Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Македонската женска А репрезентација на 24. и 27. октомври во Струмица ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Русија. Селекторот на нашата репрезентација, Александар Андов за контролните мечеви против Русија ќе смета на следните фудбалерки: Голмани: Кристина Павловска (Машинац, Србија), Викторија Пачурова (Тиверија Брера); Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија Брера), Ане Бошевска (Тиверија Брера), Павлинка Николовска ...
Македонската младинска ракометна репрезентација закажа два пријателски дуели со соодветната сениорска селекција на Словачка. Во овој ЕХФ репрезентативен прозорец нашите млади ракометари ќе имаат одлична проверка против силен противник. По тој повод, селекторот Наум Танески денеска го објави списокот, на репрезентативци на кој што се наоѓаат деветнаесет имиња. Натпреварите се предвидени да се одиграат на 30 октомври во спортската сала „Јане ...
Тимот на Шкендија од Арачиново денеска во рамките од 1/8 финалето од Купот на Македонија на домашен терен го совлада фаворизираниот тим на Пелистер со минимални 1:0 и на тој начин мина во следната 1/4 фаза од ова натпреварување. Второлигашот влезе во оваа конкуренција без некакви посебни амбиции, многу повеќе арачиновци се сконцентрирани на ВФМЛ шампионатот, но кога ете шансата за добар резултат се отвора, зошто истата да не се искористи. ...
Екипата на Баерн Минхен и официјално му го продолжни договорот на својот актуелен тренер, Винсент Компани до 30 јуни 2029 година. Тековниот негов договор истекуваше во летото 2027 година, но по одличните изведби и резултати, раководството на клубот одлучи да му даде целосна доверба. Компани, кој што е релативно млад за менаџер, и има 39. години пристигна од Барнли и уште во првата сезона ја освои титулата во Бундес лигата. „ Му благодарам на ...
Екипата на Струга Трим Лум на најдобар можен начин денеска покажа дека има намера сезонава да атакува покрај на шампионската титула во ПМФЛ шампионатот, и на Купот на Македонија. Во рамките од 1/8 финалните мечеви кои беа денеска на програмата Стружани на гостински терен во Скопје против екипата на Македонија ЃП извојуваа убедлива победа од 0:5. Серијата погодоци ја започна Ивковиќ, за да потоа погоди и Воша во второто полувреме, па Компаоре, ...
Вечерашниот дуел од Лигата на Шампионите помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, кој што секако е означен како дерби на денешниот распоред имаше интересна најава и претходница. На вчерашниот официјален тренинг, играчите на Атлетико Мадрид на „Емирати“ стадионот ги дочека несекојдневна ситуација. Во соблекувалните немаше топла вода за да се искапат по обавениот тренинг. Тимот ја заврши тренингот 15 минути порано и се врати во хотелот за да можат ...
„Жежок“ старт на вечерашниот дуел од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на ПСВ Ајндховен и Наполи. На десетина часа од стартот на дуелот вечерва, од Холандија се протерани 180 навивачи на Наполи, поради нарушување на редот и мирот во строго одредената фан зона за нив. Нивните билети кои биле уредно купени од претходно биле откажани и тие немаат никакви шанси да влезат и да го следат натпреварот во живо. Според извештаите, навивачите на Наполи ...
Искусниот сега веќе член на тимот на Е.Пелистер, Дејан Манасков повторно ќе биде дел од ракометната репрезентација на Македонија. Селекторот Кирил Лазаров се одлучи да го ставо на списокот искусното крило за претстојните пријателски контролни мечеви против репрезентацијата на Јапонија. Манасков две години го немаше на репрезентативниот список, но очигледно одлилните партии кои што во моментов ги има во дресот на Е.Пелистер, екипа која што не ...
Вечерва, поточно утре рано наутро по македонско време стартува 80.издание на НБА лигата, на најсилната кошаркарска лига во светот. Секако дека е време за најдобрата кошарка, време е за спектакл. И на стартот веднаш две дерби средби. Натпреварот помеѓу Оклахома и Хјустон започнува во 1:30 часот по средноевропско време. Екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт ќе играат во вториот натпревар од четири часот. Титулата ја бранат кошаркарите на ...
Македонските шампиони Струмица 47&72 во машка конкуренција, односно Јанта Волеј КВ кај дамите утре, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе имаат двојна елитна програма во рамките од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите. Струмица 47&72 четврта година во низа ќе биде дел од ова натпреварување, но првакот доби тешка задача во првата рунда – најтрофејниот романски клуб Динамо Букурешт, кој го пречекува утре во 17 часот. „Четврта година ...
В четврток од 18:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, тимот на Шкендија го игра вториот дуел од овогодинешната групна фаза од Лигата на Конференции против тимот на Шелбурн од Ирска. УЕФА веќе го одреди и арбитарот за овој дуел, а тоа е Стефан Ебнер од Австрија. Нему ќе му помагаат сонародниците Роберт Стеинахер, односно Мартин Хофлер. Всушност, целокупниот судиски екипаж на овој дуел е од Австрија, вкучувајќи го и четвртиот односно ВАР ...
Вечерва се играат девет меча од 3.коло во Лигата на Шампионите. Тоа значи дека најквалитетниот европски клупски фудбал повторно е на сцената. Секако дека дербито на денот се игра на „Емирејтс“ во Лондон каде се очекува спектакл на дуелот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, а атмосферата и тоа како се загреа вчера кога гостите од Мадри имаа непријатност на официјалниот тренинг. Наполи и Елиф Елмас по поразот кај Торино во Серија А, сега се пред ...
Се чини дека тимот на ГРК Охрид доби ривал по мерка. Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп во 3.коло од ова натпреварување ќе ги одмери силите со тимот на Слога Добој од БиХ. Првиот меч се игра во Охрид, а реваншот во Добој. Така сакаше денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена. “Гладијаторите“ можеа да добијат и полесен, но секако и потежок ривал, вака против Слога Добој може да се надеваат на добар настап во двомечот и секако ...
И официјално, Шон Дајч е новиот стратег, тренер или менаџер на Нотингем Форест. Она што се најавуваше во изминатите денови, од денеска е и официјално. Иако се шпекулираше со имињата на Лучиано Спалети Роберто Манчини, сепак изборот падна на искусниот Дајч кој во својата кариера има тренерано неколку клубови, а најголемите успеси ги имаше во Барнли. Беше и во Евертн кога минатата сезона доби отказ. Секако дека пред Дајч е исклучително тешка ...
Некогашниот двоен европски првак и тим кој што во изминатиот дел од сезоната во Суперлигата има перфектен скор, вечерва (18:45 Ч) ќе го одигра својот втор меч од групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа. РК Вардар 1961 е пред тежок предизвик, му гостуба силниот Тулуз, тим кој што поразот на стадиот од Кристијанштад едноставно не смее да си дозволи домашен пораз. Четата на стратегот Иван Чупиќ охрабрена по победата и добрата игра против Сесвете на ...
Едниот најголем во тенисот, а другиот еден од најголемите во фудбалот. Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо, две спортски икони, беа фотографирани додека се дружеа на балконот на хотел во Ријад, далеку од очите на јавноста. Секако дека кога едни вакви спортски величини ќе имаат таен состанок, јавноста е љубопитна за тоа што станало збор. Инаку оваа средба доаѓа во време кога српскиот тенисер отворено зборува за инспирацијата што ја наоѓа во ...
Второто коло од Европскиот клупски куп во шах, кој се одржува на грчкиот остров Родос, донесе убедлива победа од 6 : 0 за интернационалниот состав на ШК Алкалоид. Жртва на фармацевтите беа домашните шахисти од клубот Ипотитис Родос (Витезите од Родос), кои според просечниот рејтинг од 2.341 поен котираа во првата третина од стартната листа. – Зад резултатот се крие многу интересен меч со одлична борба! На сите табли се играше храбро и борбено, ...
Во пресрет на вечерашниот дуел во ЛШ меѓу ПСВ и Наполи, синоќа полицијата во Ајндховен и тоа како си имаше работа. Имено уапсени биле околу 200 фанови на италијанскиот клуб кои го нарушувале редот и мирот во тој град. Инаку според информациите од Италија и Холандија, со ова било спречено да дојде до судир меу фановите на двата клуба, уапсени биле и неколку домашни фанови. Сите тие потоа биле однесени во полициска станица на испрашување. ...
Денеска конечно домашен фудбал. По двонеделната репрезентативна пауза, а и поради Локалните избори се прескокна и изминатиот викенд, па така еве денеска со четири меча од 1/8 финалето во Купот на Македонија, домашниот фудбал се враќа на сцената. И сите четири натпревари и тоа како ќе бидат интересни. Забревтаната Струга ТЛ гостува во Ѓорче каде се среќава со Македонија ЃП во реприза од финалето во 2023 година, кога “Лавовите“ славеа на пенали. ...
Откако и дефинитивно загосподари со врвот на табелата во Премиер-лигата, Арсенал вечерва на свој терен го дочекува Атлетико Мадрид во меч од 3.коло во Лигата на Шампионите. Тоа ќе биде и тренерски дуел меѓу Микел Артета и Диего Симеоне. Можеби Арсенал е во улога на фаворит за ово меч, но зарем некој може да каже дека ќе биде лесно против тим кој што го предводи Чоло, тим кој што пред три недели просто го “распарчи“ Реал Мадрид во градското ...
Прашањето за тоа каде ќе ја продолжат својата кариера двајцата НБА асови, Никола Јокиќ и Јанис Адетокунбо, се повеќе ја интригира јавноста. Иако тие ќе ја започнат оваа сезона во клубовите за кои играат веќе некое време, има сè повеќе индикации дека би можеле да ја променат средината во догледно време. Како што објави ESPN, 2027 година треба да биде пресвртница во нивната кариера бидејќи тогаш ќе им истекуваат договорите со клубовите, а без ...
Ете, и тоа може да се случи во Лигата на Шампионите, на еден таков стадион како „Емирејтс“ во Лондон, еден од најдобрите во Европа. Вечерва се игра мечот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, но од таброт на шпанскиот тим не кријат дека се гневни по она што синоќа им се случило. Откако го одработиле тренингот на “Емирејтс“, констатирале дека во соблекувалните немало топла вода, па не можеле да се истушираат и тоа го сториле дури во хотелот. Навистина ...
Ужасни и катастрофални вести за сите во таборот на КК Партизан, посебно за стратегот Жељко Обрадовиќ. Имено најдобриот во неговиот тим, Карлик Џонс синоќа на мечот против ФМП во АБА лигата се здоби со тешка повреда, а по лекарските прегледи констатирано е дека репрезентативецот на Јужен Судан најмалку три месеци ќе биде надвор од терените. Тоа значи дека Партизан ќе може да смета на него дури во 2026. Карлик Џонс има повреда, односно скршеница ...
Можеби резултатот од 0:2 не покажува колку Брентфорд беше подобар од Вест Хем вечерва во меч од 8.коло во Премиер-лигата,ама според играта и настаните на теренот, гостите требаше да слават барем со 0:4 или 0:5. Вест Хем е во драматична криза, “Чеканите“ се веќе во црна серија, а Брентфорд тоа вечерва на најубав напчин го искористи и успеа да освои големи три бода за бегство од долниот дел на табелата. Игор Тиаго во 43.минута стрелаше за 0:1, ...
Алавес – Валенсија 0:0 е исходот од вечерашниот последен дуел од 9.коло во Ла Лига. И веднаш за нашиот голман Столе Димитриевски. Ништо ново, Македонецот повторно остана на клупата на Валенсија. До кога вака ќе биде тоа само тренерот на тимот од “Местаља“ го знае. Меч без голови, меч по кој Валенсија со 9 бода е на 14.место на табелата, а Алавес дојде до 12 бод со кои сега е на 10.место. Натпревар во кој и двата тима не заслужија победа, па ...
Иако засега сеуште не е официјално, сепак медиумите во Русија и Србија наголемо пренесуваат дека Дејан Станковиќ добил отказ во Спартак Москва и дека рускиот гигант наскоро ќе го објави и неговиот наследник. Ова не е некоја сензација ако се знае дека со денови наназад се шпекулираше дека српската играчка легенда, а и некогашен стратег на Ц. Звезда и немаше резултат со клубот од Москва. Ова значи, најверојатно, дека Станковиќ најверојатно ќе ...
Е, ова е фудбалска бајка. Малиот град или село Хелевик, на југот на Шведска, со само 1.485 жители, стана центар на фудбалска Европа. Локалниот клуб Мјалбиго освои Алсвенскан, највисокиот ранг на шведскиот фудбал, за прв пат во својата историја. Тие ја обезбедија титулата во елитната лига на Шведска три кола пред крајот на сезоната, со победа вечерва од 2:0 против ИФК Гетеборг, со што постигнаа недостижна предност од 11 бода во однос на Хамарби. ...
Во четврток со почеток од 18:45 на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 2.коло во Лигата на Конференции, Шкендија го дочекува Шелбурн, тим од Ирска. Билетите веќе се продаваат и тоа за цена од 500 до 750 денари, а вечерва тетовци информираат дека се продаваат и ВИП билети и тоа по цена од 2.000 денари. Да потсетиме дека оваа есен, нашиот шампион испишува историја. За првпат игра во групната или по ново лигашка фаза во едно европско ...
“Реал Мадрид се мачеше против Гетафе сè додека Арда Ѓулер не најде додавање кое неговите соиграчи претходно не можеа да го видат. На крајот од таа топка, избегнувајќи го офсајдот, се најде Килијан Мбапе. По едноставна, но ефикасна контрола, Французинот ја намести топката и го совлада голманот Сорија, кој успеа само да го допре шутот пред топката да се одбие од стативата и да заврши во мрежата. Тоа беше неговиот 15-ти гол оваа сезона, ...
И дефинитивно Ендрик минува низ еден кошмарен период во Реал Мадрид. Имено тој не одигра ни минута под водство на Чаби Алонсо оваа сезона, кој засега не го смета за важен дел од својот тим. Фрустрацијата кулминираше со победата на Реал од 1:0 против Гетафе. Бразилецот долго време се загреваше, очекувајќи да влезе во игра додека на тимот му беше непходен поведнички гол. Наместо тоа, Алонсо му даде знак да се врати на клупата, а напаѓачот силно ...