Француски Рено е уште еден светски производител на автомобили кој се откажува од производство на дизел мотори. Директорот на таа компанија, Лука де Мео, потврди дека Рено престанува да инвестира во развој на новата генерација на дизел мотори. Тој додаде дека постојните мотори dCi ќе бидат прилагодени, така што тие ќе можат да ги исполнуваат построгите стандарди за издувни гасови. Уште пред официјалното објавување на оваа одлука, Рено беше на пат ...

„Имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број во кредитирањето и растот на просечната плата, тоа во услови на економска криза заради пандемијата, а како директен ефект на сите донесени анти-кризни мерки за ублажување на последиците по економијата, стопанството и стандардот на граѓаните”, истакна премиерот Заев ...

Пандемијата ни покажа колку е важна безбедноста и здравјето на работниците, истакнуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) кои Светскиот ден за заштита при работа го одбележуваат преку онлајн кампања. – КСС уште од почетокот на пандемијата сериозно го сфати новиот предизвик со кој се соочуваме и континуирано укажува и бара итно да се изнајдат решенија за надминување на ваквите состојби и е загрижена за здравствената состојба на ...

Појавата на пандемијата COVID-19 ја одбележа 2020 година и предизвика последици кои досега биле непознати на глобално ниво. Сите држави вклучително и нашата, институциите на јавното здравје и другите релевантни фактори се соочија со сосема непознат противник, а реакцијата мораше да биде брза и ефикасна во насока на успорување и сузбивање на ширењето на заразата, соопштуваат од Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ). Се воведоа мерки на ...

Градот Скопје започнува со постапката за изведба на Клучката кај Момин Поток во општина Карпош. Имено, се предвидува изградба на два кружни тека, кои значително ќе го намалаат собраќајниот метеж во овој дел од градот. Еден од кружните текови ќе биде меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“, а другиот кај булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, Обиколницата и косовската граница. На денешниот јавен настан, градоначалниците Стефан ...

5G Create мрежата на Ливерпул започна да ја користи „најсовремената“ алатка за планирање за да ги демонстрира придобивките на 5G во врска со „технологиите што го менуваат животот, здравјето и социјалната грижа“ Алатката дизајнирана од CGA Simulation, користи „дигитално збратимување“, вештачка интелигенција и визуелизација на игри за да му овозможи на 5G Create да планира континуирано проширување на, како што тврди, најголемата европска 5G мрежа ...

Заменикот на претседатеот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за Иновација и Технолошки развој Коста Петров, денес го промовираа јавниот конкурс за старт-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3″. Вицепремиерот Битиќи соопшти дека Со овој конкурс ќе бидат овозможени 2 милиони евра неповратни средства финансиска поддршка за македонскиот старт-ап систем. „Целта на овие ...

Очигледно, оваа година започна добро за големите технолошки компании котирани на берзите. Ние сме во периодот на објавување на првите финансиски извештаи, а со оглед на тоа што прв го стори Tesla, сега на ред е компанијата Alphabet, на која и припаѓа и Google. Alphabet оствари приход од 55,3 милијарди долари во периодот јануари-март 2021 година, што е раст од дури 34 проценти во споредба со истиот период минатата година. Уште поважно, профитот ...

Податоците за цените на електричната енергија во земјите од Европската унија, но и во земјите кои се кандидати за прием, покажуваат дека употребата на јаглен за производство на електрична енергија почнува да претставува оптоварувачка ставка за сите оние кои не се во можност во голема мера да се преориентираат на други извори на енергија. Причината за ова е галопирачкииот раст на даноците на емисија на СО2 платени во случаи на добивање енергија ...

Со години, љубителите на фудбалот мислеа дека во Премиерлигата тече мед и млеко. Тие слушаа и читаа приказни за милијардите што се слеваат во англиското фудбалско тло. Најмногу во сезоната 2018-2020, кога фудбалерите на Премиерлигата свртеа околу 6.000.000.000 евра. А потоа дојде пандемијата на коронавирусот, која, според „Плејбук“, минатата сезона направи кумулативна загуба за клубовите од дури 926.500.000 фунти (1.065.000.000 евра) Само ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе одобри заем од 9,1 милиони евра на албанската државна компанија за електрична енергија „Elektroenergjitike Shqiptare, KESH“ за изградба на пловечка фотонапонска централа. Заемот, кој ќе биде комерцијално одобрен за наменски механизам основан од KESH за проектот, ќе финансира изградба на пловечка соларна фарма од 12,9 мегавати, прва пловечка фотонапонска централа со ваква големина во Албанија и ...

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, групата наречена ОПЕК +, ќе останат на одлуката за постепено зголемување на производството на нафта од 1 мај, соопштија четири извори од алијансата. Групата се откажа од плановите да одржи министерски состанок денес, според изворите на британската агенција Ројтерс, по вчерашната седница на министри кои се членови на панелот за следење на движењата на пазарот на нафта. ...

ЕВРОПСКАТА продажба на пиво нагло падна во 2020 година откако беа затворени баровите и рестораните за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Европската асоцијација на производители на пиво. Минатата година во Европа се продадени 34 милиони хектолитри пиво, девет проценти помалку отколку во 2019 година, соопштија пиварите на Европа. Мерките за борба против пандемијата Ковид-19 особено го погодија европското гостопримство, забележувајќи ...

Семејството на основачите на јужнокорејската компанија „Самсунг“ одлучи да донира десетина илјади уметнички дела, вклучувајќи слики од Пикасо и Далиј и да ги поклони стотиците милиони долари за медицински истражувања со цел да се намали износот на данокот на наследство оставен зад себе од поранешниот претседател на компанијата Ли Кун-Хи кој почина минатата година. Семејството на покојниот Ли, неговата вдовица и трите деца, треба да плати повеќе ...

УФЦ-борецот Конор МекГрегор и неговите партнери го продадоа својот мнозински удел во компанијата која го произведува ирското виски Proper No. 12 за 600 милиони долари. Купувач е компанијата Proximo Spirits, која претходно имаше 49 отсто удел во брендот. Proximo ги поседува Jose Cuervo и Bushmills меѓу другите брендови за пијалоци во своето портфолио. Двете страни во вторникот ја потврдија трансакцијата за „Shanken News Daily“. МекГрегор и ...

До 15.000 евра грант-средства за фирмите од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, кои ќе ја користат новата бескаматна линија „Ковид 4“, доколку вработат нови работници и ги зголемат приходите годинава. Денес министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов ги презентираа условите на бескаматна линија од ...

На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19. Со овие измени и дополнувања од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, 1.мај во услови на здравствената криза, предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, со СИНДИКАЛЕН МАРШ, под мотото „ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ!“ „Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата ...

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на денешното отворање на фабриката на „Гересхајмер“ истакна дека Владата во изминатите 4 години направи исчекор во начинот како се привлекуваат, не само странските, туку и домашните инвеститори и како се креира додадена вредност. „Додадената вредност се подобро платените работни места, нашите компании да бидат дел од ланецот ...

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на отворањето на фабриката на „Гересхајмер” изјави деак ова е конкретен резултат на посветена работа на оваа Влада. Тој изрази и очекување дека скоро време ќе можеме да склучиме најголем договор за странска инвестиција во историјата на Северна Македонија „Нашата посветеност продолжува и низ интензивните преговори коишто ги водиме со компанијата за нова инвестиција. Можам само да го истакнам моето очекување ...

„Инвестицијата на „Гересхајмер” е многу важна од областа на здравството и фармацијата и како држава нé става на мапата на производители на медицински амбалажи кои се користат насекаде во светот. Оваа фабрика ја најавивме во 2019 година, денешното пуштање во употреба на инвестицијата е само еден дел од севкупните планови за инвестирање на „Гересхајмер”. Инвестицијата во оваа фаза е 25 милиони евра. На среден рок предвидено е да се отворат 400 ...

На почетокот на следната година се очекува закрепнување на македонската економија по историски најголемата рецесија од осамостојувањето и враќање на ниво како пред пандемијата. Проекциите на Светска банка се дека следната година растот ќе биде 3,5. Најновиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, што денеска беше презентиран, покажува дека јавниот долг во земјава достигнал 60 проценти од БДП и се очекува тој да продолжи да расте, но со ...

Американскиот милијардер Бил Гејтс го отфрли предлогот за укинување на ограничувањата за патенти на вакцините против коронавируси. Тој рече дека не верува дека интелектуалната сопственост има врска со долгорочните глобални напори за спречување на пандемијата. Вакцините развиени од фармацевтски гиганти како „Фајзер“ и „Модерна“ уживаат глобална заштита во рамките на Светската трговска организација (СТО). Со оглед на недостигот на лекови, се ...

ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот. Програмата на ACI е креирана за да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се ...

Градежната комора на Македонија соопшти дека цените на становите во Скопје, поточно во центарот на градот, ќе надминат 2.000 евра по квадрат. Причина за забрзаниот раст на цените има повеќе, но главно е дека растат цените на материјалите за работа. Според пресметките на комората, градежните материјали се поскапени за 80%, а се поголем проблем претставува и нивната набавка заради пандемијата. За градежните фирми и работната сила станува се ...

Американската компанија за транспорт на патници „Lyft“ ја продава својата единица за развој на автономни автомобили на „Woven Planet Holdings“, подружница на автомобилскиот гигант „Toyota Motor“. Договорот е вреден 550 милиони долари. Проектот „Woven Planet“ ќе обедини инженери и истражувачи на услуги за мобилност, како и софтвер и сензори и автоматизирани системи за возење за понатамошен развој на технологијата, тврди „Toyota“. „Овој договор ќе ...

Побарувачката за полупроводници ги фати производителите неподготвени, а недостатоците може да траат во поголемиот дел од оваа година, проценува лидерот на технолошкиот гигант Cisco, Чак Робинс. „Мислам дека ова ќе трае уште шест месеци. Добавувачите градат нови капацитети, што ќе ја направи ситуацијата подобра во следните 12 до 18 месеци “, рече Робинс. Проширувањето на капацитетите ќе биде клучно, бидејќи напредокот на технологијата, ...

По една од најтешките години во историјата на нафтената индустрија, цените на суровата нафта се опоравија и главните производители конечно заработуваат пари. Сепак, тие пари најмногу одат за отплата на долговите што се појавија додека паѓаа цените, а нафтените компании се позајмуваа за да ги финансираат своите дивиденди. „Ексон Мобил Корп.“ и „Тотал СЕ“, кој минатата година имаше финансиски проблем да ги одржи исплатите на акционерите, ќе ги ...

За да им помогне на земјите-членки да ги повратат своите економии од ефектите од пандемијата на коронавирусот, ЕУ воведе продажба на обврзници во милијарда евра, пренесува „Euronews“. Заштита на работните места во Европа Се проценува дека од 1,5 до 2,5 милиони компании во Европа успеале да ги задржат вработените за време на пандемијата, благодарение на иницијативата на Европската комисија SURE, која ги поддржува владините програми. Во 18 земји ...

Концернот од Волфсбург бара оштета од милијарда евра од поранешниот генерален директор Мартин Винтеркорн, за време на чиј мандат се случи „измамата на векот“ со издувните гасови од дизел моторите. Ова е најголемата сума досега побарана од еден шеф на одбор во Германија. Како што дознаваат истражувачките новинари на Зидојче цајтунг и јавните сервиси НДР и ВДР, концернот од Волфсбург го темели барањето на фактот дека тој наводно ќе ги заштедел тие ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Белград

-3ᴼ / -4ᴼ
2.06
87%
1028
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -6ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
1.11
77%
1028
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
81%
1023
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
61%
1022
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
5.14
51%
1024
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.68
71%
1026
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
84%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
7.72
87%
1021
Currency

61.535

Currency

59.97

Currency

73.282

Currency

37.0777

Currency

41.7068

Currency

65.4836

Currency

8.18251

Currency

0.58194

Currency

0.38056

Currency

0.5253

Currency

1.6913

Currency

0.69304

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $