Долго време, најмногу поради школските обврски во САД, Андреј Јакимовски не можеше да одговори на повиок во националниот тим. А кога обврските завршија, следуваше нешто ново за нашиот млад репрезентативец. Враќање во Европа. Па потпис со италијанскиот Тренто, играње во Еврокупот, во силната Лега Серија А, и сега, „враќање“ во националниот тим на Македонија. „Задоволство ми е повторно да бидам со репрезентацијата, како што знаете по одреден ...

Ливерпул активно работи на доведување на крилниот фудбалер на Борнмут, Антоан Семењо, во зимскиот трансфер-период, а веќе се водат конкретни преговори. Црвените се подготвени да ја платат откупната клаузула на Семењо, која изнесува околу 70 милиони евра, и се решени да го доведат 25-годишниот играч, и покрај тоа што ќе настапува на Купот на африканските нации. Интересот за Семењо е голем, па покрај Ливерпул, за него се борат уште неколку ...

Холандскиот гигант Ајакс не е во најдобра форма, досега нема ниеден освоен бод во Лигата на шампионите, но вечерва можеби има одлична можност за прв триумф. Во Амстердам гостува Бенфика на Жозе Мурињо, која исто така е без позитивен резултат во досегашниот тек од елитното европско клупско натпреварување. Ветеранот Ваут Вегорст е ударната напаѓачка алка на Ајакс, а доколку тој вечерва постигне гол и неговиот тим успее да победи, квотата е ...

Проблемите за Чаби Алонсо и Реал Мадрид се сѐ поголеми. Кралскиот клуб не успеа да победи викендов во Ла Лига против Елче, а нема да ја има помошта на првиот голман Тибо Куртоа на утрешниот натпревар против Олимпијакос во Лигата на шампионите. Белгискиот голман пати од гастроентеритис и нема да биде дел од составот на Чаби Алонсо на гостувањето во Грција. Ова е шанса за Украинецот Андриј Лунин, кој првпат ќе застане на голот на Реал Мадрид ...

Ново коло од Лигата на шампионите, а тоа секако носи нова возбуда и нова огромна Бет билдер понуда во Sport Life. Може да се стигне и до квота 25, ако се одбере предлогот за натпреварот меѓу Челзи и Барселона. Ако победи Барселона, Весли Фофана добие картон, Роберт Левандовски да постигне гол или да асистира, и на натпреварот има најмалку 11 корнери, се доаѓа до квотата 25. Има вкупно десет предлози, по два од пет натпревари, Бодо-Глимт – ...

Во Реал Мадрид неколку фудбалери не се согласуваат со методите на Чаби Алонсо. За тоа со денови пишуваат медиумите во Шпанија. Ситуацијата во соблекувалната моментно е сложена, што јасно се гледа и на терен – играчите не вршат пресинг како претходно и не делуваат поврзано со тренерот, објави „Коп“. „Незадоволни играчи? Винисиус, Валверде, Родриго, Брахим Дијаз, Ендрик, Менди… Задоволни? Хаусен, Карерас, Куртоа, Ѓулер и Мбапе“, беше објавено ...

Наполи вечерва на стадионот „Диего Марадона“ го пречекува Карабах, а се навршуваат точно пет години од смртта на славниот Аргентинец, по кого е крстен стадионот во Неапол. Тоа треба да биде мотивација за Наполитанците да победат во чест на најдобриот фудбалер во историјата на клубот. Инаку според италијанските медиуми, тренерот Антонио Конте има две дилеми околу почетниот состав, а едната е дали лево крило да биде Давид Нерес или Елиф Елмас. ...

Ждрепката за осминфиналето од ЕХФ Европскиот Куп сакаше противник на ГРК Охрид да биде славниот чешки клуб Дукла од Прага. Дукла е трикратен европски првак, имаат пет финалиња во Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони), но Чесите беа гиганти во далечното минато, последната титула им беше пред 41 година. Во моментов тие се на шесто место на табелата во чешката лига, после десет одиграни кола имаат биланс од 7 победи и три ...

6004 Б. Дортмунд – Виљареал (21.00 часот) Досегашните мечеви на бундеслигашот во ЛШ изобилуваа со голови, имаше барем пет на секој од нив. Борусија на сите четири меча или даваше или примаше по четири гола. Викендов во германската лига одиграа 3-3 со Штутгарт. Жолтата подморница, која првпат ќе гостува на стадионот во Дортмунд, е спротивен случај, во четири кола даде само два, а прими шест гола и има само еден бод. За Борусија ова е втор меч ...

Македонската кошаркарска федерација објави дека влезот во „СРЦ Кале“ во Скопје за натпреварот на Македонија и Азербејџан од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година ќе биде слободен. Ова е отворена покана до сите искрени љубители на кошарката и фанови на најдобрата машка репрезентација на Македонија да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар. Мечот почнува во 19 часот, a обезбеден е и директен ...

Челзи – Барселона е дербито на вечерта во Лигата на шампионите. Сините и Каталонците можеби ќе потсетат на нивните легендарни дуели кои уште се паметат. Барса осумпати гостувала на „Стемфорд бриџ“ и победила само еднаш во 2006 година (тогаш Ламин Јамал не бил роден), а има пет порази. Но, најголемата радост на Барселона во Лондон не беше таа победа во 2006, туку ремито 1-1 во 2009 кое им донесе финале во ЛШ. Тој гол на Иниеста и судиските ...

Дуелите од фудбалската Лига на шампиони и кошаркарската Евролига ги предводат паровите со зголемени квоти во Супер типот на Sport Life. Има 64 зголемени квоти, кај кошаркарите набилданите квоти се само за конечен тип и победи на фаворитите, додека кај фудбалите има и други игри ако попривлечни џокери за подобрување на можната добивка ви изгледаат игрите на голови или комбинацијата на конечен тип со број на голови. Има квоти за сечиј вкус, ...

Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијазо, свесен е дека тимот има мала маргина за грешка на гостувањето кај Бодо/Глимт, а објасни зошто условите го прават овој тест во Норвешка уште потежок за Старата дама. Јувентус досега нема победа во Лигата на шампионите оваа сезона, има три нерешени и еден пораз, се наоѓа на 26-тото место на табелата со три бода, што не е доволно ни за место во плејофот за осминафинале. За да биде уште полошо за тимот ...

Петте денешни квоти на денот во Sport Life прават вкупен коефициент од 41.65, а поединечно сите се со двојка напред и привлечни за играње. Квота од 2.15 се предлага за на дуелот на Ајакс и Бенфика да има победник и на мечот да паднат од два до четири гола. Бодо/Глимт е домаќин на Јувентус, а ако верувате дека ќе има 1 или 2 гола во прво, а од еден до три гола во второ полувреме, треба да ја искористите квотата од 2.25. Барселона да постигне ...

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, инаку навивач на Реал Мадрид, во интервју проговори и за тешката ситуација околу бразилското крило на тимот, Винисиус Жуниор. Бразилецот наводно го информирал Реал Мадрид за неговата неподготвеност да го обнови договорот поради затегнатите односи со тренерот Чаби Алонсо. „Ситуацијата со Винисиус може да се реши преку дијалог. Ова бара меѓусебно разбирање од сите страни. Винисиус мора да запомни кој ...

Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, во 18-тиот обид дојде до прва победа на гости над Манчестер јунајтед, а беше толку задоволен што го оправда и необичното исклучување на неговиот играч Идриса Геј кој во 13-тата минута го удри со шлаканица соиграчот Мајкл Кин. „Тепањето не значи дека тие не се сакаат меѓусебе. Ми се допаѓа кога моите играчи можат да се скараат едни со други ако некој направи нешто погрешно. Се надевам дека моите играчи ...

Победата на Детроит над Индијана од 122-117 ја одбележа вечерта во НБА лигата, затоа што за Клиповите тоа е 13-тиот триумф по ред, што е изедначување на клупски рекорд. Детроит вакви серии имал само уште во 1989/1990 и 2003/2004 кога стана шампион. Во моментов, квотата во Sport Life за титула на Пистонс кој е лидер на Истокот, е 40.0. Добро игра и Торонто кој има осум победи по ред, а Тајлер Хиро на својот прв меч сеонава адде 24 поени и го ...

Фудбалот во Англија е посебна страст. Без разлика дали се работи за екипи кои се во Премиер лигата или за аматерските клубови, навивачите секогаш се подготвени за својот омилен клуб. Истборн Боро, член на англиската шеста дивизија, односно дел на Националната лига Југ, кој во саботата мораше да патува пет часа до Торки на крајниот југозапад од британскиот полуостров и не поминаа добро. Гостите, кои имаа поддршка и од своите навивачи на ...

Евертон со 1:0 го победи Манчестер јунајтед на гости, во меч од 12. коло на Премиер лигата. Триумфот на гостите од Ливерпул добива на важност затоа што Евертон речиси целиот меч го играа со фудбалер помалку. Во 12 минута двајца играчи на Евертон се степаа меѓусебе и црвен картон доби Гаје. И со играч помалку, Евертон даде фантастичен гол по шутот ма Десбери-Хал во 29 минута. Во продолжение, Манчестер јунајтед постојано напаѓаше, создаваше ...

Поранешниот голман на Борусија Дортмунд и Арсенал, Јенс Леман, со нетрпение го чека дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Топџиите и Баерн Минхен. Двата тима се лидери во своите лиги, а во Лига на шампиони имаат перфектни четири победи во досегашните четири меча. В среда ќе играат меѓусебе на дуел во Лондон. „Двата најдобри тима во светот ќе се соочат еден со друг. Двата тима играат на највисоко ниво во моментов. Ќе бидам на стадионот. Ќе ми ...

