхен и официјално го комплетираше трансферот на германскиот репрезентативец Натаниел Браун од Ајнтрахт Франкфурт, со што го реализираше второто големо засилување во летниот преоден рок. По доаѓањето на Исмаел Саибари од ПСВ Ајндховен, баварскиот гигант сега го обезбеди и потписот на 22-годишниот лев бек. Според германските медиуми, трансферот е вреден 55 милиони евра, што значи дека Баерн досега потроши вкупно 110 милиони евра за нови ...