Во налетот на криптовалутите, кои покажуваат се поголема доверба од разни страни, една земја одбива да ги величи. Всушност, ниту другите централни банки не се „воодушевени“ од идејата, па затоа се обидуваат да пласираат дигитални валути што е можно поскоро, било да е тоа еврото, јенот, јуанот, доларот или рубљата. Можеби „најгласната“ меѓу нив е Централната банка на Турција, која забрани употреба на крипто-валути, како што е биткоинот, за ...

Лансиран на почетокот на 2009 година, биткоинот сега е најголемата криптовалута во светот во однос на пазарната капитализација и количината на податоци складирани на неговиот блокчеин. Сепак, според советникот за инвестиции Стивен Ајзак, крајот на биткоинот е неизбежен. Тој изјави за CNBC две причини за идниот колапс на најпопуларната криптовалута. Владините регулативи и еколошките ризици се два клучни фактори кои претставуваат ризик за ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска прими претставници на HTEC Group, американска компанија за софтверско инженерство, која обезбедува услуги во оваа дејност, услуги за развој на производи во широк спектар на индустрии, како што се малопродажбата, логистиката, медицинската технологија, информатички услуги во финансискиот сектор и други. Главниот оперативен директор на групацијата HTEC, Дејвид Шох, му го ...

Денес се префрлени 69,57 проценти од акциите на „Пословни систем Меркатор“ од „Агрокор д.д.“ на „Фортенова“, со што Меркатор стана составен дел од трговијата на мало на групата, која сега поседува 88,1 процент од „Меркатор“. Преносот на акциите се случи истовремено со рефинансирање на долгот на Меркатор кон 55 банки од страна на „Фортенова“, во вкупен износ од 385 милиони евра. Во соработка со своите доверители „ХПС Партнерс“ и „ВТБ“, групата ги ...

„Проширувањето на капацитетите на постоечката фабрика „Кемет Електроникс” во вредност од 10 милиони евра, од кои еден дел ќе бидат вложени во Центар за истражување и развој, говори за довербата на компанијата во земјата, мотивирачката улога и пријателска средина за дополнителен развој на бизнисот и за нови инвестициски циклуси”, изјави премиерот Зоран Заев при посета на компанијата заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски ...

Животното осигурување е се почеста опција на граѓаните за дополнителна заштеда и заштита на своето семејство. Штедењето и финансиската безбедност во случај на осигурен случај не се единствени бенефити од животното осигурување. Во последно време на осигурителниот пазар е се почеста опцијата преку полисата за осигурување на живот во исто време да се вложува во инвестициски фондови. На овој начин, корисникот добива осигурување на живот, а ...

Американската банка „ЏејПи Морган“ денес призна дека „очигледно погрешно го проценила“ фудбалскиот проект на Европската Суперлига, кој сакаше да го финансира, но кој брзо се претвори во фијаско. „Очигледно е дека лошо оценивме како оваа операција ќе се сфати во светот на фудбалот во поширока смисла и за влијанието што би го имала во иднина. Од тоа ќе научиме лекции“, рече портпаролот на банката, пренесува „Бета“. 10 од 12-те основачки тимови ја ...

Сојузот на синдикати на Македонија денеска презентираше мобилна апликација која на работниците и граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија. Апликацијата нуди можност за Пријавување на прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на ССМ, следење на вести и совети од ССМ. ...

Додека Европа и Северна Америка заостануваат зад Кина во поглед на 5G претплатите, професионалците во телекомуникациите веруваат дека технологијата ќе биде широко достапна ширум светот до 2025 година. Ова значи дека некои технологии поврзани со четвртата индустриска револуција (4IR), можат одеднаш да изгледаат попрактично. Според истражувањето спроведено на 100 американски производители од страна на PwC и Институтот за производство, речиси ...

Иновативното решение во светот на плаќањата – stablecoin perper – беше претставено пред црногорската јавност во четвртокот и се очекуваат првите чекори во областа на туризмот, бидејќи Црна Гора како дестинација може да нагласи дополнителна предност во однос на оние земји со слични понуди каде такви придобивки не постојат. Stablecoin perper може да се користи од сите – граѓани, туристи и деловни активности со едноставна размена на евра. Оваа ...

„Визер“ планира да воведе 24 нови линии на пазарите во поранешна Југославија во наредните месеци и покрај очекувањата на авиокомпанијата дека постепеното закрепнување на сообраќајот ќе се случи дури на крајот на летото. И покрај новите рути, „Визер“ продолжи да го одложува продолжувањето на голем број услуги од регионот и ги намали фреквенциите на постојните летови, бидејќи строгите ограничувања за патувањето продолжуваат да се применуваат. Кон ...

Меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта ја загуби титулата најпрометен на светот по 23 години. Аеродромот во Атланта беше втор на списокот во 2020 година, додека титулата за најфреквентен аеродром во светот ја презеде меѓународниот аеродром Гуангжу Бајун во Кина. Овој аеродром направи значителен напредок во споредба со 11-тата позиција што ја имаше во 2019 година. Во текот на изминатата година има драматични промени на списокот поради ...

Романскиот стартап UiPath, кој развива роботски програми, успешно дебитираше на Њујоршката берза, собра 1,34 милијарди долари од продавачите на софтвер и инвеститорите во почетната јавна понуда (ИПО) во средата. Во исто време, тој забележа скок на цената од 23 проценти. Компанијата, чиј софтвер им помага на компаниите да го автоматизираат работниот тек што се повторува, ги продаде своите акции по цена од 56 долари, што е над очекувањата. ...

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска треба да претстави нацрт план за опоравување на Италија, изјавија вчера три извори од италијанската влада. Земјата планира да потроши повеќе од 220 милијарди евра од Европската унија и националните фондови за заживување на економијата погодена од коронавирусот, се наведува во нацртот во кој Ројтерс имал увид. Нацртот, кој сè уште е на преговори во владејачката коалиција, вклучува десетици проекти ...

Токму кога помисливме дека криптовалутите се движат исклучиво нагоре и немаа намера да „забават“, падот на биткоинот и другите дигитални валути не потсети зошто ги сметаме за ризични средства. Имено, најпопуларната крипто-паричка моментално вреди околу 48.324 долари, а на 14 април се движеше кон рекорд од 65.000 долари, поточно вредеше 64.600 долари. И другите валути од тој вид нагло паднаа утрово, бришејќи над 260 милијарди долари во вредност ...

Криптовалутата етереум скокна за над осум проценти денес и ја достигна највисоката вредност на сите времиња – 2.600 долари, продолжувајќи да расте од почетокот на неделата. Втората светска криптовалута според пазарната вредност, по биткоинот, постепено се приближува до пазарната капитализација од 300 милијарди долари. Во моментов ЕТХ се тргува за 2.604 долари, според КоинМаркетКап. ...

„Фотонапонската електро централа во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостатокот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра ...

Генералната оценка на Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот за шестиот пакет економски мерки е позитивна. „Ќе биде инјекција што ќе овозможи почеток пред старт на туристичката сезона и пред се мотив до сите кои работат во овој сектор“, вели за „Стандард“ потпретседателот на СУТКОЗ, Саше Бајчевски. Нивниот оптимизам е сепак со задршка, имајќи ги предвид досегашните искуства кога работодавачите не им ги исплатија средствата на ...

Третата лента на автопатската делница Петровец – Катланово се гради со силен интензитет. Покрај изградбата, вршиме и комплетна рехабилитација на оваа делница како дел од Коридор 10, истакна министерот Благој Бочварски при денешниот увид во градежните работи. Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на автопатската делница Петровец-Катланово, инвестиција од 7,2 ...

Суспензија на дел од деталните урбанистички планови во Општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор, преку механизми кои се целосно правно неиздржани и директно ќе му наштетат на градежниот сектор и граѓаните, реагира Градежната комора. Ваквото постапување ја ограничува слободата на пазарот и претприемаштвото и директно ги загрозува уставно загарантираните права на граѓаните и претпријатијата. Доколку постои спорен ...

Бројот на ресторани во Јапонија кои банкротираа минатата година е 715, што покажува големо влијание на пандемијата врз угостителството во оваа земја. Според податоците на „Teikou Databank“, неофицијалните резултати од истражувањето покажуваат дека во угостителскиот сектор, кој вклучува барови и пабови, банкротирале дури 183 објекти, што е најголем број од 2020 година, според извештајот за компании, кои имаат долгови над 10 милиони јени, што е ...

