Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Индонезија нема да им дозволи влез на гимнастичарите од Израел кои требаше да учествуваат на Светското првенство во Џакарта, кое ќе се одржува од 19 до 25 октомври. Властите во оваа земја немаат дипломатски односи со Израел и не дозволуваат влез на нивни државјани сè дека не биде признаена независноста на Палестина. Од Министерството за спорт велат дека оваа одлука е согласно со државната политика на Индонезија, а од Сојузот за гимнастика ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Албанија, Силвињо, денес изјави дека претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Србија е многу важен за неговиот тим и дека е различен од другите натпревари. „Сите натпревари се важни, но овој е најважен. Пред еден месец имавме натпревар со Латвија, ако не победевме таму, ниту овој натпревар немаше да има смисла. Играме важен натпревар, ако победиме, ја имаме Андора. Не знам ...
Во вторник во Удине ќе се сретнат репрезентациите на Италија и Израел, а овој италијански регион прогласи четврти, највисок, степен на борбена готовност. Илјадници полицајци ќе бидат ангажирани за обезбедување на градот, а истакнати се и посебни правила за однесување на локалните жители на денот на натпреварот. Израел ќе биде обезбедуван од специјални агенти на Мосад, иако Италијанците негираат дека дале дозвола за такво нешто. Хотелот во кој ќе ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе се обиде да ја изненади Белгија на дуелот во Гент, а селекторот Благоја Милевски реши во стартниот тим на голот да биде стандарниот Столе Димитриевски. Пред Димитриевски во одбранбената линија ќе бидат Стојчевски, Зајков, Муслиу и Алиоски и Ашковски. Во средниот ред се Барди, Елмас, Атанасов и Костадинов, а во нападот најистурен ќе биде Миовски. Белгија на голот го има чуварот на мрежата на Реал Мадрид, ...
Пеп Гвардиола е вистинска легенда на Барселона и како играч и како тренер, а и самиот признава дека е голем навивач на Каталонците и ги следи сите нивни натпревари. Сега беше запрашан да ја анализира играта на Барселона, а одговорот беше интересен. „Кога и да ја гледам Барселона, знам дека ќе се забавувам. Да ги гледаш е многу возбудливо бидејќи играат неверојатно храбро. Не сакам да давам совети, но луѓето секогаш ќе зборуваат дека проблемот ...
Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година стигна до првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, нашите надежи славеа против врсниците од Ерменија и тоа со 2:1. Триумфот на Црвено-жолтите е посебно значаен затоа што е направен со пресврт во второто полувреме. Ерменија поведе со голот на Ховханисјан во 38 минута, па гостите имаа предност на полувреме. Во вториот ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Гент ќе го игра еден од најважните натпревари во овој квалификациски циклус, веројатно и во поновата историја, гостувајќи и на селекцијата на Белгија, која важи за прв фаворит во нашата група. Македонските фудбалери во пресрет на мечот се првопласирани во групата, но ќе треба да ја задржат со позитивен резултат и овде во Гент. Со посредство на белгиските новинари, „Спортманија“ ...
Репрезентацијата на Казахстан без многу проблемми стигна до победа над Лихтенштајн од 4:0 во меч од шестото коло во квалификациите за пласман на Светско првенство 206 година. Ова е втора победа за Казахстан во овие квалификации и втор пат над Лихтенштајн, па сега има шест бодови на четвртото место на табелата. Лихтенштајн останува на дното без ниту еден освоен бод, дури и без ниту еден постигнат гол, а има примено дури 23 погодоци. Во средината ...
Се чини како да нема крај на проблемите на Ханси Флик и Барселона. „Болницата“ во редовите на „каталонците“ се зголеми за уште еден фудбалер, откако селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, откри дека Дани Олмо се пожалил на повреда на листот и не тренира со остатокот од фудбалерите. Тој рече дека Олмо пристигнал заморен и не го издржал тренингот, па бил ослободен, а дополнителните прегледи треба да ја откријат сериозноста на повредата. Освен ...
Францускиот ас Килијан Мбапе, кој е прва ѕвезда на Реал Мадрид, детално говореше за Ламин Јамал во интервју за „Мувистар“. Напаѓачот на Реал Мадрид ги пофали фудбалските вештини на Шпанецот, но истовремено нагласи дека не треба да се суди за неговиот живот надвор од теренот. „Се гледа дека има огромна страст кон фудбалот и тоа е единственото нешто што не треба да го изгуби. Сè останато е поврзано со неговиот приватен живот. Треба да го оставиме ...
Репрезентацијата на Сан Марино синоќа претрпе вистински дебакл откако со 10:0 загуби на гостувањето кај Австрија, во меч од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026. На овој меч Сан Марино само потврди зошто е најлошата репрезентација во светот (последнарангирана на ФИФА ранг-листата, на 210-то место). Сан Марино е најслабата селекција и во европските квалификации за пласман на СП. Во шест кола нема освоено ниту еден бод, а има ...
Србија и Албанија во сабота на стадионот во Лесковац ќе го одиграат веројатно најважниот натпревар за пласман на втората позиција во нивната група. Селекторот на нашиот северен сосед, Драган Стојковиќ-Пикси, вели дека противникот е анализиран и очекува максимален ефект во октомврискиот прозорец. „Не можат да нѐ изненадат барем што се однесува во почетниот состав, знаеме кои две промени ќе ги направат, но не верувам дека тоа нешто драстично ќе ...
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александер Сорлот, се наоѓа на врвот на листата на желби за нови засилувања на Њукасл. Англискиот клуб бара нова „деветка“ за зимскиот трансфер-прозорец, играч кој ќе ја пополни празнината оставена од Александер Исак по неговиот трансфер во Ливерпул на последниот ден од летниот прозорец. Двајца емисари на Њукасл присуствувале на ВИП трибините на „Метрополитано“ за време на мечот Атлетико – Реал Мадрид, заедно со ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 часот) ќе гостува кај Белгија во еден од клучните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Ова ќе биде шести меѓусебен дуел на двете селекции, а досегашната статистика е на страната на Белгија – Македонија сè уште нема победа, но има еден резултат кој носи посебна гордост. Станува збор за натпреварот од 1994 година, кога македонската репрезентација беше сè уште во формирање, ...
Мечот помеѓу Фенербахче и Црвена ѕвезда привлекува најголемо внимание во вечерната кошаркарска понуда од Евролигата. Домашните се големи фаворити според квотите во Sport Life, па победата на екипата од Истанбул има квота од 1.28. Сепак, изненадување на „црвено-белите“ има фантастична квота од 4.30. И на останатите три вечерни натпревари фаворитската улога ја имаат домашните екипи. Победи се очекуваат од Олимпијакос против Дубаи, Баерн над ...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (17 часот) во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека репрезентацијата на Ерменија, во третото коло од квалификациите за ЕП. По двата пораза, од Полска и од Италија, сите во нашиот младински национален тим се надеваат дека ќе биде остварен поволен резултат. Фудбалерот од средниот ред, Теодор Николовски, верува дека тимот ќе биде максимално фокусиран, дека ...
Кошаркарската НБА-ѕвезда Леброн Џејмс ќе го пропушти почетокот на својата 23-та сезона поради ишијас. Веста ја објавија бројни американски медиуми, повикувајќи се на вработените во неговиот тим Лос Анџелес лејкерс. Четириесетгодишниот Џејмс има проблеми со ишијас на десната страна на грбот и, според „ЕСПН“, повторно ќе оди на лекарски преглед за три до четири недели. Поради тоа ќе го пропушти почетокот на сезоната и гостувањето на Лејкерс против ...
Македонија денеска го има најтешкиот тест во квалификациите за Светско првенство 2026, гостува на Белгија во меч кој може да одлучи која репрезентација ќе го освои првото место во групата, што носи директен пласман на Мундијалот. Белгија е голем фаворит за победа, но Македонија не се предава предвреме. За овој многу важен меч, во Sport Life има одлични Бет билдер понуди каде квотите се движат од 12 до 65. Ние нудиме една примамлива понуда која ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на стадионот „Планет груп арена“ во Гент ќе игра против Белгија, првиот фаворит во групата за пласман на Светското првенство 2026 година. Нашиот национален тим доаѓа како првопласирана селекција, но голем предизвик ќе биде да се сопрат Белгијците кои располагаат со фантастични фудбалери во офанзивната линија. Нема да игра Ромелу Лукаку, кој е повреден, исто како и важниот играч од ...
Неуморниот куглар и кугларски работник, Дарко Димитровски, е редок пример во македонскиот спорт каде еден ист човек врши функција претседател на некоја спортска федерација, а притоа да биде тренер, и уште да е активен во тој спорт и да се натпреварува како играч. Димитровски одамна е „заразен“ со куглањето, благодарение на татко му, сега покојниот Драги, а постариот брат на Дарко, Димитар веќе околу две децении е еден од најдобрите куглари во ...
Македонија никогаш не ја победила Белгија, но имаме две ремија против Црвените ѓаволи од кои едното во јуни во Скопје, другото пред 31 година во Брисел, и тоа дава надеж дека избраниците на Благоја Милевски вечерва во Гент може да извлечат поволен резултат против осморангираната селекција на ФИФА листата. Ако се погледне гол-разликата на двата тима во овие квалификации за СП 2026, јасно е дека силата на Белгија е во нападот, а на Македонија во ...
6718 Франција – Азербејџан (20.45 часот) Ова е меч од група која е „назад“ со квалификациите и одиграни се само две кола, но оваа група има само четири тима и Французите се големи фаворити за првото место кое води директно на СП 2026. Франција победуваше на првите два меча, на Украина и Исланд им даваше по два гола. Азербејџан беше разбиен со петарда од Исланд, но ја шокираше Украина, против која одигра нерешено. Азербејџанците еднаш (пред 30 ...
Доколку вечерва во Гент, македонската фудбалска репрезентација приреди сензација и ја победи Белгија, тоа би бил огромен чекор кон прв историски настап на Мундијалите и би биле блиску до настап на СП како никогаш претходно. И со реми, што истотака би било добар резултат за нас, Македонија би останала прва на табелата, но нема веќе да зависиме само од себе, ќе чекаме кикс на Белгија кoја има меч и само еден бод помалку, додека пораз најверојатно ...
Фудбалска 11-ка и пет тениски натпревари ја сочинуваат денешната Супер тип понуда на Sport Life, каде што има зголемени квоти за победи на фаворитите. На листата на мечеви со квоти поголеми од тие во билтенот и додатокот има и за младинската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, која попладнево во Битола ја пречекува Ерменија во квалификациите за ЕП 2027. Се разбира, како и секогаш, кај сите фудбалски мечеви имате избор од пет ...
Кевин Де Бројне е најголемата ѕвезда во белгиската репрезентација, лидер на тимот, и ќе треба посебно да му се прати внимание, бидејќи 34-годишникот ќе има големи мотиви на дуелот со Македонија, вечерва во Гент. Де Бројне кој игра во Наполи заедно со Елиф Елмас, роден е во предградие на Гент, како дете тренираше во клубот Гент. но првпат ќе игра на стадионот на кој Белгија ќе ја пречека Македонија. Де Бројне најави и дека многу негови роднини и ...
Вкупна квота од 35.95 се нуди со денешните пет предложени Квоти на денот во Sport Life. Најголемата од петте квоти е онаа од 2.50 за дуелот Белгија – Македонија, а за да биде добитна, потребно е нашата репрезентација да постигне барем еден гол, како што тоа го направи пред 31 година кога во Брисел одигравме 1-1, а 1-1 беше и во септември во Скопје. Квоти од 1.85 се нудат за победа на Сенегал над Јужен Судан во меч со 2-4 гола и за средбата ...
Марко Арнаутовиќ синоќа со четирите голови против Сан Марино, стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Австрија, тој е нов рекордер со 45 погодоци, надминувајќи го досегашниот рекорд на легендата Тони Полстер. После мечот, Полстер му „честиташе“ на Марко, но звучеше како да е љубоморен што му го презеде рекордот. „Честитам Марко, заслужен, секогаш беше тука спремен да игра. Му посакувам уште многу успеси. Тој одигра многу ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, по победата од 3-0 над Велс во пријателскиот меч игран синоќа во Лондон, ги критикуваше навивачите кои беа на „Вембли“ и според него не давале поддршка после третиот гол. „Имавме одлично прво полувреме. Многу рано поведовме со 3-0, до полувремето можеше да биде 4-0 или 5-0. Сè одеше навистина добро. Но, потоа не можевме да постигнеме четврти или петти гол и стадионот замолкна. Не ја почувствувавме енергијата ...
Светското првенство во фудбал во 2034 година може да се одржи на почетокот на 2035 година. Таква одлука би можела да се донесе бидејќи муслиманскиот свет месец Рамазан се паѓа во ноември и декември 2034 година, а СП 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија. Светското првенство во 2022 година во Катар истотака се одржа во зима. Според претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, организацијата сè уште не донела конечна одлука за датумите за ...
Италијанскиот спортски весник „Ла Газета дело спорт“ објави листа на десетте најскапи селектори на светот. Прв според заработката е Карло Анчелоти, кој за функцијата која ја врши во Бразил добива 9,5 милиони евра, со што е убедливо прв. Втор е Томас Тухел, кој ја води Англија со 5,9 милиони, а трет е Јулијан Нагелсман од Германија со 4,9 милиони. Интересно е дека на четврто место е Фабио Канаваро, кој пред неколку дена стана селектор на ...