Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Иран пропушти директен пласман во нокаут фазата на Светското првенство по драматичното реми 1-1 против Египет во Сиетл. Наместо сензационална победа, Иранците сега зависат од исходот на другите групи. Азискиот тим ја заврши групната фаза со три бода и моментално е во позиција да се натпреварува за статусот на еден од осумте најдобри третопласирани тимови. Сепак, патот до нокаут фазата повеќе не зависи само од нив – туку и од резултатите во ...
Лионел Меси имаше фантастичен старт на Светското првенство. Хет-трик против Алжир и два гола против Австрија, и сега тој е играчот кој постигнал најмногу голови во историјата на Светските првенства. Сепак, тој нема да има можност да го подобри тој рекорд од почетокот на натпреварот против Јордан. Како што најави селекторот Лионел Скалони на прес-конференцијата пред мечот, тој на стартот вечерва ќе остане на клупата. „Лионел ќе го започне ...
Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет директно се квалификуваа од групата Г во нокаут-фазтаа, додека селекцијата на Иран ќе го чека исходот со три нерешени резултати за да се пласира понатаму како една од најдобрите третопласирани репрезентации. Египет и Иран ги поделија бодовите, играјќи 1:1, па африканската селекција обезбеди директен пласман понатаму, додека азиската репрезентација ќе почека до крајот на групната фаза на Светското ...
Уште еден доказ што значи Бразил во светскиот фудбал, посебно откако и на ова СП заврши како прв во групната фаза, односно го освои првото место во групата.Најголемите фаворити честопати доживуваат неочекувани падови, губат од аутсајдери или дури го завршуваат натпреварувањето по групната фаза. Сепак, една селекција ја побива таа традиција повеќе од четири децении. Без оглед на промените на генерациите, промените на тренерите или сè ...
Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските Острови која заврши како втора во групата и се пласира во 1/16 финалето каде за ривал ќе го има светскиот првак, Аргентина на Меси. Денешен гостин во нашата рубрика “Коментар на денот“ посветен на настаните на Мундијалот, е Артим ...
Двајца шпански репрезентативци се повредија на натпреварот од третото коло на Светското првенство во 2026 година против Уругвај (1:0). Крилниот напаѓач Јереми Пино се појави на теренот во 66-тата минута. Тој го напушти стадионот со завој на раката. Според „Марка“, тој претрпе повреда на клучната коска. Крилниот напаѓач Нико Вилијамс влезе на теренот во 76-тата минута. Се сомнева дека има повреда на мускулот што би можела да го спречи да игра ...
Шпанија го победи Уругвај со 1-0 во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство и го обезбеди првото место во групата Х пред нокаут фазата на Светското првенство. Шпанија имаше над 70 проценти од поседот на топката, и покрај малиот број шанси, успеа да поведе во 42-та минута со голот на Баена. Второто полувреме беше многу полошо од двата тима и се чинеше дека тимовите едвај чекаат да заврши натпреварот. На крајот, ...
Повеќе од половина двојки за натпреварите во првата нокаут-рунда на Мундијалот веќе се познати. Со одигрувањето на денешните дуели списокот ќе биде комплетен, а од она што го имаме досега не очекуваат неколку дерби дуели во првата елиминациска рунда. Германија – Парагвај Франција – Шведска Јужна Африка – Канада Холандија – Мароко САД – Босна и Херцеговина Бразил – Јапонија Брегот на Слоновата Коска – Норвешка Аргентина – Зеленортски острови ...
И дефинитивно Нико Паз и следната сезона ќе игра за Комо. Реал Мадрид и Комо постигнаа конечен договор во врска со иднината на аргентинскиот играч за врска Нико Паз, кој официјално ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот клуб. Како што објави најпознатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, двете страни успешно ги завршија преговорите, а Кралскиот клуб склучи еден од најинтересните зделки во овој преоден рок. Имено, Реал Мадрид прво ја ...
Секој тренер што седи на клупата, особено за време на голем турнир како Светското првенство, знае дека е под постојан надзор на будните навивачи. Секој гест, израз или збор се анализира до најмал детал, а во ерата на социјалните медиуми, овие моменти брзо ги споделуваат милиони, секој со свое толкување и значење. Токму ова му се случи на Давиде Анчелоти, синот и помошник на селекторот на Бразил, кој стана уште една „жртва“ на клиничкото око ...
Лео Меси секако дека е најдобриот играч на сите времиња. Со ова не се сложуваат фановите на Кристијано Роналдо, но тоа е нивна работа. Аргентинецот игра феноменално на Мундијалот и ја предводи својатѕа селекција во одбраната на светската титула, а по пет гола во првите две средби, тој повторно е тема број еден меѓу фудбалските аналитичари. Посебно внимание привлече анализата на легендарниот Тиери Анри, кој за време на телевизискиот пренос на ...
Норвешка – Франција 1:4 е крајниот резултат од мечот во Бостон, во рамките на 3.коло во групата И.Со оваа победа страшната Франција заврши како прва во групата, додека Норвешка како втора ќе патува во 1/16 финалето на овој Мундијал. Штета што не видовме вистинско дерби, што не ја видовме вистинската Норвешка, ако се знае дека на овој меч играа резервистите на оваа селекција. Таква беше одлуката на селекторот Солбакен. Франција стартуваше со ...
Тенисерите на Југ ја продолжија доминацијата во државната лига за тенис и освоија уште една шампионска титула. На убедлив начин со четири победи стигнаа до уште еден шампионски пехар. Во денешниот меч од последното коло го совладаа ТК Мондано со 5:0, додека во вториот денешен дуел Поинтер со 4:1 беше подобар од Тумба и со тоа го освои второто место. Табела: Југ 4/0 (победи-порази); Поинтер 3/1; Тумба 2/2, Мондано 1/3 и МТП 0/4. За тимот на ...
На нешто повеќе од еден час, кога беше објавен составот на Норвешка, се знаеше кој ќе победи вечерва во Бостон. Кој ќе биде прв, а кој втор на табелата на крајот во групата И. Па така Франција откако славеше со 4:1 сега за ривал во 1/16 финалето ќе ја има Парагвај, Еквадор или Шведска. Од друга страна Норвешка со овој пораз за ривал го одбра составот на Брегот на Слоновата Коска. Сенегал заврши како трет во групата, и ако успее да се најде ...
Норвешка – Франција 1:3 е исходот по првото полувреме на мечот од 3.коло во групата И, кој се игра во Бостон. Ова требаше да биде дерби, но ништо од тоа по одлуката на селекторот на Норвешка, овој меч да го одигра со Б тимот. Ги нема Халанд и останатите ѕвезди. Франција, иако го нема Дидие Дешамп, поради смртен случај, е во најсилниот состав а блескаше Усман Дембеле со хет – трик и тоа во 7.минута, 20. и 32.минута. Норвешка преку Асгард, ...
Помалку од четири дена нè делат до Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околу 600 млади спортисти од четирите региони ќе се соберат на едно место – во Општина Кисела Вода, каде што ќе се водат битките за титулите и за пласман на меѓународната сцена. Државното првенство ќе се одржи на 30 јуни 2026 година, со почеток во 09:00 часот. Младите „симовци“, кои во изминатите месеци ги поминаа регионалните ...
Соединетите Американски Држави навистина се ненаситни. Имено тие уште сега размислуваат за кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2038 година, изјави Ендру Џулијани, извршен директор на Работната група за Светското првенство во Белата куќа. „Кога мислите дека ова Светско првенство би можело да се прошири на 64 репрезентации во одреден момент, мислам дека Соединетите Американски Држави можат да се справат со тоа“, рече Џулијани. ...
Верли Валтер до Насцименто Фереира (26) е најновото засилување на тимот на Шкендија Арачиново. Станува збор за Бразилец кој игра на местото лев бек, а интересно е тоа што во своето име го има Насцименто, а познато е кој славен фудбалер го имаше тоа во своето име. Со овој потег Шкендија Арачиново и дефинитивно покажува дека не се шегува и дека има намера и тоа како осетно да го засили тимот за својата дебитантска сезона во елитната лига на ...
Може да се каже дека е готово. Мозес Рајт доби македонски пасош и сега може да игра за Македонија. Тој пасош му помогна и во трансферот од Жалгирис во Барселона, според медиумите во Каталонија,пред се на Мундо Депортиво. Овој кошаркар беше изборот на центар во А-репрзентацијата од страна на стручниот штаб на репрезентацијата. Инаку познато е дека нашата кошаркарска селекција на претстојните претквалификации за ЕП 2029 година ќе игра со ...
Познат е распоредот на РК Вардар за тековната сезона во групната фаза во Лигата на Шампионите. Денеска нашиот ракометен шампион дозна во која група ќе биде, а со тоа и кои му се ривалите во таа група Б. Вечерва е познат и распоредот или “возниот ред“. Па така вардарци прво му гостуваат на Мелсунген, потоа играат два меча дома со Нант и Висла Плоцк. Следува гостувањето кај Висла, дома со Мелсунген и за крај со Нант на гости. Да потсетиме дека ...
Исплатени се сите долгови кон фудбалери, тренери и доверители кои клубот ги имаше од минатата сезона. Тоа се случи во текот на денешниот ден кога се обезбедени потребните средства со кои се расчистени сите сметки со што клубот од денеска има салдо „нула“ и нема долгови кон никого. Со ваквиот потег се отвори вратата за новиот најавен спонзор во клубот од Штип. Германецот Франк Соломон во текот на идната недела се очекува да ги превземе 51% од ...
Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит на имаат Американците, но Босанците како типични Балканци немаат намера однапред да се предадат. Во Сараево и цела Босна Херцеговина “ГОРИ“, секако и во САД за овој меч. Социјалните мрежи вријат од шеговите текстови, закани кон САД, секако и повикување на внимателност. ...
Македонската ракометна репрезентативка, Катерина Дамјаноска својата кариера ќе ја продолжи во Романија. Имено нејзиниот нов клуб, Таргу Муреш и официјално потврди дека ја ангажирал македонската ракометарка. Ова за Дамјаноска ќе биде прв интернационален предизвик. Инаку Таргу Муреш е член на втората лига на Романија, но сепак е клуб со големи амбиции. Катерина Дамјаноска во изминатиот период беше дел од составот на Ѓорче Петров, а претходно ...
Светското првенство во фудбал и натаму го тресат најразлични скандали. Но, најголемиот доаѓа од стадионот во Фриско, каде се урна дел од трибината. Ова е стадион каде што Шведска ги одржува тренинзите. Инцидентот се случил за време на градежни работи на објектот, а за среќа нема повредени. 🇸🇪 SUECIA Impactante imagen desde el centro de entrenamiento de Suecia en Frisco, Texas. Mientras la selección realizaba su práctica, podía verse detrás ...
Пред нас се уште шест мечеви од 3.коло во групната фаза на Мундијалот и тоа во групите И, Х и Г, по кој и дефинитивно ќе се знаат дел од патниците во 1/16 финалето. Норвешка и Франција играат одлучувачки натпревар за првото место во Групата И на СП. Двете селекции го обезбедија своето место во 1/16 финалето по две први победи, секоја со по шест бода. Норвешка, предводена од брилијантниот Ерлинг Халанд, кој веќе постигна четири гола, ги ...
Шкендија објави дека Нуман Ајети повеќе нема да биде дел од црвено-црниот дрес. „Левиот бек и клубот одлучија дека е вистинско време да се разделат. Клубот ја ценеше желбата на играчот да бара нова средина, каде што ќе му биде загарантиран повеќе простор за играње и продолжување на развојот на својата кариера. Му се заблагодаруваме на Нуман за неговиот придонес, професионализам и посветеност покажани во црвено-црниот дрес, посакувајќи му ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од денеска и официјално повеќе нема да биде ерген. Откако пред една година романтично ја побара за сопруга својата долгогодишна партнерка Ирина, денес нивната љубов ќе ја крунисаат со брак, почитувајќи ги македонските свадбени обичаи и традиции. Во домот на Димитриевски владее празнична атмосфера, а меѓу најблиските пријатели кои се дел од веселбата е и македонскиот репрезентативен ...
Сериозен конфликт меѓу играчите на Уругвај и селекторот Марсело Биелса избувна пред натпреварот од третото коло во групната фаза против Шпанија на Светското првенство, објави локалната радио станица „Ел Еспектадор“. Според информациите, група водечки играчи на националниот тим, меѓу кои голманот Серхио Роше и играчите од средниот ред Мануел Угарте, Родриго Бентанкур и Федерико Валверде, иницирале состанок. За време на разговорот, играчите ...
Европската ракометна федерација воведе рангирање на клубовите во машките и женските клупски натпреварувања на ЕХФ. Објавувањето на рангирањето следи по соодветен предлог што го потврди Извршниот комитет во април во Катовице. Клубовите се рангираат според нивните достигнувања, односно собраните бодови во претходните три сезони на европскиот куп (моментално 2025/26, 2024/25, 2023/24). Освен што е фактор во каталогот на критериуми за прием во ...
Најдобрата македонска фудбалерка на сите времиња, Наташа Андонова е нов член на швајцарскиот шампион Сервет. Андонова пристигнува во Швајцарија со богато интернационално искуство зад себе. Таа претходно настапуваше за европските гиганти Барселона и Пари Сен Жермен, а нејзин последен клуб беше шпанскиот Леванте Лас Планас. View this post on Instagram A post shared by Servette FC Chênois Féminin (@servettefccf) Најдобрата македонска ...