Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има поддршка од околу 1.000 навивачи на можеби најважниот натпревар за пласман на Светското првенство, против Белгија во Гент. Билетите за гостинските навивачи веќе се продадени, но од ФФМ ги информираат сите кои веќе имаат купено билет како да се регистрираат во системот за да може непречено да влезат на стадион. „Драги навивачи на македонската репрезентација. Сите кои купивте ваучери за билет за ...
Александер Зверев е последен во низата на фаворити кои го завршија својот настап на АТп турнирот во Шангај. Германскиот тенисер беше фаворит во дуелот против Артур Риндеркнеш и го доби првиот сет со 6:4, па делуваше дека лесно ќе оди во следното коло. Сепак, Риндеркнеш не се предаде и ги доби следните два сета со 6:3, 6:2 за да го комплетира изненадувањето и да го елиминира третиот играч во светот според АТП листата. Record breaking season 💪 ...
Челзи го доби дербито против Ливерпул (2-1) со гол во 95-тата минута, но веднаш следуваше црвен картон за тренерот на Сините, Енцо Мареска. Тој веќе имаше жолт картон, па заработи и втор поради бурната прослава на голот. Црвениот картон автомаски значеше дека нема да има можност да им се обрати на новинарите на прес-конференција, правило кое важи во Англија за исклучените тренери. „Ми се допадна поставата на Челзи, ми се допадна како постојано ...
Флоријан Вирц дојде како огромно засилување на „Енфилд“ ова лето, но новата епизода во неговата кариера не почна најдобро. Тој никако не може да се вклопи во играта на Ливерпул и е далеку од игрите што ги прикажуваше во Баер Леверкузен и во германската репрезентација. Критиките веќе почнаа да стигнуваат на негова адреса и британските медиуми тврдат дека веќе е несреќен по неколку месеци во тимот на Ливерпул. Ливерпул за Германецот плати 116 ...
Македонската репрезентација до 19 години на 9 и на 12 октомври против Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари. Селекторот на нашите надежи до 19 години, Ерхан Селими, за пријателските натпревари во Даниловград и Подгорица ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Павел Трајковски (Партизан, Србија); Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена ѕвезда, Србија), Давид ...
Легендарниот фудбалер, а сега функционер на Партизан, Црногорецот Предраг Мијатовиќ, даде интервју во емисијата „Агапе“ на телевизијата „Инсајдер“ и откри некои непознати детали од периодот кога бил на врвот на својата слава, а за својата сегашна улога, резимираше дека се согласил да дојде во спасувачката мисија и посакува Партизан да го врати во Лигата на шампионите. „Тоа беше моја обврска, во смисла дека Партизан ме направи фудбалер ...
Македонскиот првак Шкендија се врати од Мадрид, каде што играше против шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано и загуби со 2-0 во првиот меч од групите во Конференциската лига. Тимот на Јетон Беќири нема многу време за одмор затоа што мора да ги одработи и домашните обврски. Шкендија денеска ја очекува гостување во Битола и дуел со Пелистер во деветтото коло од Првата фудбалска лига. „Во овој меч со Пелистер влегуваме по многу тежок натпревар против ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски би можело да добие вистинска легенда на Премиер лигата за нов тренер во Глазгов ренџерс. Шкотскиот гигант официјално се раздели со менаџерот Расел Мартин и неговиот стручен тим, со образложение дека „резултатите не ги оправдуваат очекувањата“. Англичанецот го водеше Ренџерс на 17 натпревари, но од почетокот на сезоната забележа само една победа. По вчерашното реми со Фалкирк (1-1), каде што Бојан ...
Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Родри, кој беше заменет по само 20-на минути игра на натпреварот против Брентфорд, изјави дека повредата не е сериозна и се надева дека ќе биде достапен за следниот меч во Премиер лигата против Евертон. Инаку, минатогодишниот носител на „Златната топка“ често се соочува со мускулни проблеми од почетокот на сезоната, откако го пропушти речиси целиот минат шампионат поради тешка повреда на коленото. „Се ...
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во стандардната база, хотелот „Хилтон“ во Скопје, каде веќе се одржа прозивката во пресрет на претстојните квалификациски натпревари против Белгија на 10 октомври во Гент и три дена подоцна против Казахстан во Скопје. Селекторот Милевски ги пречека своите избраници во ведра и позитивна атмосфера, а за попладне е закажан и првиот тренинг. Што се однесува до тимот, тој е речиси ...
З.В. од Струмица ја надополни нашата среќна низа ВЛТ добитници. На 30.09.2025 тој ја освои најпосакуваната добивка. СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот во вредност од 7.291.946 денари. Неговата среќна игра е 40 Супер хот. СУПЕР МИЛИОНЕР џекпотот е освоен на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Спорт-Лаиф Треид во Струмица. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и ...
Натпреварот од Третата лига – Север меѓу Фортуна и Пчиња, кој се играше вчера во Сингелиќ, беше прекинат во 75-тата минута при нерешен резултат 1-1 поради насилни инциденти. Играчите на Пчиња одбија да продолжат со играта по бруталниот напад од страна на домаќините. Според клубот, тензиите ескалирале кога домашните навивачи започнале со вербални навреди кон нивните поддржувачи, главно роднини на фудбалерите, а потоа нападот преминал во физичко ...
Берат Јашари триумфира на третиот турнир од предвидените четири за државното првенство на Македонија и со тоа стекна недостижна предност на табелата, обезбедувајќи ја својата петта титула во низа. Од Снукер федерацијата на Македонија информираа дека викендот започнал со изненадување, каде што младинскиот шампион Теодор Величковски извојувал победа над Јашари во групната фаза, по што Берат морал да игра многу пофокусирано и да ја елиминира ...
3191 Сараево – Зрињски (18.00 часот) Ова е дерби во лигата на Босна и Херцеговина, иако сезонава Сараево не ги бележи резултатите кои ги посакува и од девет меча има собрано само 10 бода, па мораше и да го смени тренерот Мусемиќ. Ова е на некој начин и „македонско дерби“, членови на Сараево се Стефан Ристовски и Елези, а во тимот од Мостар е Дарко Велковски. Зрињски, кој игра и во Конференциската лига на УЕФА, во досегашните осум лигашки средби ...
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија информираше дека одлуката донесена во 51-та минута од натпреварот меѓу Вардар и Струга Трим Лум, одигран во рамките на деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига, е исправна. По преглед на видео снимката, беше потврдено дека по центашутот на Маневски, одбранбен играч на Струга Трим Лум, Илиевски играл со рака во сопствениот казнен простор, по што главниот судија со помош на ВАР ...
Во фудбалското првенство на Црна Гора во моментов има една бизарна ситуација, по 11 одиграни натпревари, првопласиран тим на табелата е Дечиќ, кој има 20 бода и, верувале или не, негативна гол-разлика од 15 постигнати и 16 примени голови. Многумина што ја погледнале табелата веројатно се прашуваат дали е грешка, но не е, актуелниот лидер навистина е во таква позиција. Дечиќ има 6 победи, три порази и две ремија, а прими 16 гола. Дечиќ славеше ...
Вкупна квота од 49.31 се нуди во денешните пет предлози на Sport Life во стандардната секојдневна рубрика Квоти на денот. За почеток, тука е квота од 1.95 дека на средбата Сараево – Зрињски ќе има победник и притоа дека на мечот ќе паднат барем два гола. Комбинација двојна шанса 1Х и 1+ гол во прво полувреме за мечот на Ботошани и УТА Арад носи квота од 2.10. Примамлива квота од 2.35 се нуди за 1-2 гола во прво полувреме и 3+ голови на целиот ...
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја коментираше веста дека станал најбрзиот тренер во историјата на Премиер лигата што стигнал до 250 победи. Граѓаните вчера го победија Брентфорд со 1-0, и тоа беше 349-ти натпревар во Премиер лигата за Гвардиола, со што го сруши рекордот на легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој до победата број 250 дојде после 404 свои натпревари во англиското првенство. Потоа ...
Осум фудбали и осум парови од други спортови (тенис, хокеј и кошарка) ја сочинуваат денешната Супер тип понуда на Sport Life, каде има зголемени квоти кои може да се искористат како џокери за зголемување на можната добивка на тикетите улатени во најдобрата обложувалница во Македонија. Тоа што во понудата нема само фудбал, не е хендикеп, туку може да биде и предност за играчите, бидејќи за другите спортови зголемени квоти има само за конечен тип ...
Вчера во португалското првенство се случи нешто необично, не успеа да победи ниту еден од трите најдобри тимови Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон. Додуша Порто и Бенфика играа меѓусебе, средбата заврши нерешено без голови, па двата тима останаа непоразени после осум кола. Тој резултат му одговараше на Спортинг, но Лавовите од Лисабон дома против Брага одиграа само 1-1 и тоа гостите изедначија од пенал во 97-ма минута. Така Спортинг не успеа да ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, изјави дека Кристијан Пулишиќ ќе ја задржи својата улога како главен изведувач на пенали во тимот, и покрај тоа што синоќа утна од пенал во дербито против Јувентус. Милан ремизираше 0-0 против Старата дама во натпревар во кој Пулишиќ промаши од белата точка, и тоа беше прв пат во неговата кариера да не постигне гол против Јувентус. „Пулишиќ отсекогаш бил изведувач на пенали. Тоа не се менува поради една ...
Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс остана без тренер, откако вечерва отказ доби Расел Мартин. Заминувањето на Мартин е поради серијата слаби резултати што ги има клубот, а кулминацијата беше со денешното реми против Фалкрик на гости. Интересно е дека на дуелот против Фалкрик, голот за водство на Ренџерс беше дело на македонскиот голгетер Бојан Миовски и може да го погледнете ТУКА. Иако Ренџерс водеше, Фалкрик успеа да се врати во игра и во ...
Јувентус останува само една од двете непоразени екипи во италијанската Серија А. Старата дама на свој терен одигра без голови против големиот ривал Милан. Гостите може да жалат што не победија, затоа што во вториот дел беше досуден пенал за Росонерите, но Пулишиќ промаши. Шутираше високо над голот. Јувентус сега има 12 бодови (три победи и три нерешени без пораз), а тренерот Игор Тудор може да се каже дека е задоволен. „Ова беше меч баш каков ...
Селта Виго и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во последниот меч од осмото коло на шпанското првенство. Гостите кои беа фаворити за победа, поведоа со автоголот на Стерфелт уште во шестата минута. Пред крајот на првото полувреме Ленгле доби црвен картон (втор жолт), па Атлетико остана со играч помалку. Селта Виго се мачеше да израмни, а откако во игра влезе Јаго Аспас во 63 минута, работите се сменија. Искусниот 38-годишен докажан голгетер по само пет ...
Јувентус и Милан одиграа без голови во дербито на шестото коло во италијанската Серија А. По ова реми позадоволни може да бидат домаќинот Јувентус затоа што Милан имаше повеќе шанси за погодок, а најдобрата Росонерите ја пропуштија во 53 минута кога Кристија Пулишиќ промаши пенал. Фудбалерот на гостите шутираше високо над голот, за голема радост на домашните навивачи. По ова коло Милан сега има 13 бодови и е на третото место на табелата, додека ...
Хари Мегваер во 2019 година се пресели од Лестер во Манчестер јунајтед за 80 милиони фунти и се уште важи за најскапиот англиски дефанзивец. Договорот му истекуваше минатото лето, но раководството на „црвените ѓаволи“ ја искористи клаузулата и автоматски му го продолжи за уште една сезона. Сепак, интерес за него има од два клуба од Саудиска Арабија, Ал-Наср и Ал-Етифак, а Мегваер на зима ќе може слободно да преговара со други клубови. Со оглед ...
Екипите на Лил и Пари Сен Жермен ремизираа 1:1 во меч од седмото коло на француското првенство. И со ова реми ПСЖ останува прв на табелата со 16 бодови, еден повеќе од Олимпик Марсеј, Стразбур и Лион. Лил сега има 11 бодови и е на седмото место на табелата. Во првото полувреме немаше голови, а ПСЖ прв се израдува во вториот дел. Беше досуден слободен удар од околу 30 метри за Светците. Нуњо Мендеш реши да го изведе овој прекин, а домашниот ...
Пеп Гвардиола по многу нешта е уникатен тренер. Стратегот на Манчестер сити денеска го предводеше својот тим до победа од 1:0 на гостувањето кај Брентфорд, триумф што имаше посебно значење за шпанскиот стратег. За Гвардиола ова беше 250 победа во Премиер лигата како тренер и тоа во рекордно време. На Шпанецот му беа потребни 359 мечеви како предводник на Сити за да стигне до 250 победи. Тоа е дури 55 меча помалку од досегашниот рекорд што го ...
Мануел Нојер во 2011 година пристигна во Баерн Минхен од Шалке за 30 милиони евра и за овие 14 години стана вистинска легенда на „баварците“, настапувајќи на 569 натпревари, а освои 12 трофеи од Бундеслигата, но и два од Лигата на шампионите. 39-годишниот голман неодамна го продолжи договорот со Баерн Минхен, а многумина сметаа дека ова ќе биде последната сезона во неговата професионална кариера. Сепак, Нојер не размислува така, а неговиот план ...
Хари Кејн е незадржлив во германската Бундеслига и го предводи Баерн Минхен да реди само победи. Англискиот голгетер кој има 32 години е на фудбалер кој го посакуваат многу клубови, но ретко кој може да си дозволи да го купи. Секако дека едни од оние кои имаат доволно пари да го купат Кејн се екипите од Саудиска Арабија. Германскиот „Билд“ информира дека екипата на Ал Хилал е подготвен на Кејн да му плаќа по 100 милиони евра годишно и да потпише ...