Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5.232.561.000 евра и бележи пад од 11,6% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.801.375.000 евра, што е за 11,2% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит, во ...

Трошоците на живот во декември минатата година, во однос на ноември, се зголемени за 0,4%, додека кај цените на мало има пораст од 1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Трошоците на живот во текот на минатата година, во однос на 2019 година, имаат пораст од 1,2%, а кај цените на мало скокот е за 0,4%. Движењето на индексот на трошоците на животот во 2020 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на ...

Деловните активности на „Хуавеи“ треба да продолжат да се намалуваат и да се концентрираат на области со стратешки фокус, наместо да се обидуваат да направат сè, им пиша основачот и извршен директор на „Хуавеи“, Рен Женгфеи, на вработените во компанијата во неодамнешната интерна е-пошта, сигнализирајќи дека телекомуникацискиот гигантот може дополнително да ги прилагоди своите стратегии наспроти предизвиците и конкуренцијата. „Бидејќи сме ...

Со финансиска поддршка од ЕУ и Министерството за локална самоуправа, преку ИПА 2 Програмата за Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија преку проектот „Откривање на скриените атракции” комплетно се реконструира стариот Кооперативен Дом во село Слоештица во Демир Хисар, кој ќе прерасне во Мултифункционален Центар со простор за настани, сместување, сувенирница и Спомен соба на великанот на македонскиот збор, Петре М. Андреевски, ...

Македонската влада годинава ќе обезбеди 1,1 милиони евра субвенции за авиокомпаниите со цел тие да стартуваат нови линии кон земјата. – Владата ги гледа сите авиокомпании кои работат на македонскиот пазар како сериозни партнери за развој на воздушниот сообраќај во земјата и ние ќе продолжиме да работиме со нив. Оваа година се обезбедени 1,1 милиони евра во буџетот како финансиска поддршка за лансирање на нови линии. Бидејќи земјите постепено ќе ...

Во Австрија минатата година, која беше обележана со пандемија на коронавирусот и сродни мерки, беше забележан рекорд во продажба на оружје. Според податоците на институтот за истражување на пазарот „Браншенрадар“, купено е 10 проценти повеќе ново оружје отколку во 2019 година, вкупно 71.250 пушки и пиштоли, што е за 6.400 повеќе од претходната година. Бум имаше и кај употребуваните оружја, каде побарувачката се зголеми за 16 проценти, со 52.300 ...

Благодарение на флексибилноста во управувањето, длабинскиот пристап на анализирање на ризиците и можностите, може да се каже дека КОСТАЛ Македонија годинава релативно подобро се снајде од конкуренцијата, притоа одржувајќи го растот на вработени и инвестиции. Од 500 на крајот на 2019-та, бројот на вработени достигна 830 на крајот на годинава со дополнителни над 10 милиони евра инвестции. Сепак, и покрај сите напори растот на приходите беше помал ...

Ако сакате да блеснете во 2021 година, во професионална смисла, тогаш треба да ги следите овие 10 рутини што можат да ви донесат пресврт. Тие беа собрани од советникот за управување со кариера, Шанел Мекфарлејн. На прво место е „виртуелното пиење кафе“ (virtual coffee chats), што е многу важно, особено сега кога собирите и дружењата се ограничени. Тој дух на соработка со колегите треба да се одржи со кафето и повесели разговори. Упишете курс ...

Плановите за производство на германските индустријалци се прекроени, а индексот на нивните очекувања за следните месеци падна на 4,5 поени во декември од ноемвриското ниво од 5,6 поени, покажуваат резултатите од најновото деловно истражување на институтот ИФО. „Иако сликата е многу различна во различни индустрии, неколку од нив планираат да го намалат производството“, вели аналитичарот на ИФО, Клаус Волрабе, се наведува во соопштението на ...

Основачот на Амазон, Џеф Безос го загуби тронот, откако сопственикот на „Тесла“, Елон Маск е новата најбогата личност на светот. Акциите на производителот на електрични автомобили во четвртокот пораснаа за 7,9 проценти, со што Маск се најде на врвот на листата на најбогати луѓе во светот според Индексот на милијардерите на Блумберг. Со овој скок на акции, богатството на Маск се проценува на 195 милијарди долари или 10 милијарди долари повеќе од ...

Во овој момент не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија и покрај намаленото производство од хидро капацитетите во државата, коешто, пред се, се должи на лошата хидрологија, поради што кон крајот на 2020 година имаше потреба од увоз, порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА што викендов ќе биде објавено во целост. -ЕСМ има обврски да ги обезбеди ...

Подготвувањето храна кај жените зафаќа 37% од домашните активности, додека кај мажите само 12%. Исто така, миењето садови кај жените зафаќа 16% од домашните активности, додека кај мажите само 2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според просечното дневно користење на времето на лицата на возраст од над 10 години, во 2014 и 2015 година, најмногу е застапено спиењето со околу девет часа, потоа слободните активности со помалку ...

Откако Џо Бајден победи на претседателските избори во САД во ноември, радоста од неговата победа беше засенета од стравот дека ќе има републиканско мнозинство во Сенатот што ќе ја блокира неговата агенда. Но, сега Бајден се насочува кон Белата куќа со речиси недопрени амбиции откако неговата партија за првпат по шест години ја презеде контролата врз Сенатот. Победата на демократите Џон Ософ и Рафаел Ворнок во вториот круг од гласњето во Џорџија ...

Кога се распаѓа најмоќната економија на светот, како што се сега САД, тоа ветува катаклизми, пишува консултантската компанија „Eurasia Group“ во анализата за водечките ризици во 2021 година. Покрај Соединетите држави, уште две водечки економии се збогуваат со своите долгогодишни лидери – Шинзо Абе во Јапонија и Ангела Меркел во Германија. Во 2021 година, „пријателите“ на Доналд Трамп, вклучително и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ...

Малку во сенка на порастот на Bitcoin (BTC), друга криптовалута расте силно во последните неколку недели. Се работи за Ethereum (ETH). Ethereum силно „повлече“ во понеделникот и по три години лесно префрли над 1.100 долари, зголемувајќи ја својата пазарна вредност далеку над 100 милијарди долари, но тогаш не ја избегна корекцијата. ETH моментално вреди 1.240 долари на платформата CoinMarketCap. Растот на пазарот на криптовалути се очекува да ...

Цената на златото нагло падна во средата – за повеќе од 2% откако растот на приносот на записите на Министерството за финансии на САД ја ослабе привлечноста на благородниот метал за инвеститорите. Златото претходно во вторникот достигна 1.950 долари за унца, првпат по скоро два месеци. На берзата COMEX во Њујорк, фјучерсите на златото за февруари го затворија вчерашното тргување по цена од 1908,60 долари за унца од 45,80 долари, или 2,3%. Котите ...

Претприемачот Елон Маск имаше неверојатна 2020 година, но новата година за него започнува уште подобро. И ова главно се должи на фактот дека тој е на чекор од тоа да стане најбогатиот човек на светот. Најновото „рели“ на акциите на „Тесла“ во средата, по кое тие пораснаа за 2,8% во вредност, го стави на растојание од само 3 милијарди долари зад основачот на Амазон, Џеф Безос, кој во моментов е на прво место по богатство во светот, според ...

Лидерите на водечките американски компании, вклучувајќи ги Exxon, Pzer, Apple и General Motor, бараат смена на претседателот Доналд Трамп, откако неговите приврзаници упаднаа во американскиот Конгрес во средата за време на состанокот на кој се потврдуваа резултатите од претседателските избори, пренесе Ројтерс. Според последните податоци, четири лица загинаа при блокадата на Капитол, а 50 беа уапсени, а одземени им беа експлозивни направи и ...

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон побара од деловните лидери да му помогнат да одлучи кои одредби во законодавството треба да се отстранат сега кога Велика Британија го заврши разводот од Европската унија. Премиерот го даде предлогот во разговор во средата попладне со околу 250 корпоративни лидери, објавија извори на Блумберг. Целта на премиерот е да ја намали бирократијата за да им го олесни животот на британските компании по ...

Aмериканските државни облигации опаѓаат, а берзите бележат раст по очекувањата, дека високата потрошувачка и долгови на администрацијата на Демократската партија ќе го зголемат економскиот раст откако ќе добие контрола врз двата дома на Конгресот. Државните хартии од вредност на САД ја објавија својата најголема продажба во последните неколку месеци откако победите на демократите во двете изборни трки во Џорџија им дадоа контрола на Сенатот и ...

Светските цени на храната продолжија да растат седми месец по ред во декември 2020 година, со пораст на цената на сите клучни категории храна, освен шеќерот, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на ФАО, кој ги мери месечните промени на цените во корпата за основни прехранбени производи, која се состои од житни култури, маслодајни растенија, млечни производи, месо и шеќер, минатиот месец во ...

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ ќе ги прекине летовите во јануари поради новите блокади во Велика Британија, изјави во четвртокот извршниот директор Јозеф Варади, предвидувајќи закрепнување на побарувачката до летото. Во декември, Варади изјави дека „Визер“ летал минатата година со капацитет од 35 проценти, вооднос на претходната година. Тој предвиде нови блокади во Велика Британија, еден од трите најголеми пазари на „Визер“, ...

Анализите покажуваат дека акцискиот промет на Македонската берза во 2020 година бил повисок во однос на берзите во Белград, Софија, Подгорица, Сараево и Бања Лука, вели во интервју за „Стандард“, првиот човек на Македонската берза Иван Штериев. “Во 2020 година повеќето регионални берзански индекси бележат намалување за разлика од нашиот МБИ10, којшто на последниот ден на тргување влезе во позитивна територија и ја заврши годината со благ годишен ...

Малку во сенка од порастот на Bitcoin, друга криптовалута расте силно во последните неколку недели. Станува збор за Ethereum. ETH повлече силно во понеделникот и по три години со леснотија префрли над 1.100 американски долари (скоро веќе достигнувајќи 1.000 евра), зголемувајќи ја својата пазарна вредност далеку над 100 милијарди долари, но потоа не избегна корекција. Растот на пазарот на криптовалути се очекува да продолжи и оваа година, бидејќи ...

Со рекордно ниски каматни стапки во САД, огромен дефицит на САД и континуирана глобална трговија, доларот ослабна уште повеќе со влегувањето во новата година – откако минатата година изгуби скоро седум проценти од својата вредност. Американскиот долар го достигна најниското ниво во понеделникот, последен пат забележано во средината на 2018 година, бидејќи биков тренд на глобалните пазари ги поттикна инвеститорите да купат „поризични“ валути како ...

Платата и трошоците на првиот човек на Apple, Тим Кук, скокнаа за 28% за една година, на 14,769,259 долари. Минатата година Кук доби 11.555.466 долари плата, а првите пет директори на Apple собраа вкупно 119,8 милиони долари. На почетокот на оваа година, Кук доби и статус на милијардер, благодарение на комбинацијата од неговата заработка и вредноста на компанијата што ја раководи. Оваа година Apple собра рекордна заработка и покрај пандемијата ...

Германската влада денеска го одобри законот според кој големите компании треба да примат барем една жена во управниот одбор. Предлогот ги повикува компаниите со повеќе од 2.000 вработени, кои се наведени во списокот и имаат најмалку три член управен одбор, да вклучат најмалку една жена и еден маж во тие одбори. Министерството за правда соопшти дека тоа ќе важи за околу 70 компании, од кои 30 немаат жени во одборите. Владата, исто така, планира ...

Оние работници кои ќе работат за време на празниците, треба да добијат 250% поголема дневница, потенцира денес ССМ, кој испрати порака до сопствениците на фирмите кои бараат на Бадник и Божиќ да се работи и функционираат во овие денови, иако законски денешниот ден е неработен за припадниците на православната вера, додека утрешниот е државен празник и неработен ден за сите граѓани. „Согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за ...

Велика Британија ќе го назначи Ричард Шарп, поранешен банкар на „Голдман Сакс“, за следен шеф на јавниот сервис Би-Би-Си, објави денес „Скај Њуз“. Шарп до неодамна работел како советник на британскиот министер за финансии, Риши Сунака, според телевизијата, и додава дека ќе го наследи Дејвид Клементи, поранешниот заменик гувернер на Банката на Англија, кој ќе ја напушти функцијата следниот месец по четиригодишен мандат. Ројтерс, цитирајќи ја оваа ...

И покрај тоа што е вообичаено да се најдат несакани подароци на платформите за е-трговија како eBay, многумина ставаат подароци на аукција само неколку часа откако Дедо Мраз „излетал од оџакот“. Имено, како што пренесуваат медиумите, има луѓе кои своите подароци ги пуштиле на продажба уште пред да заврши Божиќ. Она што е невообичаено е тоа што има такви кои продаваат подароци што не ги сакаат и пред да погледнат што има во нив, значи, ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
80%
1042
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
2.57
85%
1042
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1042
weather icon

Софија

-3ᴼ / -6ᴼ
1.54
92%
1042
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.68
76%
1040
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.89
90%
1041
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
4.02
75%
1035
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1032
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1034
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
4.12
75%
1038
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.58
92%
1042
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
4.12
81%
1038
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5896

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

502491 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

991 $

Злато

87341 $

Бакар

8 $

Паладиум

29710 $

Платина

29835 $

Цинк

89774 $