Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, сериозно се вклучува во трката за нов тренер на Реал Мадрид, открива „РМЦ Спорт“. Според француските медиуми, интересот за Дешан не е изолиран случај, повеќе европски клубови го следат неговиот статус, но Kралскиот клуб веќе го позиционирал меѓу главните кандидати за клупата. Во Реал Мадрид ситуацијата е далеку од идеална по заминувањето на Карло Анчелоти минатиот јуни. Тимот никако да пронајде ...
По триумфот од 6:3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство. Македонските репрезентативци одлично го отворија натпреварот и на половина од првото полувреме имаа предност од 3:0. Избраниците на селекторот Газменд Хисејини првиот гол го постигнаа по само 91 секунда од играта, а стрелец беше Таулант Исмаили. Во деветтата минута Тони ...
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус испрати јасна порака за стабилност и амбиција, откако ја продолжи соработката со искусниот стратег Лучијано Спалети до 2028 година. Старата дама реши да му ја довери иднината на човек кој веќе една деценија е синоним за тактичка зрелост и авторитет, а самиот Спалети не ја криеше емотивната врска што ја изградил со клубот за релативно кратко време. ✍️ Luciano Spalletti. Il nostro Mister, il nostro ...
Италијанскиот калчолигаш Интер има намера да го задржи играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу и подготвен е повторно да го одбие интересот од страна на Галатасарај во следниот трансфер период, исто како и минатото лето, пишува „Газета дело Спорт“. 32-годишниот Чалханоглу има нешто повеќе од една година од актуелниот договор со Интер, кој истекува во летото 2027 година. Турскиот репрезентативец помина девет сезони играјќи во Милано, од кои ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер сити ќе претрпи важни промени на лето. Капитенот Бернардо Силва ќе замине по истекот на договорот како слободен играч, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Исто така, неизвесно е дали Родри ќе потпише нов договор, што би можело да доведе и до негова продажба, а во редот чека Реал Мадрид. Пеп Гвардиола не сака да чека разврска, па дал зелено светло клубот да тргне по Елиот Андерсон. Играчот на ...
Реал Мадрид дури попладнево ја објави листата на фудбалери кои се во комбинација да настапат вечерва на лигашкиот натпревар против Жирона на „Бернабеу“. После двата порази по ред, од Мајорка и Баерн, на Реал му треба победа за зголемување на самодовербата пред реваншот од ЛШ со Баварците в среда. Тренерот Алваро Арбелоа реши да им даде одмор на Александер-Арнолд, Ридигер и Карерас кои играа цел меч против Баерн, а повика шест играчи од ...
Црвена ѕвезда се раздели со бразилскиот плејмејкер Јаго дос Сантос, а веднаш потоа официјално беше потврдено дека тој потпишал за еден друг евролигаш, италијанскиот првак Виртус Болоња. Јаго беше во Ѕвезда од 2023 година и остави трага во клубот, но оваа сезона минутажата значително му е намалена, па така и придонесот му е скромен. Клубот му дозволи да си замине како слободен играч, иако имаше договор до 2027 година. Виртус нема шанси за ...
Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) објави дека за привремен селектор е наименуван Силвио Балдини, досегашниот селектор на младата У-21 репрезентација. Балдини ќе го води првиот тим на Аѕурите само на двете пријателски средби во јуни, на гости против Грција и Луксембург, и толку. На 22-ри јуни треба да се избере нов претседател на ФИГЦ, и потоа новото раководство ќе треба да донесе нов селектор кој би го наследил Џенаро Гатузо кој си ...
Роберт Левандовски кој е пред разделба со Барселона, нема ништо против кариерата да ја продолжи во Милан, објави „Газета дело спорт“. Ова не е прв пат Полјакот да се поврзува со Милан, клуб кој сака нов напаѓач. Никлас Филкруг ќе се врати во Вест Хем на крајот од позајмицата, а тренерот Макс Алегри секако би бил среќен ако го добие Левандовски и тоа како слободен играч без клубот да плати отштета. По истото сценарио Росонерите го привлекоа и ...
Обложувалниците Sport Life за време на велигденските празници ќе имаат скратено работно време. Утре, сабота, објектите ќе работат од 9 до 21 часот. Потоа в недела на Велигден, работното време ќе биде од 11 до 21. В сабота и недела нема да работи ноќна смена. В понеделник на 13-ти април, ќе се работи од 11 часот, до крај на регуларното работното време во објектот. Исплата ќе се врши секој ден. Обложувалниците Sport Life за време на ...
Дефанзивецот на Ливерпул, Ендру Робертсон, го коментираше своето заминување од клубот на крајот од сезоната. Вчера 32-годишникот објави дека ќе го напушти клубот ова лето по истекот на неговиот договор. Робертсон играше за Ливерпул од 2017 година. „Најтешкото нешто во изминатите недели и месеци беше што дури и луѓето што ми беа најблиски на тренинг-теренот не знаеја, колку повеќе се приближуваше овој момент, толку повеќе прашања се појавуваа. ...
Денеска во Букурешт е тажно и тивко, Романија се простува од својот најголем тренер и еден од најтрофејните во историјата на фудбалот (повеќе трофеи од него имаат само Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола), Мирчеа Луческу. Тој шест децении му посвети на фудбалот, и затоа беше многу ценет во целиот свет. Погребната поворка на „Ил Луче“ отпатува од црквата „Света Елефтерија“ до гробиштата Белу. Ковчегот со телото на Луческу кој вчера беше изложен на ...
Фудбалската А репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина на 29-ти мај 2026 година, официјално потврдија фудбалските федерации на Македонија и БиХ. Дуелот ќе се одигра во Сараево, на најголемиот нивен стадион, „Асим Ферхатовиќ Хасе”, некогашно Кошево. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина обезбеди пласман на ...
Голманот на Бодо/Глимт, Никита Хајкин, стана норвешки државјанин. Овој 30-годишен голман имаше руско, израелско и британско државјанство. За да игра за норвешката репрезентација на Светското првенство летово, Хајкин мора да добие дозвола од ФИФА. Норвешката фудбалска федерација ги обработува потребните документи. Хајкин има и руско, израелско и британско државјанство. Тој игра за Бодо од 2019 година и со тимот стана четирикратен шампион на ...
Англиската фудбалска легенда Џон Барнс претходниот викенд престојуваше во Македонија. Човекот кој има преку 400 настапи за Ливерпул и постигнато дури 106 погодоци беше гостин во Битола во организација на навивачите на англискиот гигант во Македонија. Спортската обложувалница Sport Life како општествено одговорна компанија која секогаш е тука да го помага и да го промовира спортот, беше еден од покровителите за доаѓањето на Барнс, кој има ...
Пет меча од топ-5 лигите се само загревање за она што нѐ очекува претстојниот викенд. Вкупно 10 опции за најинтересните пет натпревари од вечерва имаат набилдани квоти и до 30.00 во Бет билдер понудата на Sport Life. Париз и Монако во француската Лига 1 имаат две опции со идентични квоти од по 20.00, а двете опции за Аугсбург и Хофенхајм се со квоти од по 25.00. Најголемите квоти се за мечот на Рома и Пиза во Серија А. Двете опции имаат ...
По неуспешната авантура во Саудиска Арабија се чинеше дека Нејмар ќе ја заврши кариерата во матичниот клуб, Сантос, но најверојатно тоа нема да се случи. Најавите од Бразил се дека ѕвездата има конфликт со претседателот на клубот, па веќе преговара за трансфер во МЛС лигата, кој може да се случи веќе летово. Договорот на Нејмар со Сантос е со важност до крајот на оваа календарска година, а интерес за него има од екипата на Синсинати, па нема ...
1001 Вест хем – Вулверхемптон (21:00) Вест хем и Вулверхемптон го отвораат 32-рото коло од Премиер лигата, а очекувањата се дека ќе има ефикасен фудбал во Лондон. Гостите се веќе испаднати, а домашните грчевито се борат за опстанок, па головите треба да бидат неизбежен декор на овој меч. Очекувањата се дека головите ќе ги има помеѓу еден и три во двете полувремења, а квотата за такво нешто во Sport Life е одлична. Предлог тип: 1-3I&1-3II ...
Џејми Карагер упати остри критики кон тактиката на Арне Слот при поразот на Ливерпул со 0:2 од ПСЖ. И покрај тоа што „црвените“ ги задржуваат шансите за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, тие беа убедливо надиграни од актуелниот освојувач на трофејот во средата. Холандскиот тренер се одлучи за формација со петмина дефанзивци, што воопшто не го импресионираше поранешниот стопер Џејми Карагер. „Ова беше како да гледаш екипа од ...
Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со девет од 16-те понудени натпревари. Следува тенисот со четири меча, а три натпревари се од кошарката. Понудата ја отвораат тениските натпревари во 11 часот, а тоа значи дека треба да побрзате и да ги посетите уплатните места на Sport Life што е можно порано и да го одберете парот со која ќе ја зголемите добивката на вашите ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, смета дека работата за реваншот против Баерн Минхен започнува уште од натпреварот со Жирона вечерва. Реал треба да направи подвиг во Минхен за да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите по поразот од 1:2 на свој терен, но пред тоа тимот ја пречекува Жирона во натпревар од Ла Лига. Тренерот нагласи дека нема да им даде одмор на клучните играчи. „Не сме во позиција за експерименти“, изјави ...
Пет натпревари од топ-5 лигите се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 29.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.15. Понудената квота од 1.95 за мечот помеѓу Париз и Монако ќе биде добитна само ако гостите постигнат еден или два гола во второто полувреме. На бундеслигашкиот дуел помеѓу Аугсбург и Хофенхајм се очекуваат голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња, а ако тоа ...
Договорот на Роберт Левандовски со Барселона истекува налето, а според најавите од Каталонија, раководството на клубот нема намера да го продолжи и ќе бара нов фудбалер за позицијата напаѓач. Тоа е знак за Милан и Јувентус да тргнат по потписот на полскиот репрезентативец, кој може да го добијат бесплатно. Предност му се дава на Милан, но од трката не треба да се исклучи ниту „старата дама“. Иако Левандовски неколку пати најавуваше дека нема ...
Ерата на Мохамед Салах во Ливерпул ќе заврши налето, како што најави и самиот фудбалер, а раководството на „црвените“ веќе се во потрага по неговата замена. Прв кандидат е младиот Јан Диоманде од Лајпциг, но за него ќе мора да платат околу 100 милиони евра, иако неговата вредност во моментов е 75 милиони евра. Сепак, Ливерпул нема веднаш да испрати понуда, туку ќе се чека новиот тренер да даде дозвола. Се погласни се шпекулациите дека Арне ...
Лос Анџелес Лејкерс како гости го совладаа Голден стејт со резултат 119:103, а прво име на натпреварот беше Леброн Џејмс. Џејмс забележа 26 поени, 11 асистенции и осум скока, предводејќи ги Лејкерси до четврта последователна гостинска победа против Вориорс. Џејмс (41), чија иднина по 23 години во лигата и понатаму е неизвесна, шутираше 11 од 17 од игра, со три погодени тројки. Љубителите на кошарката останаа без дуелот на долгогодишните ...
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува да импресионира на европската сцена, одигрувајќи клучна улога во новата победа на Баерн Минхен над Олимпија Милано (94-84) на гостински терен во Евролига. Плејмејкерот, кој во минатото го носеше дресот на миланскиот тим, овојпат блесна токму против поранешниот клуб, каде не доби вистинска шанса под водство на Еторе Месина. Со одличен настап и индекс од 21, Димитријевиќ беше ...
Во првите четвртфинални пресметки од Конференциска лига, Кристал Палас сигурно ја оправда фаворитската улога и убедливо ја совлада Фиорентина со 3-0 на домашен терен. Лондончани го отворија резултатот преку Жан-Филип Матета во 24-тата минута, а само седум минути подоцна Тајрик Мичел зголеми на 2-0, носејќи мирна предност на паузата. Во продолжението, Фиорентина се обиде да се врати во игра, но без конкретна завршница, па казната стигна во ...
Вечерва се одиграа трите први четвртфинални натпревари од Лига Европа, а во центарот на вниманието се најде Фрајбург, кој испишува историја со своите настапи. Германскиот тим, кој никогаш досега не бил сериозен фактор во завршниците на европските натпреварувања, сега е на чекор до полуфинале. Пред својата публика, Фрајбург одигра фантастичен натпревар и убедливо ја совлада Селта Виго со 3-0. Резултатот го отвори капитенот Винченцо Грифо уште ...
Порто и Нотингaм Форест го заврши првото полувреме со резултат 1-1, а натпреварот го обележа неверојатен автогол. Гонсало Гомес го доведе Порто во водство во единаесеттата минута, но само три минути подоцна следеше шок за домаќините. Дефанзивецот Мартин Фернандес од голема далечина ја врати топката кон својот голман Диого Коста, кој не беше подготвен, и топката заврши во мрежата. O QUE DIABOS O PORTTO FEZ AQUI MEU DEUS DO CEU???? ...
Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, се наметнува како едно од најжешките имиња во пресрет на летниот преоден рок. Францускиот репрезентативец, кој блеска во дресот на баварскиот гигант оваа сезона, веќе е на радарот на европските великани, а најконкретен интерес покажува Реал Мадрид. Клучен момент за зголемениот интерес беше неговиот впечатлив настап на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Олисе одигра значајна улога во победата на Баерн ...