Многумина кои долго време се лекувале од КОВИД-19, дури и шест месеци по инфекцијата, не биле во можност да работат со ист капацитет како порано, покажува истражување цитирано од „Гардијан“. Субјектите во глобално истражување пријавиле 205 симптоми во 10 системи на органи по инфекцијата. Иако првично се сметаше дека КОВИД-19 е претежно респираторна болест од која повеќето луѓе би се опоравиле во рок од две или три недели, како вопандемијата се ...

Со недели, најпознатата криптовалута, Bitcoin (BTC), ги руши своите рекорди. Неговата вредност неделева се „вртеше“ околу 34.000 долари, додека во моментов вреди неверојатни 35.000 $, покажуваат податоците на CoinMarcetCap. BTC ја зголеми тројно својата вредност во текот на 2020 година, расте стабилно дури и кога падна берзата во раните денови на пандемијата. Новиот рекорд доаѓа само неколку дена откако оваа дигитална валута падна за повеќе од ...

„Алибаба холдинг“ планира да собере најмалку 5 милијарди долари овој месец со продажба на корпоративни обврзници деноминирани во долари, пренесе Ројтерс. Во зависност од одговорот на инвеститорите, приходот може да достигне осум милијарди долари, што овој кинески лидер во електронската трговија веројатно ќе ги искористи за покривање на општите трошоци на компанијата, изјави еден од неименуваните извори на британската агенција. Собирањето ...

Кинеската економија се очекува да порасне за 7,9 проценти во 2021 година, што е скоро двојно повеќе од светската стапка на раст предвидена за оваа година, објави Светската банка во својата прогноза, објави денеска кинеската медиумска група (ЦМГ). „Растот во Кина се предвидува да забрза на 7,9 проценти оваа година, еден процент над прогнозата во јуни, како одраз на ослободување на побарувачката и побрзо закрепнување на производството и извозот од ...

Ако епидемиолошката состоја опстане како што е во моментов, угостителските објекти ќе можат повторно да работат до 21 часот, посочи на денешното гостување на МРТВ, министерот за здравство, Венко Филипче. „Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања ...

Најразвиените земји ќе започнат да се враќаат во нормала во втората половина на годината, кога ќе се забрза вакцинацијата против коронавируст, сметаат експертите од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). “Ова е темна и тешка зима, но гледаме светло на крајот од тунелот“, рече Гипта Гопинат, главен економист на ММФ. Таа посочи дека ја започнуваме новата година подобро отколку што се очекуваше во 2020 година. “Сега има трка помеѓу вакцината и ...

Бројни трагачи по работа над 50 години за англиски „Телеграф“ изјавија дека биле дискриминирани во интервјуата за работа поради нивната возраст и биле заинтересирани што можат да сторат за да ги спречат ваквите предрасуди. Некои од нив, исто така, побараа помош при градење онлајн мрежа на контакти преку социјални мрежи, со цел да се зголемат шансите да бидат забележани од работодавците и експертите за човечки ресурси. „Exertus Jobs“ избра 10 ...

Не се доволни две минимални плати за да се покријат сите основни потреби во едно семејство. Последните информации на ССМ говорат дека, во ноември висината на минималната кошница била 33.742 денари, односно 3.874 повеќе во однос на двете минимални плати. За да биде појасно, најмногу пари влечат потрошувачка храната и пијалоците, но тука се и режиските трошоци. Оттаму, според податоците, на едно четиричлено семејство кое живее во дом од 50 ...

Гласна е, дури и кога молчи. Лесно ќе препознаете страстна жена, а овие знаци дефинитивно ја „издаваат“: 1. Сè прави со посебен жар и ентузијазам (без разлика дали е готвење или обична прошетка со пријателите). 2. Многу се смее (не ги крие своите искрени емоции). 3. Таа знае да биде благодарна (не зема ништо здраво за готово). 4. Таа знае како да се бори (не се крие од проблемите, но се справува со нив). 5. Секогаш знае што сака и тоа многу ...

Пред Безос да продаде една книга на Интернет, тој беше главен физичар на Универзитетот Принстон во 80-тите години на минатиот век. И покрај тоа што беше еден од најдобрите 25 студенти во почесната програма, Безос веруваше дека не е доволно паметен за да се натпреварува со другите. Затоа, според „Wired“, тој го сменил правецот на електротехника и компјутерски науки, а тоа го сменило текот на неговиот живот. „Погледнав низ собата и ми беше јасно ...

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи над 54 долари за барел, првпат од 26 февруари минатата година, покажуваат податоците на берзата. Во средата наутро, цената на мартовските фјучерси за во северноморската нафта „Брент“ порасна за 0,92 проценти на 54,02 долари за барел, а февруарските фјучерси за „лесната“ сурова нафта од Тексас „ВТИ“ – за 0,4 проценти, на 50,12 долари за барел. Суровините стануваат поскапи во светло на договорот за ...

Словенија, во согласност со предвидувањата од понеделникот, позајмила уште две милијарди евра на меѓународниот пазар. Според „Блумберг“, Словенија издала 1,75 милијарди евра нови десетгодишни обврзници. Според достапните информации, побарувачката за оваа обврзница достигна 10,6 милијарди евра, а каматната стапка достигна 17 основни поени над просечната вредност на десетгодишната замена на каматна стапка, што е -0,27 проценти. Тоа, како што се ...

На крајот на ноември минатата година, 163.851 лице имало работа во Црна Гора, што е за 39.272 вработени помалку отколку во истиот месец во 2019 година, според последниот месечен статистички преглед на Заводот за статистика. Извештајот прецизира дека бројот на регистрирани невработени се зголемил за 9.129 лица на 47.053 во споредба со ноември 2019 година, кога имало 37.924 лица. Податоците за бројот на невработени лица се преземени од Бирото за ...

Прометот на Македонска берза во декември се позиционираше на 496.930.924 денари или 58,65% повеќе во однос на претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза. Пазарната капитализација во последниот месец од 2020 година беше 183.150.945.751 денар или 1,46% повеќе во споредба со ноември. Скок од 20,15% има кај вкупниот број на трансакции (1.437), додека индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.704,85 поени, што е месечен ...

„Berkshire Hathaway“ испрати разочарувачка 2020 година, но изгледите за 2021 година изгледаат подобро, пишува „Barron’s“. И покрај превирањата на пазарот во март и април, Бафет не успеа да ја најде својата следна голема инвестиција и направи само една значајна зделка во 2020 година – купување на десет милијарди долари средства за пренос на природен гас на „Dominion Energy“. Бафет, исто така, не ги искористи можностите на пазарот по пандемијата. ...

Американскиот софтверски гигант Microsoft поднесе патент, што создава интригантна можност за дигитално преродување на луѓето како чат-ботови. Наместо традиционалниот метод за обука на чaт-ботови со користење разговори и материјали од широк спектар на корисници, патентот на Microsoft, кој го забележал „Убергизмо“, создава можност за создавање на чет-бот со употреба на информации од одредена личност. Системот ќе користи „социјални податоци“, како ...

Саудиска Арабија ќе изврши доброволно намалување на производството на нафта во февруари и март, како дел од договорот за убедување на повеќето производители на ОПЕК + да го задржат производството стабилно, поради стравувањата дека новите блокади заради коронавирусот ќе предизвикаат удар на побарувачката, пренесе Ројтерс. Два извори на ОПЕК + соопштија дека Саудиска Арабија ќе го намали производството за повеќе од 400.000 барели на ден во ...

Кинеските власти го осудија на смрт поранешниот секретар на партискиот одбор и претседател на управниот одбор на најголемата кинеска компанија за управување со средства „China Huarong Asset Management Co.“, Лаи Ксиаомин, објави „Глобал тајмс“, повикувајќи се на властите. Весникот прецизира дека судот на кинескиот град Тијанџин го осудил поранешниот шеф на компанијата на смрт под обвинение за корупција, примање мито и полигамија. Лаи Ксиаомин ...

Во последните месеци, Инстаграм споделуваше специфични инструкции за приватност со индивидуални инфлуенсери за тоа кога и колку често да објавуваат содржина на оваа социјална мрежа, како и кои објави може да го зголемат нивниот број на следбеници. Тројца инфлуенсери откриле за „Бизнис Инсајдер“ дека биле контактирани од некој од Инстаграм во изминатите три месеци, по што или се сретнале со некого лице во лице, или учествувале на работилници каде ...

Трговци, авиокомпании, ресторани … Производители на нафта, трговски центар и сопственици на спортски сали … Ова се само некои од стотиците компании кои прогласија банкрот во 2020 година и делумно го обвинија Ковид-19 за нивната смрт. Многумина беа во длабоки финансиски проблеми дури и пред да започне „локдаунот“, некои едноставно се обидоа да се ослободат од огромните натрупани обврски, а некои истакнуваат дека само короната придонесе за нивните ...

Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто и за наредната 3,5 отсто. За земјите од регионот Светска банка предвидува раст на БДП годинава во Албанија од 5,1 отсто, БиХ 2,8 отсто, Бугарија 3,3 отсто, Хрватска 5,4 отсто, Косово 3,7 отсто, Црна Гора 6,1 отсто и Србија 3,1 отсто. Во полугодишниот извештај „Глобал Економик Проспектс“ (Global Economic Prospects) прогнозата за раст на БДП во ...

Поради изедначувањето на таксистите и авто-превозниците, кое стапи на сила на 1 јануари, услугата на Uber и слични патнички превозници значително поскапе. Новиот закон предвидуваше минимални цени за сите превозници, што треба да доведе до пофлексибилни цени, но исто така да спречи нелојална конкуренција со дампинг цени. Платформите како Bolt или Uber сега треба да наплатат основна такса од 6,60 евра во Виена, што веќе ја удвои цената на Uber за ...

„УНИБанка“ објави видео на социјалните мрежи, во кое нивни вработени танцуваат пред експозитурата на банката на плоштад „Македонија“. „Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за три месеци нема да се поставува прашањето како земјата ќе се бори против короната, туку што ќе се стори со економијата. „И затоа не ја разбирам хистеријата околу сметките од рестораните на Златибор и Копаоник. Ако ви е скапо и не ви се плаќа, тогаш не одете таму. Угостителите и туристичките работници нека работат и заработуваат пари“, рече Вучиќ. Како што додаде, истите тие луѓе кои сега ...

Погребниците во Јужна Калифорнија, едно од жариштата на епидемијата на коронавирус во САД, велат дека одбиваат да организираат погреби затоа што немаат простор за рапидно растечкиот број на смртни случаи. Претседателот на здружението на гробари вели дека мртовечниците се полни. Соединетите држави се приближуваат до црната бројка од 360.000 смртни случаи од КОВИД-19. Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени за време на епидемијата ...

Мобилниот оперативен систем Android 11 повеќе нема да дозволува смартфоните под негова контрола да се поврзуваат со некои корпоративни Wi-Fi мрежи, станува јасно од публикациите на специјализираните страници. Промената е откриена од корисниците на Google Pixel по безбедносното ажурирање од декември 2020 година. Ова не е грешка, туку намерна промена што Google ја воведува во Android 11 и ќе ги опфати сите паметни телефони што ќе го добијат ...

Mozilla е компанија што се обидува да го ажурира својот прелистувач што е можно почесто со нови функции и безбедносни закрпи. Глобалната пандемија не влијаеше на нивните планови бидејќи Firefox продолжи да се ажурира според првичните планови. Новите верзии на веб-прелистувачот посветуваат посебно внимание на опциите за безбедност и прилагодување. Овој фокус ќе биде дел од стратегијата на Mozilla во новата година, бидејќи веќе започнаа тестовите ...

На европските берзи во вторникот наутро, цените на акциите забележаа благ пад, откако пораснаа претходниот ден, како резултат на најавите за заострување на рестриктивните мерки против коронавирусот во неколку европски земји. Индексот STOXX 600 на водечките акции во Европа падна за 0,2 проценти во 9,30 часот, откако вчера оствари 0,7 проценти пораст. Лондонскиот индекс FTSE утрово зајакна 0,40 проценти, на 6.597 поени, а парискиот CAC 0,05 ...

Инвеститорите во Грција побрзаа да добијат лиценци за проекти за обновлива енергија (ОИЕ) во декември 2020 година, според податоците објавени од грчкиот регулатор РАЕ. По повеќемесечно одложување на обработката, воведувањето на целосно електронски систем за проекти за обновлива енергија привлече неверојатни 45,5 GW во апликациите за сертификати за производители. 79,8% од нив се наменети за соларна енергија. Бројот на проекти поднесени според ...

За само 24 часа, њујоршката берза ја смени својата одлука за тоа какво дејствие да преземе против неколку кинески гиганти, што и ги продаваат своите акции. Вчера, Волстрит објави дека ќе престане да тргува со акциите на лидерите во телекомуникациите „China Mobile“, „China Telecom“ и „China Unicom“. Набргу потоа, сепак, берзата објави дека нема да преземе такви активности и дека оваа одлука е донесена по консултации со релевантните регулаторни ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
86%
1042
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
2.06
86%
1042
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1042
weather icon

Софија

-3ᴼ / -5ᴼ
1.54
92%
1041
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.58
74%
1040
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1041
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.36
75%
1035
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
80%
1033
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1034
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
4.12
72%
1038
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
2.24
92%
1042
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
87%
1038
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5778

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

502491 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

991 $

Злато

87341 $

Бакар

8 $

Паладиум

29710 $

Платина

29835 $

Цинк

89774 $