Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Американската тениска легенда, а сегашен телевизиски коментатор, Џон Мекинро, смета дека актуелната ситуација во тенисот во која двајца доминираат не е добра и тоа треба што побрзо да се смени за доброто на спортот. Јаник Синер и Карлос Алкарас прават тенисот да станува здодевен бидејќи немаат сериозна конкуренција. Италијанецот и Шпанецот победија на последните девет гренслам-турнири, а еден од двајцата ги освојуваше последните 20 турнири на ...
По мечот Атлетико Мадрид – Барселона, додека траеше славењето на мадридските навивачи, Рафиња, кој поради повреда не играше во четвртфиналните дуели, ги провоцираше фановите на Јорганџиите. Тој со раце им покажуваше дека во следното коло од Лигата на шампионите ќе испаднат. Од устата на Рафиња можеше да се прочита „Па фуера“, што значи „Одите надвор“ и јасно е дека сакаше да им каже дека во следната рунда против Арсенал (или можеби Спортинг) ...
Баерн Минхен само еднаш бил елиминиран во Лигата на шампионите откако победил на гости во првиот меч, тоа се случи во 2011 година против тогаш актуелниот првак Интер, кога решавачкиот гол во Минхен го постигна нашиот Горан Пандев во 88-мата минута. Баварците славеа со 2-1 во Милано, а водеа со 2-1 и на реваншот на „Алијанц арена“, но на крајот Интер победи со 3-2 и отиде понатаму (тогаш уште важеше правилото за повеќе голови на гости), а ...
Легендата на англискиот фудбал и на Њукасл, Алан Ширер, го критикуваше напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак. Црвените го купија минатото лето по големи контроверзии токму од Страчките. Швеѓанецот беше надвор од терените поголем дел од сезоната поради сериозна повреда, но имаше одлична шанса да се докаже со настапот за Ливерпул против ПСЖ откако доби место во стартниот состав. Сепак, не успеа да направи ништо значајно. „Тој речиси и не ...
Реал Мадрид ќе има тешка задача да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб загуби со 1:2 по првиот меч одигран во Мадрид од Баерн Минхен и вечерва на „Алијанц арената“ ќе се обиде да ја надополни негативата. Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, е полн со оптимизам дека 15-кратниот европски првак може да се пласира во полуфиналето од елитното натпреварување на УЕФА. „Имаме голема желба. Убедени сме дека можеме да ...
Погледите на светската фудбалска јавност се насочени кон Минхен и Лондон, градовите во кои вечерва ќе ги дознаеме двете екипи кои ќе им се придружат на Атлетико Мадрид и ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите. Баерн со предност од 2-1 го пречекува Реал Мадрид, а Кралевите како ретко кога се аутсајдери на гостувањето во Минхен. Квотата за нова победа на Баварците е 1.56, додека триумф на Реал Мадрид има квота од 4.40. Хари Кејн е фаворит ...
Легендарниот дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол, ја имаше најжестоката изјава по елиминацијата на Каталонците во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Според многумина, но и според Пујол, Барселона е елиминирана „благодарение“ на судиите. Јас ја играв оваа игра цел живот и никогаш не сум видел толку патетичен двоен стандард. Го праќате Ерик Гарсија надвор за ‘лесен допир’ на грбот – нешто што се случува педесет пати во натпревар, но ...
Поминаа само 24 часа од почетокот на типувањето на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, а веќе се наѕираат победниците на најинтересните натпревари викендов што следува. Се играат неколку дерби-пресметки, а посебно интересни се оние во Англија. Манчестер сити и Арсенал играат меч кој можеби ќе ја одлучи титулата во Премиер лигата, а 72% од типувачите очекуваат триумф на Граѓаните. Дерби-меч играат и ...
Кошаркарите на ТФТ вечерва играат меч за историја, меч за финале во АБА-2 лигата. По победата од 88-93 на гостувањето кај Сутјеска, сега им е потребна само уште една победа, пред преполната сала „Лазар Лечиќ“, или по старо „Градски парк“, за да се најдат во финалето од АБА-2 лигата и на чекор од влез во елитното јадранско друштво. И квотите во Sport Life се на страната на нашиот претставник, па квотата за победа на ТФТ е 1.84, додека рибрејк ...
Ракометниот клуб Вардар го засили својот ростер со ангажманот на десниот бек Мохаб Абделхак, еден од најперспективните египетски ракометари од својата генерација. Станува збор за леворак бек кој доаѓа од германскиот гигант Кил, а зад себе веќе има сериозно меѓународно искуство и настапи на високо ниво и покрај младата возраст. Абделхак е роден на 20 јануари 2003 година во Каиро, игра на позицијата десен бек и е дел од сениорската ...
Вечерва ќе бидат познати двете екипи кои ќе го комплетираат полуфиналето во Лигата на шампионите, а во Sport Life може да најдете 10 набилдани опции со квоти кои достигнуваат и до 85.00. Најголемите квоти се во дневниот микс, 25.00 и 85.00, а игрите делуваат реални и лесно може да се случи да бидат добитни. За мечот на Баерн Минхен и Реал Мадрид има четири опции со квоти кои се движат помеѓу 14.00 и 22.00. Четирите опции за дуелот на ...
Помина повеќе од една деценија откако Барселона последен пат стана европски првак. Сезонава Каталонците се елиминирани од Атлетико Мадрид, а разочараниот Френки де Јонг потенцира дека неговиот тим немал доволно среќа, но не заборави да го потенцира и моментот од првиот натпревар кога играчите на Барселона сметаа дека треба да добијат пенал по играњето со рака, кога Атлетико требаше да изведе по еден гол-аут. „Мислам дека одигравме добар ...
Од 21-ви до 29-ти април ќе се игра Светско првенство во ракомет за ученици, отворањето ќе биде на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 19.30 часот, на дефилето ќе има околу 700 учесници. Се надеваме дека ќе бидеме добри домаќини, ќе се игра во шест училишни сали. „Уште немаме дефинирано во кои сали ќе игра македонската репрезентација, тоа треба да биде одредено откако ќе помине инспекцијата на техничката комисија. Амбициите ни се да ...
6002 Арсенал – Спортинг Лисабон (21 ч.) Со три порази во последните четири меча што ги одигра, Арсенал покажа дека е во лоша форма. Сепак, кога се работи за Лигата на шампионите, Топчиите славеа со 1:0 на гости во Лисабон од Спортинг и сега на свој терен треба да го потврдат пласманот во полуфиналето. Спортинг во претходната фаза од ЛШ направи чудо кога надополни негатива од три гола, но тогаш реваншот го играше на свој терен, а противник му ...
Арсенал имаше одлична сезона, но во последните неколку недели ги разочара своите фанови откако остана без трофејот во Лига купот, испадна и од ФА купот и сега му е загрозена челната позиција во Премиер лигата. Сепак, Топчиите уште имаат шанси за трофеј, и тоа во Лигтаа на шампионите, каде што вечерва на свој терен ќе играат против Спортинг Лисабон во реваншот од четвртфиналето. Англискиот гигант има предност од 1:0 по првиот меч во ...
Возбудувањата од денешниот Супер тип ќе започнат со тениски пресметки, а ќе продолжат со фудбал. Има неколку интересни тениски дуели на кои се зголемени коефициенти за победи на Де Минаур (1.47 коефициент), Шелтон (1.81), Паркс (1.52), Коболи (1.68) Андреева (1.45) и Нори за чија победа зголемениот коефициент сега изнесува 1.59. Фудбалските пресметки започнуваат со два меча од словенечкото првенство, каде што има зголемени коефициенти за ...
Ламин Јамал има само 18 години, веќе има завидна листа на освоени трофеи. Сепак, на листата го нема пехарот од Лига на шампиони, а од синоќа јасно е дека тинејџерот ќе мора да почека најмалку уште една сезона, затоа што неговата Барселона е елиминирана од Атлетико Мадрид. Барселона синоќа во Мадрид победи со 2:1, Јамал даде гол, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од 0:2 што каталонскиот гигант ја имаше по средбата на „Камп Ноу“. ...
Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лига на шампиони, но има и други мечеви кои привлекуваат внимание, па се дел до понудата во Квоти на ден. Ако сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е точно 50.13. Сарпсборг е домаќин на Бодо/Глимт, а иако гостите ја имаат фаворитската улога, понудата е домаќинот да постигне меѓу еден и два гола во второто полувреме. Оваа комбинација се ...
Портланд треил блејзерс на гостински терен го победи Феникс санс со 114:110, во мини турнирот кој треба да ги даде последните патници во плејофот. Со овој триумф Портланд го обезбеди седмото место во НБА разигрувањето, каде во првото коло ќе игра против Сан Антонио спарс. Вистински лидер на Портланд во победата над Феникс беше израелскиот крилен играч Дени Авдија кој постигна 41 поени. Посебно Авдија се истакна во завршницата. На 40 секунди ...
Атлетико Мадрид втор пат сезонава ја исфрлува Барселона од едно натпреварување. По елиминацијата во полуфиналето на Купот на Шпанија, Атлетико сега беше подобар од каталонскиот гигант и во четвртфиналето од Лига на шампиони. По мечот, тренерот на мадриѓани, Диего Симеоне со солзи радосници во очите го прослави успехот на неговиот тим, а потоа имаше и порака до тинејџерската ѕвезда во редовите на Барселона, Ламин Јамал. „Јамал е добар и ...
Атлетико Мадрид од 2017 година чекаше да биде дел од полуфиналето во Лига на шампиони и сега успеа во тоа. Мадридскиот тим се радуваше на место меѓу најдобрите четири екипи, иако синоќа на свој терен загуби со 1:2 од Барселона. Атлетико оди понатаму благодарение на победата од 2:0 на првата средба. што значи дека е подобар со вкупни 3:2 по двете средби. „И покрај грешките што го направивме во првиот дел од мечот, успеавме да дадеме гол и да ...
Барселона повторно не успеа во обидот да стигне до трофејот во Лига на шампиони. Овојпат Атлетико Мадрид застана на патот на каталонскиот гигант и со вкупни 3:2 се пласираше во полуфиналето. Во синоќешниот дуел во Мадрид, Барселона победи со 2:1, но Атлетико се радува благодарение на победата од 2:0 пред една недела на „Камп Ноу.“ По мечот, тренерот на Барселона, Ханси Флик прво не сакаше да коментира дали неговиот тим требало да добие пенал ...
Шпанскиот гигант Барселона за првпат во својата историја 11 години нема финале во Лигата на шампионите, а да играле во елитното натпреварување во сите тие 11 сезони по ред. Барса првпат беше европски првак во 1992, играше финале и во 1994, потоа чекаа 12 години, но во тој период не играа само во ЛШ. Од 2015 кога последен пат беа на тронот, редовно се во ЛШ и никако да стигнат до толку посакуваното финале. Се редеа разочарувања и болни ...
Напаѓачот на Ливерпул и француската репрезентација, Уго Екитике, веројатно се здоби со тешка повреда која можеби ќе го спречи да игра на претстојното Светско првенство кое почнува за помалку од два месеци. Екитике вечерва се струполи на земја без контакт со противнички играч и на носила беше изнесен од теренот. Сомнежите се дека има тешка повреда која ќе го остави без Мундијал. Неговиот сонародник и соиграч, Ибрахима Конате, потврди дека не е ...
Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тимот на Диего Симеоне истото го направи и во 2014 и 2016 кога стигнуваше до финалето. Атлетико е изненадувачки полуфиналист, пред ова четвртфинале Барса беше фаворит, но Симеоне уште еднаш покажа дека е мајстор за европски нокаут битки со Каталонците од кои речиси редовно губи во Ла Лига. Фановите на мадридскиот тим велат дека односот е ваков затоа што во ...
Атлетико Мадрид и ПСЖ се полуфиналисти во Лигата на шампионите. ПСЖ со голови на Усман Дембеле пак го победи Ливерпул со 2-0, ова е втора година по ред во која Светците го исфрлаат клубот кој од англискит има најмногу титули во ЛШ. Амициозната Барса која 11 години нема финале и титула во ЛШ, тргна фуриозно, рано даде два гола, но победи во Мадрид против Атлетико само со 2-1, и понатаму одат Јорганџиите. Барселона и овој меч како и првиот, го ...
ВАР технологијата ги преиначи одлуките на судиите на двата меча во ЛШ вечерва, па екипите на Барселона и Ливерпул само кратко се радуваа во средината на второто полувреме. Барселона даде гол, славеа водство од 3-1, но снимките покажаа дека стрелецот Феран Торес бил во офсајд позиција, па на семафорот и натаму стои 2-1 за Барса. Во Ливерпул беше досуден пенал за домашните, но откако судијата виде забавена снимка, се премисли и го поништи ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, претрпе еден од најблните удари оваа сезона во Лигата на шампионите, во 25-тата минута од натпреварот со Атлетико доби удар со копачката в лице. Јамал одлично нафрли, Фермин со глава имаше супер шанса за 3-0, но голманот на Атлетико Мадрид, Мусо, одбрани, и несакајќи го удри Фермин в лице. Имаше пауза за да му се помогне на играчот на Каталонците, а на видеото се виде дека посекотината ...
Барселона имаше старт од соништата против Атлетико Мадрид, поведе 2-0, имаше шанса и за 3-0, а налетот го запре голот на Лукман за 1-2, па по првото полувреме Јорганџиите се тие што имаат еден гол предност во двобојот и поблиску се до полуфиналето во Лигата на шампионите. Барса на 15 меча по ред во ЛШ прима гол и тоа е нивниот проблем, иако имаат неверојатен напад. Остануваат уште 45 минути во кои може, а и не мора да биде одреден ...
Барселона води со 2-1 на гостувањето кај Атлетико, а Каталонците имаа и 2-0 после само 23 минути игра со што ја остварија целта по која дојдоа во Мадрид. Атлетико беше во нокдаун, Јамал и Феран Торес дадоа голови, но домашните преку Лукман успеаја да дадат гол со кој пак се во предност која ги носи во полуфиналето на Лигата на шампионите. Барса на сите средби оваа сезона прима барем по еден гол. Инаку во историјата на ЛШ само Манчестер ...