Железничките компании кои работат во земјите на ЕУ минатата година изгубиле приход од оперативни средства во износ од 26 милијарди евра, објави Здружението на европски компании за железници и инфраструктура – ЦЕР, цитирани од „Еуроњуз“. Според оваа институција, „на почетокот на 2021 година не е забележана позитивна промена во областа на железничкиот сектор, бидејќи бројот на патници е намален поради пандемијата“. Извршниот директор на ...

Социјалната мрежа ТикТок се соочува со судски спор во британскиот суд, откако поранешната англиска комесарка за детски права, Ен Логфилд, одлучи да ги предизвика поради начинот на кој кинеската компанија собира и објавува податоци за малолетни граѓани. Според Би-Би-Си, тужбата ќе биде поднесена „во име на милиони деца од Велика Британија и ЕУ и, следствено, може да доведе до исплата на паричен надоместок во износ од неколку илјади фунти за секое ...

Јапонска Тојота развива нов мотор на водород како дел од својот концепт за намалување на емисиите на стакленички гасови, се вели во соопштението на корпорацијата во четвртокот. Новиот хидроген турбо мотор ќе биде трицилиндарски со 1,6-литри. Во принцип, тој е сличен на бензински мотор, но освен занемарлива потрошувачка на моторно масло, нема да испушта никакви стакленички гасови, велат во Тојота. Тие додаваат дека согорувањето на водородот е ...

Групата БМВ забележа раст на продажбата во сите поголеми региони во светот во првиот квартал. Ова се рефлектира и во постигнатите резултати. Приходите на групата се зголемија за скоро четири пати, на 3,76 милијарди евра. Заработката пред каматата и даноците од автоматизацијата се искачи на 2,24 милијарди евра во првите три месеци од годинава, од 229 милиони евра една година порано, рече производителот со седиште во Минхен за прелиминарната ...

Пандемијата Ковид-19 го разниша рангирањето на најголемите светски економии, туркајќи многу земји во најлоша економска рецесија во поновата историја. САД, Кина, Јапонија и Германија продолжуваат да се рангираат во првите четири како најголеми светски економии, додека некои одделни економии напредуваа или опаѓаа на рангирањето како резултат на пандемијата. Една земја испадна од првите 10, според анализата на CNBC, направена врз основа на ...

„Континуираното медиумско укажување од страна на Независната угостителска комора на Владата за несоодветните и селективни мерки за угостителите и угостителската индустрија конечно вроди плод. Благодарение на медиумите за помошта и поддршката во исправања на неправдата нанесена на угостителската индустрија донесените мерки наликуваат на вистинските мерки за реална рамноправна и неселективна неповратна финансиска помош за сите угостители и ...

Во првата половина на мај делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, во која ќе биде и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе бидат во Грција каде што ќе го потпишат финалниот договор за преземање на обврски од страна на двете држави за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава, со што ќе се овозможи поврзување на гасоводите од двете земји. -Во првиот дел на мај, како Министерство за ...

Додека во Бугарија дебатата за иднината на рудниците за јаглен и сродните постројки е сè уште во почетна фаза и е нејасно што ќе се случи со енергијата, Северна Македонија успешно го трансформира секторот веќе неколку години, пишува бугарски „Капитал“. Откако во 2019 година беа спроведени неколку тендери за нов капацитет на ОИЕ без државни субвенции, властите во Скопје сега продолжуваат во оваа насока со обид да се „оживее“ стариот и ...

Прашината од претходното протекување на податоци, во која беа објавени телефонските броеви на околу 500 милиони корисници, сè уште не е решена, а Фејсбук веќе се справува со новиот проблем. Не помина многу од претходниот скандал со Фејсбук, откако во март протекоа телефонските броеви на погодените корисници, а веќе се надвиснува нов. Овој пат тоа е алатка што ги поврзува сметките на Фејсбук со соодветните адреси за е-пошта, дури и кога ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Белград

-3ᴼ / -4ᴼ
2.06
87%
1028
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -5ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
1.11
77%
1028
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
81%
1023
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
61%
1022
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
5.14
51%
1024
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.68
72%
1026
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
86%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
9.26
87%
1021
Currency

61.535

Currency

59.97

Currency

73.282

Currency

37.0777

Currency

41.7068

Currency

65.4836

Currency

8.18251

Currency

0.58194

Currency

0.38056

Currency

0.5253

Currency

1.6913

Currency

0.69304

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $