Фудбалските репрезентации на Франција и Англија во сабота од 23 часот ќе одиграат натпревар за третото место на Светското првенство. нашето време. Французите загубија од Шпанија во полуфиналето, додека Аргентинците беа подобри од Англичаните. Натпреварот го најави Килијан Мбапе, капитен на Франција. “Дидие значи многу за нас и за францускиот народ и тоа не се промени. Како играч и како тренер испиша неверојатна приказна. Ова е негов последен ...

И повеќе од успешна “генералка“ за Струга ТЛ во пресрет на стартот на новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Имено денеска во Корча, Струга ТЛ во пријателски натпревар го победи Скендербег со 0:1. Стрелец на победничкиот гол за нашиот тим беше Арби Воша во 50.минута. Според извештаите од Корча, тимот на Бледи Шкемби одиграл квалитетно на овој натпревар, креирал неколку шанси а на крајот заслужено победил. Ова значи дека Струга ТЛ подготвено влегува ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. По минхенската ждрепка, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се натпреваруваат во групата „Ф“, заедно со селекциите на Австрија и Кипар. По извлекувањето на групите, Берокал оцени дека Македонија ја очекуваат двајца сериозни ривали, а акцентот го стави на добрата подготовка и желбата ...

Повратникот во елитата продолжува да ги засилува своите редови на една недела до стартот во новата сезона во ПМФЛ. Па така штипјани успеаја да договорат две квалитетни прволигашки засилувања. Тоа се Кристијан Стојкоски, кој доаѓа во Штип од Тиквеш, и Филип Алексовски од Башкими. Се е договорено, само останува официјална промоција и на двајцата. Интересно е што и двајцата потекнуваат од Македонија ЃП. Да потсетиме дека во изминатите денови ...

Мохамед Салах е на прагот да ја продолжи кариерата во Бешикташ, пишува инсајдерот Санти Ауна за „Фут Меркато“, а такви информации се достапни и од фудбалските инсајдери Саша Таволиери и Николо Скира. Египетскиот фудбалер се согласил да се пресели во турскиот клуб како слободен агент, откако му истече договорот со Ливерпул. Се очекува Салах да потпише едногодишен договор со истанбулскиот клуб, кој вклучува опција за продолжување за ...

Денешниот број на тиражниот Гардијан тврди дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и покрај големиот број на афери кои што се „влечат“ годиниве околу него сепак, преку 200 членки на светската фудбалска организација му даваат целосна поддршка за нов мандат. Па според тоа, се оди кон тоа дека во март 2027 година кога е изборното собрание на ФИФА, Инфантино нема да има поголеми проблеми за да остане прв човек на светскиот фудбал. Од оние пак ...

Шкендија во следниот период треба да го промовира своето ново засилување. Тетовските „црвено-црни“ веќе си подале рака со македонскиот репрезентативец Јован Манев, кој ќе го засили одбранбениот бедем на актуелниот шампион. Стоперот во Тетово доаѓа од редовите на Ријека. Иако има важечки договор со хрватскиот клуб, раководството на Шкендија одлучило да го откупи неговиот договор и на тој начин да го обезбеди неговиот трансфер. Со ангажманот ...

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД ова анедела го дозна противникот во првото коло од квалиикациите во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ. Станува збор за шампионот на Холандија, Орион Старс, против кој штипјани ќе го имаат „огненото крштевање“ во елитното натпреварување. Според планот на натпревари, првиот меч ќе биде на гости (20-22 октомври), додека реваншот ќе го одигра на домашен терен (27-29 ...

Франција нема да има можност да освои нова светска титула. „Триколорите“ загубија во полуфиналето од тековниот Мундијал од Шпанија, и сега ќе мора да се задоволат со мечот за третото место против Англија. Медиумите во оваа земја живо се бават со се што се случува во националниот тим, а една од жешките теми е секако наводниот инцидент на полувремето од дуелот со Шпанија. Во центарот на вниманието Усман Дембеле, освојувачот на Златната топка ...

Конституиран е Управниот одбор на Регионалната ракометна лига, Иван Миливојевиќ претседател, додека Милена Раичевиќ е извршна директорка. Управниот одбор на Машката и Женската регионална ракометна лига (MRHL / WRHL) ја одржа својата прва – конститутивна седница. Седницата се одржа преку видеоконференциска врска, а Управниот одбор го сочинува по еден претставник од трите сојузи основачи: Ракометниот сојуз на Србија, Ракометната федерација на ...

Тимот на Шкендија осигура дефинитивно уште некое време да има статус на клуб кој што летово настапува во Европа. Тетовски синоќа обезбедија пласман во второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, со вкупната победа од 6:0 над гибралтарска Европа. Сега, на ред доаѓа двомечот со словенечкиот тим на Браво. Мечевите се закажани за 23 јули, четврток во 20:45 часот во Словенија, додека пак, реваншот е една недела подоцна на 30 јули на ...

Денешното издание на „Л‘Екип“ вели дека еден од најдобрите фудбалери на планетава во моментов и членот на Баерн Минхен, Михаел Олисе, и репрезентативец на Франција веќе одлучил дека сака да ја напушти Баварија и да се пресели во Реал Мадрид. Легендарниот спортски медиум му ја посвети насловната страница на Олисе, кој што би требало да биде следното големо име на Сантијаго Бернабе, за кого Реал би требало да плати енормни 150 милиони евра. ...

Македонската фудбалска репрезентација наесен на чека сериозен предизвик во најновото издание на Лигата на Нациите Македонија сега е во посилниот „шешир“, каде што сме во група заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска. Токму затоа, мора да сме на највисоко ниво во секој момент од оваа кампања ако сакаме да направиме нешто. И дома и на гостински терен. Распоредот вели дека стартуваме на 26.09. во Скопје против Швајцарија. За да три дена ...

Големо засилување за тимот на Шкендија во пресрет на мечевите од Европа, но и од ПМФЛ шампионатот. Марко Ѓорѓиевски е нов играч на тетовци, во трансфер во кој што некогашниот младински репрезенаттивец на Македонија по кратката епизода во Романија се враќа во домашниот шампионат. Ѓорѓиевски беше еден од најдобрите стрелци во ПМФЛ во дресот на Силекс, по што го направи транферот во Клуж, а потоа и во Херменштад. Сепак, неговата минутажа таму ...

Единствениот македонски претставник во Европската лига, Пелистер ги доби противниците во групната фаза. Битолчани се најдоа во групата Г, а ќе играат против Гумербах (Германија), Ла Риоха (Шпанија) и Гдањск (Полска). За првпат 32 екипи ќе играат во групната фаза, која вклучува шест кола од 29 септември до 2 декември 2026 година. Првопласираните и второпласираните учесници во секоја група ќе обезбедат место за главната рунда, каде што ќе им ...

Жоакин Торес има сериозна повреда на мускулот и според лекарските наоди тој ќе биде во аут до септември што значи дека ќе биде надвор од стројот на Вардар за престојниот двомеч со Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Аргентинецот се пожали на болки за време на првиот дуел со КуПС во Скопје по што не беше во составот на тренерот Кристијан Фабиани за деулот во Финска. Ако се гледа според играта и според тоа што Вардар ...

Доминик Собослај уште долго ќе го гледаме во дресот на Ливерпул. Играчот од средниот ред денеска и официјално потпиша нов долгогодишен договор кој што е со трајност до 2031 година и со тоа стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина. Унгарецот кој што во моментов има 25. години со ова станува еден од најплатените фудбалери на Ливерпул. Со вкупно 147 мечеви за Ливерпул досега, Собослај има статистика од 28 гола и 26 асистенции. Ја ...

Македонската кошаркарска репрезентација У20 конкуренција, денеска со високи, убедливи и заслужени 97:62 ја совлада соодветната селекција на Грузија во рамките од Европскиот шампионат Б дивизија, и на тој начин обезбеди меч и битка за деветтото место на овој турнир. Македонија издоминира на овој меч уште од првата минута, добивајќи ја стартната делница со 22:16. Веќе во вторито дел се виде кој е кој и Македонија со 31:19 веќе имаше осетно ...

Македонската младинска репрезентација одигра возбудлив натпревар против Полска, победникот на мечот беше решен после изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши со резултат (28-28). Со голот на Крстевски од седум метри нашите ракометари се изборија за реми. Но, во изведувањето на удари од седум метри, подобра беше селекцијата на Полска која на крајот славеше со 33-32. Ова значи дека ќе играат за 19 место на Европскто првенство. ...

Новите светски шампиони во фудбал ќе добијат, покрај легендарниот шампионски пехар и златните медали, уште едно признание, специјални прстени. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека за првпат ќе им додели прстени на победниците од неделното финале меѓу Шпанија и Аргентина. Во американските спортови е вообичаено тимовите што освојуваат првенства да добиваат прстени за своите достигнувања. Сега, управното тело на светскиот ...

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија и официјално – банкротираше. Боависта ги суспендира сите активности откако клубот не успеа да ги собере потребните средства за да продолжи со работењето за време на тековната стечајна постапка, објави португалската новинска агенција Луса. Клубот требаше да уплати пари на сметката на стечајната маса за покривање на тековните трошоци во јуни, но тоа не се случи. Затоа, сите активности на ...

Екипата на Скопје во своите редови за следните шест месеца ги обезбеди услугите на младите фудбалери на Вардар, Андреј Цветковски и Андреј Мурџески. Андреј Мурџески веќе одработи една позајмица во тимот на Детонит, но преголемата конкуренција на левата бековска позиција во Вардар вели дека тој ќе мора повторно да оди некаде. Андреј Цветковски пак, е У17 репрезентативец на Македонија, кој што исто така има професионален договор со Вардар, и ...

Славко Винчиќ од Словенија е назначен за судија на финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се оодигра в недела во Њујорк. На 46-годишниот Винчиќ ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Резервен судија: Адам Махадмех, резервен помошник судија: Мохамед Ал-Калаф (двајцата Јорданци). За Винчиќ ова ќе биде четврти натпревар на Светското првенство откако претходно судеше на натпреварите ...

Речиси секој петти натпревар на Светското првенство во 2026 година се играше во неприфатливи услови поради топлината, тврди весникот „Гардијан“. 23 натпревари се одржаа во градови каде што временските услови исто така достигнаа опасни нивоа, но се играа на стадиони со климатизација. Анализата ги опфати временските услови за време на сите 104 натпревари од турнирот – 102 веќе одиграни и двата преостанати натпревари за кои беа користени ...

Македонскиот младински репрезентативец и еден од најдобрите млади фудбалери во домашниот шампионат, Мартин Џангаровски, станива интернационалец. Репрезентативецот до 17. години на Македонија е нов играч на српскиот суперлигаш, Радник Сурдулица. Досегашниот член на Македонија ЃП, ќе го има првиот обид надвор од нашите граници. Неговиот досегашен клуб е дел до ВМФЛ шампионатот. За офанзивецот беа заинтересирани речиси сите клубови од нашиот ...

✍Марија Ковачева Уште на самиот почеток на создавање на проектот „Женски Спортски Приказни“ најавивме дека ќе споделуваме интервјуа, приказни и теми кои ќе отвораат нови видици кај сите дами кои се дел од спортот. Бројот на Македонки кои работат надвор од нашата земја е навистина мал, но најважно е што сите се успешни. Во современиот спорт, успехот не се гради само со физичка подготовка и тактичка дисциплина. Сè поголемо внимание добива и ...

Македонските одбојкарски репрезентативци Стојан Илиев и Давид Стојанов потпишаа нови договори со одбојкарскуиот првак на Македонија, екипата на Уштип УГД. Од клубот потврдија дека соработката и со двајцата репрезентативци ќе биде продолжена на уште една сезона, така што двоецот ќе остане да биде костур на тимот и за новата сезона. „Столе Илиев и Давид Стојанов ја продолжија верноста кон клубот за уште една година! Раководството на нашиот ...

Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е Е.Џ од Скопје. Тој освои џекпот вреден 5.941.145 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Евротип на 07.07.2026 година во Скопје.Среќната игра е 100 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 06.07.2026 до 12.07.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 16.287.523 денари кон ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје А. веќе го дозна и првиот ривал во рамките на новата сезона од ФИБА Европскиот куп. Откако ги доби ривалите во групата, шампионот стана јасно дека премиерата во ова европско натпреварување под капата на ФИБА ќе го има на гостински терен и тоа во Солун. На 7 октмври, „штрковите“ ќе и гостуваат на екипата на Ираклис. Седум дена подоцна на 14 октомври во Скопје ќе го пречекаат Тарту. Останатите ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, одбил да им даде слободен ден на своите играчи пред натпреварот за третото место против Англија, објави „Л’Екип“. Играчите инсистираа на слободен ден за да си ги разјаснат мислите, но Дидие Дешан одби да се откаже од тренинзи. Селекторот на репрезентацијата, не сакајќи да го заврши турнирот со два порази, го засили својот притисок врз тимот. Во сабота од 23 часот Франција против Англија влегува во малото ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1008
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
5.66
75%
997
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
994
weather icon

Софија

21ᴼ / 14ᴼ
5.14
63%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.38
88%
1004
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
98%
993
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
6.26
85%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
50%
1006
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
64%
1005
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
84%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
95%
1013
Currency

61.713

Currency

55.489

Currency

73.856

Currency

38.012

Currency

39.039

Currency

66.845

Currency

8.327

Currency

0.66989

Currency

0.3481

Currency

0.52464

Currency

1.1042

Currency

0.59191

Бакар

12.41

Иридиум

324722.54

Рутениум

61086.42

Злато

124908.87

Калај

47.40

Алуминиум

3.01

Сребро

1620.38

Паладиум

31700.64

Родиум

294983.10

Цинк

3.79

Платина

48836.98

Кобалт

33.53