Арсенал е поразен дома од Борнмурт со 1-2, ова е само втор домашен пораз сезонава на Топчиите и сега се разгорува битката за титулата во Премиер лигата. Манчестер сити има девет бода помалку, но утре гостува кај Челзи што им е една од двете заостанати средби. Следниот викенд Граѓаните играат дома со Арсенал во мега дерби, па големата предност на Топчиите која ја имаат во моментов може да биде и стопена. Борнмут пред овој меч имаше серија од ...

Јаник Синер го победи Саша Зверев со 6-1, 6-4 во првото полуфинале на Мастерсот во Монте Карло кој се игра на земјена подлога. Синер лани не играше во Монте Карло, а сега првпат е финалист. Синер успеа да стане првиот тенисер во последните 11 години кој стигнал до финале на првите три Мастерс 1000 турнири во годината. Ривал на Италијанецот во финалето ќе му биде Карлос Алкарас или Валентен Вашеро. Ако победи Алкарас, тогаш финалето ќе решава ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека приоритет на Каталонците е освојување на Лигата на шампионите. Пред градското дерби против Еспањол попладнево, Барса има 6 бода предност пред Реал Мадрид, и многу е блиску до освојување на втората последователна титула во Примера. „Ла Лига е темелот, но сонот на секого е да ја освои Лигата на шампионите, и на сите натпревари можете да видите дека тимот е мотивиран повеќе од 100 проценти. ...

Дефанзивецот на Ливерпул, шкотскиот лев бек Ендрју Робертсон, би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем. Откако вчера официјално беше објавено дека 32-годишниот шкотски репрезентативец ќе го напушти Ливерпул на крајот од тековната сезона и ќе стане слободен агент, веднаш почнаа шкекулации околу неговата иднина. Според британски медиуми, главен кандидат за ангажирање на Робертсон е Тотенхем кој бара искусни фудбалери со лидерски квалитети. ...

Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен, неколку извори потврдија дека преговорите се при крај, и дека Шпанецот треба да потпише нов договор пред крајот на тековната сезона. Актуелниот договор на шпанскиот тренер истекува во летото 2027 година, па ПСЖ сакаше навреме да спречи какви било понуди од други клубови и му понуди договор со важност до летото 2030. Со новиот договор, Енрике ќе стане еден од најплатените тренери во ...

Фудбалската репрезентација на Сенегал за играчи до 15 години убедливо го победи Мароко со 4-0 во полуфиналето на Африканското првенство за ученици, но натпреварот беше засенет од сериозни обвинувања од Мароканците дека нивните противници ја лажирале возраста на своите играчи. Сенегалците доминираа, во првите седум минути дадоа три гола, а по натпреварот главна тема стана наводната разлика во годините меѓу играчите, што е долгогодишен проблем ...

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас може да биде откупен од Лајпциг за 16 милиони евра, но уште не е сигурно дали Наполи ќе ја плати оваа сума. Трајниот трансфер во Наполи е тесно поврзан со мандатот на тренерот Антонио Конте. Ако Конте си оди и стане селектор на Италија, можно е и Елмас да се пресели од Неапол. Конте постојано ја фали разновидноста и посветеноста на Дијамантот, а и неговото останување на клупата на наполитанците би можело да ...

Специјалот на Sport Life за денеска е посветен на бундеслигашката пресметка на Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен и може да најдете многу интересни игри со големи квоти. Фаворит за победа е Борусија, но на претходните седум меѓусебни дуели на овие екипи, никогаш не победил тој што бил домаќин, уште од 2022 година не се случило да победи домашниот тим. Во декември во куп меч, Леверкузен победи во Дортмунд со 1-0, а стрелец беше Ибрахим Маза. ...

Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери на светот, но иако дава многу голови, бројките кажуваат дека неговото присуство е проблем за тимовите во кои игра. Реал Мадрид влезе во лоша серија откако тој се врати на теренот. Додека Мбапе беше повреден, Реал беше во победничка серија, а го елиминираше и Манчестер сити од Лигата на шампионите. Откако Французинот се врати во почетниот состав, случајно или не, тимот на тренерот Алваро Арбелоа не ...

Вардар е огромен фаворит против Работнички, а слично е и на Силекс – Башкими во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига кои се играат од 15.30 часот во Скопје односно Кратово. Лидерот на прволигашката табела, Вардар, ако сака титула, мора да го добие овој меч против соседот кој со сите сили се бори за опстанок. Вардарци на првите два дуели со Романтичарите сезонава победуваа и даваа по три гола. Но, и Работнички ќе има ...

Со дневни миксови за четирите најсилни лиги во Европа и комбинации со двоцифрени квоти за осум натпревари во кои играат најголемите денешни фаворити, е составена Бет билдер понудата на Sport Life. Најмалите квоти се 13.0, а најголема е 100-ката за Бундеслигата. Овој Бет билдер со коефициент 100.0 ќе биде добитен ако на секој од денешните пет меча во германската лига има барем три гола, барем два картони, 8 или повеќе шутеви во рамки на гол и ...

3004 Милан – Удинезе (18.00 часот) Милан со победа би преноќил на второто место на табелата во Серија А. Росонерите дома имаат само два порази, а Удинезе има шест гостински победи. Удинезе во претходните три кола играше мечеви со 0-2 гола, а Милан имаше два порази во изминатите три кола, но тоа беа дуели на гостински терен. Есеноска во Удине, Росонерите победија со 3-0. Последната победа на Удинезе над Милан беше во 2023 година на „Сан ...

Кога има 16 фудбалски натпревари со по пет зголемени квоти на фаворитите кај секој од тие мечеви, јасно е дека Супер тип понудата на Sport Life не смее да се заобиколи денеска. Меѓу 80-те зголемени квоти има многу кои ќе бидат добитни, ваше е само да одлучите што ќе одиграте и што ќе искористите како џокер за подобрување на можната добивка. Поголеми квоти за овие игри нема да најдете, а на списокот се Арсенал, Милан, Ливерпул, Баерн, ПСВ, ...

Екипата на ДВТК водеше 1-0 против Ференцварош и се надеваше на чудо, но во 50-та минута домашните изедначија со случаен гол и тоа им го отвори патот до пресврт, па на крај унгарскиот првак триумфираше со 3-1. Резервистот Елтон Аколатсе кој влезе на терен на почетокот на второто полувреме, ја нафрли топката, но таа имаше многу чудна траекторија и ги изненади сите, најмногу голманот на ДВТК кој беше сигирен дека топката оди над голот, и заврши ...

Вкупна квота од 44.68 се нуди во денешните пет квоти на денот во Sport Life, а како и секоја сабота и сега има атрактивни мечеви кои се привлечни за обложувачите. Квота од 1.95 се нуди за Арсенал да постигне барем два гола против Борнмут, со тоа што Топчиите мора да дадат гол и во прво полувреме. Супер квота од 2.55 ќе привлече многумина кои сакаат да се обложат на Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен, а не знаат што да одиграат. Предлогот со ...

Денешните полуфиналиња на Мастерсот во Монте Карло може да донесат промена на врвот на АТП листата која ќе биде објавена в понеделник. Прво Јаник Синер игра со Александер Зверев, а потоа во другото полуфинале се среќаваат Карлос Алкарас и Валентен Вашеро. Првите двајца носители се фаворити и можно е да имаме супер финале кое ќе решава за тронот на АТП листата. Но, ако денеска Синер победи, а Алкарас загуби, тогаш секако Италијанецот ќе биде ...

Реал Мадрид се мачеше синоќа против Жирона, на крај одигра само 1-1 и практично се откажа од борба за титулата во шпанската лига, а во финишот имаше еден спорен момент кој предизвика многу полемики. Килијан Мбапе доби удар со лакт во пределот на лицето во 16-никот на гостите и беше раскрвавен, но судијата не досуди пенал и во Реал се налутија поради таа одлука. Ниту од ВАР собата немаше повик до главниот судија да погледне снимка од моментот. ...

Денвер нагетс го победи Оклахома Сити тандер со 127-107 и тоа без Никола Јокиќ во составот. Сега Нагетс имаат 11 победи по ред, а отсуството на Јокиќ го искористи центарот Јонас Валанчунас кој со 23 поени и 17 скока беше предводник на тимот. Она што е преокупација за фановите на Јокиќ е дали тој ќе игра на последниот меч со Сан Антонио. Тој меч ќе одреди дали Србинот ќе биде кандидат за наградата најкорисен играч во НБА за оваа сезона. ...

Раал Мадрид киксираше на свој терен и одигра само 1:1 против Жирона во меч од 31. коло во шпанската Примера дивисион. Кралскиот клуб беше голем фаворит за освојување на трите бода, но Жирона одлично се покажа на „Сантијаго Бернабеу“ и гостите останаа непоразени. По овој освоен бод, Реал Мадрид сега има 70 бодови, шест помалку од лидерот Барселона, кој треба да одигра натпревар против Еспањол. Жирона сега има 38 бодови и е на 12 место на ...

Екипата на Рома без многу проблеми славеше на „Олимпико“ во Рим против Пиза, во меч од 32. коло во италијанската Серија А. Со овој триумф Рома сега стигна до 57 бодови, колку што има и петопласиранот Јувентус, но Старата дама утре гостува кај Аталанта во Бергамо. За разлика од Рома, тимот на Пиза останува на дното на табелата со само 18 бодови и само теорија останува овој клуб да се спаси од испаѓање. Херој на Рома е Дониел Мален, кој ...

Манчестер сити има сезона која не е според посакувањата на тренерот Пеп Гвардиола, барем засега. Иако Сити не е во пол-позиција за освојување на титулата во Премиер лигата и заостанува дури девет бодови зад лидерот Арсенал, тренерот на Граѓаните не се предава. „Се надевам дека ќе можеме да освоиме многу бодови до крајот на сезоната. Ситуацијата во која се наоѓаме во Премиер лигата бара од нас да освоиме секој бод што можеме. Инаку, не можеме ...

За Паоло Ди Канио се вели дека е една од највпечатливите и најконтроверзни личности во италијанскиот фудбал. Поранешниот напаѓач на Милан, Лацио и Вест Хем никогаш не бил од оние што ги ги кажуваат работите во завијана форма, па едноставно неговите ставови секогаш привлекуваат големо внимание. Ди Канио имаше интервју за „Кориере дела Сера“. во кое направи немилосрдна споредба на италијанското првенство со неговата омилена англиска Премиер ...

Шпанскиот производител на спортска опрема „Келме“ ги распродаде сите дресови на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина за Светското првенство, иако сè уште не е познато како ќе изгледа дресот за планетарниот собир Неверојатна еуфорија ја зафати Босна и Херцеговина по пласманот на фудбалската репрезентација на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. БиХ во баражот за пласман на СП 2026 ја елиминираше фаворизираната Италија и ...

Вечната дебата, кој е подобар, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс? Бројките кажуваат едно, емоциите друго, а статистиката има своја верзија. Нема дебата во спортот што се води толку долго и толку жестоко, а сепак со толку мала шанса некогаш да заврши: кој е најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс? Две генерации, два стила на игра и два различни погледи на доминација. Секој љубител на кошарката има подготвен одговор и ...

Фудбалсите семејства на УЕФА и ФИФА ќе се прошират, откако е најавено создавање на уште една репрезентација. Една од најмалите земји во светот, Сан Марино формираше женска сениорска фудбалска репрезентација. Веќе со години, машката фудбалска репрезентација е на последното место на ФИФА листата и важи за најслабата селекција во светот, а од сега ќе има свој преставник на ФИФА листата и во женска конкуренција. Сан Марино е земја која има едвај ...

Тотенхем доби лоши вести во трката за опстанок во Премиер лигата. Мохамед Кудус доживеа компликации во процесот на опоравување од повреда, со што дополнително се усложни неговата сезона, но и настапот на Светското првенство. Репрезентативецот на Гана е надвор од терените уште од јануари поради повреда на квадрицепсот, а првично се очекуваше да се врати во март. Кудус неодамна почна со тренинзи со тимот, што донесе оптимизам дека неговото ...

Полноќниот експрес има неверојатна понуда. Дури 15 натпревари од НБА лигата се на програмата во претстојната ноќ, и се разбира, имаат свое значајно место во понудата на Sport Life. Бостон селтикс и Сан Антонио спарс се големи фаворити пред своите гледачи, а се очекува триумф и на Орландо меџик на гости кај Чикаго. Има многу зицери, огромна понуда, но исто така и тимови кои би можеле да направат изненадување што ќе го поддржите. Изборот е ...

Фудбалска Полска е во шок и тага, откако ненадејно почина помошник селекторот на репрезентација, Јачек Магера. Некогашниот дефанзивец немал никакви претходни здравствени проблеми, а утрово рано наутро околу 7 часот излегол надвор да трча и вежба. Додека Магера трчал во паркот Грабишињски во градот Вроцлав, ненадејно му се слошило и паднал. Веднаш била повикана Брза помош и Магера бил однесен во болница, каде лекарите еден час се обидувале да ...

По триумфот од 6:3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство. Македонските репрезентативци одлично го отворија натпреварот и на половина од првото полувреме имаа предност од 3:0. Избраниците на селекторот Газменд Хисејини првиот гол го постигнаа по само 91 секунда од играта, а стрелец беше Таулант Исмаили. Во деветтата минута Тони ...

Младиот офанзивец на Баерн Минхен, Ленарт Карл, се соочи со неочекуван удар, повреда на мускулот што ќе го оддалечи од терените во наредниот период. Веста ја потврди баварскиот гигант, но без конкретна прогноза за должината на паузата. Станува збор за повреда на бутниот мускул, што практично значи дека Ленарт сигурно ќе го пропушти реваншот против Реал Мадрид, а неговиот настап во евентуалното полуфинале во Лигата на шампионите останува ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.72
28%
1018
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
44%
1017
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
2.44
44%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.49
34%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.65
41%
1018
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
62%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.58
37%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
2.19
24%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.75
26%
1017
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.13
40%
1017
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
6.71
34%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.75
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Злато

131072.82

Калај

50.56

Паладиум

38195.09

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.20

Родиум

249168.29

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46