Генералниот директор на американскиот банкарски гигант „Голдман Сакс“ ја напуштил инвестициската банка откако наводно заработил милиони инвестирајќи во криптовалутата „доџкоин“. Портпарол на Голдман Сакс потврди дека Азиз Мекмахон, генерален директор и шеф на продажба на нови пазари со седиште во Лондон, ја напуштил инвестициската банка во која работи 14 години. Сепак, портпарол за „MarketWatch“ изјави дека не е запознат за неговото инвестирање ...

Најстарата и најпопуларна криптовалута, биткоинот, беше „во црвено“ во последните 24 часа, бидејќи забележа пад од скоро 4 проценти. Имено, неговата вредност се движеше од 47.900 до 51.400 долари, а со биткоинот во моментов се тргува по цена од околу 49.290 долари. Најпознатата дигитална паричка се урна во четвртокот, кога изгуби дури 17% од својата вредност по твитот на Елон Маск. Сопственикот на „Тесла“ и самопрогласениот „техно крал“ тогаш на ...

Денес стапува на сила нова контроверзна политика за приватност на најпопуларната апликација за разговор WhatsApp. Ажурираниот договор со корисниците му дава на Facebook дозвола да ги собира нивните податоци од WhatsApp, поради што многу корисници не се многу задоволни. И покрај ова, корисниците не се принудени автоматски да ги прифаќаат новите услови – но оние што не се согласуваат со нив ќе доживеат некои промени во услугите. На крајот, нема да ...

Sony продава многу конзоли на PlayStation 5, но можеби ќе потрае некое време пред конзолата да го достигне вистинскиот потенцијал за продажба. Компанијата, наводно, ги предупредила аналитичарите дека PS5 ќе остане во дефицит до 2022 година, попречувајќи ги потенцијалните купувачи и сопствената потенцијална продажба. Sony има продадено 7,8 милиони единици до 31 март и планира да продаде околу 14,8 милиони до крајот на тековната фискална година. ...

Првите iPhone телефони што користат 5G опрема на Apple ќе се појават во 2023 година. Apple го купи 5G системот на Intel во 2019 година, а во 2023 година ќе се појави првиот паметен телефон што ќе го користи тој систем. Дотогаш, во следните две години, Apple ќе продолжи да го користи системот Qualcomm, што го користеше досега. Qualcomm има уште две години да излезе со нов деловен план, бидејќи ќе остане без главниот партнер. На Apple ќе му треба ...

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7% повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 55 милиони евра и е за 67% зголемен во однос на истиот период лани ...

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ и неговата сопруга Мелинда, решија да стават крај на нивниот брак по скоро три децении заеднички живот. Тие имаат три деца и огромно богатство, а јавноста веднаш ја интересираше оваа вест – како славната двојка ќе го сподели големото богатство? Покрај скапи автомобили, приватни авиони и вили, тие имаат вкупно богатство близу 150 милијарди долари. Исто така, заедно тие започнаа една од најголемите филантропски ...

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на ко-претседавачите на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за Западен Балкан, Марко Чадеж и Бранко Азески, денеска присуствуваше на седницата на Управниот одбор на КИФ, која се одржа во просториите на Стопанската комора на Србија во Белград. На седницата, претседателите на шесте стопански комори од ...

На претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Атина му е врачено одликување како признание за неговиот голем придонес во унапредувањето на економските и политичките врски меѓу Грција и Северна Македонија од страна на претседателот на Атинската трговско-индустриска комора, Константинос Михалос. Претседателот на комората Михалос искажа голема благодарност за посветената работа на премиерот Заев и за неговите ...

Претседателот на американската корпорација ИБМ, Џејмс Вајтхурст, за Би-Би-Си во петокот изјави дека верува дека недостатокот на чипови во светот ќе се почувствува уште две години. „Може да поминат неколку години пред да отвориме доволно дополнителен капацитет за да ги ублажиме сите аспекти на проблемот со недостиг на чипови. Потребно е многу време од развој на технологијата до пуштање во погон на фабриката и потоа пуштање на производот на ...

Американскиот технолошки гигант „Амазон“ денес објави дека ќе отвори 75.000 работни места низ целата мрежа на магацини и дистрибутивни центри во САД и Канада. Компанијата, исто така, најави дека ќе понуди бонус од 100 долари на нови вработени кои имаат потврда дека биле вакцинирани против Ковид-19. Амазон додаде дека ќе понуди просечна почетна плата од 17 долари на час на тие работни места, што е одраз на неодамнешното зголемување на платата во ...

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржаа средба со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората. На средбата на Заев му беше соопштена донесената одлука на компанијата „TEXAN & Envipco” за отворање на фабрика во С. Македонија за рециклирање ...

Во креирање и имплементација на економските политики важен акцент треба да се стави на рамномерниот економски развој, кој ќе донесе подобри услови за живот и работа за сите граѓани на нашата држава, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска на денешниот настан на кој беа презентирани можностите за инвестирање во новата индустриска зона Новини и Речица во Општина Куманово „Рамномерниот регионален развој ...

Фондот за иновации и технолошки развој и ПроКредит Банка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка со која микро, малите и средните претпријатија ќе добијат олеснет пристап до финансиски средства. Преку новиот пакет на банката најголем број услуги ќе бидат обезбедени за стартап компаниите. Главната придобивка ќе биде за компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои банката ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот ...

Шпанските телекомуникациски компании ја поздравија владината одлука, на идните аукции да ги удвојат лиценците за радио фреквенции на 40 години, вклучувајќи ги и 5G мрежите, нарекувајќи го тоа важен чекор за секторот. Промената ќе им овозможи на мобилните оператори и инвеститори подобра видливост на нивните инвестиции во тешко задолжениот сектор, што бара големи трошоци за инфраструктурата, како што се оптичките мрежи, изјавија извори од ...

Со цел да се поедностави мрежната комуникација помеѓу младите со оштетен слух и говор, но и да се им доближи знаковниот јазик на сите други корисници на комуникациската мрежа Viber, учениците од државниот центар „Партенија Зографски“ учествуваа во изработка на стикери, кои се комбинација од македонски знаковен јазик и текст. Во рамки на проектот ,,Одговорна иднина”, изминатиот период во училиштето „Партенија Зографски“ беа одржани повеќе ...

Утринава на официјалните мејлови на Комисија за заразни болести и Министерството за здравство доставени се предлозите и барањата на НУК за промена, усогласување и унапредување на новите протоколи кои очекуваме да ги ртазгледаат новите експерти кои ќе работат на нивната изработка и Комисијата за заразни болести, соопштија од Независната угостителска комисија. „Со оглед на праксата која Комисија за заразни болести во континуитет ја спроведува ...

Најголемиот американски цевковод, кој испорачува скоро половина од горивото за источниот брег, беше мета на хакери од групата „DarkSide“. Иако медиумите побрзаа да ја обвинуваат Русија за нападот, американскиот претседател Џо Бајден посочи на недостаток на докази за да ги поткрепи наводите. Наводно, хакерите кои стојат зад минатонеделниот сајбер напад врз „Колонијал“, од компанијата изнудиле скоро 5 милиони долари, кои доставувачот на нафта бил ...

Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржаа работен состанок со менаџментот на берзата на Атина, „Атхекс груп”, која го поддржува работењето на грчкиот пазар на капитал. На средбата се дискутираше за предизвиците и можностите за развој на заеднички проекти од регионално значење. Премиерот Заев нагласи дека ...

Елон Маск ги предупреди инвеститорите да бидат претпазливи со криптовалутите пред неговото деби во „Saturday Night Live“. „Криптовалутите ветуваат, но инвестирајте внимателно!“, напиша Маск на неговиот профил на Твитер во петокот. Маск има над 53 милиони следбеници на Твитер. Тој сподели информации за криптовалутите со нив, заедно со видео од гостување на ТМЗ. На видеото, Маск истакнува дека треба да се биде внимателен со заштедите и ...

YouTube се стекна со светска слава како платформа на која може да се поставува било какво видео. Во последниве години, авторите беа насочени да снимаат дела подолги од 10 минути, со цел да го зголемат вниманието на гледачите, да го зголемат времето поминато со видео и така да ги зголемат приходите од реклами. Но, како конкурент, неодамна им се „провлече“ TikTok, социјална мрежа каде должината на видеото се мери во секунди, така што YouTube ...

„Тесла“ ја суспендираше можноста за купување на своите возила со биткоин поради загриженост за климатските промени, напиша извршниот директор Елон Маск на Твитер. По оваа објава на Маск, вредноста на биткоинот падна за повеќе од 10%, а исто така падна и вредноста на акциите на Тесла. Компанијата во март објави дека ќе прифати набавки преку криптовалути, по што наиде на критики од многу екологисти, како и од инвеститори, пишува Би-Би-Си. „Ние сме ...

Лавина реакции предизвикаа предложените измени на законот за земјоделско земјиште. Бројните недоречености и нелогичности во него според дел од експертите покажуваат дека во подготовката не биле консултирани ниту тие ниту земјоделските здруженија. „Земјата не треба да се продава во никаков случај и по никоја цена. Можни се безброј штетни импликации од овој закон, а само еден минорен бенефит, еднократно слевање на кеш во буџетот, кој брзо ќе биде ...

Законот за легализирање дивогради е дискриминирачки во однос на граѓаните кои ги почитуваат правните процедури, изјави за „Стандард“ пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин. Неговото изгласување со 72 гласа за неа е непријатно изненадување, особено ако се земе предвид фактот дека како што вели „ретко кога досега за одредено законско решение во Собранието сме имале ваков консензус“. Како неприфатлива ја посочува можноста за легализирање на ...

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на над 69 американски долари, поддржани од знаци на економско закрепнување од корона-кризата и оптимистичките проценки за побарувачка на енергија. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 83 центи во споредба со претходното затворање и изнесуваше 69,38 долари. Барелот порасна за скоро иста количина на американскиот пазар, каде се тргуваше за 66,14 долари. Поддршката на цената беше ...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска го посети граничниот премин Ќафасан, каде што оствари работна средба со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески и со дел од вработените во царинската испостава во Ќафасан. По состанокот, Николовски и Сугарески информираа за заклучоците од состанокот и реализација ...

Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири денеска информираа дека се објавени седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, како дел од Шестиот пакет економски мерки на Владата за поддршка на најпогодените сектори од ковид кризата. Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, ...

Од денеска започнуваме со реконструкција на локалните улици во општините, проект вреден 70 милиони евра. Во прва фаза реконструираме 27 улици во 17 општини за што инвестираме преку 4 милиони евра само во оваа фаза, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета во општина Богданци. Министерот Бочварски и градоначалникот на општината, Блаже Шопов, извршијa увид во изгрaдба на улицата Ѓуров дол, како дел од пакетот улици што се ...

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ ги суспендираше плановите за купување земјиште во Кина со цел проширување на фабриката во Шангај. Напуштањето на плановите за претворање на фабриката во глобален извозен центар се должеше на неизвесноста предизвикана од ескалацијата на американско-кинеските тензии, пренесе Ројтерс повикувајќи се на добро упатени извори. Со оглед на тоа што царините за увоз на електрични возила од Кина ...

Министерството за одбрана на САД ќе го отстрани кинески Xiaomi од црната листа на владата, покажаа судските документи, што го отвора патот за идните инвестиции на САД во овој производител на паметни телефони. Судското досие наведува дека двете страни ќе се согласат да го решат постојниот спор без понатамошни спорови, со што заврши краткиот и контроверзен судир меѓу кинеската компанија и Вашингтон. Xiaomi не одговори веднаш на барањето на Ројтерс ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
70%
1032
weather icon

Белград

-2ᴼ / -2ᴼ
2.57
100%
1035
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
60%
1037
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
5.14
64%
1033
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
4.05
49%
1035
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.79
63%
1034
weather icon

Атина

8ᴼ / 6ᴼ
8.49
87%
1022
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
28%
1022
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
8.23
31%
1025
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
50%
1035
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
62%
1036
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
6.69
87%
1028
Currency

61.525

Currency

59.97

Currency

73.282

Currency

37.0777

Currency

41.8634

Currency

65.8968

Currency

8.2318

Currency

0.58652

Currency

0.38435

Currency

0.52573

Currency

1.70017

Currency

0.69304

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

950 $

Злато

85560 $

Бакар

8 $

Паладиум

29742 $

Платина

30791 $

Цинк

91845 $