Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ во вторникот објави дека очекува приход од 26 милијарди долари од вакцината против „Ковид-19“ оваа година, што значително ги зголемува проценките заради забрзаната вакцинација на граѓаните ширум светот. Во првите три месеци од оваа година, приходите од вакцините развиени од „Фајзер“ во соработка со германската компанија „БајоНТек“ беа 3,5 милијарди долари. Очекува приход од 26 милијарди долари во ...

Пругата што беше оштетена кај Куманово како резулатат на излизгување на товарниот воз од утре ја ставаме во функција. Вработените во рекордно време ги отстранија вагоните и ја санираа штетата за да може меѓународниот транспорт на стока да се нормализира, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Министерот Бочварски денеска со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санација на 250 метри пруга која ...

Американскиот телекомуникациски гигант „Verizon Communications“ објави продажба на медиумскиот бизнис, вклучително и брендовите Yahoo и AOL за пет милијарди долари, што сигнализира излез од скапата и неуспешна трка во светот на медиумите и рекламирањето. „Verizon“ потроши милијарди долари со децении за да купи стабилни интернет брендови, но не успеа да се наметне во силна конкуренција на пазарот за рекламирање преку Интернет во кој доминираат ...

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија дека ќе се разведат по скоро три децении брак, а како што пренесуваат медиумите, парот не потпишал предбрачен договор за поделба на богатството. Светот беше прилично изненаден од веста дека еден од најмоќните и навидум хармонични славни парови на денешницата се разведува по 27 години брак. Сепак, по првичниот шок, една од работите што најмногу ги интересира луѓето е како парот ќе го сподели огромниот ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 и ...

Фејсбук и Инстаграм се закануваат дека корисниците ќе мораат да плаќаат за нивните услуги. Но, само ако корисниците не дозволат апликациите на компанијата да ги следат дури и по инсталирањето на iOS 14.5 на уредите на Apple. По објавувањето на iOS 14.5, сите апликации мора да побараат дозвола пред да можат да следат корисник помеѓу апликациите и веб-страниците. Затоа компаниите како Фејсбук се грижат за приходите од реклами и ги испробуваат сите ...

Меѓународната ИТ компанија, Scalefocus која неодамна официјално го објави својот план за проширување со 300 нови инженери во Македонија, од пред неколку дена се “вдоми” во нови ултра-модерни канцеларии во строгиот центар на Скопје. Канцелариите со поглед на скопскиот плоштад, распространети на 1000 м2, се наоѓаат во деловниот комплекс “Настел бизнис центар” и нудат ентериерни решенија препознатливи за сите канцеларии на Scalefocus насекаде низ ...

Платформата за трговија преку Интернет eBay е отворена за можност за плаќање со криптовалути, изјави извршниот директор Џејми Јаноне. eBay веќе го прошири својот опсег на платни инструменти и сега прифаќа, на пример, Apple и Google Pay, и ќе продолжи да разгледува други алтернативи, како што се криптовалути, рече Јаноне во интервју за CNBC во понеделникот. Ова не е прв пат компанијата да „флертува“ со криптовалути, забележува агенцијата „ДПА“, ...

Twitter неодамна објави функција за аудио-соба во живо што ќе има одлики слични на Clubhouse. Досега оваа одлика беше во јавна бета фаза, а вчера од компанијата објавија дека секој со повеќе од 600 следбеници може да пристапи до Spaces. „Денес, ние ја носиме можноста да бидеме домаќини на Простор на сите сметки со 600 или повеќе следбеници на Твитер. Врз основа на она што го научивме досега, овие сметки веројатно ќе имаат добро искуство со ...

Етереум, втората по големина дигитална монета во светот, синоќа достигна нова рекордна вредност од 3.456,57 долари, со што ја зголеми својата цена за околу 360 проценти од почетокот на оваа година. На трговијата денес околу пладне по азиско време, оваа криптовалута падна од рекорд на ниво од 3.271,90 долари, пренесе CNBC, повикувајќи се на најновите податоци на веб-страницата CoinDesk. Интересот за криптовалутите силно порасна во текот на ...

Судејќи според најновите информации, Bosch не се откажува од моторите со внатрешно согорување. Како што објавија од „Фајненшл тајмс“, Бош е против фиксацијата на Европската унија со електричните погони. Тие велат дека првиот човек на Bosch, најголемиот снабдувач на делови за автомобилската индустрија, Волкмар Денер ги критикувал мерките насочени кон искоренување на моторите со внатрешно согорување, обвинувајќи ја ЕУ дека има многу ограничени ...

China Mobile Suzhou и Huawei постигнаа нова пресвртница со верификацијата на можностите за 5G позиционирање во затворен простор во сценаријата на метро транспортот во Сужоу – голем град лоциран долж југоисточниот раб на провинцијата Џиангсу во источна Кина. Верификацијата покажа дека, дури и со прикривање на pRRU, може да се постигне прецизност на позиционирање од 3 до 5 метри во 90 проценти од платформите и салите. Ова е првпат 5G позиционирање ...

Етереум, втората најпопуларна криптовалута, продолжи да расте во изминатите 24 часа, а вечерва, околу 4 часот наутро, ја надмина границата од 3.000 американски долари. Во моментов, според податоците на страницата „КоинМаркетКап“ со етереум се тргува по цена од 3.137 долари, што е зголемување за околу 8,4 проценти. Според експертите, причината за стабилниот раст на оваа дигитална монета е белешката за инвеститорите објавена минатата недела од ...

Богатството на 100-те најбогати Американци во првите сто дена од претседателствувањето на Џо Бајден се зголеми за 195 милијарди долари, според Блумберг. Вкупното богатство на 100-те најбогати граѓани на САД достигна 2,9 трилиони долари до 30 април, што е зголемување за 195 милијарди од инаугурацијата на Бајден на 20 јануари. Во исто време, богатството на 50% од граѓаните на САД со најниски примања е само 2,5 трилиони долари. Главната причина за ...

Личните средства на извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, минатата недела ја надмина границата од 200 милијарди долари, пишува „Фокс Бизнис“. Со тоа, лидерот на Амазон го засили водството на листата на најбогати луѓе во светот, пред главниот конкурент, шефот на Тесла, Елон Маск. Со месеци двајцата се менуваа на врвот на листата на најбогати луѓе во светот. Сепак, во петокот, личното богатство на Безос изнесуваше 202,3 милијарди долари, ...

На секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место и скратување на работното време, покажа истражување на Галуп објавено денеска. Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе од 117 земји, а резултатите покажаа дека половина од оние кои имаат работа заработиле помалку поради пандемијата. Тоа значи дека пандемијата погодила 1,6 ...

„Локалните самоуправи имаат евидентирано неколку илјади категоризирани и некатегоризирани сместувачки објекти од мал обем (куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби кои се издаваат) со вкупен капацитет поголем од 20.000 легла. Најголема концентрација на овие сместувачки капацитети се наоѓаат во познатите македонски туристички места. Голем дел од нив се издаваат преку познатите светски платформи како што се booking.com или airbnb.com, а ...

На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути порасна минатата недела, откако падна за три недели, бидејќи економијата на САД се опоравува побрзо од другите големи глобални економии. Индексот на доларот, што го покажува движењето на САД кон другите шест најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,5 проценти, на 91,26 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за 1,3 проценти ...

Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ објави дека продажбата на вакцини во првиот квартал и донесе приход од 275 милиони долари, што е повеќе од очекуваното. Ова е првиот производител на лекови што објави финансиски детали за дистрибуција и продажба на вакцини. Компанијата објави дека нема да оствари профит од вакцините за време на пандемијата. Вкупните приходи на компанијата, кои вклучуваат плаќања кои произлегуваат од соработка со други ...

Европската комисија потврди дека официјално го добила словенечкиот план за закрепнување и издржливост, кој ги специфицира реформите и проектите за јавни инвестиции што земјата има намера да ги спроведе со поддршка на механизмот на Европската унија за закрепнување и издржливост. Словенечкиот план е дизајниран околу четири приоритетни столба – зелена транзиција; дигитални трансформации; паметен, одржлив и инклузивен раст; здравствена и социјална ...

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет предупреди дека доаѓа сериозна инфлација што ќе влијае на закрепнувањето на американската економија. „Гледаме значителна инфлација“, рече Бафет на годишното собрание на акционерите на „Беркшир Хатавеј“, што го емитуваше исклучиво „Yahoo Finance“. „Ние ги зголемуваме цените. Луѓето ни ги зголемуваат цени и тоа е прифатено“. Бафет ги истакна многу повисоките трошоци за челик што влијаат врз компаниите за ...

