Во четврток (23 јули) Шкендија ќе го одигра својот прв натпревар од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Познато е дека ривал во овој двомеч е Браво од Словенија. Првиот меч се игра во Љубљана на стадионот „Стожице“ каде што игра Олимпија и селекцијата на Словенија. Почетокот е закажан за 20.45 часот. Познати се и судиите за овој прв меч во Љубљана, тие се од Финска. За главен делител на правдата одреден е Џони Хитиа, додека ...
Тимот на Шкендија пак, покрај Вардар, исто така го доби својот потенцијален противник во третото квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тетовци се на мегдан против словенечки Браво во второто квалификациско коло, за да со евентуална елиминација на овој противник имаат интересен распоред. Шкендија го мине ли тимот на Браво, ќе се сретне со противникот од дуелот помеѓу косовскиот состав на Малишева, односно шкотскиот претставник ...
Експедицијата на Шкендија е веќе во Љубљана, каде попладнево веднаш по слетувањето одржан е и првиот тренинг. Натпреварот со Браво од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, е закажан за в четврток од 20.45 часот, а утре вечер ќе се одработи и официјалниот тренинг на “Стожице“ каде и ќе се одигра овој натпревар. Од таборот на Шкендија една официјална информација дека во текот на утрешниот ден ќе се знае дали двете најнови засилувања, ...
Додека се подготвуваат за европскиот двомеч од Конференциската лига против словенечкиот клуб Браво, фудбалерите на Шкендија мора да мислат и на првиот домашен предизвик. А тој ќе биде на необичен терен и во вечерен термин. Натпреварот помеѓу Шкендија и Скопје од првото коло на новата сезона во ПМФЛ навистина ќе се одигра в недела на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Причината поради која тетовска Шкендија го игра овој домашен натпревар во ...
Екипата на Шкендија, утре со почеток од 20:45 часот на стадионот Стожице во Љубљана, ќе го одигра првиот од двата дуела против словенечкиот тим на Браво, во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тетовци од вчера се во Словенија, се аклиматизираат што се вели и го чекаат дуелот. За денеска секако е закажан официјалниот тренинг на тимот. „Мислам дека атмосферата е одлична, владее позитивно расположение во екипата по ...
Македонскиот шампион Шкендија се наоѓа во Љубљана, каде што ги финализира подготовките за првиот натпревар против словенечки Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Со експедицијата на тетовскиот клуб отпатуваа и најновите засилувања Марко Ѓорѓиевски и Јован Манев, кои во текот на денот се очекува да бидат регистрирани и да добијат право за настап. Од друга страна, голманот Бабукар Гаје поради полесен физички ...
Македонскиот шампион Шкендија се наоѓа во Љубљана, каде што ги финализира подготовките за првиот натпревар против словенечки Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Во пресрет на дуелот, десниот бек Александар Трумчи истакна дека атмосферата во тимот е одлична по успешниот настап во првото квалификациско коло, но нагласи дека сега целиот фокус е насочен кон новиот предизвик. „Атмосферата е навистина добра. Го ...
В четврток од 20.45 часот во Словенија фудбалерите на Шкендија ќе го играат првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА против екипата на Браво. Играчите предводени од тренерот Артим Положани се во Љубљана каде го одржаа редовниот тренинг на стадионот „Стожице“ пред првите 90 минути од двомечот. По успешното завршување на процедурите за регистрација од страна на административниот оддел на клубот, новите ...
Играчот за врска на Шкендија, Ендрит Красниќи, порача дека тетовскиот тим е целосно подготвен за првиот дуел против Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА и верува дека екипата има квалитет да избори поволен резултат во Љубљана. Красниќи нагласи дека во европските натпреварувања нема лесни противници и дека Шкендија со максимална сериозност ќе му пристапи на натпреварот. „Во Европа нема слаб противник на ова ...

