Ширењето на криптовалутите без јасни регулативи е причина за загриженост затоа што може да го наруши начинот на функционирање на финансискиот пазар, изјави денеска шефот на италијанскиот берзански регулатор, Паоло Савона, предупредувајќи дека во светот циркулираат помеѓу 4.000 и 5.000 дигитални валути чие тргување воопшто не е регулирано. Савона им се придружи на голем број лидери на финансиски институции кои се за поголемо регулирање на овој ...

Зголемувањето на цените на суровините и продолжувањето на ограничувањата во синџирот на снабдување, турка многу кинески извозници да ги зголемат цените на стоките што ги продаваат во странство, зголемувајќи ги стравувањата дека ова може да додаде дополнителни инфлациски притисоци, според „Волстрит журнал“. Стравувањата се продлабочија во последниве денови гигантскиот брод со контејнери „Евер Гивен“ го блокираше Суецкиот канал, ставајќи уште ...

Предолгото работно време е смртоносно за стотици илјади работници годишно ширум светот и ова е негативен тренд што може дополнително да се влоши и забрза со пандемијата на коронавирусот, предупреди во понеделникот Светската здравствена организација. Резултатите од првата глобална студија за предвремена смртност поврзана со предолго работно време се објавени во списанието „Environment International“, пренесе Хина. Тие посочуваат дека во 2016 ...

Ел Салвадор стана првата земја во светот во која биткоинот беше прогласен за официјално средство за плаќање, откако Конгресот го поддржа предлогот на претседателот Наиб Букеле. Од вкупно 84 парламентарци во малата централноамериканска земја, 64 гласаа за законот со кој биткоинот се прогласува за официјално средство за плаќање во земјата, заедно со американскиот долар. Со тоа Ел Салвадор стана првата земја во светот во која криптовалутата е ...

Забрзаната имунизација на населението во САД по инаугурацијата на новиот шеф на државата дава надеж дека Американците ќе можат да се вратат на плажите и патиштата ова лето, пишува „The Wall Street Journal“. Од другата страна на океанот, во Европа, летото изгледа мрачно и полно со незадоволство. Владите во Европската унија се надеваа дека доволно Европејци ќе бидат имунизирани на почетокот на 2021 година и дека воведените здравствени мерки можат ...

Крахот на туристичката сезона кој е извесен и за годинешната туристичка сезона може да се избегне сметаат туристичките работници,но само ако се вакцинира целото население. Иво Крстевски од ТА „Пилот Травел” во интервју за „Стандард“ вели: „Најважно е да имаме клиенти кои се вакцинирани за да можат да патуваат”. Тој посочува дека за туризмот не одговара вакцината „АстраЗенека“ со која викендов илјадници граѓани се вакцинираа во Србија, а со ...

Асоцијацијата на спортски обложувалници не отстапува од најавите дека ќе излезат на протести доколку измените на законот за игри на среќа бидат изгласани во предложената форма. Тврдат дека предлог измените „ќе стават крај на легалното спортско обложување, а на улица ќе остават 3500 вработени во обложувалниците или 8000 луѓе во целата стопанска гранка”. Предлогот за физичка дистанца на објектите 500 метри подалеку од образовните институции според ...

Ценовните шокови не само што бргу нема да се стабилизираат, туку и ќе добивааат на сила. Во исклучително деталната анализа на причините поради кои поскапуваат речиси сите производи и услуги, националниот менаџер и управител на филијалата на транспортната компанија „Гебрудер Вајс“, Сашо Димоски, меѓу основните ги посочува повисоките транспорните трошоци. „Сосема е логично дека во ситуација кога транспортните услуги учествуваат со зголемен процент ...

Домашните препознатливи брендови Стоби флипс,Атлантис и Цевитана во изминатите години станаа подеднакво вкусни и на купувачите во триесетина земји во светот. Во острата конкуренција на кондиторскиот пазар Витаминка успеа да стане една од нашите најголеми извозни компании. Исцртувајќи пресек на оваа автентична приказна, генералниот извршен директор на Витаминка АД Прилеп, Сашо Наумоски за „Стандард“ го посочува континуираниот процес на создавање ...

Европската комисија ги објави плановите за формирање на „Заедничка сајбер единица“ за справување со зголемениот број сериозни сајбер инциденти што влијаат врз јавните служби и деловните активности низ цела ЕУ. По почетокот на локдаунот што го наметна Ковид-19 пандемијата, хакерските активности против компаниите се зголемија за повеќе од двојно, бидејќи сајбер криминалците ја искористија намалената безбедност поради зачестената работа од дома. ...

Директорот на Агенцијата, Дејан Павлески оствари средба со Директорот на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс за унапредување на соработката во делот на привлекување на нови германски компании да инвестираат во земјата. Се разговараше за нови инвестиции во производството, но и за инвестиции во услугите кои можат да резултираат со значителен број на добро платени позиции. Влезот на нови германски инвестиции ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија ќе се намали од 18 % на 5%. На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична ...

„Канадската компанијата „Магна”, донесе одлуката да инвестира и отвори фабрика во Северна Македонија, пред сѐ поради добрата и предвидлива деловна клима во земјава која ги задоволува долгорочните цели на компанијата”, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод новата инвестиција на „Магна Интернационал” кој ќе отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга. На презентацијата на инвестицијата, присуствуваа и ...

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори ја поздравува одлуката на Владата од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти, вклучително и за организирање прослави и настани, што беше донесена на иницијатива на ТУК, а во соработка со поддршка на Министерството за економија, кое во изминатиот период покажа капацитет за конструктивна соработка во интерес на секторот. На истиот ...

Соочена со се посигурната извесност дека Владата нема да се откаже од намерата да ја воведе т.н еколошка такса, македонската транспортна асоцијација – Макам транс последната надеж ја гледа во Собранието. „Пратениците се на потег и доколку ја анализираат вкупната состојба на нашето стопанство кое е максимално рането ,како и загрозениот животен стандар на населението, ќе имаат доблест да гласаат против овој предлог за измена на Закон за животна ...

Британскиот регулатор на конкуренција отвори официјална истрага за да утврди дали „Амазон“ и „Гугл“ презеле доволно мерки за борба против лажните оценки на производите. Управата за заштита на пазарната конкуренција (ЦМА) соопшти дека ќе собере повеќе информации за да одлучи дали компаниите го прекршиле законот за потрошувачи со тоа што не презеле доволно сеопфатни мерки за заштита на клиентите. Првичната истрага на ЦMA, започната во мај 2020 ...

Граѓаните да не очекуваат бенефит од намалувањето на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5% вели даночниот експерт Славко Лазовски. Иако намалувањето на даноците секогаш се правда со тоа дека повеќе ќе остане во џебот на граѓаните, тоа никогаш не се случува, објаснува тој во интервју за „Стандард“ потенцирајки дека ваквиот потег на владата ќе предизвика намалување на приходите по овој основ во Буџетот и ништо повеќе. „Тоа од своја страна ...

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со постојаната координааторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак, учествуваше на настан на здружението Конект, на кој беа доделени признанија на поединци, компании и бизнис лидери за придонесот кон остварувањето на Целите за одржлив развој. Вицепремиерот Битиќи ја поздрави иницијативата на ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) планира нов фонд „Отпорност и одржливост“ денеска доби меѓународна поддршка пред претстојните клучни состаноци. Тој треба да ја прошири поддршката за десетици ранливи земји, Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева предложи да им се овозможи на богатите земји да ги насочат своите нови резерви на ММФ кон сиромашните и земјите со среден приход, кои се сериозно погодени од ковид-19 или климатските промени, пишува ...

Финансиерот Ворен Бафет поднесе оставка од функцијата комесар на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. Позицијата на Бафет во одборот беше одличен ПР за фондацијата. Бафет ја објави одлуката за оставка од управниот одбор на Фондацијата Гејтс. Во изјавата пренесена од Си-Ен-Би-Си, Бафет рече дека се повлекува од одборот, „исто како што тоа го стори во сите други управни одбори, освен корпорацијата Беркшир“. „Со години бев комесар на фондацијата Бил ...

За да можеме да направиме каков и да било реформски чекор во обезбедувањето квалитетен кадар согласно потребите на компаниите, потребно е учество на сите општествени чинители како клучнен приоритет. Треба еднаш за секогаш да се стремиме да ја вреднуваме продуктивноста на трудово интензивните чинители, а не да се создава кадар кој нема да може своето образование да го имплементира во ова општество, вели претседателката на Организацијата на ...

Програмер, информатичар, градежен инженер, машински инженер, ракувач со градежни машини, градежен работник, возач (на камион, на товарно возило), готвач, келенер, заварувач се само дел од занимањата кои се најбарани на пазарот на трудот, а работадавачите имаат одредени потешкотии додека го обезбедат соодветниот кадар велат од Агенцијата за вработување на РСМ за „Локално“. -Како најчести причини со кои работодавачите се соочиле со потешкотии при ...

Грција е сè уште една од најпопуларните летни дестинации меѓу македонските туристи. Туристичката сезона започна, а цените на Егејскиот дел повеќе или помалку останаа непроменети во последните две години. Ова се храната што најчесто се купува и нивните цени: Гиро: 3 – 3,3 евра Пиво (0,5 л): 1,4 – 1,65 евра Домати (1 кг): 2,10 евра Пиперки (1 кг): 2,40 – 3,30 евра Јаболка (1 кг): 1,80 евра Лимон (1 кг): 1,9 евра Лубеница: 1,10 евра Кромид: ...

За прв пат по седум години, Њујорк ја загуби титулата светски главен град на милијардери. Кинеските метрополи имаат најмногу милијардери. Во 2020 година, Пекинг го надмина „Големото јаболко“, бидејќи доби 33 нови милијардери. Пекинг сега е на прво место, а „за влакно“ е пред Њујорк, бидејќи во него живеат точно 100 луѓе со богатство вредно милијарда долари или повеќе, додека во Њујорк има 99 такви. Податоците доаѓаат од листата на „Форбс“, која ...

Елон Маск ја покрена темата за одржливоста на животната средина на биткоинот откако објави дека „Тесла“ повеќе нема да ги продава своите автомобили за оваа криптовалута поради штетата што ја прави на животната средина. По неговото објавување, вредноста на биткоинот нагло падна, а темата за количината на енергија потрошена од крипто-валутите беше покрената во јавноста. Европската централна банка минатата недела го опиша „прекумерниот јаглероден ...

На пазарот за криптовалути, Елон Маск е повторно во фокусот. Неговите твитови беа повторно во фокусот на инвеститорите откако во последно време честопати имаше негативно влијание врз цените. Твит од петокот, во кој тој даде до знаење (иако не директно) дека неговите патишта со биткоинот се разидуваат, брзо ја испрати цената на биткоинот за четири проценти пониска, проследена со пад на преостанатите криптовалути. Пораките на Маск се мета на ...

Биткоинот скокна за 13% денес откако Ел Салвадор донесе закон со кој оваа дигитална валута стана законско средство за плаќање во таа земја. Најстарата криптовалута во светот скокна за над 13 проценти во раните утрински тргувања, околу 04:48 часот по источно време, на над 37.000 американски долари, а подоцна падна на 36,435,96 долари за време на утринското тргување, според „CoinDesk“, пренесе CNBC. Сепак, биткоинот сè уште е значително под ...

Цената на биткоинот се зголеми синоќа за скоро 10 проценти откако извршниот директор на Тесла, Елон Маск објави дека овој производител на електрични возила повторно може да прифати плаќање за набавка на автомобил со оваа криптовалута во иднина. „Откако ќе добиеме потврда за разумната употреба (-50%) на чиста енергија од рударите, со позитивен тренд во иднина, Тесла ќе продолжи со трансакции со биткоин“, рече Маск. По оваа објава, Биткоин скокна ...

Американскиот бизнис портал „Блумберг“ смета дека богатите земји ќе имаат корист од помошта, која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе им ја даде на сиромашните и објаснија зошто мислат така. Тие истакнаа дека оваа финансиска институција ќе им ја даде на своите членови најголемата финансиска инјекција во историјата во износ од 650 милијарди долари. Со тоа, таа ќе се обиде да ја зајакне глобалната ликвидност и да им помогне на сиромашните земји ...

Администрацијата на Џо Бајден вели дека богатите Американци затајуваат повеќе од 600 милијарди долари годишно од даночните власти. Затоа, таа предложи детален план за зајакнување на извршната власт на даночната служба, така што физичките лица со високи примања би го платиле својот дел од данокот. „Ако ова прашање не се реши, вкупниот износ на неплатени даноци во следните десет години ќе се зголеми на околу 7 илјади милијарди долари, што е ...

Идет!

1 час - 365
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1033
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
86%
1037
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
5.66
68%
1040
weather icon

Софија

-1ᴼ / -2ᴼ
5.14
89%
1035
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.75
61%
1036
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
3.6
64%
1040
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
8.23
79%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
36%
1023
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
7.72
42%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
5.66
63%
1037
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
76%
1040
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
87%
1028
Currency

61.53

Currency

60.208

Currency

73.1828

Currency

37.0904

Currency

41.8634

Currency

65.8968

Currency

8.2318

Currency

0.58652

Currency

0.38435

Currency

0.52573

Currency

1.70017

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $