Македонска берза во 2020 година се соочи со работа во турбулентни услови, а преку инфографик ги објави клучните моменти што ја одбележаа минатата година. Вкупниот промет на берзата достигна 133 милиони евра или 6,4% повеќе во однос на 2019 година. Прометот со акции во БЕСТ системот беше 92 милиони евра или 48,8% повеќе одошто во 2019 година. Индексот МБИ10 во 2020 година се позиционираше на 4.704,85 поени или 1,2% повеќе во споредба со една ...

Бројот на невработени во САД до Нова година падна на нешто помалку од 20 милиони луѓе, покажуваат најновите податоци на бирото за квалификации на земјата, објави „Зеро Хеџ“. Ова е за десет пати поголема бројка од претходната Нова година, кога нивниот број беше само 2 милиони луѓе. Релативно позитивен тренд е забележан кај бројот на лица кои поднесуваат првични апликации за надомест поради невработеност. Падна на 787.000 во последната недела од ...

Apple е меѓу омилените компании не само на љубителите на технологијата, туку и на инвеститорите. Таа е прва која доби проценка од 2 трилиони долари на пазарите – само две години откако стана првата американска компанија што надмина пазарна капитализација од 1 трилион долари. Инвеститорите Џин Мунстер, кој во јануари минатата година прогнозораше проценка од 2 трилиони долари, убеден е дека наскоро ќе допре до космичките 3 трилиони долари. На ...

Интернет-страницата TorrentFreak известува дека сообраќајот на пиратските страници е значително намален во текот на изминатата година. Слична анализа покажува дека бројот на посети на овие страници од пребарувачите е намален за околу една третина. Причината за овој пад се претходно ажурираните алгоритми на Google. Интернет гигантот активно го намалува рејтингот на страниците, каде има најмногу поплаки и најмногу барања за отстранување од ...

Microsoft веќе објави јавно дека шефот на „Surface“ дивизијата, Панос Панаи ќе биде на чело на одделите за клиенти и хардвер на Виндоус. Оваа стратешка промена во структурата доведе многу аналитичари да предвидат големи промени во изгледот на Windows 10. Веќе знаеме дека ажурирањето закажано за есента 2021 година ќе понуди опипливи ажурирања во корисничкиот интерфејс. Корисниците можат да очекуваат дека промените ќе ги опфатат сите клучни ...

Турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк изјави дека одлуката на германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ да ги откаже плановите за изградба на производствен погон во Турција и повлекување на инвестициите е политички мотивирана и претставува загуба за „Volkswagen“, а не за Турција. „Ние сме ние тие кои ќе изгубат од овој потег, туку „Volkswagen“. Во овој случај, „Фолксваген“ ќе изгуби, а не Турција, бидејќи ...

„Еуромакс рисорсес“ како директна странска инвестиција апелира до политичарите да не ја користат во меѓупартиски пресметки и манипулации со полувистини и шпекулации, бидејќи проектот Иловица-Штука може да има силен импакт врз националната економија. Станува збор за инвестиција, чија реализација може веднаш да започне, а значајно ќе помогне за брзо заздравување на македонската економија по штетата што ја предизвика пандемијата со КОВИД – 19. ...

Владата на седница одржана на 29.12.2020 година, донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, а истата стапи на сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30.12.2020 година. Арсовска како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, активно работи на развој на ...

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung објави дека следната премиера на новиот смартфон ќе се одржи на 14 јануари, кога се очекува да ја претстави најновата верзија на своите паметни телефони од серијата Galaxy, пишува „CNBC“. Поканите испратени од најголемиот светски производител на паметни телефони покажуваат дека настанот ќе се емитува на веб-страницата на Samsung следниот четврток. Премиерата ќе се одржи во истата недела со најголемото ...

Кина остро ја критикуваше американската влада за политизирање на трговските прашања откако њујоршката берза започна процес на бришење на три кинески телеком компании за кои Вашингтон тврди дека се поврзани со воената индустрија на земјата. Пекинг ќе ги преземе неопходните мерки за заштита на законските права на кинеските компании, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Хуа Чунинг на редовниот брифинг со новинарите, пренесува ...

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, некои индустрии доживеаа вистински пад, како што се туризам, угостителство или транспорт, додека други практично „процветаа“ – достава на храна, опрема за вежбање, трговија преку Интернет … Имаше многу активности кои претходно практично дури и не постоеја, а околностите во кои живееме повеќе од девет месеци ги принудија сите играчи на пазарот да се прилагодуваат од ден на ден. Така, продавачите ја ...

Цените на нафтата минатата недела малку се зголемија на светските берзи, но минатата година паднаа за повеќе од 20 проценти, бидејќи кризата со коронавирусот предизвика пад на побарувачката за „црно злато“. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 1 процент на 51,80 долари, додека на американскиот пазар за еден барел порасна за 0,6 проценти на 48,52 долари. Но, во текот на изминатата година, цената на барелот падна за ...

Повеќе од две децении, францускиот пристанишен град Кале уживаше во постојан прилив на Британци кои прават брзо сопирање на оваа станица со една цел: да складираат вино и сите други алкохоли со огромен попуст и да ја вратат стоката назад во Велика Британија, пишува во својата анализа „Блумберг“. Магацини за вино, како што е „Calais Wine Superstore“, со шарм на хангар за авиони, но привлечен поради цените многу пониски од оние во Велика ...

Регулаторна комисија за енергетика одлучи да ја промени цената само на бензинот Еуросупер БС – 95, додека останатите горива и оваа недела ќе се продаваат по иста цена. Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за пола денар, па неговата нова цена ќе биде 61 денар. Литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 62,50 денари, Еуродизел (Д-Е V) изнесува 53 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде5 2,50 денари. ...

Во текот на денешниот ден се очекува, УЈП да го објави конечниот список на фирмите кои ја добиле државната помош, а истата не ја исплатиле на своите вработени во рамки на четвртиот сет економски мерки. Инаку, директорката на УЈП, Сања Лукаревска вчера информираше дека листата ќе биде доставена до генералниот секретаријат, од каде треба да се објави списокот. По опомената, за месец ноември, 351 фирма ги исплатиле парите на своите вработени. А од ...

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 5 јануари 2021 година (вторник) започнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прва) за месец декември 2020 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите ...

Ажурирана e анализата на неисплатена државна помош за месец ноември за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош. Владата на својот сајт ги објави компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени. ...

Вистинските последици од кризата сè уште не се проценети, но нема сомнение дека Ковид-19 силно ги погоди банките во регионот, вели консултантската фирма „Делоит“. Банките во регионот беа во добра состојба сè до избувнувањето на пандемијата. Во 2019 година, просечната адекватност на капиталот беше 20 проценти, имаше релативно малку нефункционални заеми и тие сè уште се намалуваат, просечната поврат на капиталот беше 12,7 проценти. Скоро 60 ...

Да се ​​има пари и да се биде богат се смета за еден од петте најважни услови за среќа, иако бројни студии покажуваат дека патот до среќата е многу сложен. Кога собирате богатство, според Пол Долан, автор на бестселерот „Засекогаш среќен: Како да се избегне митот за совршен живот“, најголемата стапица е да станете зависник и да ви треба сè повеќе и повеќе. Затоа е клучно да знаете како да препознаете кога е доволно. Иако ограничувањето за ...

На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути минатата година падна за скоро 7 проценти и падна на најниско ниво во последните две и пол години, при што еврото во однос на американската валута зајакна повеќе од 9 проценти. Индексот на доларот, што го покажува движењето на американската кон другите шест најважни светски валути, минатата година падна за 6,9 проценти, на 89,84 поени, недалеку од најниското ниво од април ...

Меѓународната компанија за сертификација и класификација Det Norske Veritas (DNV GL) потврди дека ќе ги запре сите активности за сертифицирање на гасоводот „Северен тек 2“ поради новите санкции на САД. Ова за „ТАСС“ денес го потврди претставникот на компанијата Роберт Ковни. Во ноември 2020 година, „DNV GL“ престана да обезбедува услуги на бродови кои служат на Северен тек 2, соопшти компанијата. „Сега нашата компанија ќе ги запре сите ...

Сега веќе претходната година беше погодена од пандемија што предизвика заклучување на градовите низ целиот свет, нестабилност на пазарот, смртни случаи, планови за излегување од колосек, патувања, прослави, семејни посети, па дури и пензионирање. Многумина ќе се согласат дека повеќето од она што се случи минатата година беше неочекувано, но сепак треба да се извлечат поуки од 2020 година – вклучително и како да се подготвиме за иднината. Самата ...

Со крајот на 2020 година, сите се надеваат дека најлошото е минато и се радуваат на 2021 година. Првите вакцини се на пат, а по нив експертите се надеваат дека ќе следи економско закрепнување, иако бавно. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предвидува дека глобалната економија ќе се намали за 4,2% оваа година и ќе може да се врати на нивото на раст пред кризата во следните 12 месеци. Платформата „Visual Capitalists“ подготви ...

Додека глобалното затоплување се заканува на многу живи суштества на Земјата, истиот процес на Марс може да биде еден од клучните фактори што ќе ги претвори безживотните песоци во планета, на која може да се живее. Научниците веќе имаат материјал што може да ја направи Црвената планета погодна за живеење – со совршено задржување на топлината, пренесување на сончева светлина и блокирање на вишокот радијација. Два услови се потребни за Марс да ...

Откриен е нов патент на Apple во USPTO, во кој компанијата опишува нов вид тастатура што може да се користи во нејзините компјутери. Вклучува копчиња од тастатура, што можат да бидат конфигурирани и имаат мини дисплеи кои ја покажуваат нивната функција. Визуелизацијата ќе биде динамична и зависи од програмираната функционалност. Слично решение нудат и моделите MacBook Pro со Touch Bar. Во овој случај, сепак, покрај посебната област, во копчињата ...

Цената на Ethereum (ETH) скокна во неделата, тргувајќи над 800 долари за прв пат од март 2018 година. Матичната валута на мрежата Ethereum достигна скоро тригодишно ниво од 829$, што претставува пораст од 10,6% во последните 24 часа. Како втора најголема криптовалута според пазарната капитализација, вкупната вредност на ETH во моментов е 92,5 милијарди долари. Растот на Ethereum се совпаѓа со зголемениот институционален интерес кон поширокиот ...

За 30 години, повеќето од најголемите светски економии ќе бидат оние што се денес во развој. Во иднина, тие би можеле да ги надминат големите сили како САД, Јапонија и Германија. „Брегзит“, пандемијата и трговските потешкотии донесоа економски пад, но и покрај овие предизвици, се предвидува светската економија да расте со брзо темпо во следните неколку децении. Всушност, глобалниот пазар се предвидува двојно да се зголеми до 2050 година, иако ...

Италијанско-американскиот производител на автомобили Fiat Chrysler ќе инвестира две милијарди евра во фабрика во Тичи, Полска, за да ги опреми за производство на хибридни и електрични модели, изјави во вторникот полскиот вицепремиер Јарослав Говин. – Современите, хибридни и електрични автомобили на брендовите Jeep, Fiat и Alfa Romeo ќе започнат да ја напуштаат фабриката во Ti;i во 2022 година – напиша Говин на Твитер. Fiat Chrysler, кој ...

Со 35 тони злато, Србија е земја со најголеми резерви на злато во регионот, според податоците на Светскиот совет за злато. Според податоците Србија има 35 тони злато, а околу 96 проценти од златото се чувала во форма на златни прачки, а другите четири проценти во форма на монети. Според податоците на Светскиот совет за злато за второто тримесечје од оваа година, Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот по Србија и тежат 6,89 ...

Како и секоја година, ова е време кога „Saxo Bank“ ги прави своите 10 „шокантни“ предвидувања за следните 12 месеци. Тие го собраа, како што се додава, целиот култ што ги придружува, и иако не сите предвидувања се целосно сериозни, тие се дизајнирани да ги натераат инвеститорите да размислуваат за ризиците што можат да влијаат на пазарите. Директорот за инвестиции на данската банка, Стин Јакобсен рече дека сме биле сведоци на „најбрзо ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
86%
1042
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
2.06
86%
1042
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1042
weather icon

Софија

-3ᴼ / -5ᴼ
1.54
92%
1041
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.58
74%
1040
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1041
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.36
75%
1035
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
80%
1033
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1034
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
4.12
72%
1038
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
2.24
92%
1042
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
87%
1038
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5778

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

502491 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

991 $

Злато

87341 $

Бакар

8 $

Паладиум

29710 $

Платина

29835 $

Цинк

89774 $