Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Соништата на Италија за место на Светското првенство во 2026 година не се целосо уништени и покрај поразот од Босна и Херцеговина во финалниот бараж. Аѕурите би можеле да добијат уште една шанса, најавуваат британски медиуми. Нестабилната политичка ситуација во Иран би можела да ги принуди Иранците да се повлечат од СП. ФИФА го одби барањето на Иран своите натпревари да ги игра во Канада и Мексико наместо во САД. Иако до стартот на СП има ...
Македонската ракометна легенда, Индира Кастратовиќ, ќе биде шеф на делегацијата на Македонија на Светското училишно првенство во ракомет кое за прв пат ќе се одржи во Скопје, во периодот од 21 до 29 април во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерството за Спорт. Кастратовиќ која беше дел од славната генерација на Кометал Ѓорче Петров, а сега е координатор на женските национални селекции ...
3145 Вуковар – Динамо З. (18.00 часот) Динамо во овој меч влегува како лидер на табелата, со седум бодови предност пред вториот Хајдук. Динамо во просек дава речиси по три гола на меч, а прима помалку од еден и тоа не се добри сигнали за Вуковар кој е последен на табелата и му претстои речиси сигурно испаѓање. Вуковар не е толку лош на свој терен, во октомври успеа дури и да го победи Динамо, но Модрите се огромни фаворити и чудо би било ако ...
Неверојатен гол со тежок технички удар, популарната рабона, беше постигнат во натпревар од мароканскиот фудбалски шампионат. Многумина сметаат дека овој погодок мора да ја добие наградата Пушкаш за гол на годината. Централниот дефанзивец на Магреб Фез, Ел-Џабли, се реши на потег во кој ногата што шутира се доведува зад потпорната нога, нозете се вкрстени и играчот ја удира топката. Не само што шутот беше силен и прецизен, туку и топката ...
Sport Life во својот Супер тип кој е омилен кај обложувачите, одреди 60 зголемени квоти за фудбалски и четири за тениски натпревари кои се играат во текот на денов. Има многу примамливи џокери кои се реално добитни и треба да се искористат за подобрување на потенцијалната добивка на тикетите уплатени во Sport Life. Тука се и пет зголемени квоти за мечот на кој фаворитот Манчестер јунајтед го пречекува Лидс, дуел кој предизвикува најголемо ...
Понеделнички, објавена е новата АТП ранг-листа на најдобри светски тенисери, и како што се знаеше од вчера, нов број 1 е Јаник Синер. Италијанецот се враќа на прво место по 3-ти ноември, симнувајќи го Карлос Алкарас на втора позиција. Синер има мала предност пред Шпанецот. Тие двајца може да се сретнат на Мастерсот во Мадрид кој почнува на 22-ри април, но пред тоа Алкарас неделава ќе игра и во Барселона, па ако го освои тој турнир на кој лани ...
Вкупна квота од 46.78 ќе добиете ако на ист тикет ги уплатите петте квоти на денот во Sport Life. Има микс на квоти од 1.85 до 2.55 и ги прави привлечни за сечиј вкус. Квота од 1.85 е предлогот за мечот Ваљадолид – Еибар, а за добивка потребно е домашните да не загубат и во прво полувреме да има најмногу еден гол. Комбинацијата на Фиорентина – Лацио двата тима да постигнат гол и да има барем еден гол во второ полувреме, носи квота од 2.05. ...
Со победата на гостувањето кај Комо, Интер направи огромен чекор кон освојување на титулата во италијанската Серија А, на шест кола до крајот има големи девет бодови предност пред вториот Наполи. Скудетото им е на дофат на Нераѕурите од Милано, а тренерот Кристијан Киву уште не сака да зборува за тоа, бидејќи Интер математички уште нема обезбедено ни пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, иако има 17 бодови предност пред петтиот ...
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, има интересна теорија дека неговиот тим игра добро секоја пролет поради сонцето. Граѓаните со победата над Челзи ја намалија разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бодови, а кој Сити има и еден меч помалку и следниот викенд го пречекуваат Арсенал, па ако ги добијат двата натпревари – оној заостанатиот и меѓусебниот дуел со Топчиите, ќе имаат израмнет број на бодови. „До сонцето е…“ рече Пеп и ...
Регуларниот дел од НБА сезоната заврши, конечните пласмани и паровите од плејофот и плеј-ин турнирите беа одлучени дури во натпреварите од последниот ден. Детроит пистонс после 20 години има сезона со 60 победи, Оклахома Сити тандер има со најдобар резултат во лигата што му носи предност на домашен терен во целиот плејоф. Најважната вест е дека Никола Јокиќ играше синоќа и го исполни условите да биде МВП на сезоната бидејќи играл 65 меча ...
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, го најави големото дерби против лидерот во Премиер лигата, Арсенал, потенцирајќи ја тежината и значењето на натпреварот. По убедливата победа од 0-3 против Челси, Гвардиола не штедеше пофалби за ривалот. „Ќе играме против тим кој на 49 натпревари има само три порази, а во Лигата на шампионите е без ниту еден. Тоа доволно говори за нивниот квалитет“, изјави Пеп Гвардиола. Тој се осврна и на ...
Виљареал продолжува со импресивните изданија оваа сезона, потврдувајќи дека го игра можеби и најдобриот фудбал во последната деценија. Жолтата подморница славеше на тешкото гостување кај Атлетик Билбао со 1-2 и направи огромен чекор кон пласман во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што има дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтата позиција. Гостите први се заканија преку Гаја со силен удар од далечина, додека на спротивната страна ...
Интер е на чекор до нова шампионска титула во Италија, откако славеше на гости против Комо со 3-4. Тимот на Кристијан Киву покажа моќ, откако не го стартуваше мечот според своите желби, имаше и негатива од 2-0, но потоа Нераѕурите постигнаа четири гола и триумфираа. Алекс Вале во 36-тата минута го отвори резултатот, а шест минути подоцна Нико Паз зголеми на 2-0. Но, Маркус Турам сепак постигна гол за Интер непосредно пред одморот. Турам ...
Мануел Нојер, светскиот шампион од 2014 година, се повлече од германската репрезентација по Европско првенство 2024. Сепак, дебатата за негово можно враќање повторно се отвори откако новиот прв голман Марк-Андре тер Штеген имаше неколку повреди, додека Нојер и понатаму настапува на највисоко ниво. Еден од примерите беше неговата одлична партија во победата на Баерн Минхен од 1-2 против Реал Мадрид во Лигата на шампионите минатата недела. Иако ...
Реал Мадрид сериозно размислува да го врати Тони Крос во својата структура од следната сезона, но овојпат не како играч, туку како дел од спортскиот менаџмент на клубот, пишуваат шпанските медиуми. Иако Германецот сè уште физички изгледа подготвен за фудбал, планот на Кралскиот клуб воопшто не е поврзан со негов камбек на теренот, туку со негово ангажирање во спортскиот сектор, каде би можел да придонесе со своето искуство и фудбалска ...
Бојан Миовски беше херој на Ренџерс во убедливата победа од 3-6 на гостувањето кај Фалкирк во шкотската Премиер лига. Македонскиот напаѓач влезе во игра на полувремето и со два постигнати гола одигра клучна улога во пресвртот на својот тим, кој во првото полувреме имаше негатива од 2-0. По натпреварот, Миовски не го криеше задоволството од својот настап и придонесот за победата. „Како напаѓач секогаш сакаш да му помогнеш на тимот. Секогаш сум ...
Антонио Конте изрази разочарување поради раниот примен гол на Наполи во ремито 1-1 против Парма, како и поради пропуштената можност за победа, но нагласи дека борбата за титулата сè уште не е завршена. Италијанскиот стратег истакна дека тимот добро тренирал такви ситуации, но во натпреварите често одлучуваат моментите и емоциите, што довело до грешка уште по само 33 секунди игра. Според него, токму тој шок на почетокот ја променил динамиката ...
Штутгарт продолжува со силната форма во Бундеслигата, откако забележа убедлива победа од 4-0 против Хамбургер и направи важен чекор во битката за пласман во Лигата на шампионите. И покрај тоа што вториот стрелец во лигата, Дениз Ундав, не беше во својот препознатлив ритам и промаши пенал, тоа не го спречи домаќинот да стигне до убедлив триумф. Резултатот беше отворен со гол на Анџело Штилер, по што следуваа погодоци и на Крис Фирих, ...
Женска ракометна репрезентација на Македонија го заврши квалификацискиот циклус со пораз од Словенија со 18-27, но и покрај поразот обезбеди пласман на Европското првенство. Македонските ракометарки успеаја да се најдат меѓу четирите најдобри третопласирани селекции, што им донесе билет за континенталниот шампионат. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски не успеаја да ѝ парираат на Словенија, која доминираше и со комбиниран состав. ...
Манчестер сити го победи Челзи со 0-3 на „Стемфорд бриџ“ и комплетно ги врати шансите за шампионската титула. Сега Граѓаните шест бода помалку од лидерот Арсенал, но следниот викенд ќе го пречекаат на „Етихад“ во големо дерби, а имаат и еден одигран натпревар помалку. Првото полувреме мина без голови, а Челзи успеваше да го диктира ритамот на играта. Марк Кукуреља дури и постигна погодок, но истиот беше поништен поради офсајд. Сините први се ...
Футсал репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство, откако со максимален ефект го заврши претквалификацискиот турнир во Литванија. Нашите футсал репрезентативци остварија три победи во три натпревари, потврдувајќи ја фаворитската улога и квалитетот на турнирот. Во последното коло, Македонија ја совлада селекцијата на Литванија со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот погодок ...
Претстојната ноќ нуди неверојатно голем избор на натпревари од НБА лигата. Има и многу „зицери“, но исто така може да се „ловат“ и изненадувања. Полноќниот експрес е преполн со натпревари и одлични квоти. Филаделфија, Торонто, ЛА лејкерс, Хјустон, Детроит, делуваат како лесно предвидливи типови, но затоа има и мечеви на кои се можни изненадувања. Ваше е да ја определите стратегијата и да го составите добитниот тикет. Претстојната ноќ нуди ...
Капитенот на Црвените ѓаволи, Бруно Фернандеш, откри што очекува од Манчестер јунајтед за да биде убеден да го продолжи престојот на „Олд Трафорд“. Португалецот се осврна и на работата на привремениот менаџер Мајкл Карик. Фернандеш (31) е вистински талисман на Манчестер јунајтед уште од доаѓањето од Спортинг Лисабон во 2020 година. Тој и сезонава е водечка фигура, со осум голови и 16 асистенции во одлична индивидуална сезона, додека тимот се ...
Арсенал планира да му го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако сезоната ја заврши без освоен трофеј. Топчиите пред околу 20 дена беа во игра за сите четири трофеи, но работите брзо се променија. Најпрвo загубија од Манчестер sити во финалето на Лига купот на Англија, потоа беа елиминирани од второлигашот Саутемптон во четвртфиналето на ФА купот, а вчерашниот пораз на домашен терен од Борнмут (1-2) ја доведе во прашање ...
Наполи одигра реми 1-1 на гостувањето кај Парма во 32-то коло од Серија А, резултат што сериозно ја искомпликува нивната трка за титулата. Со овој кикс, тимот предводен од Антонио Конте само делумно му се приближи на лидерот Интер, кој сега има предност од шест бода и вечерва го игра својот натпревар против Комо. И покрај тоа што Наполи упати дури 20 удари кон голот, домаќините од само три обиди успеаја да стигнат до погодок и вреден бод. ...
Во терминот од 15 часот беа одиграни три натпревари од 32-то коло на англиската Премиер лига, а беа постигнати следниве резултати: Сандерленд – Тотенхем 1-0, Нотингем Форест – Астон Вила 1-1 и Кристал Палас – Њукасл 2-1. Роберто Де Ѕерби денес дебитираше на „жешката“ клупа на Тотенхем и не успеа да ја прекине катастрофалната серија на клубот, кој веќе 14 натпревари по ред не знае за победа во домашното првенство. Тотенхем е под „линијата“ и ...
Килијан Мбапе доби три конци над десната веѓа. Тоа е последицата од ударот со лакт кој Французинот го претрпе од Витор Реис во петокот против Жирона, рана која предизвика крварење во тој момент и подоцна бараше медицинска интервенција. Тој удар се случи во 16-никот на гостите, но судијата Алберола Рохас го оцени како недоволен за да досуди пенал. Мбапе не можеше да тренира денес поради претпазливост. Неговото присуство на „Алијанц Арена“ в ...
Ренџерс со пресврт победи на гостувањето кај Фалкирк со 6-3 во дуел од шкотската лига, а два од головите за гостинскиот тим беа дело на македонскиот напаѓач Бојан Миовски. Штипјанецот влезе во игра на стартот на второто полувреме при резултат 2-1 за Фалкирк кој имаше водство и од 2-0. Со Миовски на терен, Ренџерс за само 12 минути даде три гола. Миовски погоди во 58-ма минута за 4-2 во тој момент. Бојан стави и точка, кога во 89-та минута ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, испрати силна порака до навивачите и членовите на клубот за време на специјалната церемонија на која им беше оддадена почит на навивачите со по 50 и 60 години лојалност кон Кралскиот клуб. „Вие кои ги посветивте вашите животи на Реал Мадрид добро знаете дека никој не се откажува тука. Ќе продолжиме да се бориме, година по година, до последен момент, за да се обидеме да го додадеме на најбогатиот ...
Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, верува дека неговиот тим има шанса да биде првак на Премиер лигата само ако ги добие сите осум натпревари до крајот на сезоната и дека немаат право на никаква грешка. Вечерва Граѓаните имаат тешко гостување кај Челзи, а Гвардиола вели дека ако не победат, тоа ќе биде крај на нивната трка за титулата. „Ако не победиме на Стемфорд бриџ, а тоа не е лесно место за гостување, можеби нема да им потреба ...