Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Меѓународната федерација за џудо и официјално ја укина суспензијата за руските спортисти, кои сега ќе може да настапуваат како полноправни членови од гранслем-турнирот во Абу-Даби следниот месец. Русите за првпат по 2022 година ќе може да настапуваат под руско знаме, а доколку победат, ќе биде интонирана и руската химна. Од Светската џудо федерација ваквата одлука ја објаснија со фактот дека руските спортисти се меѓу најдобрите во овој спорт ...
Еден од фудбалерите кои ќе биде во центарот на вниманието во јануарскиот, можеби и во јунскиот преоден рок, е десното крило на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми. Фудбалерот со нигериско потекло има 23 години, но веќе стандарно игра во Бундеслигата, но и во репрезентацијата на Германија, па веќе е цел на европските великани. Манчестер јунајтед и Арсенал веќе имаат интерес за него, а Борусија Дортмунд ја постави цената на 85 милиони евра, иако ...
Реал Мадрид славеше над грчкиот Олимпијакос со 3-4, а сите голови беа дело на Килијан Мбапе. По натпреварот можеше да се забележи дека Чаби Алонсо и Винисиус срдечно се прегрнаа и си честитаа, а тренерот на Кралевите иако доби прашање за Мбапе, одговорот го посвети на Бразилецот. „Мбапе ги постигна сите голови, но Винисиус беше одличен. Штета што му поништија гол, тоа навистина ме боли. Убаво асистираше за два гола, но заслужи и да погоди. ...
Левиот бек на Лајпциг, Давид Раум, игра одлична сезона во германската Бундеслига, а веќе има стандардно место и во националната селекција предвоедна од Јулијан Нагелсман. Вредноста на Раум во моментов е 20 милиони евра, но и покрај тоа, тој настапува и како диџеј во ноќните клубови и дискотеките во Лајпциг. „Фокусот и понатаму ми е на фудбалот, тука нема сомнеж. Се надевам дека ќе имам уште многу добри сезони, но по завршувањето на кариерата ...
Нејмар не беше во составот на Сантос за првенствениот меч против Интернационал поради повреда, но последните информации од Бразил велат дека тој ќе ја одложи операцијата на коленото. Сантос е во зоната за испаѓање, а до крајот на првенството има уште три кола, па Нејмар одлучил да ја одложи операцијата за да им помогне на соиграчите, но и на матичниот клуб да се спасат од испаѓање. Лекарите предупредуваат дека при евентуален настап, ...
Капитенот и голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер, од германските медиум беше посочен како главен виновник за поразот од 1-3 против Арсенал. Голманот ја презеде одговорноста за третиот гол, но инсистираше дека бил жртва на прекршок при првиот. „Очигледно Тимбер ме турна, тоа е јасно. Бев во поинаква позиција од онаа што ја сакав и не можев правилно да интервенирам. Можеби требаше да паднам, но не сум еден од оние голмани што се фрлаат на ...
Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград објави дека на денешниот итен состанок на Извршниот одбор на клубот, по вчерашната неотповиклива оставка на тренерот на првиот тим, Жељко Обрадовиќ, на предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, едногласно одлучи да не се согласи со оставката на Обрадовиќ и му даде безрезервна поддршка, со желба да остане прв тренер на КК Партизан. Клубот му дава поддршка на тренерот да ги преземе потребните чекори што ...
Само три погодени пара на тикет на обложувач од скопската населба Даме Груев му донесоа огромна добивка. Во уплатно место на Sport Life во Даме Груев биле уплатени минимални 20 денари на тикет кој има огромна вкупна квота од речиси 11.000, па потенцијалната бруто-добивка е 218.964 денари. Игрите на голови кои требало да ги постигнат аутсајдерски тимови му донесоа голема радост и добивка. Прогнозирано е дека на Госпорт – Вејмут гостите ќе ...
Искуснот шпански тренер Хосе Луис Мендилибар, кој го води Олимпијакос, додека го анализираше поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, даде една интересна изјава во врска со напаѓачкиот двоец на Реал, Винисиус и Килијан Мбапе. Мбапе даде дури четири гола, но и Винисиус беше многу опасен и имаше две асистенции. „Тие постигнуваа голови со многу малку напор. Сфаќате дека играте против најдобрите во светот. Постојат две страни за играта на ...
Специјалите на Sport Life се идеална шанса за обложувачите кои сакаат нестандардни игри за да заработат некоја пара, а денеска во понудата има два специјали, за мечевите Лил – Динамо Загреб и Црвена ѕвезда – ФЦСБ. Оливие Жиру ќе биде најголемата опасност по голот на Модрите од Загреб, ветеранот е прв фаворит за прв стрелец, заедно со Хамза Игамане. Има огромен избор на игри поврзани со голови, картони, шутеви на гол, корнери, па и фаули, ...
Кошаркарскиот клуб Партизан, наместо да се објави името на новиот тренер, донеле заклучок да го молат и убедат Жељко Обрадовиќ сепак да остане на клупата на Црно-белите, и покрај неговата оставка. Клубот не може да се помири со оставката, па за 14 часот закажале седница на Извршниот и Управниот одбор, на која ќе се разгледуваат начини како да го премислат Обрадовиќ. Сега топката е во рацете на тренерот, тој треба да донесе дефинитивна одлука ...
Денешната Бет билдер понуда на Sport Life е составена од десет различни комбинации, а за дневните миксови од Лига Европа, квотите се над 100.0. Ако верувате дека на секој од деветте меча од 18.45 часот во ЛЕ вечерва ќе има барем два гола, барем 8 корнери, најмалку два картони и минимум седум шутеви во рамки на гол, задолжително уплатете, ве чека џиновска квота од 111.0. За истите игри, но за деветте меча од 21 часот, во дневниот микс Бет ...
Мечевите од Лигата на Европа вечерва ќе бидат во фокусот на фудбалското внимание, а возбудата да биде поголема може да се одигра некој од Бет Билдер понудите. Црвена ѕвезда игра против ФЦСБ и има две интересни комбинации на кои квотите се 25 и 30. Комбинацијата на која квотата е 25 ќе биде добитна ако: Црвена ѕвезда победи, Марко Арнаутовиќ има повеќе од 1,5 шутеви во рамките на голот, Даниел Бирлигеа има повеќе од 1,5 шутеви во рамките на ...
Македонската кошаркарска репрезентација вечерва започнува еден нов голем предизвик, го игра првиот меч од претквалификациите за пласман на Евробаскетот. Нашата репрезентација во СРЦ „Кале“ ја пречекува селекцијата на Азербејџан и е во улога на голем фаворит. Азербејџан има седум порази во последните осум меча. Губеа од Ирска, Косово, Швајцарија, Андора, Малта…, што доволно кажува дека Македонија е во улога на фаворит за триумф. Селекторот ...
6029 Порто – Ница (18:45 ч.) Порто има седум бода по четири меча во Лигата на Европа, додека Ница е очајна и е само една од двете екипи без ниту еден бод досега. Ница влезе во серија порази и во француското првенство, каде што нареди три порази. Едноставно сите параметри најавуваат дека Порто треба да ги освои трите бода на свој терен, но португалскиот гигант сепак мора да одигра на високо ниво ако сака да ја заврши задачата. Предлог тип: ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва гостува во Приштина кај косовскиот шампион Дрита во меч од четврторо коло од лигашкиот дел во Конференциската лига на УЕФА. Дрита ќе ја има предноста на домашен терен, а тоа е екипа која во првите три кола нема пораз (една победа и две нерешени), што значи дека Шкендија ќе биде пред голем предизвик да стигне до бодови. Тренерот на тетовскиот тим, Јетон Беќири, знае дека овој дуел е многу значаен ...
Пет интересни меча од европските натпреварувања во Лига на Европа и Конференциската лига на УЕФА се дел од Квоти на ден, а доколку сите пет комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој се добива е 46,36. Астон вила треба да победи на свој терен против Јанг бојс во меч на кој потребно е да има повеќе голови во второто полувреме, за да биде добитна квотата од точно два. Зрињски е домаќин на Хакен, а тука има двојна шанса ...
Ливерпул е во голема резултатска криза, каква што не се памети во последните неколку години. Во последните два месеца англискиот првак претрпе дури девет порази од 12 средби. Последен во низата беше синоќешниот дебакл на својот „Енфилд роуд“, кога загуби од ПСВ Ајндховен со 4:1. Најавите се дека можно е да се случи и тренерот Арне Слот да добие отказ, но засега нема реакција од челниците на клубот. За тоа колку навивачите на Ливерпул беа ...
Тенис, ракомет и фудбал има во денешната понуда со зголемени коефициенти во Sport Life. Возбудувањата ќе започнат со три тениски пресметки на кои играчите кои се во улога на фаворити за победи, имаат квоти меѓу 1.55 и 1.74. Од ракометот, тука се два меча од Лига на шампиони во кои има зголемени два „кеца“. Фуксе Берлин го пречекува Веспрем и за победа на домаќинот квотата е 1.60, додека ПСЖ на свој терен да слави против Висла е со квота од ...
Атлетико Мадрид уште еднаш покажа дека е тим кој може да ги победи и најдобрите екипи во Европа, откако со 2:1 славеше над Интер, во меч од Лига на шампиони. Мадридскиот гигант победничкиот гол го постигна во 90+3 минута кога Хименез погоди со глава, по изведениот корнер. Еден од оние кои најбурно прослави беше тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, кој беше пресреќен. „Игравме против неверојатно силен тим, мислам дека еден од најдобрите во ...
