Еурофарм Пелистер како гостин со 35-33 го победи Алкалоид во многу интересно дерби од ракометната Суперлига на Македонија, па битолчани речиси го отпишаа Алкалоид од борба за второто место. После две ремија по ред во меѓусебните дуели, конечно некој победи и тоа пелистерци кои направија огромен пресврт во второто полувреме. Ова беше генерална проба за двата тима пред завршниот турнир во Купот на Македонија кој се игра в петок и недела. ...

Фудбалот сè помалку интересен, трае предолго, а младите луѓе губат интерес, е пораката од претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој во интервју за „Атлетик“ повикува на радикални промени. „Година по година, фудбалот ќе ја губи помладата генерација. Натпреварите се предолги, дека паузите се предолги, тоа е проблем. Помладите генерации немаат трпение да гледаат натпревар на телевизија кој има бавен ритам. Јас би го намалил полувремето ...

Екипата на Широки е прв финалист во кошаркарската АБА 2 лига. Претставникот на Босна и Херцеговина, во полуфиналето со 2-0 во победи го елиминираше словенечки Хелиос. Вечерва Широки како гостин славеше со 84-80. Во другото полуфинале играат скопски ТФТ и Сутјеска, нашиот тим води со 1-0 по победата на гости. Ако лидерот во македонската Суперлига слави утре и во вториот меч од тоа полуфинале, ќе се најде во големото финале и ќе има шанса да ...

Мари-Луиз Ета (34), на која во саботата ѝ беше доверено водењето на првиот тим на Унион Берлин, денес го одржа првиот тренинг на новата позиција, на која пристигна со широка насмевка на лицето. „Соберете се, момци“, им порача пред своето прво обраќање до играчите на германскиот прволигаш. Иако тренингот беше затворен за јавноста, присуствуваа околу 40-тина германски и меѓународни новинари, а присутен беше и претседателот на клубот, Дирк ...

Интер Мајами објави дека Хавиер Маскерано заминува од функцијата главен тренер. Аргентинецот одлучил да го заврши својот мандат. Под негово водство, Интер Мајами ја освои својата прва шампионска титула во МЛС лигата. Тој го презеде Интер Мајами на почетокот на 2025 година и стана првак со МЛС рекорд од 101 постигнати голови. Неговиот договор беше со важност до крајот на 2027 година, но од лични причини реши да се повлече предвреме. „Сакам ...

Најновите информации од Италија велат дека Милан нема да ја активира клаузулата за откуп на централниот напаѓач Никлас Фулкруг, што значи дека германскиот репрезентативец ќе се врати во Вест Хем на крајот од сезоната. Фулкруг му се приклучи на Милан на почетокот на јануарскиот преоден рок како позајмен играч со опција за откуп, која се проценува на околу пет милиони евра. Во тој период Милан беше без класичен напаѓач бидејќи Сантијаго Хименес ...

Шпанскиот стручњак и сегашен тренер на Комо, Сеск Фабрегас, ја одби можноста да ја преземе фудбалската репрезентација на Италија. Аѕурите неодамна доживеаја нов дебакл во обидот да се пласираат на Светското првенство откако загубија на пенали од Босна и Херцеговина во Зеница. Италијанските медиуми наведуваат дека како еден од можните наследници на Џенаро Гатузо се споменувал и Фабрегас, кој оваа сезона бележи одлични резултати со Комо. Сепак, ...

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз на домашен терен во Битола од селекцијата на Унгарија и загуби со 0-5 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Победникот на мечот во Битола беше решен уште во првото полувреме, односно уште на стартот од мечот. Унгарките дојдоа во водство уште во третата минута со голот на Папаи, а во деветтата минута веќе беше 0-2 со голот на Чањи. Гостинките поведоа со 0-3 во ...

Екипите на Брера и Македонија ЃП одиграа нерешено, 1-1, на последниот меч од 27-мото прволигашко коло. Се чини дека и двете екипи може да бидат незадоволни од исходот, бидејќи бодовите им беа потребни и на едните и на другите во борбата за опстанок во прволигашката конкуренција. Струмичани поведоа преку Михаилов во 22-рата минута од пенал, а конечните 1-1 ги постави Ајдоган во 57-мата минута. До крајот на првенството остануваат уште шест ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да ги казни Ѓорѓи Начевски и Славе Николов со двегодишна суспензија, плус плус парична казна поради наводна манипулација со фитнес тестовите пред стартот на ЕП. Покрај ова и двајцата ќе мора да платат и парична казна. Нивната суспензија се однесува на сите натпреварувања што се под капата на ЕХФ. „Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски ...

Еден од најголемите англиски напаѓачи во историјата, легендарниот Гери Линекер, е последниот во низата што го критикува шпанскиот стручњак на клупата на Арсенал, Микел Артета. Арсенал, иако водечки, се наоѓа во реална опасност на крајот од сезоната да остане без долгоочекуваната титула во Англија. Иако имаат предност од шест бода, но и натпревар повеќе во однос на Манчестер сити, притисокот е огромен, а Линекер смета дека Артета не знае како ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе во разговор за шпанското издание на списанието „Џи-Кју“ проговори за својот фудбалски пат, сегашноста во Реал Мадрид и предизвиците што ги носи врвниот фудбал. Тој се осврна на својата спортска ситуација, но и на помалку видливите аспекти како менталната сила, лидерството и влијанието на пренатрупаниот календар врз играчите. На прашањето што значи за него да биде играч на Реал Мадрид, Мбапе беше директен. ...

Пари Сен Жермен вечерва ќе ја продолжи мисијата за одбрана на титулата во Лигата на шампионите и тоа на гости кај Ливерпул. Францускиот првак има предност од 2:0 стекната од првиот меч кој се играше во Париз, што значи дека Ливерпул е тимот кој ќе брка негатива. Иако предноста е добра, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, знае дека неговите играчи во ниту еден момент не смее да се опуштат и да мислат дека ја завршиле работата. За да се пласираат во ...

Некогашниот европски и светски првак Црвена ѕвезда и ова лето ќе има свој камп во Македонија. Веќе традиционално, четврта година по ред, српскиот гигант во соработка со фудбалската школа „Форца“ од Скопје ќе има свој летен камп во главниот град на Македонија. Под мотото „Оствари го својот сон, биди Ѕвездина ѕвезда“, од 22 до 26 јуни, нашите фудбалски таленти ќе имаат можност на кампот да ги покажат своите вештини и да се наметнат како некои ...

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, даде своја прогоноза околу тоа како стојат шансите за освојување на титулата во Премиер лигата. Според Сколс, Арсенал иако сега има шест бода повеќе од Манчестер сити, Топчиите не се фаворити за освојување на пехарот. Арсенал претрпе неочекуван пораз од Борнмут на свој терен со 1:2, додека Сити славеше на гости кај Челзи. Во следното коло се игра големото дерби во кое Сити на својот ...

Арсими минимално со 1:0 го победи Пелистер во меч од 27. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Ова може да биде злато вреден триумф за Арсими, затоа што стигнаа до 35 бодови и се стационираа на седмото место на табелата кое обезбедува директен спас. Пелистер остана на 26 бодови и е на деветото место кое води во баражот за плејаутот. Клучниот момент на денешниот дуел се случи во финишот на првото полувреме. Дардишта во 44 минута постигна ...

Новото 27-мо коло на Спортската прогноза ќе биде специјално. Тоа е така затоа што има неколку спектакуларни дерби-мечеви, но главно во фокусот ќе биде дербито во Англија, меѓу двете екипи кои се борат за титулата. Манчестер сити на свој терен ќе игра против Арсенал и со евентуална победа, Граѓаните целосно ќе се вратат во трката за трофејот. Моментално Арсенал е лидер со 70 бода, шест повеќе од Сити кој има и меч помалку. Доколку Сити го ...

Во последниве два месеца, Барселона и Атлетико Мадрид одиграа четирипати, а вечерва ќе биде нивната петта меѓусебна пресметка. Барселона има две победи, а исто толкупати и Атлетико Мадрид се радуваше во претходните четири дуели на овие шпански гиганти. Вечерва адутот е на страната на Атлетико затоа што игра на домашен терен и има предност од 2:0 во исчекување на реванш-дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тимот на Барселона вчера ...

Македонскиот повремен репрезентативец Мартин Карапалевски во наредната сезона ќе го носи дресот на ГРК Охрид. Ракометарот кој игра на позицијата среден бек, потпиша договор кој го обврзува да остане во тимот на Охрид до 2028 година. Ќе го носи дресот со број 11. Карапалевски во изминативе две сезони играше за тимот на Ваљадолид, а пред тоа го носеше дресот на РК Вардар 1961. “Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година ...

Ливерпул на свој терен, а Барселона на гости ќе брка негатива од 2:0 во реванш-дуелите против Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид за евентуалемн пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Барселона беше шокирана на „Камп ноу“ и со 0:2 загуби од Атлетико Мадрид, но квотите велат дека каталонскиот гигант е фаворит за победа во Мадрид вечерва. Барселона победи на три од последните четири гостувања на „Ванда Метрополитано“, но двапати ...

Реванш-натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите се во фокусот вечерва, а голема возбуда треба да донесат и двата дуела, во Мадрид и во Ливерпул. Подготвена е и Бет билдер понуда за натпреварите Атлетико Мадрид – Барселона и Ливерпул – ПСЖ. Најголема квота нуди предлогот за мечот меѓу Ливерпул и ПСЖ. Можете до коефициент 30 ако на мечот има најмалку четири гола, ако стрелци бидат Мохамед Салах и Хвича Кварацхелија и ако Алексис ...

На два месеци пред стартот на Светското првенство, фудбалската репрезентација на Гана доби нов селектор. Искусниот португалски стратег Карлос Кеирош ја доби довербата да ја предводи африканската репрезентација на планетарниот собир во САД, Канада и Мексико. Португалецот доаѓа на местото на Ото Ада кој беше отпуштен на 31 март, по двата порази на Гана од Германија и Австрија во контролни натпревари. Кеирос повеќе од 35 години е во тренерските ...

До крајот на првенството во македонската фудбалска лига има уште шест кола, но веќе е јасно дека борбата за титулата се сведува само на две екипи. Струга ТЛ вчера дома загуби од Тиквеш со 1:2 и остана на 56 бода, дури девет помалку од лидерот Вардар, па јасно е дека стружани се исфрлени од трката за пехарот. Единствен кој држи чекор со лидерот Вардар е Шкендија. Тетовци имаат само еден бод помалку од најтрофејниот македонски клуб и сигурно ...

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, има силна желба повторно да соработува со поранешниот централен дефанзивец на Наполи, Ким Мин-Јае, за време на летниот трансфер-прозорец. Јужнокорејскиот стопер моментално не е стандарден првотимец во својот клуб Баерн Минхен и постои можност да замине на крајот од сезоната, што Бјанконерите сакаат да го искористат. Спалети и Ким заедно ја освоија титулата во Серија А во сезоната 2022/23, што беше прв ...

6004 Ливерпул – ПСЖ (21 часот) Ливерпул нема друг избор, мора да тргне во напад во обид да ги надомести двата гола негатива. Типуваме дека домаќинот нема да загуби на „Енфилд“ и дека на мечот ќе има најмалку два гола. Предлог тип: 1X & 2+ (1.70) 6003 Атлетико Мадрид – Барселона (21 часот) Ова ќе биде нов жесток дуел меѓу големите ривали. Атлетико има голема предност од првиот меч, но Барселона е напаѓачки многу силна, ќе има голови, а ...

Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ќе ја пропушти завршницата од сезоната поради повреда на коленото, јавуваат англиските медиуми. Аргентинскиот дефанзивец најверојатно ќе отсуствува меѓу шест и осум недели, откако се повреди во неделниот пораз на гостувањето кај Сандерленд, по судир со противничкиот голман Антонин Кински. Главната цел на Ромеро сега ќе биде целосно опоравување и враќање во форма за Светско првенство 2026 во САД, ...

Лигата на шампионите денеска треба да ги даде првите полуфиналисти, а двете денешни четвртфинални пресметки се во фокусот и на Квотите на денот. Петте предлози имаат вкупен коефициент од 36,97. Првиот предлог е дуелот меѓу Виган и Ротерам, а квотата на денот е 2.40, ако домаќинот победи и на мечот има од два до шест гола. Атлетико Мадрид ја пречекува Барселона и ако каталонскиот тим постигне два гола гола, а истовремено и Атлетико даде барем ...

Фудбалот и тенисот се во фокусот на денешниот Супер тип, кој носи максимално зголемени коефициенти. Понудата стартува уште од 11 часот со неколку тениски мечеви, а фудбалот се приклучува во вториот дел од денот. Зголемени се коефициентите на Мартинез, Чилиќ, Циципас, Шабаб Ал Ахли, Рубљев, Ференцварош, Ал Итихад, Виган, Барселона, Ливерпул, Саутемптон… Фудбалот и тенисот се во фокусот на денешниот Супер тип, кој носи максимално зголемени ...

Со двата денешни натпревари се заокружува 27-то коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Тоа се директни дуели во разврската околу опстанокот, па затоа се оечкува да понудат и многу неизвесност. Од 13 часот, во Гостивар се игра мечот меѓу Арсими и Пелистер. Според квотите, битолскиот тим имала мала предност, но тоа е апсолутно неизвесен меч, со оглед дека Арсими на домашен терен оваа сезона оствари победи против најсилните екипи во ...

Битката за шампионската титула во Премиер лига се разгоре, а суперкомпјутерот даде јасна прогноза за конечниот победник. Изминатиот викенд донесе значајни пресврти во трката за титулата меѓу Арсенал и Манчестер сити, барем теоретски. Разликата меѓу двата тима се намали на шест бода, при што Граѓаните имаат и натпревар помалку. Овој развој следуваше по поразот на тимот на Микел Артета од Борнмут со 1-2, како и убедливата победа на Сити од 0-3 ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.4
36%
1018
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
3.13
52%
1018
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.93
54%
1018
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.52
33%
1020
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.44
40%
1018
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 27ᴼ
0.71
65%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.92
43%
1014
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.01
25%
1016
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.46
29%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 31ᴼ
3.13
53%
1018
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
2.24
42%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
4.26
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Калај

50.56

Злато

131072.82

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Платина

51923.46