Падна првата тренерска жртва оваа сезона во шпанската Ла Лига, Реал Овиедо реши да се раздели со Вељко Пауновиќ. Србинот роден во Струмица, имаше договор до крајот на сезонава. Тој успеа да го врати Овиедо во елитата после пауза од 25 години, но тој историски успех како да не беше доволно почитуван од раководството. Во моментов Овиедо има 6 бода од осум меча (две победи и шест порази) што и не толку лошо. Од овие осум меча, два им беа против ...

Аргентинскиот фудбал претрпе голема загуба, почина главниот тренер на Бока јуниорс, Мигел Анхел Русо. Русо имаше 69 години. Тој осум години водеше битка со ракот на простатата, но тоа не го спречи да работи до септември годинава, кога состојбата му се влоши и беше хоспитализиран со инфекција на уринарниот тракт. „До самиот крај, тој остана верен на својата страст – фудбалот. Дури и додека беше во болница, тој продолжи да ги следи сите настани и ...

6769 Кипар – Босна и Херцеговина (20:45) Репрезентацијата на Босна и Херцеговина имаше одличен старт на квалификациите и забележа четири победи по ред, но потоа загуби од Австрија на домашен терен. Сега ако сакаат да останат во трка за првото место, не смее да си дозволат кикс на гостувањето кај Кипар, селекција која нема победа на последните пет натпревари, а на последните 10 победи само двапати. Предлог тип: Х2&1+I1+II (2.40) 6905 ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, верува дека Португалија ќе биде еден од кандидатите за освојување на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. „Ако го погледнете составот на Португалија, ќе видите дека има играчи од најголемите португалски клубови и од водечките европски клубови. Португалија секогаш е меѓу фаворитите, но никогаш не го достигна врвот. Бевме блиску во 1966 и 2006, кога стигнавме до ...

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, остана без тренер во Глазгов ренџерс откако од клубот одлучија да го отпуштат Расел Мартин во неделата по ремито (1-1) против Фалкирк. Неколку имиња се споменуваа како кандидати за испразнетото тренерско столче во Ренџерс, но во преден план е англиската легенда, Стивен Џерард, но и Хрватот Славен Билиќ. Според медиумите на Островот, Џерард денес ќе седне со раководството на клубот од Шкотска на ...

Пет натпревари од европските квалификации за пласман на Светското првенство се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 40.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.30. На мечот помеѓу Финска и Литванија се очекува да има голови, а за да биде добитна квотата од 2.15, потребно е да ги има помеѓу еден и три и во првото и во второто полувреме. Понудената квота од 1.95 за мечот Кипар – ...

Бразилскиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Винисиус, со ноќна објава на социјалните мрежи јавно ѝ се извини на својата девојка Вирџија, а дел од фановите со шеги го дочекаа написот. „Сите минуваме низ моменти што нè тераат да размислиме и да пораснеме. Неодамна доживеав ситуација што ме натера да се преиспитам и да препознаам однесувања кои не го претставуваат човекот што сакам да бидам, ниту видот на односи што сакам да ги градaм. ...

Натпревари од пет различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Најбројни се фудбалот и кошарката, со по четири натпревари, следуваат хокејот и тенисот со по три, а два меча се од ракометот. Понудата ја отвораат трите тениски натпревари, а првиот од нив започнува веќе во 11:30 часот. Тоа значи дека треба добро да размислите кој меч ќе го одберете и да ги посетите уплатните места на Sport Life што е можно ...

Репрезентациите на Србија и Албанија во сабота во Лесковац ќе го одиграат одлучувачкиот натпревар за пласман на втората позиција во групата и место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „Србија има само неколку квалитетни фудбалери. Ние имаме добар тим, кој може да се носи со секој противник. Верувам дека можеме до позитивен резултат во Србија, ако го имаме во предвид квалитетот со кој располагаат. Од спортски ...

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, периодов е активен и учествува на низа семинари, чија цел е промоција и зацврстување на позицијата на фудбалот во Европа. Новинарите имаат многу прашања за него, но едно од нив беше и кој е фаворитот на претседателот на УЕФА за најдобар фудбалер во моментов. Одговорот на Чеферин ги изненади сите. „Нуно Мендеш во моментов е најдобриот фудбалер на светот. Тој е фантастичен, но неговата позиција не е ...

Репрезентацијата на Египет предводена од Мохамед Салах по пауза од осум години се враќа на Светските првенства. „Фараоните“ со убедливи 0-3 славеа над Џибути и сега на едно коло до крајот на африканските квалификации има предност од пет поени во однос на Буркина Фаса. За Египет ова ќе биде четврто учество на Мундијалите, откако играа во 1934, 1990 и 2018 година. До сега се познати вкупно 19 репрезентации кои ќе играат на Светското првенство во ...

Рубен Аморим нема да биде отпуштен од Манчестер Јунајтед. Ова го потврди еден од сопствениците на клубот, Сер Џим Ратклиф. Без оглед на лошите резултати, португалскиот тренер ќе остане на чело на екипата. Интересно е дека Аморим минатата сезона беше дочекан како спасител на клубот, но и по неговото преземање на кормилото, екипата реди разочарувачки резултати. И покрај ова, газдата на тимот од „Театар на соништата“ нема намера да го менува ...

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ФИФА) официјално ја потврди промената на машкиот меѓународен календар за периодот од 2026 до 2030 година. Најважната иновација се однесува на спојувањето на септемвриските и октомвриските периоди на националните тимови во еден продолжен период, што го намалува бројот на прекини на клупските натпреварувања во рана есен. Според сегашниот систем, националните тимови се собираа во почетокот на септември и ...

Нејмар е еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, но Бразилецот веќе подолг период го нема во листата на најдобрите. Поради честите повреди, потоа желбата за ноќни излегувања и забави, Нејмар многу падна во формата и е само бледа сенка од тоа што беше во неговите „златни години“, додека играше за Барселона и Пари Сен Жермен. Нејмар моментално е дел од тимот на Сантос во родниот Бразил, но веќе подолг период е надвор од теренот поради ...

Фудбалските репрезентации на Англија и Велс утре ќе одиграат пријателски натпревар за да ја подигнат свеста за Алцхајмеровата болест. Во второто полувреме од натпреварот, играчите од двата тима ќе истрчаат на теренот со дресови на кои ќе ги нема напишано нивните презимиња на задната страна и тоа симболично ќе биде истакнувајќи го губењето на меморијата, еден од најчестите симптоми на сериозната болест. Иницијативата е дел од партнерството помеѓу ...

Денеска во Струмица и Турново се одиграа првите мечеви од квалификацискиот турнир за ЕП за селекции до 17 години. Македонските таленти одиграа 2:2 на дуелот против Унгарија на стадионот „Младост“ во Струмица, додека Чешка го понижи Гибралтар и славеше со 13:0 на стадионот во Турново. Тоа што беше специфично за мечот во Турново е дека младинците на Чешка едноставно немаа милост против врсниците од Гибралар и на полувреме водеа со неверојатни ...

Зелено’ртските Острови ја пропуштија својата прва шанса да обезбедат место на завршицата на Светското првенство, откако одиграа 3:3 на гости против Либија, во дуел од африканските квалификации за Мундијалот. Натпреварот го обележа комичен втор гол на гостите, но и катастрофалната грешка на помошникот судија и тоа во последните момент од мечот, што на крајот може да значи Зелено’ртските Острови да не се пласира на Мундијалот. Шоуто на голови ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртото коло од групната фаза во Лига на шампиони. Битолчани немаа сили да парираат на гостувањето кај Висла Плоцк и загубија убедливо со 36:25. Пелистер играше одлично во почетните 15-тина минути, па дури имаше и водство од 9:8. Потоа следуваше серија од 3:0 за Висла, а Пелистер држеше ритам до 11:10. Полјаците поведоа со 14:10 и предноста од четири гола ја задржаа и ...

Фудбалскиот клуб на Пелистер од денеска и официјално има нов тренер, откако Милан Стојановски ја доби довербата да биде нов шеф на стручниот штаб во Зелено-белиот табор. Поради слабите резултати, битолчани се разделија со Димитар Капиновски, а во некогашниот македонски репрезентативец Стојановски се најде решението за враќање на Пелистер на победнички патеки. Стојановски кој има 26 настапи во репрезентативниот дрес на Македонија, како тренер ...

Португалецот Сержо Консеисао и официјално стави потпис на својот двегодишен договор со саудиски Ал-Итихад, клуб во кој прва ѕвезда е Карим Бензема. Консеисао кој следниот месец ќе наполни 51 години, беше без работа откако на крајот од минатата сезона си замина од Милан. Во клубот од Џеда, тој повторно ќе се сретне со Данило, кого го тренираше и во Порто, а го поззнава и Роџер Фернандес од времето кога беше во Брага. Сепак главни ѕвезди се ...

Македонците кои деновиве ќе бидат во Гент за да им дадат поддршка на нашите фудбалски репрезентативци кои се борат за историски прв пласман на Светско првенство ќе се изнагледаат велосипеди. Гент, кој е трет град по големина во Белгија, ги има најдолгите велосипедски патеки во Европа во вкупна должина од околу 500 километри и велосипедите се негов заштитен знак. Каде и да се свртите, има велосипеди, и на централниот плоштад, и по паркови, ...

Европската ракометна федерација ги објави судиите што ќе делат правда на Европското првенство кое во јануари 2026 ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, а на листата има два пара македонски судии што е историски момент за македонскиот ракомет. Номинирани се незаобиколните Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои се најдобриот судиски тандем во светот, а Македонија ќе ја претставуваат и Димитар Митревски и Благојче Тодоровски а кои ќе биде деби на ...

Фудбалската федерација на Белгија ги повика сите свои навивачи кои ќе му дадат поддршка на нивниот национален тим на дуелот со Македонија в петок од 20.45 часот во Гент да бидат облечени во црвено. И на македонското знаме доминира црвената боја, па и Фалангата ќе биде доминантно во црвено, а и стадионот од надвор ќе свети црвено, па средбата која може да биде клучна околу пласманот на СП 2026, ќе се игра во убава атмосфера и црвенило на сите ...

Кошаркарските клубови Партизан и Црвена звезда ќе мора да бараат нови сали за играње евролигашки мечеви во текот на јануари бидејќи тогаш „Штарк aрената“ во Белград ќе биде зафатена поради Европското првенство во ватерполо. Од Партизан денеска потврдија дека постигнале договор натпреварот закажан за 14 јануари против Олимпијакос да се игра во главниот град на Австрија, Виена. „На денешниот состанок со г-динот Питер Хакер, градски секретар за ...

Околу 1.000 македонски навивачи се очекува да бидат на трибините на стадионот во Гент каде в петок вечер Македонија игра со Белгија клучен меч од квалификациите за СП 2026, а некои веќе почнаа да пристигнуваат. Фудбалерите доцна попладнево треба да пристигнат во Белгија, а нивна претходница се фанови кои веќе се во Гент. Информациите се дека има 30-тина наши навивачи во Гент, и до вечерва се очекува да дојдат уште, со летови од Тирана. Задутре ...

По секој неуспех на Манчестер јунајтед се појавуваат шпекулации за смена на Рубен Аморим, а притисокот кон Португалецот се зголеми по објавените информации дека дел од фудбалерите на Црвените ѓаволи веќе ја изгубиле довербата во тактиката на тренерот. Од таа причина бил организиран состанок помеѓу раководството на клубот и фудбалерите, на кој се разговарало за состојбата, резултатите, но и за тренерот. Информациите до кои дошле од „ESPN“ говорат ...

Македонската фудбалска А репрезентација попладнево патува за Гент, каде што в петок ќе се соочиме со Белгија во натпревар од квалификациите за СП 2026. Нашиот најдобар национален тим одработи мини подготовки во Скопје. Дефанзивецот на белгиски Сент Труден, Висар Муслиу, смета дека може да се спротивставиме на силниот противник и сериозно да конкурираме за првите две места на табелата за пласман на Мундијалот следната година. „Натпреварот е ...

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години, со реми од 2-2 против Унгарија го почна турнирот во Струмица од претквалификациите за ЕП. Тимот на селекторот Влатко Колев двапати беше во негатива 0-1 и 1-2, но со голови на Стојковски и Џангаровски, двапати успевавме да изедначиме. Покрај Македонија и Унгарија, на овој турнир учествуваат и Чешка и Гибралтар (Чесите го растурија Гибралтар со 13-0), а во елитната фаза квалификации ...

Во Барселона размислуваат за иднината, но не сакаат да брзаат, барем кога се работи за продолжување на договорот на Роберт Левандовски или ангажирање на нов напаѓач. „Нема да разговараме за продолжување во октомври. Одиме чекор по чекор. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во последниве години, од врвна класа. Многу ни помогна. Постигнува по повеќе од 40 гола, но тоа ќе го анализираме подоцна. Сега е најважно повредените фудбалери да се вратат“, ...

Медиумите во Велика Британија се преполни со написи за заминувањето на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед. Според нив, раководството на Црвените ѓаволи веќе постигнало договор со Ал-Хилал за продажбата на Португалецот, а трансферот треба да се реализира следното лето. Манчестер јунајтед за продажбата на Бруно Фернандеш треба да добие 115 милиони евра, а планот на раководството е со тие пари да ангажира две нови засилувања. Во британските ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.39
92%
1016
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1006
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
45%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Платина

52952.77

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Калај

40.48

Злато

135056.24

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91

Цинк

3.23