Во неизвесен меч до последната секунда, Бостон славеше над Детроит со 117:114, во еден од деветте меча кои се играа ноќеска во НБА лигата. Дури 15 промени на водството имаше, а на 100 секунди до крајот беше нерешено 105:105. Потоа Бостон водеше со 111:110 на 15 секунди до крајот, кога Детроит имаше напад за победа, но гостите ја загубија топката и така пропадна шансата да ја продолжат серијата победи. Со ваквиот расплет на мечот, заврши ...
Англискиот првак Ливерпул се соочува но неверојатна резултатска криза. Во последните два месеци, Ливерпул одигра 12 меча, а претрпе дури девет порази. Последниот пораз на англискиот гигант беше синоќа на својот „Енфилд роуд“ и тоа убедлив од ПСВ Ајнтховен со вкупни 1:4. Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е под голем притисок поради овие очајни резултати, а самиот тој вели дека никој не очекувал толку убедлив пораз од ПСВ. „Откако губевме со ...
Ливерпул има дури девет порази на последните 12 натпревари, а во последните четири дена беше декласиран и прими вкупно 7 гола од Нотингам форест и ПСВ Ајндховен. Ова е шокантно и прашање е раководството на клубот до кога ќе име трпение со менаџерот Арне Слот. Во својата прва сезона на клупата на Црвените, Слот имаше голем успех, на доминантен начин ја освои Премиер лигата, а летоска побара засилувања на повеќе позиции, ги доби, беа платени ...
Арсенал никогаш не бил европски првак, Премиер лигата последен пат ја освои пред 20 сезони, и затоа во моментов Топчиите треба да уживаат што се први и на домашна и на европска сцена. Победата над Баерн го потврди Арсенал како тим број 1 во моментов во Европа, тешко дека тоа може да се оспори, но проблемот за нив е што има уште многу да се игра, крајот на сезоната е многу далеку. Ако тимот на Микел Артета продолжи вака, може да се надева на ...
Каква среда во Лигата на шампионите, вечерва паднаа над 40 голови на деветте меча, а со победата над досега непоразениот Баерн Минхен, Арсенал покажа дека е тим број 1 во Европа во моментов. Топчиите од Лондон се единствени со 15 бода од пет меча во ЛШ. Атлетико со гол за победа над Интер во судиското продолжение, се погрижи на сите мечеви вечерва да има барем три гола, а и Интер го претрпе првиот пораз во ЛШ. Вечерва по лошо ќе ја паметат и ...
Килијан Мбапе постигна и четврти гол на гостувањето на Реал Мадрид кај Олимпијакос и ова е првпат во кариерата на Французинот да даде четири гола на меч од Лигата на шампионите. Мбапе стана четвртиот фудбалер на Реал кој имал „покер“ голови во најсилното клупско натпреварување во Европа. Пред него тоа го направиле само легендите Алфредо Ди Стефано, Ференц Пушкаш и Кристијано Роналдо. Инаку Мбапе има 64 голови во ЛШ, од нив 36 се на гостински ...
Магдебург беше подобар од Еурофарм Пелистер со 31-26 во вечерашниот меч во Битола од ракометната Лига на шампиони. Во отсуство на Хеидаридад, на голот на битолчани беа Митревски и Брестовац кои имаа 12 одбрани (Митревски 11), а Манасков и Радивојевиќ со по пет погодоци беа најефикасни. Јенсен со 6 гола, и Клар и Лагергрен со по 5, беа најефикасни во победничкиот тим. Во следното коло, Е. Пелистер гостува кај Загреб, тим против кој ја имаа ...
Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, ги одбра 12-мината кои утревечер (19 часот, СРЦ Кале) ќе играат со Азербејџан на стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2029. Шанса да дебитира во дресот на македонскиот национален тим ќе добие бекот Омари Мур. Како што најави селекторот, можно е Мур да игра утре, а другиот натурализиран Македонец, Џејкоб Вајли, да настапи на другиот меч во мини-циклусов, ...
Дуелот на Арсенал и Баерн Минхен потврди дека Топчиите се најопасни при прекини и дека Баварците имаат мега талент во името на 17-годишниот Ленарт Карл. По првиот дел во Лондон на дербито на непоразените, резултатот е 1-1, па вторите 45 минути ќе решаваат кој ќе се радува на крај. Килијан Мбапе за само 6 минути и 43 секунди даде три гола (најбрз хет-трик во кариерата) и му донесе пресврт и водство на Реал Мадрид од 3-1 против Олимпијакос ...
Црвена ѕвезда го победи Олимпијакос со 91-80, и сега српскиот тим им се придружи на Хапоел Тел Авив и Панатинаикос на делба на врвот во Евролигата со скор 9-4 после 13 кола. После 30 минути игра гостите од Пиреа водеа со шест поени разлика, но Ѕвезда последната четвртина ја доби со 32-15. Последниот квартал домашните го почнаа со серија од 13-0 и публиката во преполната белградска Арена беше вистински шести играч кога беше најпотребно и даде ...