Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Најдобриот ракометар на Данска Матијас Гидсел е задоволен по победата над Македонија. Гидсел вели дека Данците цел меч биле стоосто фокусирани затоа што знаат дека нашиот селектор Кирил Лазаров може да ги изненади. „Влеговме малку нервозно во мечот, сакавме да ја почувствуваме атмосферата во салата, која беше навистина фантастична. Исто така, знаевме дека Кире Лазаров ќе стори нешто за да нѐ изненади на тактички план. Онаа одбрана, зоната ...
Фудбалерите на ПСЖ на најдобар можен начин го заборавија поразот од градскиот ривал, Париз, во Купот на Франција и со убедлив триумф од 3-0 над Лил се вратија на врвот во Лига 1. Сепак, лидерската позиција за „светците“ може да биде само привремена, бидејќи имаат два бода повеќе од Ленс, но и натпревар повеќе од ривалот. Усман Дембеле со голови во 13-тата и во 64-тата минута ја најави победата на ПСЖ, на точка на триумфот стави Баркола со ...
Голманите на мечот против Данска имаа само пет одбрани, од кои четири беа на Мартин Томовски, додека една на Иван Галевски. Токму Мартин Томовски го анализираше поразот (36-24), а како клучни ги посочи грешките на стартот од натпреварот, кога Данците со серија од 5-0 се одлепи на 8-3. „Без разлика што Данска е најдобра, ние излеговме на теренот и го дадовме максимумот. Тие технички грешки на почетокот нѐ чинеа скапо и тим како Данска добро ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна првиот хет-трик во дресот на Глазгов Ренџерс на официјален натпревар. Тој беше стартер и ја оправда довербата на куп-дуелот против нисколигашот Анан Атлетик постигнувајќи три гола. Миовски го отвори резултатот во 12-тата минута, а потоа и уште еднаш се запиша во листата на стрелците во 32-та минута. 🔥 pic.twitter.com/rAtCFWEm4B — Rangers Football Club (@RangersFC) January 16, 2026 ...
Македонија со пораз го отвори Европското првенство во Данска и тоа токму од домаќинот со 36-24. Селекторот Кирил Лазаров, иако доживеавме двоцифрен пораз, е задоволен од играта, иако како што вели, и многу поквалитетни селекции губеле од Данска со ваков или поголем резултат. „Можам слободно да кажам, иако е тешко да се каже тоа кога ќе загубиш со 12 гола, но јас сум задоволен од моите момци, како тие се бореа и како тие се поставија против ...
Македонија загуби со 36-24 на отворањето на Европското првенство од Данска. Домаќинот на првенството покажа зошто е фаворит број еден за освојување на шампионатот, а ние шансата ќе ја бараме на следните натпревари. „Честитки за Данска. Мислам дека во грч го отворивме овој натпревар, но мислам дека против Португалија и против Романија ќе бидеме поопуштени. Ќе анализираме, но како што кажавме и пред првенството – против Данска ќе се обидеме да ...
Данска ја надигра Македонија со убедливи 36-24, не оставајќи ни најмала шанса за некаква сензација на стартот на Европското првенство во ракомет. И пред мечот се знаеше кој е кој, селекторот Кирил Лазаров беше свесен за тоа, ги одмори искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски, јасно е дека средбата со Португалија в недела е клучниот околу амбициите за пласман во втората фаза. Трибините на салата во Хернинг беа преполни, имаше 15.000 ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, успеа да постигне два гола за Глазгов Ренџерс во меч од 1/16-финалето на шкотскиот Куп. Миовски погодуваше во 12-тата и во 32-рата минута на мечот против четвртолигашот Анан, а Глазгов Ренџерс има водство од 2-0 на полувремето. Македонецот со овие два гола дојде до вкупно седум во дресот на Глазгов Ренџерс и уште еднаш докажа дека Шкотска и тоа како му лежи. Македонскиот фудбалски ...
Ракометната селекција на Македонија постигна 12 голови во првото полувреме против Данска, а тој последен 12-ти кој го постигна Мартин Серафимов, беше и јубилеен 1.000-ти во историјата за Македонија на европските првенства. Колку за потсетување, првиот гол за Македонија на европските првенства беше дело на Томе Петрески, на дебитантскиот настап на ЕП во 1998, во дуелот против Унгарија. Ракометната селекција на Македонија постигна 12 ...
Данска води против Македонија со 17-12 по првото полувреме на дуелот од првото коло на Европското првенство, од групата која се игра во Хернинг. Пред 15.000 Данци на трибините и неколку стотини Македонци, домашните ја оправдаа фаворитската улога и во овие 30 минути покажаа зошто аналитичарите и квотите во обложувалниците велат дека тие се главни кандидати за титулата. Македонија имаше само едно водство, на почетокот кога со голот на Марко ...
Во огромната „Јуске бокс банкен“ арена во Хернинг има околу 15.000 гледачи на дуелот помеѓу еден од домаќините на Европското првенство, Данска, и селекцијата на Македонија. Сепак, сите имаа можност да слушнат како нашите ракометари и навивачите во еден глас ја испеаја македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Во огромната „Јуске бокс банкен“ арена во Хернинг има околу 15.000 гледачи на дуелот помеѓу еден од домаќините на ...
Пеп Гвардиола и Манчестер сити имаат договор со важност од уште 18 месеци, но медиумите на Островот само на еден ден пред градското споделуваат шокантна информација. Според нив, Каталонецот на крајот од оваа сезона и дефинитивно ќе си оди од Манчестер сити, без оглед дали клубот ќе биде шампион на Англија или не, а заминувањето нема да зависи ниту од евентуални трофеи во останатите натпреварувања. Четворица тренери се споменуваат како можни ...
Репрезентациите на Словенија и Црна Гора одиграа меч кој долго ќе се памети, бидејќи беа постигнати неверојатни 81 гол. На крајот Словенците беа подобри со 41-40, а Црна Гора може да жали што не дојде барем до бод, со оглед дека имаше водство до самиот финиш. Првиот дел мина во доминација на Словенија, но Црногорците пред паузата израмнија на 18-18, но сепак заминаа со негатива од еден гол на полувремето. Во второто полувреме двете екипи се ...
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, одлучи кои 16 ракометари ќе конкурираат за првиот меч од Европското првенство против Данска. Изненадувачки, од составот испаднаа двајцата најискусни, голманот Никола Митревски и пикерот Жарко Пешевски, а за деби ќе почека и младиот Дамјан Митев. Останува непознато дали се работи за тактичко изоставаување, со цел да ги сочува за мечот против Португалија или се работи за ...
Групата „Б“ на Европското ракометно првенство, во која е и Македонија, започна според планираното. Португалија лесно ја совлада Романија и ги запиша првите два бода, откако славеше со 40-34, триумфот можеше да биде и далеку повисок според прикажаното на теренот. Сепак, португалскиот селектор во финишот одлучи да ротира и да ги сочува силите за следниот меч, а тоа е токму против Македонија во недела. Што се однесува до селекцијата на ...
Шест меча се дел од ноќната НБА-програма, воедно и од богатата кошаркарска понуда во Sport Life. Ако се погледнат квотите, лесно може да се забележи дека само на еден меч се очекува гостинска победа. ЛА клиперс со квота од 1.82 се фаворити на гостувањето кај Торонто, додека на петте останати натпревари се очекуваат домашни триумфи. Сепак, иако на секој меч има фаворит, квотите се блиски, па заедничко за сите натпревари е дека се очекуваат ...
Поранешен фудбалер на Црвена ѕвезда, Земун и Зета, е убиен во Србија, односно во местото Сопот, додека се шетал по улица. Истражните органи во Србија не го откриваат идентитетот, освен дека има 43 години, со иницијали Ж. Б., но и податокот дека се работи за поранешенфудбалер. Полицијата е во потрага по сторителот, односно сторителите, а она што го пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед е дека се работи за лице кое било обвинето за ...
Италијанскиот калчолигаш Јувентус испратил понуда до Кристал палас за евентуално ангажирање на Жан-Филип Матета овој месец, пренесува „Скај Италија“. Понудата изнесува 35 милиони евра, но според информациите, таа не ги задоволува Англичаните, кои бараат меѓу 55 и 60 милиони. Лучано Спалети лично дал зелено светло за трансферот на напаѓачот, чии квалитети многу ги цени. Јувентус бара долгорочна замена за Душан Влаховиќ, кој сигурно ќе го ...
Пари Сен Жермен вечерва на свој терен игра против Лил во меч од 18 коло на француското првенство. Светците моментално се на второто место на табелата со еден бод помалку од лидерот Ленс, додека нивниот вечерашен противник Лил е на четвртото на табелата. Актуелниот француски и европски првак пресметката против Лил ја чека по елиминацијата во Купот на Франција. Неочекувано, ПСЖ дома загуби од градскиот ривал Париз и остана без еден од ...
Помалку од 24 часа остануваат да типувате во 15-тото коло на Спортската прогноза на Sport Life. Досега над 1.500 прогнозери ги дадоа своите фиксови, а интересно е дека на седум од понудените 13 дуели се издвојуваат фаворизирани екипи, со над 60 отсто шанси да победат. Во Манчестер се игра дербито меѓу Јунајтед и Сити, а речиси 75 отсто чекаат победа на гостите. Слично е и за победа на Баер Леверкузен, кој гостува кај Хофенхајм. Над 60 отсто ...
Голем предизвик ќе имаат македонските ракометари на првиот меч вечерва во Хенриг каде противник е домаќинот и актуелен светски првак Данска. Освен на теренот, голема борба ќе има и на трибините. Јасно е дека домашните навивачи ќе доминираат во салата, но без разлика каде и да игра Македонија, секогаш таму е и нашата Фаланга. Така ќе биде и овојпат. Се очекува околу 200 наши навивачи да бидат на трибините и да дадат поддршка на избраниците на ...
Барселона со 2:0 го победи Расинг Сантандер на гости и го продолжи походот во Купот на Шпанија. Расинг Сантандер, кој е лидер во Сегунда дивисион и се стреми средната сезона да игра во елитното друштво, има за што да жали на овој меч. Гостите поведоа со голот на Феран Торес во 66-тата минута, а потоа фудбалерите на Расинг со сета сила се обидоа да израмнат. Младиот напаѓач Манех Лозано постигна два гола, но двата беа поништени поради ...
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, е блиску до заминување од клубот речиси 12 години откако се приклучи на каталонскиот гигант. Германскиот голман ќе се пресели на позајмица до крајот на сезоната. Оваа одлука за Тер Штеген да си оди од Барселона е во обид и да се спаси неговата репрезентативна кариера во германскиот дрес. Селекторот Јулијан Нагелсман и спортскиот директор Руди Волер постојано јасно ставаат до знаење дека оние кои ...
Манчестер сити реши да се засили во пресрет на вториот дел од сезоната во Премиер лигата. Тренерот на Граѓаните најавуваше дека му е потребна дополнителна стабилност во одбраната, па затоа челниците на клубот решија да реагираат и да го доведат капитенот на Кристал Палас, Марк Геи. Се работи за еден од најбараните дефанзивци во Англија, а Геи треба да ја пополни празнината во дефанзивниот ред која се појави по повредата на Јошко Гвардиол. ...
Македонија е голем аутсајдер против домаќинот Данска, но од таборот на нашата репрезентација најавија дека борбата и желбата за докажување против најдобрите нема да изостане. Македонија е една од најстандардните селекции која е дел од завршниците на континенталниот собир и осми пат по ред ќе биде во елитното друштво, а девети пат вкупно. Во досегашните девет настапи на ЕП, Македонија има одиграно вкупно 40 натпревари, а билансот ѝ е девет ...
Горан Андревски е еден од оние луѓе кои се „заразени“ со спорт, ги бодри македонските репрезентации каде и да се, а ако останел на ветувањето кое си го дал себеси пред шест и пол години, сега немаше да биде во Данска. За среќа, тој ќе биде еден од членовите на Фалангата кои ќе бидат вечерва во Хернинг како поддршка на нашите ракометари. „Омилен спорт ми е фудбалот, па кошарката и ракометот. Сум бил на Евробаскетите во 2011 во Литванија и во ...
Флорентино Перес сака што побрзо да го реши прашањето со новиот тренер на Реал Мадрид откако Чаби Алонсо доби отказ бидејќи веќе по еден натпревар стана јасно дека Алваро Арбелоа не е подготвен за таа задача. Сепак, малкумина можеа да претпостават која ќе биде првата желба на претседателот на Кралевите. Во неделата Реал го загуби првиот трофеј сезонава откако во финалето на шпанскиот Суперкуп беше поразен од Барселона со 3-2 и токму тој ...
Ракометот веќе ја „окупира“ Македонија, впрочем како и секој јануари, затоа што нашата репрезентација е учесник на Европското првенство. Вечерва стартуваат момците на Кирил Лазаров и ќе го имаат најголемото можно искушение, дуелот против еден од домаќините, но и прв фаворит за титулата, селекцијата на Данска. Се разбира, за мечот Данска – Македонија подготвен е ракометен „специјал“, можете да се обложите на голови, седмерци, исклучувања, да ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра против Самсунспор (Турција) во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА, беше одлучено на денешната ждрепка. Според распоредот, првиот меч Шкендија ќе го игра на домашен терен на 19 февруари, а седум дена подоцна, односно на 26 февруари ќе гостува Шкендија за прв пат обезбеди место во групна фаза од едно големо клупско европско натпреварување. во групната фаза, во шесте одиграни меча ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот започнува ново големо поглавје, настап на Европското првенство. Нашата репрезентација има чест на стартот да игра против домаќинот Данска, која е и главен фаворит за златниот медал. Покрај Данска, во групата со Македонија се и Португалија и Романија. Еден од најрелевантните да зборува за македонскиот ракомет, за нашата репрезентација и за европскиот и светски ракомет е Горан ...