Најпопуларната криптовалута, биткоин, утрово забележа пад од 2 проценти, откако околу 7 часот се тргуваше со дигиталната монета по цена од 56.785 долари, покажуваат податоците на сајтот „Коиндеск“. Втората најпопуларна криптовалута – етереум, продолжува да ги руши сопствените рекорди. Во последните 24 часа, дигиталната паричка достигна цена од 2.955,88 долари. Во моментов со неа се тргува за 2.894 долари, што е раст од нешто повеќе од 1,5 ...

Гигантот за ризичен капитал „Андресен Хоровиц“ планира да собере 1 милијарда долари за фонд за инвестирање во криптовалути и крипто-стартапи, дознава „Фајненшл тајмс“. Новиот фонд има за цел да собере од 800 до 1 милијарда долари од инвеститори, се вели во извештајот, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. „Андресен Хоровиц“ не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Оваа информација доаѓа во време на силен раст на многу ...

Apple, која ја засили својата позиција за време на епидемијата, заработи дури 23,6 милијарди долари во првиот квартал од оваа година, зголемувајќи го својот профит двојно. Компанијата порано се снаоѓаше најдобро во последниот квартал, кога продажбата претежно скокaше пред Божиќните празници, но се чини дека сега Божиќ е секој месец, барем за Apple. Приходите, исто така, се зголемија неверојатно во првите три месеци од оваа година, за 54 ...

Надоместокот за роаминг во земјите од регионот ќе биде целосно укинат од 1 јули, што ќе значи повеќе пари во буџетот за граѓаните на овие земји, но и за деловните субјекти, изјави денеска генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. „Граѓаните ќе имаат малку повеќе пари во џебот, оние што би ги потрошиле доколку би плаќале сметки во регионот поради тарифите за роаминг. Второ, мислам дека е важно да се нагласи дека не ...

Министерот за економија, Крешник Бектеши на својот фејсбук профил сподели дека со новиот закон за трговија се предвидува 100 проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела. „Сто проценти проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела, со новиот закон за трговија“, се наведува во објавата на Бектеши. Законот за трговија е поставен на ЕНЕР, со цел да има јавна расправа, а измените во законот се во ...

Европскиот комесар за буџет, Јоханес Хан повика на јасно пофлексибилни правила за високо задолжените земји по завршувањето на пандемијата на коронавирусот. „Целите на фискалната политика мора да бидат достижни за земјите“, рече тој во интервју за германски „Велт“, пренесе Танјуг. Особено, тој се залага за олеснување на границата од 60 проценти од БДП за јавниот долг, како што е предвидено во критериумите од Мастрихт. „Наместо да се пропише крут ...

Падот на Берлинскиот ѕид многу промени во животот на Германците, но она што останува е скоро истото време што го поминуваат на работа. Постојаните вработени во Германија сè уште работат, во просек, 41 час неделно, што е само околу 25 минути помалку отколку веднаш по обединувањето на двете Германии во 1991 година, објави Федералното биро за статистика на оваа земја, пренесе „Шпигел“. Процентот на вработени лица кои поминуваат повеќе од 48 часа ...

Неплатената прекувремена работа е во пораст, а работниците ширум светот треба да и се заблагодарат на пандемијата за тоа, пишува „Форбс“. Секој десетти работник вели дека работи над 20 дополнителни часови неделно, според студијата на истражувачкиот институт АДП објавена во средата. Од почетокот на кризата со коронавирус, бројот на прекувремени часови е двојно зголемен. Покрај тоа, работниците имаат просечно 9,2 часа неплатена прекувремена работа ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев со видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. „1 Мај, празникот на работничките и работниците, и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
88%
1031
weather icon

Загреб

0ᴼ / -4ᴼ
1.03
79%
1031
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.0
80%
1031
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
0.82
75%
1031
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -5ᴼ
1.54
89%
1032
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
5.66
82%
1023
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
56%
1023
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
8.23
41%
1026
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
3.6
68%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
1.34
82%
1030
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
7.2
81%
1024
Currency

61.525

Currency

59.97

Currency

73.282

Currency

37.0777

Currency

41.7068

Currency

65.4836

Currency

8.18251

Currency

0.58194

Currency

0.38056

Currency

0.5253

Currency

1.6913

Currency

0.69304

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $