Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Кошаркарската НБА лига за вечерва нуди богата програма од 11 натпревари, па и во понудата на Sport Life имате огромен број на опции за обложување во врска со овие мечеви. Ако се решите да одиграте на број на поени на играчи, имате огромен избор, има повеќе од 130 кошаркари кои може да ви донесат добивка ако точно погодите кој ќе има плус поени, а кој помалку од зададената граница. Дерби на вечерта е Кливленд – Њујорк, пресметка на тимовите ...
Трае напнатоста пред утрешниот меч на Реал Мадрид и Бенфика од плејофот за влез во осминафиналето во Лигата на шампионите. Она што се случи на првиот дуел во Лисабон пред една недела кога Џанлука Прастијани наводно му кажал расистички навреди на Винисиус, уште е главна тема. Аргентинецот наводните навреди ги кажал кога устата му беше покриена со дрес и тешко е да му се докаже вината, но УЕФА го суспендираше осомничениот фудбалер на еден меч, ...
Оваа сезона во македонскиот фудбал може да донесе пресликување на она што се случуваше пред цели 32 години, во 1993/1994. Денешната победа на Охрид против Вардар во Купот, носи повторување на историјата од пред 32 сезони и тоа на неколку работи. Крајот на сезонава ќе покаже до која мерка ќе се повторат работите, но во моментов има многу елементи за такво нешто. Во 1993/94 која беше втора сезона по осамостојувањето на Македонија, титулата во ...
Талант Душебаев, кој речиси 12 години го предводи полски Кјелце, од денеска е и нов селектор на француската репрезентација! Ова е историски момент бидејќи тој ќе стане првиот странски селектор на Франција, а неговиот прв натпревар треба да биде против Шпанија. На клупата го наследува Гијом Жил, кој си оди по разочарувачко седмо место на неодамнешното Европско првенство, на кое ја бранеа титулата од претходното издание. Душебаев има договор ...
Второлигашот Охрид го елиминираше Вардар во Скопје во меч од четвртфиналето на Купот. Охриѓани беа апсолутни аутсајдери, но на теренот покажаа дека се победува со срце и желба за успех. Вардар водеше со 1:0, но Охрид не се предаде и со гол во 90 минута израмни на 1:1 и се избори за шутираше пенали. Во пенал-рулетот охриѓани први промашија, но и тоа не ги поколеба да успеат да го елиминираат Вардар. Голманот на гостите ги одбрани ударите на ...
Ѕвездата на Бодо/Глимт, Јенс Петер Хауге, се надева дека повторно ќе блесне во своето „градско дерби“ за да му помогне на својот тим да стигне до осминафиналето во Лигата на шампионите. Репутацијата „убијци на гиганти“ која ја има норвешкиот првак, беше зацврстена со победата над Интер од 3-1 во првиот натпревар од плејофот, а вечерва на „Сан Сиро“ ќе пробаат да ја одбранат таа предност. Хауге кој даде гол за 2-1, има многу мотиви. Тој е ...
Кошаркарската федерација на Македонија информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат билет, преку онлајн сервисот на „МКТикетс“ за мечот Македонија – Луксембург, кој е дел од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Цената на билетите е 150 денари и 200 денари. Поефтините се за трибините зад кошевите во салата „Градски парк“, а 200 денари е билетот за централната трибина во комплетно ...
Второлигашот Охрид Лихнидос приреди сензација во Купот на Македонија, во четвртфиналето го елиминираше Вардар кој беше бранител на трофејот. Лидерот на второлигашката табела го совлада Вардар на пенали со 4-2, откако во регуларниот дел средбата финишираше со 1-1. Вардарци поведоа со гол на Николов, но охриѓани изедначија преку Матески во 91-ва минута и се изборија за пенал серија во која гостинскиот голман им ги одбрани шутевите на Бобан ...
Шкендија Арачиново го победи Работнички со 3-1 во четвртфиналето на Купот на Македонија и првпат ќе биде полуфиналист, што за нив е историски успех. Арачиновци се второлигаши и се борат за влез во елитата, но на свој терен покажаа дека не заостануваат зад некои прволигаши кои се од долниот дел на табелата. Во полуфиналето, Шкендија Арачиново ќе игра со Шкендија Тетово или Струга. Шкендија Арачиново го победи Работнички со 3-1 во ...
Реал Мадрид и Бенфика во среда ќе го одиграат реваншот од Лигата на шампионите, а според најавите од Португалија, се подготвува вистински хаос. УЕФА привремено го суспендира Џанлука Престијани поради инцидентот во Винисиус со цел да спречи дополнителни проблеми во Мадрид додека истрагата трае, но од Бенфика веднаш упатија жалба. Сега најавите се дека и покрај суспензијата, Престијани ќе патува во Мадрид, а од Бенфика во меѓувреме очекуваат ...
Веќе три години трае процесот против Манчестер сити за наводни нерегуларност кои се однесуваат на финасискиот ферплеј. Против Граѓаните се покренати обвиненија дури по 115 точки, но одлука сè уште нема. Британските медиуми тврдат дека Манчестер сити нема да биде исфрлен од Премиер лигата, но му се заканува сериозно одземање на бодови, дури и ако се докаже дека само не соработувале со истражните органи. Според праксата, на Граѓаните ќе им ...
Андреј Јакимовски беше еден од нашите најдобри играчи на почетокот од овој претквалификациски циклус за места кои водат на Евробаскетот во 2029 година. На двете средби во кои Македонија реализира две победи, прво дома, против Азербејџан, потоа и на гостински терен, против селекцијата на Ирска, комплетира 61 поен. Односно во просек по 25,5 поени по натпревар, кои го прават прв стрелец во нашиот национален тим. А неговите просечни осум скока го ...
Викендот кој претстои нѐ очекуваат неколку дерби-пресметки ширум Европа, а тие се и нов вистински предизвик за играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Типувањето е веќе отворено и ќе трае до сабота во 14 часот, кога се игра првиот од 13-те понудени натпревари. Вистински предизвик ќе биде да се погодат исходите на неколкуте дерби-натпревари, а во сабота се игра мечот помеѓу Борусија Дортмунд ...
Баер Леверкузен со одлична поредност од 2:0 стекната од првиот меч на гости во Атина вечерва го дочекува Олимпијакос во ревншот од баражот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Ова е дури трет нивен дуел во ЛШ во 2026 година. Освен мечот одигран минатата недела, овие екипи се сретнаа и во групната фаза на 20 јануари, а тогаш Олимпијакос славеше со 2:0 дома. Сега Грците ќе имаат многу тешка задача, на гостински терен да ...
Вардар продолжува со настапите во Европската лига на ЕХФ. Вечерва во својата сала „Јане Сандански“ ќе игра против Мелсунген со почеток од 20:45 часот. Германскиот бундеслигаш е со максимални шест бода и е лидер во групата во која со по два бода се Вардар, Бенфика и Кристијанштад. Пред малку повеќе од една година, Вардар во Скопје го победи Мелсунген со 32:30. Тогаш таа победа на Црвено-црните делуваше како изненадување, но сега Вардарци се во ...
Четирите меча кои вечерва ќе се играат во нокаут системот од Лига на шампиони се дел од Бет Билдер понудата. За сите четири дуели има по две интересни комбинации на кои коефициентите се движат меѓу 13 и 35. Атлетико Мадрид е домаќин на Бриж, а квотата од 35 ќе биде добитна ако: Атлетико победи. Кристос Цолис има над 1,5 шутеви во рамки на голот, Адемола Лукман има над 1,5 шутеви во рамки на голот и има над 4,5 картони. Со 35 квота е и ...
Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна транспарентност и со цел објективно информирање на јавноста, ги споделуваме дописите добиени од Одделот за интегритет при УЕФА. Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од ...
Вообичаеното неделено попладне на гледање фудбалски натпревар пред телевизорот во италијанскиот град Каподимонте се претвори во трагична сцена. Навивач на Наполи беше хоспитализиран откако беше избоден од неговата сопруга. Според италијанските медиуми, инцидентот се случил за време на натпреварот од Серија А помеѓу Наполи и Аталанта. Наполи загуби со 2:1 на гостувањето во Бергамо, а неименуван 40-годишен навивач во својот дом бил многу ...
Вечерва и утревечер ќе бидат познати осумте екипи кои ќе продолжат со настапите во осминафиналето на Лигата на шампионите. Интересно е дека италијанската Серија А е под закана да остане без ниту еден свој тим меѓу најдобрите 16, нешто што не се случило со децении. Серија А во првата нокаут-фаза има три екипи, но сите три се во неповолна ситуација по првите дуели и на реваншите и пред своите навивачи ќе бркаат пресврти. Интер загуби во ...
Грчки Олимпијакос е противникот на Охрид во четвртфиналето од Европскиот ракометен куп на ЕХФ. Тоа значи само едно – ќе има вистински спектакл крај езерото. Првиот меч се игра во Пиреја последниот викенд од март, додека реваншот е во Охрид првиот викенд од април. Познато е и против кого би играл Охрид доколку го мине Олимпијакос, а тоа ќе биде подобриот од мечот помеѓу Цеље Пивоварна Лашко и Бузау. Грчки Олимпијакос е противникот на Охрид ...
Фудбалскиот клуб Партизан се соочува со сериозни финансиски потешкотии и ситуацијата воопшто не е добра, пишува српскиот „Спортал“, а пренесуваат и останатите тамошни медиуми. Црно-белите со голема помош од државата успеаја да ја поминат јануарската контрола од УЕФА, но според пишувањата, финансиската ситуација воопшто не е стабилна. Прилив на средства нема, а финансиските обврски се зголемуваат и се таложат. До толку е лошо што според ...
1106 Хал – Дерби каунти (20:45 ч.) Дуел од Чемпионшип во Англија на две екипи кои целат да бидат во Топ 6, што би носело борба за влез во Премиер лигата. Хал е во лоша форма и ги загуби последните три меча, но секако дека ќе сака пред своите навивачи да стави крај на поразите. Дерби е екипа која знае да биде опасна, а овие два тима ги краси тоа што играат без многу калкулации и најчесто со многу погодоци. Предлог тип: ГГ3+ (2.40) 5615 ЗЕД – ...
Бодо/Глимт е сензацијата во Лигата на шампионите сезонава. Норвешкиот тим првпат се избори да биде дел од елитното друштво, а сега е на прагот да се пласира во осминафиналето, и тоа да го елиминира ланскиот финалист Интер. На првиот меч во Норвешка, Бодо/Глимт победи со 3:1, а интересно е дека сега пред реваншот, тренерот на гостите малку ги „пецна“ Италијанците дека се жалеле на теренот на првиот меч. Пред Интер, Бодо/Глимт го победи и ...
Возбудувањата во Супер типот на Sport Life ќе започнат со тенис, а потоа целиот фокус ќе биде префрлен на фудбалот. Има четири тениски пресметки на кои фаворити се Шаповалов, Бублик, Андреску и Димитров, а зголемените квоти за нивни победи се движат меѓу 1.43 и 1.74. Од фудбалот има 12 натпревари, а само на три има зголемени квоти за победи на гостите. На туѓ терен се очекува да слават саудиските гиганти Ал-Хилал и Ал-Итихад, кои се сметаат ...
Фудбалските возбудувања во Македонија денеска продолжуваат со два меча од четвртфиналето во Купот. Актуелниот бранител на тронот, екипата на Вардар е домаќин на лидерот во Втората лига, Охрид лихнидос. Јасно е дека Вардар е голем фаворит, но не треба да се заборави дека Охрид има девет победи по ред, па затоа е и најголем кандидат за влегување во Првта лига за следната сезона. Интересно е дека Вардар никогаш не примил гол во дуелите со Охрид. ...
Мечевите од Лига на шампиони доминираат во понудата за Квоти на ден, а има и една пресметка од Чемпионшип во Англија. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 38.46. Треба да има победник на дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Бриж, но и двата клуба да дадат гол, за да биде добитна комбинацијата која носи квота од 2.30. На пресметката меѓу Мидлсбро и Лестер да биде нерешено на полувреме ...
Манчестер јунајтед продолжува со блескавите игри под водство на новиот тренер Мајкл Карик. За Црвените ѓаволи ова е петта победа во последните шест кола, а има и едно реми. Според многумина, најзаслужен за оваа трансформација во играта на Јунјатед има тренерот Мајкл Карик. Некогашниот фудбалер на Црвените ѓаволи, а сега предводник од клупата, застана на чело на екипата, на местото на Рубен Аморим кој доби отказ. „Вложивме голем напор за да ...
Голгетерот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман е многу блиску до заминување од клубот. Неговата следна станица треба да биде САД, односно тимот на Орландо. Челниците на клубот од МЛС шампионатот се многу блиску до договор со искусниот француски напаѓач. Се очекува Гризман во наредните неколку дена да го напушти Мадрид и да се приклучи на својот нов клуб. Поголемиот дел од кариерата Гризман ја помина во дресот на Атлетико Мадрид и е вистинска ...
Центарот на Сан Антонио спарс Виктор Вембањама блесна на гостувањето кај Детроит и беше вистински лидер во нова победа, овојпат од 114:103. Овој дуел беше голем предизвик за Сан Антонио бидејќи гостуваше кај најдобриот тим во Источната конференцика, но успеаа да слават и да ја продолжат низата од девет победи по ред. Вембањама постигна 21 поени, имаше 17 скокови, а подели и шест блокади. Интересно е дека до овој меч, Вембањама никогаш немал ...
На фудбалските натпревари се гледаат разни чудни ситуации, а една таква имаше на аматерски меч во Истанбул, Турција. На социјалните мрежи се појави видео во кое фудбалер успева да спаси живот на галеб. Голманот ја шутна топката и таа удри во несреќниот галеб кој беше нокаутиран и падна на теренот. Еден од фудбалерите реагираше инстинктивно и почна да извршува постапка со масажа на срцето што му го спаси животот на галебот. Според турските ...