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, испиша клупска историја откако стана првиот фудбалер кој одигра 700 натпревари за мадридскиот гигант. На вчерашниот меч против градскиот ривал Хетафе, Коке стигна до јубилејниот 700-ти натпревар, потврдувајќи ја неговата класа. Коке е производ на младинскиот систем на Атлетико кој прерасна во една од најзначајните личности на клубот. Под водство на Диего Симеоне, тој освои осум трофеи, вклучувајќи две ...

Македонската фудбалска репрезентација на најлош можен начин ги заврши квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година откако со 7:1 загуби на гости во Кардиф од Велс. Тоа е и последен меч за Македонија во 2025 година, што значи дека репрезентативците се вратија на клупските обврски. Македонските репрезентативци кои како стартери или потоа како резерви од клупата влегоа на дуелот во Кардиф ги одработија првите клупски обврски по ...

Екипата на Њујорк сити се пласира во полуфиналето од МЛС-плејофот откако минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Филаделфија. Покрај единствениот гол кој беше клучен за победа на гостите, во главна улога на овој меч беше и голманот на Филаделфија и капитен на тимот, Андре Блејк, кој имаше спектакуларна одбрана на почетокот од второто полувреме. Се играше 55-тата минута кога напаѓачот на Њујорк сити, Николас Меркау, освои една топка, тргна ...

Илинден има шест победи по ред, што е потврда за големите амбиции кои сезонава ги има овој клуб. Оваа убава победничка низа значеше дека Илинден се искачи на првото место на табелата во ОФС Гази Баба, натпреварување што е четврто по ранг во македонскиот фудбал. Во вчерашното деветто коло, Илинден на свој терен доминираше и убедлио со 5:1 го победи Ускуп 1911. Ова беше и најубедливата победа во деветото коло. Со оваа победа Илинден сега е ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази надеж дека тимот ќе успее да триумфира на утрешниот домашен натпревар против Карабах во Лигата на шампионите за да ја посвети победата на клупската легенда Диего Марадона. Тој исто така зборуваше за ситуацијата со бројните повреди во својот состав. „Утре е годишнината од смртта на Марадона. Знаеме што значи тој за Наполи, па би било одлично ако можеме да му ја посветиме победата. Карабах дефинитивно ...

Маратонска е понудата во Полноќниот експрес. Дури десет НБА-натпревари и 99-мина кошаркари со најголеми квоти се дел од понудата во Sport Life. Њујорк никс и Детроит пистонс се големи фаворити на гостински терен ако се погледнат квотите, а и Голден стејт вориорс треба лесно да стигне до триумф пред своите гледачи. Покрај стандардните квоти, тука е и омилената игра „плус/минус поени“ за индивидуалниот ефект дури на 99-мина кошаркари. ...

Поранешниот капитен на Манчестер jунајтед и на англиската фудбалска репрезентација, Вејн Руни, смета дека Мохамед Салах треба да биде оставен на клупата во Ливерпул. Египќанецот повторно не успеа да постигне гол или асистенција во поразот од Нотингам Форест со 0-3. Од почетокот на сезоната, Салах има пет голови во 17 натпревари, што покажува значителен пад на неговата форма во споредба со минатите години. „Да бев Арне Слот, би направил важна ...

Мејсон Гринвуд остави зад себе бурен дел од кариерата, но и проблеми надвор од теренот кои го следеа. Откако го напушти Манчестер јунајтед, тој прејде во Олимпик Марсеј, а оваа сезона бележи одлични настапи. На 12 натпревари, 10 пати беше стрелец, а има и две асистенции во Лига 1. Што се однесува до Лигата на шампионите, има еден постигнат гол и една асистенција на четири натпревари. По одличните настапи, Мејсон Гринвуд го привлече ...

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, навести можна разделба со двајца незадоволни играчи. Станува збор за Џошуа Зиркзе и Коби Мејну, кои целосно паднаа во втор план и сакаат да заминат во јануари за да се наметнат кај селекторите Роналд Куман и Томас Тухел пред Мундијалот следното лето. „Клубот секогаш е на прво место и тоа мора да биде приоритет. Мораме да размислиме за тимот и што ни е потребно, а потоа и дали нивното заминување ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус јуниор, би можел да го смени клубот во зимскиот преоден рок, пишуваат шпанските медиуми. Според информациите, 25-годишниот фудбалер не успеал да постигне договор за нов контракт со мадридскиот клуб, што довело до интерес од Манчестер сити, Челзи и неколку клубови од Саудиска Арабија. Винисиус игра за Реал Мадрид од 2018 година. Во сезоната 2025/26, Бразилецот одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
59%
995
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.0
93%
994
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.28
99%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
994
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.79
76%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
87%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
67%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.47

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Родиум

336779.07

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07