Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, зборуваше за важноста на трансферот на напаѓачот Хари Кејн во Баерн Минхен. Кејн 14 години играше за Тотенхем пред да се пресели кај Баварците, даде 280 голови, но освои ништо. Со Баерн има титула во Бундеслигата, а во игра е и за Лигата на шампионите. Португалецот веќе некое време се поврзува со можно заминување од клубот од Манчестер, со кој не освоил титула во лигата. ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија има добра прилика повторно да биде учесник на Европско првенство. Македонија би требало да биде една од четирите третопласирани во шесте квалификациски групи, но тоа треба да се потврди и по осми пат во историјата да се најдеме на континенталниот шампионат. Математиките велат дека на гостувањето кај Словенија во Велење од 18 часот (во истиот термин се играат сите мечеви), победа или реми сигурно ...
Премиерлигашкото дерби помеѓу Челзи и Манчестер сити ќе ви биде поинтересно за следење ако се обложите на некоја од многубројните игри во Специјалот на Sport Life. Една од најпривлечните игри е онаа да погодите стрелци, и тоа опциите прв стрелец, било кога во текот на мечот, автогол, дали некој ќе има хет-трик и комбинација победа на тим и стрелец во тек на средбата. Фаворит за прв стрелец е Ерлинг Халанд од Сити, а тој беше стрелец и на ...
Унион Берлин ја назначи Мари-Луиз Ета за привремен тренер на првиот тим до крајот на сезоната, со што 34-годишната Ета стана првата жена што ќе предводи машки бундеслигашки тим и прва жена тренер на тим во петте најдобри европски лиги. Таа ќе го има своето деби на клупата на Унијата следната недела против Волфсбург. Ета го презеде тимот откако клубот ја прекина соработката со претходниот тренер Штефен Баумгарт и неговите соработници. Според ...
Десет Бет билдери се најдоа во денешната понуда на Sport Life, а квотите се во распон од 13.0 до 100.0 и можете да бирате дали ќе ризикувате повеќе или помалку, но секако сите комбинации се со џиновски коефициенти. За добивка, потребно е да се исполнат четири услови. Тука се и двата дневни микса за шпанската и италијанската лига кои носат квоти од по 120.0. И во Ла Лига и Серија А денеска се играат по четири меча, па потребно е на сите овие ...
1008 Сандерленд – Тотенхем (15.00 часот) Тешко дека пред почетокот на сезоната некој очекуваше дека по 31 кола Сандерленд ќе има 13 бодови повеќе од Тотенхем, но реалноста е таква. Лондонските Петли се борат за опстанок, и само со победа ќе побегнат од 18-тото место на кое се во моментов и кое води во Чемпионшип. Тотенхем е тим кој има поефикасен напад, но и далеку полоша одбрана од Сандерленд. Сандерленд на првите 12 меча дома немаше пораз, ...
Денеска е празник на тенисот во Монте Карло, Карлос Алкарас и Јаник Синер ќе се борат за титулата на Мастерсот, а ова ќе биде многу повеќе од само едно обично финале. Тој што ќе победи, не само што ќе освои важен пехар, туку ќе биде прв на АТП листата која ќе се објави утре и ќе поведе 67-66. Во моментов, Шпанецот и Италијанецот по 66 недели биле на прв место. Двајцата имаат по 26 турнирски титули, па победникот ќе има еден трофеј повеќе од ...
Атрактивна и привлечна е денешната Супер тип понуда на Sport Life, во неа има 13 фудбалски мечеви меѓу кои и Челзи – Манчестер сити, а посебна убавина внесува и тенискиот спектакл Алкарас – Синер, финалето на Мастерсот во Монте Карло кое ќе одлучи кој од нив двајца од утре ќе биде прв на АТП листата. Алкарас кој ја брани титулата од лани, е благ фаворит, зголемените квоти и за него и за Синер се одлични и вреди да се искористат ако верувате ...
Денешните квоти на денот во Sport Life прават вкупен коефициент од 43.5 и примамливи се за играње. Велигденската петорка предлози почнува со Келн – Вердер и тоа со квота од 2.05 дека на овој бундеслигашки меч ќе има 0-1 гол во прво и 1-3 гола во второ полувреме. Квота од точно 2.00 добивате ако уплатите дека Челзи ќе даде еден или два гола во второто полувреме против Манчестер сити. Комбинацијата двата тима да постогнат гол и да има погодок ...
После убедливата победа на Барселона над Еспањол во градското дерби, некои од фудбалерите на Барса неспортски се однесуваа кон своите ривали за што реагираа од поразениот тим. Прв на тапет им беше Гави од кој се пожалија дека не му е првпат и „треба да има повеќе почит кон свои колеги професионални фудбалери“. На крајот од натпреварот, играчите на Барса, претежно Шпанците (Фермин, Касадо, Гави, Јамал…), им се придружија на навивачите ...
Интер Мајами одигра 2-2 против Њујорк Ред Булс во натпревар од регуларната сезона на МЛС лигата. Матео Силвети и Херман Бертераме ги постигнаа головите за Интер, а капитенот Лионел Меси го одигра целиот натпревар и не постигна гол. Интер го играше својот втор натпревар по ред на новиот стадион „Ну“, а и првиот исто така заврши нерешено 2-2. Со овој резултат против Њујорк, Интер Мајами ја продолжи својата серија без пораз на осум натпревари ...
Карло Анчелоти ја остави отворена вратата за можен камбек на Нејмар во составот на Бразил за претстојното Светско првенство, иако напаѓачот засега не доби повик за последните пријателски натпревари. И покрај тоа што Анчелоти претходно нагласуваше дека Нејмар ќе биде во конкуренција само ако биде целосно фит, ѕвездата на Сантос не се најде на списокот за дуелите со Франција и Хрватска. Нејмар, најдобар стрелец во историјата на Бразил со 79 ...
Севиља оствари огромна победа во борбата за опстанок, совладувајќи го силниот Атлетико Мадрид со 2-1 во натпревар каде домашните покажаа карактер и решителност. Натпреварот почна со брзо темпо и без долго чекање на првата вистинска драма. По аут од левата страна, се создаде мешаница во шеснаесетникот, а по интервенција на ВАР беше досуден пенал за Севиља по прекршок над Ромеро. Адамс беше сигурен од белата точка и донесе водство од 1-0. ...
Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, се здоби со повреда на бутниот мускул во победата од 3-0 над Пиза, пренесува „Скај Спорт“. Пелегрини беше принудно заменет на полувремето од натпреварот, а првичните информации укажуваат дека ќе паузира околу еден месец. Тоа значи дека ќе пропушти најмалку три до четири натпревари, меѓу кои дуелите со Аталанта, Болоња, Фиорентина, а најверојатно и со Парма. Целта на стручниот штаб е негово враќање за ...
Јувентус забележa голема победа на гостувањето кај Аталанта во Бергамо, совладувајќи ја со минимални 0-1 во 32-то коло од Серија А. Тимот на Лучијано Спалети продолжи со позитивната серија резултати и со овој триумф барем привремено се искачи во зоната која води во Лигата на шампионите, прескокнувајќи го Комо. Аталанта подобро го отвори натпреварот и се закани преку Хуан Квадрадо, а потоа и Залевски. Џорџо Скaлвини ја погоди и стативата, ...
Бенфика се претвора во клуб кој по навика „ги голта“ тренерите, ветувајќи им големи проекти, но во реалноста им дава нецелосна и недовршена конструкција. Поради ова на удар е и Жозе Мурињо, кој би можел да добие отказ по завршувањето на сезоната. Португалскиот медиум „А Бола“ го опишува маѓепсаниот круг во кој се наоѓа лисабонскиот гигант во последните години – „еден вид чистилиште, каде надежта се обновува секое лето, за потоа полека да биде ...
Викинг приреди вистински шок во норвешкиот дерби-дуел, откако на домашен терен го декласираше Бодо/Глимт со убедливи 5-0. Иако гостите важеа за едно од најпријатните изненадувања во Европа оваа сезона и тим кој стигна до осминафинале во Лигата на шампионите, денеска беа далеку од тоа ниво и претрпеа еден од најтешките порази во последните седум години. Натпреварот практично беше решен уште во првите 20 минути. Кристијансен погоди во петтата ...
Барселона уште еднаш ја потврди доминацијата во Ла Лига, откако на домашен терен убедливо ја совлада Еспањол со 4-1 во градското дерби од 32-то коло. Каталонскиот тим ја оправда улогата на фаворит и уште од почетокот ја наметна својата игра, предводена од инспирираниот Ламин Јамал и ефикасниот Феран Торес. Резултатот беше отворен во деветтата минута, кога по корнер на Јамал, Торес со глава го совлада Марко Дмитровиќ. Барселона продолжи со ...
Ливерпул сигурно ги освои трите бода во 32-то коло од Премиер лигата, совладувајќи го Фулам со 2-0 на „Енфилд“. Домашните уште од самиот старт наметнаа ритам, а првата закана пристигна преку Мохамед Салах, чиј удар го одбрани голманот Бернд Лено. Отпорот на Фулам беше скршен во 36-тата минута, кога младиот Рио Нгумоа одлично се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар донесе водство од 1-0. Само четири минути подоцна, истиот играч повторно ...
Баерн Минхен сигурно чекори кон нова, јубилејна 35-та титула во Бундеслигата, а гостувањето кај Сент Паули донесе не само убедлива победа од 0-5, туку и историски рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона. Баварците ја оправдаа фаворитската улога и со рутинска игра стигнаа до три бода, со што повторно избегаа на +12 во однос на Борусија Дортмунд на пет кола до крајот. Титулата практично е веќе во нивни раце, а математичката потврда ...
Удинезе приреди големо изненадување на „Сан Сиро“, откако го декласираше Милан со 0-3 во 32-то коло од Серија А. Иако Милан очекувано ја контролираше играта преку поседот на топката, тоа не се претвори во конкретна опасност. Напротив, гостите беа далеку поопасни и поефикасни, а во центарот на вниманието беше Николо Заниоло. Токму тој во 27-та минута изведе фантастична соло-акција, минувајќи половина терен пред да асистира за Артур Ата, кој со ...
Арсенал пропушти голема шанса дополнително да се доближи до титулата во Премиер лигата, откако на домашен терен од Борнмут со 1-2. По натпреварот, менаџерот Микел Артета беше видно незадоволен од изданието на својот тим, но искрено му честиташе на противникот за борбеноста и резултатот. „Ова е голем удар во лице. Сега е важно како ќе реагираме. Целиот кредит оди кај Борнмут, не се без причина 11 натпревари без пораз. Ние правевме чудни ...
Ковентри сити конечно стави крај на долгото чекање и по цели 25 години се врати во Премиер лигата, заверувајќи го својот пласман четири кола пред крајот на сезоната. Тимот предводен од Френк Лампард денеска одигра без голови (0-0) против Шефилд венсдеј, но и покрај ремито, резултатите на конкурентите му донесоа сигурна промоција. Клучен беше поразот на Мидлзборо од Портсмут, по што стана јасно дека Ковентри е недостижен. Со тоа, останува ...
Елче забележи минимална, но исклучително важна победа од 1-0 на домашен терен против Валенсија во 31-то коло од Ла Лига, во директна битка за опстанок. Тимот предводен од Едер Сарабија стигна до три бода кои можат да бидат клучни во борбата за останување во елитата, иако гостите имаат за што да жалат според развојот на настаните. Првата посериозна закана ја имаше Валенсија преку Брајан Хил Бертран, но неговиот удар заврши над голот. До ...
Поразот на Борусија Дортмунд на домашен терен од Баер Леверкузен (0-1) сериозно ја замаглува трката за титулата во Бундеслигата, која сега изгледа речиси решена. Милионерите влегоа агресивно во натпреварот и од самиот старт создаваа притисок. Рами Бенсебаини се закани прв, потоа и Даниел Свенсон, но гостите преживеаја благодарение на интервенцијата на Лоик Баде од самата гол-линија. Шанси имаше и Серу Гираси, но без ефект. Баер Леверкузен ...
Брегалница Штип се истакна како најголем добитник на ова коло во Втората македонска фудбалска лига, откако рутински ја заврши својата задача и максимално профитираше од киксовите на директните конкуренти во борбата за врвот. На Градскиот стадион во Штип, Сините одиграа доминантен натпревар против Големо Коњари и стигнаа до убедлива победа од 6-1. Со овој триумф, тимот предводен од Влатко Костов не само што освои нови три бода, туку и сам се ...
Вардар го победи Работнички со 1-0 во натпреварот од 27.коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Стефан Цветковиќ од слободен удар во 23.минута од мечот. Силекс исто така славеше против Башкими со 1-0. Градското дерби не донесе пеколно темпо, но, сепак, двете екипи создадоа доволно шанси за да има и повеќе голови. Во 12.минута, Азер Омерагиќ имаше одлична шанса, но со удар со глава шутираше директно во Ондоа. ...
Италија поминува низ еден од најтешките периоди во својата историја. Четирикратниот светски шампион нема да настапи ниту на трето последовно Светско првенство, што претставува нов тежок удар за нацијата која со децении беше симбол за врвен фудбал. Во финалето од плејофот за Светското првенство 2026, Италија во Зеница беше елиминирана од Босна и Херцеговина по изведување пенали, а овој пораз дополнително ги откри длабоките проблеми во ...
Астон Вила ќе биде во центарот на голема трансферна битка ова лето доколку се реши да го стави на продажба Морган Роџерс. Според пишувањата на британските медиуми, за 23-годишниот англиски репрезентативец интерес покажуваат Арсенал, Манчестер јунајтед и Челзи, а до неодамна како кандидат се споменуваше и Ливерпул. Роџерс, кој од почетокот на минатата сезона има 24 голови и 23 асистенции, минатото лето потпиша нов договор со кој е врзан за ...
Првакот МЗТ Скопје Аеродром дури во последните две минути го скрши отпорот на Кожув, а на слични маки беше ставен и ТФТ против Тиквеш, но водечките две екипи во кошаркарската Суперлига сепак го најдоа патот до победата. Во следното коло ТФТ е домаќин на Металците и тој меч може да биде пресуден околу првата позиција на крајот и предноста на домашниот терен во плејофот. Попладнево Црно-белите од Тафталиџе беа подобри од Тиквеш со 80-74, но на ...