Капитенот Филип Кузмановски повторно беше лидер на македонската репрезентација овојпат во победата над Романија. Кузмановски кој постигна девет голови, вели дека Македонија направи успех со победа, реми и само еден пораз од актуелниот светски првак. „Мора да бидеме задоволни со победа на ЕП. Можеби очекувавме повеќе можеби сме поквалитетни од овој реултат што го направивме против Романија. Во второто полувреме влеговме со голем притисок дека ...

Македонија ја победи Романија со 24-23, и моментно е третопласирана во групата Б на Европското првенство во ракомет, а речиси сигурно и ќе финишира на тоа место. Голот за победа го даде Ненад Костески во последната секунда. Македонската репрезентација имаше речиси континуирано водство од првата до последната минута и покажа дека е поквалитетен тим од романскиот, но победата е далеку потесна од желбите на играчите, стручниот штаб и фановите ...

Македонскат репрезентација славеше против Романија со 24:23 но речиси сигурно е дека тоа нема да биде доволно за нашата репрезентација да се пласира во следната фаза од Европското првенство. Македонија сега има три бодови, колку што има и второпласираната Португалија, но нашата селекција е на третото место поради многу полошата гол разлика. Во последниот меч од оваа група, Данска ќе игра со Португалија, а ние треба да навиваме Данска да ...

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на седницата одржана на 20ти јануари 2026 година, ја разгледа и едногласно ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, поднесена непосредно пред почетокот на седницата, соопштија денеска од Кошаркарската федерација на Македонија. КФМ го назначи Владо Илиевски за Координатор на сите национални селекции. Со соопштението се вели: „Иако Управниот ...

Боштјан Џезар и официјално е промовиран како нов селектор на фудбалската репрезентација на Словенија на денешната седница на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (НЗС). Цезар е фудбалска легенда на Словенија. Тој е рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата со 102 меча, а многу години беше и со капитенската лента. Со репрезентацијата играше и на Светското првенство во 2010 година, што беше втор настан на Словенија на еден ...

Ракометната репрезентација на Македонија води со 13-9 и е на добар пат да ја извојува првата победа на Европското првенство кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. Нашите ракометари имаа историски, фуриозен почеток, одиграа одлична одбрана, Романија првиот гол го даде дури во 11-тата минута за да намали на 1-4. Сепак, Македонија не ја искористи максимално кризата кај противникот, не беше доволно ефикасна во нападот за поголема предност ...

Македонија одлично го започна мечот против Романија. Нашите ракометари играат да победат и тоа со што е можно поголема разлика, за да останат во игра за пласман во главната фаза на Европското првенство. Одлично започна Македонија против Романија, посебно во одбраната. По почетните 10 минути, нашата репрезентација водеше со 4:0. Ова е прв пат Македонија на едно Европско првенство да започне меч на кој не прими ниту еден гол во стартните 10 ...

Македонските навивачи веќе со години се профилирани како едни од најдобрите на европската ракометна сцена, посебно кога игра нашата репрезентација на голема сцена. Така е и сега, на Европското првенство во Данска. Македонската фаланга ужива голема репутација во Хернинг, градот каде Македонија веќе одигра два меча од ЕП, а сега сите се подготвени за клучниот меч, тој против Романија. Одлично расположение владее кај нашите навивачи кои се ...

Повеќе од две недели трае сагата околу иднината на Роџерс Мато во Вардар. Репрезентативецот на Уганда имаше блескава есенска полусезона во Црвено-црниот дрес, а потоа одигра одлично и во националиот дрес на Африканскиот куп на нации. Сите тие добри игри беа причина Мато да се најде во фокусот на многу европски клубови кои сакаа да го доведат во своите редови. Најконкретен беше шкотски Хартс кој успеа да потпише преддоговор со Мато, а ...

Додека целиот свет се чуди како може Мароко да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година по сето она што се случуваше на финалето од Африканскиот куп на нациите против Сенегал, следуваше нов шок од ЦАФ. Титулата за ферплеј на неодамна завршениот Африкански куп му припадна на Мароко, репрезентација за која сите протестираа дека има голема помош од судиите, а тоа можеше да се види на дело и во големото финале. Сепак, она што остава ...

Мајкл Карик со Манчестер јунајтед славеше над градскиот ривал Сити со 2-0, но раководството на Црвените ѓаволи сè уште е во потрага по долгорочно решение за тренерската позиција. Германските медиуми пишуваат дека еден од најсериозните кандидати е хравсткиот тренер Нико Ковач, кој во моментов е на клупата на Борусија Дортмунд. Првите реакции од Хрватот се дека не планира да се пресели во Манчестер јунајтед и во моментов е фокусиран на ...

Македонија вечерва има шанса за пласман во втората фаза од Европското ракометно првенство, но за тоа најпрво ќе ни биде потребно што е можно поубедлива победа над Романија, а потоа и помош од Данска, која треба да слави убедливо над Португалија, а збирот на двете победи да биде најмалку 19. Данците се големи фаворити против Португалија. Нивниот последен меѓусебен дуел заврши со триумф на Скандинавците од 40-27, па зошто да не биде така и ...

Евролигашката понуда во Sport Life за вторник содржи девет меча и над 110-мина кошаркари за играта „плус-минус“. Возбудувањата започнуваат малку по 18 часот, а ќе траат сè до 23 часот, кога на теренот ќе се појават вкупно 18 од 20-те екипи. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со Баерн Минхен го пречекува Партизан, со квота за победа од 1.43, додека Црвена ѕвезда како голем аутсајдер гостува кај Монако. Според квотите во Sport ...

Реал Мадрид вечерва го пречекува Монако во меч од Лигата на шампионите, но главна тема на официјалната прес-конференција повторно беше Винисиус и свирежите упатени кон него на првенствениот меч против Леванте. „Сакам и очекувам поддршка од ‘Бернабе’ за сите играчи, пред сè за Винисиус. Ќе биде на теренот секогаш кога е достапен и кога ќе има ваков учинок. Како тренер на Реал, ако сакам да имам шанса за победа, ми треба Винисиус на теренот“, ...

Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе започна. Нови 13 натпревари се нов предизивик за играчите, а најголемо внимание привлекуваат дерби-пресметките во Премиер лигата и во Серија А. Недела е ден резервиран за дерби-дуели, а во Премиер лигата играат големите ривали Арсенал и Манчестер јунајтед. Во Серија А, Јувентус го пречекува Наполи, а Рома е домаќин на Милан. Меѓу ...

Играчот од среден ред, Иван Николов, е во потрага по нов клуб. Фудбалерот кој ги помина сите младински категории за репрезентацијата на Македонија, а за У21 селекцијата има дури 23 настапи, дебитираше и за сениорскиот состав на дуелот против Саудиска Арабија во 2022 година. Николов, кој во македонското првенство играше за Академија Пандев, Вардар и Брегалница Штип, во 2023 година направи трансфер во Сондерјиске во Данска. Минатата година ...

Арне Слот сè уште е тренер на Ливерпул, но сè погласни се шпекулациите дека тој наскоро може да добие отказ, иако има серија од 12 натпревари без пораз, но на шест од нив не успеа да победи, односно завршија нерешено. Желбата на навивачите, но и на раководството на Ливерпул е новиот тренер да биде Чаби Алонсо, кој неодамна доби отказ во Реал Мадрид. Шпанецот беше желба на Црвените“ и минатото лето, но тој тогаш ја чекаше понудата на ...

Во најинтересниот меч од вечерната програма на Лигата на шампионите се среќаваат Интер и Арсенал, па токму затоа за овој натпревар има специјална понуда во Sport Life. Она што е интересно за дуелите на овие две екипи е фактот дека никогаш не одиграле нерешено, а на четирите меча секогаш имало победник. По двапати победувале и Интер и Арсенал, па затоа комбинацијата од победник и стрелец е она што треба да се одигра. За оваа игра во понудата ...

Се чини дека поразот во градското дерби од Манчестер јунајтед (2-0) е тешко да се преболи во редовите на Сити, па во тој правец се и најавите од Островот. Според тамошните медиуми, Пеп Гвардиола е на излезна врата од Манчестер сити, а неговата оставка или отказ ќе се случи во текот на оваа седмица. Никогаш во кариерата на Каталонецот не се случило две сезони по ред да не освои трофеј, а откако минатата сезона беше далеку од титулата во ...

На ракометната репрезентација на Македонија ѝ е потребен што е можно поубедлив триумф над Романија, но и помош од Данска за пласман во следната фаза од Европското првенство во Хернинг. Нашите ракометари се големи фаворити според квотите во Sport Life, па така наш триумф има квота од 1.13, а за реми и пораз не сакаме ниту да размислуваме. Меѓу големиот број на игри во понудата на Sport Life е и опцијата со колку гола би победила Македонија, ...

Позицијата на Ханси Флик во Барселона не е загрозена, а Германецот има одлични резултати, но раководството на клубот сепак размислува за иднината и кој би бил неговиот наследник. Во Барселона се споменуваат само две имиња како можни наследници на Ханси Флик, а тоа се Луис Енрике и Микел Артета. Двајцата Шпанци имаат одлични резултати во ПСЖ, односно Арсенал, а Луис Енрике веќе беше на клупата на Каталонците и токму со него ја освоија ...

6006 Реал Мадрид – Монако (21 ч.) Реал Мадрид мора да ја врати довербата и симпатиите кај навивачите, а тоа секако ќе се случи со победување. Кралевите се големи фаворити за победа над Монако во меч од Лигата на шампионите, но факт е дека францускиот тим има само еден пораз во досегашните шест кола, што значи дека треба да се очекува интересен меч. Предлог тип: 1&2-4 (2.35) 6005 Тотенхем – Борусија Д. (21 ч.) Тотенхем влезе во криза и ...

Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат со девет меча од седмото коло на лигашкиот дел, а квотите во Бет билдерот на Sport Life навистина се фантастични и достигнуваат дури до 100.00. Најголемите квоти во Бет билдерот се за дневниот микс, кој има две опции со квоти од 80.00 и 100.00. Освен дневниот микс, има и три меча со по две опции. За дуелот на Интер и Арсенал квотите се 23.00 и 28.00. Реал Мадрид и Монако имаат квоти од ...

Романски навивачи во Хернинг нема, или нивниот број е минимален и занемарлив, па ако ништо друго, јасно е дека македонските ракометари ќе имаат доминација на трибините и силен ветер в грб од фановите на денешниот меч (почеток 18 часот) против балканските ривали. Популарната Фаланга пак ќе го остави гласот и ќе дава несебична поддршка, веруваме дека играчите ќе се оддолжат со победа, по можност убедлива, за продолжување на надежите за пласман ...

Ако вкупна квота од 46.66 на еден тикет ги задоволува вашите потреби, тогаш треба да ги уплатите Квотите на денот кои ги нуди Sport Life. Победа на Клуб Бриж кај Каират и да има гол во прво полувреме, е комбинација за која квотата е 2.05. Иста ваква квота од 2.05 се предлага и за на средбата Бодо/Глимт – Манчестер сити да има гол во прво и 4+ голови на целиот меч. На Тотенхем – Борусија Дортмунд да има победник и притоа во прво полувреме да ...

Натпреварот помеѓу ракометните национални тимови на Македонија и Романија, кој ќе го одлучи дали ќе ќе влеземе во главната рунда на ЕП или се враќаме дома, ќе го судат словенечките судии Бојан Лах и Давид Сок. И на претходниот меч ни судеа арбитри од поранешна Југославија, но имаше и многу забелешки за арбитражата на Босанците и мислењата беа поделени околу тоа како делеа правда. Словенците Лах и Сок важат за едни од најдобрите во Европа и ...

Одлична Супер тип понуда се нуди за денеска во Sport Life, има зголемени квоти за натпревари од повеќе спортови и тоа за привлечни мечеви. Фудбалската Лига на шампиони е застапена со четири меча со по пет различни игри со зголеменји квоти, има и други фудбалски дуели, а тука се и супер квоти од евролигашки и НБА мечеви, ЕП во ракомет, тенискиот Австралијан опен. Одлична Супер тип понуда се нуди за денеска во Sport Life, има зголемени ...

Папата Лав XIV планира миса во домот на Реал Мадрид, стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а преговорите се во завршна фаза. Шпанските медиуми објавија дека првиот американски папа ќе ја посети нивната земја на почетокот на јуни. Ватикан веќе работи на финализирање на патувањето. За време на посетата, папата ќе престојува во Мадрид, Барселона, Канарските Острови, Сантијаго де Компостела, Саламанка и Толедо. Стадионот „Бернабеу“ веќе беше домаќин ...

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во Хернинг или ќе направи невиден подвиг, или ќе си оди дома, трето нема. Чудото кое го посакуваат сите на кои при срце им е дресот со црвена и жолта боја, може да се реализира само со сесрдна помош и од домаќинот Данска, но и нашите играчи мора да го завршат својот дел од работата. Магичниот број е 19. Со барем толку голови разлика вкупно треба да ја победиме Романија и Данска со ...

Голден Стејт вориорс стана третиот тим во историјата на НБА лигата кој на четири натпревари по ред постигнал 20 или повеќе тројки. Воините го победија Мајами со 135-112, благодарение на феноменалниот шут и големиот број погодени шутеви за три поени. За Вориорс тоа беше и четврта победа по ред, што е разбирливо кога се шутира така и се погодуваат 20+ тројки. Најинтересниот меч синоќа во НБА се одигра во Детроит каде Пистонс го совлада Бостон ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
42%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
47%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
47%
1015
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.25
84%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
4.63
56%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
5.14
63%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
54%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
34%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
63%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
2.57
39%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
7.2
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.18

Бакар

10.68

Платина

60154.05

Паладиум

45911.27

Цинк

3.07

Злато

166450.52

Кобалт

66.14

Калај

43.90

Родиум

350443.14

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51