Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Одлична есенска полусезона имаше ФК Илинден и е на првото место во општинската лига Гази Баба. Со осум победи и две нерешени, Илинден потврди дека има големи амбиции сезонава. Во пресрет на продолжување на вториот дел од сезоната, вчера од Илинден информираа дека имаат две засилувања во стручниот штаб, а тоа се искусниот Баже Лазаровски и Стево Митровски – Цеко. Лазаровски кој е некогашен тренер на Работнички, а долги години работи во ...
Актуелнот англиски првак Ливерпул уште на половина од сезоната речиси ги загуби сите шанси да го одбрани тронот во Премиер лигата. Ливрпул заостанува дури 14 бодови зад лидерот Арсенал. Последните четири средби Ливерпул ги одигра нерешено, а посебно разочарувачки беше последното реми на „Енфилд роуд“ против Барнли кој многу веројатно е дека ќе испадне од лигата. Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард имаше свое видување и реакции по ...
Вечерва е битката за трофејот на Африканскиот куп на нации. Сенегал или Мароко ќе ја има честа да застане на континенталниот трон во Африка. Мароко е селекцијата која ја има привилегијата да игра на домашен терен затоа што финалето ќе се игра во Рабат на стадионот кој може да собере речиси 70.000 гледачи. За ова специјално финале има и специјална понуда. Брахим Дијаз е творецот на успехот на Мароко и постигнуваше гол на сите досегашни мечеви ...
Со само три освоени бодови во последните четири кола од Премиер лигата, Манчестер сити не може да биде конкурентен во трката за титулата со Арсенал. За среќа на Граѓаните, во ова коло киксираа и Ливерпул и Арсенал, но тренерот Пеп Гвардиола е разочаран од играта која ја покажаа неговите избраници во дербито со градскиот ривал Манчестер јунајтед. На крајот, на „Олд Трафорд“ беше 2:0 за домаќинот, а Гвардиола открива која е причината за поразот ...
Македонската ракометна репрезентација веќе една и пол деценија е дел од ракометниот крем. Нема Европско или Светско првенство а Македонија да не е во елитата. Така е и сега, на континенталниот собир кој се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. Македонија е во пеколна група. најсилната селекција во свет и ко-домаќин на турнирот Данска ја покажа целата своја сила во првото коло и ја победи Македонија со 36:24. Денеска следува дуел против ...
Со 40 години, Никола Митревски е најстариот ракометар на Македонија на ова Европско првенство. Ветеранот многу пати досега се покажал како клучен за успесите на Македонија, па се надеваме дека така ќе биде и денеска. На првиот меч против Данска, Митревски не беше во составот, но се очекува денеска да биде еден од нашите главни адути. Тоа е така, затоа што покрај искуството, Митревски најдобро ги познава португалските ракометари. Голманот ...
Македонија го игра решавачкиот меч на Европското првенство во ракомет, барем ако сака да се надева дека може да продолжи во главната групна фаза. Противник е Португалија која ја има улогата на фаворит. Иако Македонија повеќе од една деценија чека триумф над овој ривал, оптимизмот кај нашите ракоемтари постои. Токму затоа, во Специјалот за овој дуел може да се бараат комбинациите каде се фаворизира Македонија. Интересни се квотите за тоа ...
1009 Астон вила – Евертон (17:30 ч.) Најпријатното изненадување во Премиер лигата е Астон вила тим кој на домашен терен има осум победи во 10 дуели. Евертон е ривал кој знае да изненади, но нема добар биланс до тимот од Бирмингем. Астон вила има седум победи, две реми и само еден пораз од Евертон и јасно е кој ја има улогата на фаворит. Во последните 10 средби Астон вила дури девет пати одигала гол-гол 3+ комбинација, што е најава за ...
Пет екстра возбудливи дуели се дел и од понудата на Бет билдер каде има 10 понудени опции а коефициентите се одлични на сите и се движат од 13 до 25. Реал Сосиедад ја пречекува Барселона, а 15 коефициент ќе биде добитен ако: Барселона победи, Јамал даде гол, Арамбуру добие картон и бидат изведени повеќе од 10,5 корнери. За мечот меѓу Торино и Рома има квота од дури 25, а ќе биде добитна ако: Рома победи, Артем Довбик упати над 1,5 удари во ...
Спектакуларната фан-зона во Хернинг изгледа прекрасно, огромна е, се нуди забава на многу начини, но подобро е таму да одите најадени и напиени. Во фан-зоната во Хернинг која е саемска хала, прилагодена за оваа намена, и залепена за „Јиске Банк боксен“ арената, меѓу другото се нудат ладни и топли напитоци, како и брза храна. Цените се доста високи, повисоки во споредба со цените и во шведски Малме каде исто така се игра една група од ...
Србија го направи првото изненадување на Европското првенство во ракомет откако со 30:27 ја победи Германија. Резултатот беше 25:25, но во завршницата Србите одиграа одлично и заслужено се радуваа на победа. Еден од главните адути кои Србија ги има во своите редови е селекторот Раул Гонзалес. Искусниот шпански стратег одлично ја постави играта и во клучните моменти знаеше што да ги советува своите ракометари. Интересно е дека во еден момент ...
Фудбалот доминира, но може да се најдат и тениски пресметки, како и дуел од Европското ракометно првенство во понудата на Супер тип во Sport Life. Фарски острови да слави над Црна Гора на ЕП во ракомет е со квота од 1.70. Почнаа возбудувањата на Австралија опен каде за победа на Меџедовиќ се дава 1.47 коефициент, а Опелка да слави е со 1.57. Фаворит е и Марчинко каде за победа над Марија се нуди квота од 1.48. Од фудбалот, Брага, Фенербахче ...
Реал Мадрид во само неколку дена остана без два трофеи. Најпрво загуби во финалето на Суперкупот од Барселона со 3:2, а потоа неочекувано беше елиминиран и од Купот на Шпанија, откако со 3:2 загуби од второлигашот Албасете. Овие порази многу ги налутија фановите на Реал кои „на нож“ ги дочекаа своите миленици на вчерашниот дуел против Леванте. Многу навивачи на „Сантијаго Бернабеу“ жестоко реагираа и со свирежи ги „наградија“ своите миленици ...
Пет интересни средби, меу кои е и финалето на Африканскиот куп на нации се дел од Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 43.26. Њукасл да не загуби на гостувањето кај Вулверхемптон во меч на кој ќе има барем по еден гол во двете полвремиња носи квота од 2.05. Штутгарт да слави над Унион Берлин во пресметка на која ќе има најмалку еден погодок во второто ...
Кога Никола Јокиќ се повреди пред еден месец, многумина се уплашија дека играта на Денвер нагетс ќе се распадне. Сепак, тимот од Денвер покажа одличен карактер и тимски дух, покажувајќи дека не зависат само од еден играч, па макар тоа било и Јокиќ. Утрово, Денвер славеше над Вашингтон со 121:115, што е четврта победа по ред, односно шеста во последните седум натпревари. Џамал Мареј со 42 поени беше предводник на Денвер до новата радост. Клеј ...
Денеска е „денот Д“ за македонската репрезентација околу пласманот во втората фаза на ракометното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во Хернинг играат против опасната Португалија, а според квотите во Sport Life, Португалците се огромни фаворити, додека ако уплатите на Македонија и нашите победат, би имале одлична заработка. Победа или реми ќе значи продолжување на надежите за место во ...
Србија го направи првото изненадување на Европското првенство во ракомет откако со 30:27 ја победи Германија во второто коло. Со овој триумф Србија ги зголеми шансите да ја помине групата, а Германија ќе стрепи до последниот момент во дуелот против Шпанија во последното коло. Мечот меѓу Србија и Германија, според многумина беше решен од еден неверојатен момент. Србија водеше со 26:25, а Германија беше во напад. Германците направија одлична ...
Манчестер јунајтед одигра одличен меч и на крајот заслужено стигна до победа од 2:0 против градскиот ривал Сити. Овој меч беше деби за тренерот Мајкл Карик на „Олд Трафорд“. Некогашниот играч на Јунајтед, сега во улога на менаџер не можеше да посака на подобар начин да дебитира пред домашната публика. Црвените ѓаволи имаа многу помал посед на топката, но дадоа два, три погодоци им беа поништени поради офсајд, а два пати ја погодуваа рамката ...
Помошникот тренер на Наполи, Кристијан Стелини, вечерва за италијанските весници ја откри причината за замената на Елиф Елмас на денешниот меч со Сасуоло. Нашиот фудбалер се пожали на главоболка и вртоглавица и беше заменет на стартот на второто полувреме. „Елиф Елмас го напушти теренот чувствувајќи вртоглавица. Веројатно се должеше на симптоми на грип. Не станува збор за повреда“, вели помошник тренерот на Наполи, Стелини. Освен Елмас, ...
Калјари направи изненадување и со 1:0 го победи Јувентус во меч од 21. коло во Серија А. Овој резулат е неочекуван ако се знае дека Калјари е во долниот дел од табелата и се бори за опстанок. За разлика од Калјари, Јувентус на ова гостување дојде со низа од шест победи и едно реми во последните седум меча, но на ова гостување Старата дама едноставно не успеа да се спаси од пораз. Клучниот момент на мечот се случи во 65 минута кога Мацители ...
Србија одигра одличен меч и со 30:27 ја победија Германија во меч од второто коло на Европското првенство. Мечот започна израмнето и така беше се до резултат 8:8. Потоа Германците со серија од 3:0 ја направија првата посериозна предност, а на полувреме заминаа со водство од 17:13. Во второто полувреме Германија го контролираше резултатот до 20:18, а потоа Србите го одиграа најдобриот период од мечот. Со серија од 5:1, Србија поведе со 23:21. ...
Еден од најголемите таленти од младинската школа на Барселона, Педро Фернандес попознат како Дро, ќе биде нов играч на Пари Сен Жермен. Според најавите, 18-годишниот тинејџер веќе се согласил да потпише четири и пол годишен договор со актуелниот европски првак. Францускиот тим го следеше развојот на Дро и успеа да ја искористи незаинтересираноста на Барселона, па договорот на талентот може да биде раскинат со плаќање на само шест милиони ...
Шпанскиот ракометен тренер Раул Гонзалес е еден од омилените на македонската спортска јавност. Тоа е тренерот кој беше творецот на историските успеси на Вардар, беше и селектор на македонската репрезентација, а сега на актуелното Европско првенство е предводник на селекцијата на Србија. Србите загубија во првото коло од Шпанија, а сега водат голема битка со Германија. По првиот дел Германија води со 17:13, а Раул се обидува да ја врати Србија ...
Екипата на Ленс минимално со 1:0 го победи Оксер, триумф кој е историски за нив. Ова е 10-та победа по ред за Ленс, а дури осум од нив се во домашното првенство, што преставува испишување на клупска историја. Капитенот Весли Саид во 65 минута го постигна единствениот гол за голема радост на домашните фанови. Со овие три бода, Ленс повторно се искачи на врвот на табелата со 43 бодови, еден повеќе од актуелниот првак Пари Сен Жермен. Ова е ...
Арсенал второ коло по ред игра без голови во англиското првенство. По ремито во дербито со Ливерпул во минатото коло, вечерва, Топчиите останаа без муниција и на гостувањето кај Нотингем форест. Арсенал постојано напаѓаше, упатија дури 15 шута кон голот на гостите, имаа четири големи шанси, не не погодија ниеднаш. Најзаслужен за тоа е голманот на Нотингем кој бранеше фантастично. Со ова реми, Арсенал стигна до 50 бодови и сега има седум ...
Наполи денеска играше по „нотите“ на Интер. Даде еден гол кој се покажа доволен за победа над Сасуоло. Претходно, Интер со 1:0 се радуваше на триумф кај Удинезе. Нераѕурите имаат 49 бодови, а Наполи кој е третопласиран заостанува шест бодови. Елиф Елмас беше стартер кај Наполи и еден од најзаслужните за постигнатиот гол Се играше седмата минута кога Елмас од средината на теренот тргна во напад. Потоа тој продре во шеснаесетникот, силно ...
Елиф Елмас беше еден од најдобрите во тимот на Наполи во дуелот против Сасуоло, но мораше принудно да биде заменет во 56 минута. Сасуоло беше во напад, топката заврши во гол-аут, а играчите на Наполи се местеа да започнат нов напад. Тогаш Елмас најпрво се фати за колената, клекна, а потоа и легна на теренот. Веднаш интервенираа лекарите, притрчаа и соиграчите, а Елмас додека излегуваше од теренот постојано се држеше за главата, жалејќи се на ...
Репрезентацијата на Хрватска се намачи, но на крајот стигна до победа во првото коло на Европското ракометно првенство, откако со 32:29 славеше над Грузија. Коцкестите беа големи фаворити пред мечот, но Грузијците покажаа дека имаат квалитет и сила да парираат. Грузија одлично го започна мечот и поведе со 3:1, а во еден момент стигнаа и до неочекувани шест погодоци предност (11:5 и 12:6). Тоа како да беше знак Хрватска да заигра многу ...
Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на Африканскиот куп на нации, откако по голема битка и по подобро изведување на пенали го победи Египет. Во регуларниот дел мечот заврши без голови, па победникот мораше да се решава со пенал-рулет. Почетокот на пеналите не беше добар за Нигерија затоа што промаши Деле-Баширу, но потоа се случи дебакл за најголемите ѕвезди на Египет. Најпрво Мохамед Салах промаши во првата серија, а потоа ...
Во Данска вест и преокупација број 1 е ситуацијата со нивниот огромен остров Гренланд за кој постои опасност да биде преземен или откупен од САД. На телевизиите тоа е главно, се следат сите вести на оваа тема која ги загрижува Данците. Денеска во многу градови низ Данска, па и во оние во кои се сместени македонските фанови, имаше мирни протести во кои жители на Гренланд бараа да останат газди на својата земја. Имаше и македонски навивачи кои ...