Шкендија Арачиново го победи Тетекс во Тетово со 2-1 и барем до вечерва новиот второлигаш од селото крај Скопје ќе биде лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига. Шкендија има 20 бодови после осум кола, а Брегалница Штип има 17 бода, и од 18 часот игра дома со Скопје кој е четвртопласиран. Третопласираната Беласица беше поразена во Кочани од Осогово со 1-3 и струмичани за кои ова е втор пораз по ред, малку го губат чекорот со ...

Легендарниот англиски фудбалер и еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам, објави фотографија на Инстаграм на која позира со двајцата пензионирани НБА центри Јао Минг и Шекил О’Нил, а тука е и актерот Џеки Чен. Фотографијата брзо стана вирална поради разликата во висината. Бекам е висок 183 сантриметри, но се губи покрај О’Нил (216 см) и Кинезот Минг (229 см). Најнизок во ова друштво е Чен кој е висок 174 сантиметри. Друштвото се ...

Навивачите на Штутгарт имаат прилика да уживаат на реновираниот стадион, дури можат и да го гледаат натпреварот од тоалетот. Писоари со поглед на теренот во машкиот тоалет е атракција на реновираната „Мерцедес-Бенц Арена“ во Штутгарт. Има фантастичен поглед и нема ништо да пропуштите од мечот додека сте таму. Во женските тоалети, поглед на теренот е можен само додека ги миете рацете. pic.twitter.com/4gOdJMD18o — . (@998877sb) September 28, 2025 ...

Фудбалската селекција на Македонија за играчи до 17 години беше поразена од Чешка со 0-2 во второто коло на турнирот во Струмица од првата фаза квалификации за ЕП. Чесите двата гола ги постигнаа после корнери, Сега Чешка има 6 бода, Унгарија 4, Македонија еден, а понатаму одат првите два. Во третото решевачко коло Македонија игра со слабиот Гибралтар, а освен убедлива победа, ќе ни треба и триумф на Чешка против Унгарија со која одигравме ...

Интер Мајами ја разгледува можноста за потпишување на договор со Нејмар во текот на следниот преоден рок и повторно обединување на Бразилецот со Лионел Меси и Луис Суарез со кои играше заедно во Барселона и ја освоија Лигата на шампионите во 2015 година. Американскиот клуб има можност да го доведе Нејмар кога неговиот шестмесечен договор со Сантос ќе истече во декември. Нејмар со Меси и Суарез, помеѓу 2014 и 2017 година играа заедно во Барса и ...

Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда официјално објави дека нов тренер на тимот е Саша Обрадовиќ, некогашниот играч и тренер на Црвено-белите. Обрадовиќ голем дел од кариерата како играч мина токму во Црвена ѕвезда, за која играше во три наврати, а за време на пандемијата на ковид-19 во 2020 година беше и тренер на Црвено-белите. Претходен клуб му беше Монако со кој прв пат во историјата влезе во плеј-офот на Евролигата, а во сезоната 2022/23 ...

Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, нема да игра на гостувањето кај Исланд откако доби удар во глуждот на синоќешниот меч со Азербејџан и не можеше да го доигра натпреварот. Ѕвездата на Реал Мадрид веќе е во Шпанија и таму му беа направени тестови. Резултатите донесоа олеснување за него и за Кралскиот клуб, повредата на Мбапе не е сериозна. Тој ќе треба да одмора неколку дена. Популарниот Кики ќе тренира нормално ...

Изразот „нема што нема“ ја отсликува и денешната Специјална понуда на Sport Life со огромен број на игри за обложување за натпреварот помеѓу Србија и Албанија од квалификациите за Светското првенство во фудбал. Имате на располагање безброј опции на нестандардни игри. Во Специјалот може да најдете квоти за стрелци (прв стрелец, стрелец во тек на мечот, хет-трик) и комбинација од победник со стрелец во тек на мечот. Тука се и бројните игри ...

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше како октопод, ги одбрани сите шутеви кон неговиот гол на гостувањето кај Белгија, а имаше и тешки шутеви за бранење, но покажа дека е врвен чувар на мрежа, нешто што не сака да го види тренерот на неговата Валенсија. После ѕверската партија против Белгија, Столе имаше разговор со белгискиот голман Тибо Куртоа, но не го размени дресот со него, туку отиде кај трибината каде што беше Фалангата и им го ...

Бет билдер понудата на Sport Life за денеска е составена од осум комбинации за натпреварот помеѓу репрезентациите на Србија и Албанија од квалификациите за СП 2026. За балканското дерби кое ќе се игра во Лесковац, може да одберете некоја од осумте набилдани комбинации со по четири услови и квоти од 10.0 до 35.0. Има билдери кои ја фаворизираат Србија, други ја фаворизираат Албанија, а има и неутрални во кои се бараат двата тима да дадат гол и ...

Кошаркарскиот клуб Цибона утрово официјално потврди дека нема да игра во АБА 2 лигата во сезоната 2025/26. Одлуката била донесена на состанок на Собранието на клубот. Цибона во првото коло од новата сезона во регионалната таканаречена втора јадранска лига, задутре во Загреб требаше да игра против скопски ТФТ. Од клубот објаснија дека одлуката е донесена по детална и сеопфатна анализа на спортските, организациските и финансиските околности. ...

Победата над Казахстан в понеделник вечер на Националната арена во Скопје е задолжителна за македонската фудбалска репрезентација, и основен услов да се остане на патот кон Светското првенство. Македонија ќе биде фаворит на тој меч и тоа ќе биде добра прилика да им се даде силна поддршка на избраниците на Благоја Милевски, и како ретко кога во минатото, да се наполни стадионот против ривал кој не е од европскиот крем. На стадион не треба да се ...

6727 Норвешка – Израел (18.00 часот) Норвежаните се перфектни после пет меча, имаат 15 бодови, и ако го добијат и мечот со Израел, полека може да почнат со прослава на пласман на СП бидејќи е неверојатно да загубат дома од Естонија во следното коло и плус потоа да загубат со десетина голови разлика против Италија. Израел се бори со Италија за второто место, а првиот меѓусебен дуел во март заврши 4-2 за Викинзите. Норвешка дома повеќе од две ...

Случувањата на натпреварот Белгија – Македонија во Гент, со голем интерес се следеа и во Велс каде истотака се задоволни од конечниот исход. Сега пораснаа шансите на Велс да биде прв во групата, со оглед на тоа дека до крајот на квалификациите за СП 2026 треба да играат клучни мечеви на свој терен со Белгија и Македонија, и тоа го гледаат како шанса да освојат максимален број бодови до крајот, со кои би завршиле како први. Велшаните се запалија ...

Вкупен коефициент од 36.57 ќе добиете ако ги уплатите на ист тикет петте квоти на денот кои ги нуди Sport Life. Првиот предлог е со најголема квота од 2.30 и тоа за играта дека Летонија нема да загуби дома од Андора и притоа во второто полувреме да има повеќе голови отколку во прво. Потоа имате убава квота од 2.15 да одиграте дека Болтон ќе даде гол во прво полувреме, и ќе постигне 2 или повеќе голови на крајот на гостувањето кај Бартон. Ако ...

Славниот германски голман Мануел Нојер (39), сподели фотографии на својот Инстаграм профил на кој тој е во хрватскиот град Сплит со легендите на Шалке и неговите поранешни соиграчи Иван Ракитиќ, Џералд Асамоа, и неговиот кум Тони Тапаловиќ кој е екс голман, а актуелен помошник тренер во Барселона. На една од фотографиите на квартетот, тие држат дресови од клуб Хајдук Сплит, во кој Ракитиќ работи како технички директор. Нојер често ги поминува ...

Фудбаллот доминира во денешната привлечна Супер тип понуда на Sport Life, а има и тениски и хокеарски мечеви како зачин за пошаренолик изглед. Инаку за најголем дел од мечевите во Супер типот, зголемените квоти за конечен тип се помали од 2.00, и има неколку сигурици кои може да се искористат за подобрување на потенцијалната добивка. Првиот меч во понудата е Гоф – Паолини кој почнува веќе во 11.05 часот, па ако верувате во триумф на ...

Белгиските фудбалери беа разочарани што не успеаја да постигнат гол против цврстиот македонски одбранбен бедем, а некои од најзрелите шанси за Црвените ѓаволи ги имаше Жереми Доку. Крилото на Манчестер сити си ја пробуваше среќата 90 минути со дриблинзи и трчање по левата страна. „Фрустрирани сме затоа што не ги искористивме нашите многубројни шанси. Мислев дека ќе постигнеме гол, но на крајот, тоа не се случи. Можеби ни недостасуваше малку ...

Килијан Мбапе е во неверојатна голгетерска серија, синоќа погоди и против Азербејџан, што му беше десетти официјален натпревар по ред на кој дава гол. Но, во финишот го напушти теренот со болки во глуждот во ногата, проблем кој го влече од дуелот на Реал Мадрид против Вилјареал. Мбапе ризикуваше, сакаше да игра против Азербејџан, но сега ногата му е во полоша состојба отколку пред да се приклучи на националниот тим. Тој замина во Мадрид и нема ...

Големиот бод од гостувањето кај Белгија, не ги подобри значително шансите на македонската репрезентација да го освои првото место во квалификациската група и директно да се пласира на СП 2026. Симулациите на „ФМД“ покажуваат дека Македонија на крајот на квалификациите ќе биде трета, иако во моментов е првопласирана во групата. Ни се даваат 67,8 отсто шанси да бидеме трети, а само 6,8 проценти дека директно ќе одиме на СП. Шансите за втора ...

