Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Вечерва се одиграа трите први четвртфинални натпревари од Лига Европа, а во центарот на вниманието се најде Фрајбург, кој испишува историја со своите настапи. Германскиот тим, кој никогаш досега не бил сериозен фактор во завршниците на европските натпреварувања, сега е на чекор до полуфинале. Пред својата публика, Фрајбург одигра фантастичен натпревар и убедливо ја совлада Селта Виго со 3-0. Резултатот го отвори капитенот Винченцо Грифо уште ...
Порто и Нотингaм Форест го заврши првото полувреме со резултат 1-1, а натпреварот го обележа неверојатен автогол. Гонсало Гомес го доведе Порто во водство во единаесеттата минута, но само три минути подоцна следеше шок за домаќините. Дефанзивецот Мартин Фернандес од голема далечина ја врати топката кон својот голман Диого Коста, кој не беше подготвен, и топката заврши во мрежата. O QUE DIABOS O PORTTO FEZ AQUI MEU DEUS DO CEU???? ...
Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, се наметнува како едно од најжешките имиња во пресрет на летниот преоден рок. Францускиот репрезентативец, кој блеска во дресот на баварскиот гигант оваа сезона, веќе е на радарот на европските великани, а најконкретен интерес покажува Реал Мадрид. Клучен момент за зголемениот интерес беше неговиот впечатлив настап на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Олисе одигра значајна улога во победата на Баерн ...
Фудбалската сцена во Саудиска Арабија ја тресе скандал по контроверзниот натпревар меѓу Ал-Ахли и Ал-Фејха, во кој домаќинот беше лишен од два пенали и покрај прегледот на ситуациите преку ВАР системот. Ремито 1-1 сериозно го загрози настојувањето на Ал-Ахли во трката за титулата, а кризата е дополнително заострена со остри обвиненија кон судијата, но и кон Кристијано Роналдо, кого британските медиуми сега го поврзуваат со наводно „местење ...
Во првиот натпревар од четвртфиналето на Коинференциската лига на УЕФА, Рајо Ваљекано го надигра АЕК Атина со убедливи 3-0 пред преполни трибини на „Ваљекас“, стекнувајќи голема предност пред реваншот во Атина за седум дена. Само по една минута и 45 секунди од почетокот, Рајо поведе. Долга топка стигна до Гарсија на левата страна, тој центрираше совршено, а Акомач со левата нога од десетина метри го погоди долниот лев агол на голманот ...
Eнди Робертсон ќе стави крај на својата кариера во Ливерпул по завршување на сезоната 2025/26, потврди самиот клуб на официјалната веб-страница. По девет извонредни години на „Енфилд“, капитенот на шкотската репрезентација ќе замине како слободен агент, по истекот на договорот ова лето. Робертсон ќе се повлече како вистинска легенда, играч кој имаше клучна улога во обновата на Црвените. До денеска, тој забележа 373 настапи за клубот. ...
Податоците на „BeSoccer“ покажуваат драстична разлика кај црвените картони на Барселона во последните десет сезони кога ќе се споредат салдото во шпанската Ла Лига и Лигата на шампионите. Во шпанското првенство, Барселона има плус од дури 31. Ривалите на Барселона имаат добиено 63 црвени картони, а 32 играчи на Барса биле исклучени во истиот период во националното првенство. А, во ЛШ во последнната декада, салдото на Барселона е -7. Барселона ...
Футсал репрезентацијата на Македонија со победа го отвори настапот во првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство. Во првото коло селекцијата на Македонија ја совлада Бугарија со 4:1. Серијата погодоци ја отвори Иван Крстевски уште во втората минута, а веќе во осмата имавме водство од 2:0 откако во листата на стрелци се запиша Берат Рамадани. Во 18. минута имавме можност да стигнеме и до поубедлива предност, но Тони ...
Останаа само уште три дена до крајот на регуларната сезона во кошаркарската НБА лига, а од шесте натпревари кои се играат вечерва, најинтересен ќе биде оној во Њујорк, каде Никс се домаќини на Бостон селтикс. Во моментов Бостон има две победи повеќе, и ако слави вечерва, дефинитивно ќе ја освои дивизиската титула и како втор на Истокот ќе влезе во плејофот. Во Њујорк не смеат да помислат на пораз бидејќи така не само што дефинитивно ќе ...
Ракометната федерација на Македонија објави дека од денеска се пуштени во продажба билетите за претстојниот фајнал-фор турнир од Купот на Македонија. Билети може да се купат на сајтот на МК тикетс. Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машкиот и женскиот Ф4, кои ќе се одиграат на 17-ти и 18-ти април во Спортската сала „Парк“ во Струмица. Цената на билетот изнесува 400 денари. За билетите за финалните натпревари ...
Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, не ја исклучува можноста за враќање во репрезентацијата на Уругвај за Светското првенство ова лето. Ветеранот во интервју за уругвајското издание „Диарио Овасион“ изјави дека никогаш нема да ѝ го сврти грбот на својата земја, и покрај тоа што се пензионираше од репрезентативниот тим во 2024 година. „Националниот тим не се одбива. Се ближи Светското првенство, ако им требам… што ќе правам? Никогаш нема ...
Земјата која е актуелен светски првак во фудбал, Аргентина, на претстојното Светско првенство кое ќе се игра летово во САД, Мексико и Канада, ќе има дури тројца свои судии, а рекордот ќе го дели со Бразил кој истотака ќе има тројца судии. Иако ФИФА официјално уште ја нема објавено листата на официјални лица за Мундијалот, во повеќе светски медиуми се појави списокот со 52 главни судии кои ќе делат правда. На листата нема македонски судија, ...
Струга на својот стадион како официјален гостин беше подобра од Шкупи со 3-0, а Арсими на гости славеше со 1-0 против Македонија Ѓорче Петров во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига. Стружани рутински дојдоа до три бода против чаирчани, а Малески утна пенал и пропушти прилика да постигне хет-трик. Во Ѓорче Петров, Арсими со гол на Јусуфи кој прво беше поништен, а потоа потврден по проверка во ВАР собата, освои три ...
Победата на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Барселона е најголемото изненадување во првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите, па тој резултат донесе и најголеми промени во квотите во Sport Life за играта „Победник во Лигата на шампионите“. Сега на Атлетико му се даваат поголеми шанси да стане европски првак отколку на Барса, а пред мечот на „Камп Ноу“ беше обратно. До вчера Каталонците беа трети фаворити, а Атлетико втор најголем ...
Барселона загуби со 0-2 на домашен терен од Атлетико Мадрид на првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите и е пред елиминација, но младата ѕвезда на „каталонците“, Ламин Јамал, верува дека може да направат чудо на реваншот. „Навивачи на Барселона, се уште ништо не е готово. На реваншот ќе дадеме се од себе. Обединети како и секогаш.“ – гласи пораката на Јамал упатена кон навивачите на Барселона. Барселона целото второ полувреме го ...
Вечерва се играат пет меча од претпоследното коло во кошаркарската Евролига, а три се посебно интересни и може да донесат одговори на некои прашања околу позициите кои носат плејоф и плеј-ин. Хапоел Тел Авив во Софија е домаќин на лидерот Олимпијакос, а ако победат Израелците, ќе се изедначат со Олимпијакос, па тука битката е за домашна предност во плејофот. Фенербахче има четири порази по ред, а Реал Мадрид два, па победникот може да смета ...
Редовен играч на Sport Life од Тетово успеа со влог од само 50 денари да добие нето сума од 101.121 денари и тоа со само осум натпревари на тикетот. Тетовецот успеа да погоди дека ПСЖ и Атлетико Мадрид ќе имаат водство на полувремето и на крајот ќе победат против Ливерпул, односно Барселона, но и дека на мечот од Лигата на Европа помеѓу Брага и Бетис на полувремето ќе водат домашните, на крајот ќе биде нерешено. Погодените квоти достигнуваат ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, испрати загонетна, но силна порака на прес-конференцијата пред мечот со Жирона, осврнувајќи се на поплаките што доаѓаат од Барселона. На директно прашање за контроверзиите, Арбелоа не сакаше да влегува во детали – но јасно стави до знаење дека има свој став. „Не сакам да навлегувам во тие проценки. Видовме што се случи минатиот викенд и што се случува веќе со недели. Моето мислење е јасно и не ...
На два дена пред затворањето на типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе се наѕира исходот на најинтересните натпревари од викендов. Секако, дерби се игра во Лондон, а се среќаваат Челзи и Манчестер сити. 65% од играчите на Спортската прогноза очекуваат победа на „граѓаните“, а само 17% веруваат во победа на „сините“. Сепак, најголемиот фаворит викендов според типовите е Каљари во ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, конечно објасни зошто Мохамед Салах не одигра ниту минута во поразот од ПСЖ (2:0) во првиот четвртфинален меч од Лига на шампиони. Египетската ѕвезда го гледаше целиот меч на „Паркот на принцовите“ од клупата за резерви, а Ливерпул одигра блед натпревар без вистинска офанзивна закана. Слот јасно стави до знаење – одлуката била чисто тактичка. „Во последните минути тоа за нас беше преживување, а не напад. ...
Најинтересниот натпревар од вечерната понуда во четвртфиналето во Лигата на Европа и Конференциската лига е оној помеѓу Порто и Нотингем Форест, а токму за овој натпревар ќе најдете фантастична понуда во Специјалот на Sport Life со стотици игри и комбинации. Овие две екипи играа и во групната фаза, а „шумарите“ победија со 2-0 и тоа со два гола од пенал. Квотите за пенал и вечерва се одлични и достигнуваат и до 5.00. Порто е во мала предност ...
Фудбалската репрезентација на Демократска република Конго се пласираше на завршницата на Светското првенство и тоа за прв пат по 52 години пауза. Овој фудбалски подвиг ја израдува целата африканска земја, а претседателот на ДР Конго, Феликс Цисекеди најави дека ќе има убави награди за фудбалерите и членовите на стручниот штаб. Како што пренесуваат светските медиуми, Цисекеди откри дека секој член на репрезентацијата како награда ќе добие нов ...
Четвртфиналните натпревари од Лигата на Европа и Конференциската лига се во фокусот на фудбалската јавност, а врвниот европски фудбал секогаш е повозбудлив со набилданите квоти во Бет билдерот на Sport Life. Три меча со шест опции се дел од денешната понуда, а квотите се движат и до фантастични 45.00. Болоња и Астон вила имаат квоти од 25.00 и 30.00, додека квотите за Порто и Нотингем Форест се 20.00 и 45.00. Кристал палас и Фиорентина имаат ...
Фудбалот во Туркменистан можеби не е меѓу елитните во Азија, но тоа што го прави Аркадаг е светски рекорд. Со убедливата победа од 7:1 над Мерв на стартот од новата сезона, Аркадаг стигна до неверојатна бројка од 100 последователни победи на домашна сцена! Овој тим никогаш не загубил натпревар во рамки на националните натпреварувања. Клубот е основан во 2023 година и во првата сезона имаа 24 победи на 24 меча. Следната дојдоа до 30 победи од ...
6029 Порто – Нотингем форест (21 ч.) Дуел на некогашни европски прваци, но сега во Лига на Европа. Овие екипи сезонава веќе играа меѓусебе во лигашкиот дел, а тогаш Нотингем пред своите фанови победи со 2:0. Сега, Порто го има адутот да игра на свој терен, а тимот е во добра форма. Нотингем во претходните две нокаут фази победуваше на гости, дома губеше но сепак одеше понатаму. Само три победи во последните 12 средби има англискиот тим, но ...
Комплетирање на 26. коло на Прва фудбалска лига на Македонија ќе има денеска со двата меча кои се на програмата. Македонија Ѓорче Петров на свој терен игра против Арсими, додека Шкупи ќе биде домаќин на Струга и тоа на теренот покрај Охридското езеро. Македонија ЃП е на претпоследното место со само 23 бодови и во серија од четири порази. Доколку некогашниот шампион од Ѓорче Петров сака да се обиде да се спаси од испаѓање, едноставно денеска ...
Зголемени коефициенти од четири различни спортови има во денешниот Супер тип на Sport Life. Секако фудбалот повторно е најзастапен со седум натпревари. Раков , Рајо Валјекано и ОФК Београд да победат на свој терен имаат зголемени коефициенти меѓу 2.11 и 2.18. Во мечевите од европските купови Порто, Кристал Палас и Мајнц се фаворити да слават на свој терен против Нотингем, Фиорентина и Стразбур. Единствен гостин кој е во улога на фаворит е ...
Пари Сен Жермен покажа зошто е актуелен европски првак и на свој терен со 2:0 славеше против гигантот Ливерпул. По мечот, тренерот на Светците, Луис Енрике беше задоволен од победата, но по малку беше и разочаран што триумфот не е поубедлив. Тоа е и нормална реакција, ако се знае дека францускиот првак постојано доминираше на теренот, напаѓаше, создаваше шанси, додека противникот не упати ниту еден удар во рамките на голот на домаќините. ...
Четири фудбалски дуели и еден кошаркарски меч се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефициент е 43.21. Рајо Валјекано на свој терен игра против АЕК, а потребно е во првото полувреме да нема повеќе од два гола, а во вториот дел да бидат постигнати 2+ погодоци за да биде добитна квотата од 2.40. Во кошаркарската Евролига, Милано да води на полувреме и на крајот да слави ...
Англискиот гигант Ливерпул беше немоќен на синоќешното гостување кај Пари Сен Жермен и загуби со 2:0 во првиот меч од четвртфиналето од Лига на шампиони. Ливерпул во секој поглед беше во подредена ситуација. ПСЖ имаше 74 отсто посед на топка, Светците упатија дури 18 шута кон голот на Ливерпул од кои шест беа во рамките на голот. Од друга страна, Ливерпул со само 26 отсто посед на топка едноставно немаше шанса да создаде шанса за погодок, па ...