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, не го криеше разочарувањето по ремито (0-0) со Македонија во Гент, но остана оптимистичен во однос на понатамошниот тек од квалификациите за Светското првенство. Белгија важеше за апсолутен фаворит, но не успеа да најде начин да ја пробие македонската одбрана. „Играчите дадоа сè од себе, немам никакви забелешки. Создадовме многу шанси, шутиравме кон голот повеќе од дваесет пати, но македонскиот голман беше ...

Ѓоко Зајков е еден од многуте херои кои македонската фудбалска репрезентација ги имаше вечерва во Гент. Централниот дефанзивец беше без грешка во одбранбената линија и не дозволи на белгиските ѕвезди да се понадеваат дека може да дадат гол против Македонија. На крајот, 0:0 резултат со кој Македонија останува лидер на табелата во квалификациите за пласман на Светско првенство, а Зајков имаше пофални зборови за сите играчи. „Одигравме храбро, ...

Со само два примени гола во шест меча, Македонија покажа дека има гранитна одбрана, а тоа вечерва го почувствува и Белгија. Иако на свој терен, Белгија не успеа да даде гол против Македонија и на крајот мечот заврши 0:0. По средбата, голманот Столе Димитриевски беше задоволен, посеб но од играта во дефанзивниот ред. „Многу тежок меч на белгиски терен. Тие беа одлични во офанзивата, но ние одработивме перфектен меч во дефанзива. Ни фалеше малку ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ја сопре Белгија во Гент, освои голем бод со кој го задржа и првото место на табелата во пресрет на последните два натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2026. Селекторот Благоја Милевски е задоволен од освоениот бод, ремито против моќната Белгија, но вели дека сме потфрлиле во организацијата на играта, иако за тоа „заслуги“ има и одличниот среден ред на противникот. „Можам да бидам задоволен од ...

Македонската фудбаалска репрезентација покажа зошто ја има најдобрата одбрана во групата Ј од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 и одигра 0:0 на гости кај Белгија во Гент. Белгиците беа огромни фаворити пред мечот, на теренот доминираа домашните фудбалери, но на крајот не успеаа да постигнат гол. Македонија предводена од Столе Димитриевски на голот, заедно со Зајков, Муслиу, Стојчевски и сите останати кои командуваа во ...

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови 0:0 на гостувањето во Гент против Белгија во меч од квалификациите за пласман на Светско првенство. Овој реми е злато вреден затоа што Македонија останува прва во групата, а Белгија е втора. Македонија сега има 12 бодови од шест меча, а Белгија е втора со 11 бодови од пет натпревари. Со ваквата ситуација на табелата, Македонија останува со шанси да се најде на првото Светско првенство во ...

Барселона сè уште должи неверојатни 159 милиони фунти на неколку клубови за стари трансфери, вклучувајќи ги и оние на Рафиња, Роберт Левандовски и Феран Торес. И покрај тоа што генерираше речиси 1 милијарда евра приходи, каталонските гиганти продолжуваат да се борат финансиски поради заостанати краткорочни долгови и доцнење на плаќањата за трансфери. Најновите финансиски извештаи на клубот за сезоната 2024/25 откриваат вкупен долг од 159,1 ...

Репрезентацијата на Алжир е 20-тиот учесник на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, но по победата над Сомалија и официјалнизирањето на учеството, нивниот најдобар фудбалер, Ријад Марез, најави дека по завршувањето на Мундијалот заминува во фудбалска пензија. „Ова ќе биде последното Светско првенство за мене. Не сум Кристијано Роналдо. Ќе го дадам најдоброто од себе за да направиме што е можно подобар резултат на Мундијалот. ...

Македонија одолеа на нападите на Белгија во првото полувреме и игра 0:0 по 45 минути, на мечот кој се игра во Гент, во рамките од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Ова е резултат кој одговара на Македонија и евентуално еден освоен бод на крајот ќе значи дека Македонија ќе остане на првото место во групата. Белгија целосно доминираше во првото полувреме. Домаќините постојано напаѓаа, а за Македонија не остана ништо ...

Новак Ѓоковиќ ги прави последните подготовки пред утрешниот меч против Валентин Вашеро во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Шангај. Полуфиналето ќе се игра в сабота од 10:30 часот, а Ѓоковиќ е голем фаворит. Евантуалниот триумф над Вашеро, освен што ќе му донесе финале на Ѓоковиќ, тоа ќе значи дека Србинот ќе скокне на четвртото место на АТП листата. На првото место е Карлос Алкараз со 11.340 поени, втор е Јаник Синер со 10.000 поени, ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.67
91%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
78%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
86%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Калај

40.48

Никел

473339.37

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91