Северна Македонија минатата година го зголеми производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 % и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3%, објави специјализираниот портал Балкан Грин Енерџи Њуз. Со ваквиот раст земјава се најде на трето место меѓу земјите од регионот, зад Кипар кој забележа зголемување на производството на енергија од обновливи извори за 15,2% на 371 мегавати и Турција ...

Првиот број на стрипот „Супермен“, објавен во јуни 1938 година и кој чинел 10 центи, денес беше продаден за 3,25 милиони долари, што е највисоката сума досега платена за еден стрип. „Супермен“ беше отпечатен во стотици илјади примероци, а се верува дека околу 100 примероци од првиот број се зачувани до денес. Копијата што беше продадена денес, своевремено беше пронајдена на куп филмски магазини од 30-тите години на минатиот век и беше совршено ...

Пред два дена, њујоршката агенција „Блумберг“ го објави својот месечен број „Проспекти на криптовалутите“, во кој се занимава со растот на побарувачката на биткоин. Според „Биткоин магазин“, извештајот е неверојатно „биков“ (биков пазар во берзанска терминологија е период кога цените главно растат), особено кога се зема во предвид дека е потпишан од реномирана компанија во финансиската и медиумската сфера. Еве неколку од најзабележителните ...

Neuralink објави ново видео, а главниот лик е мајмун кој сака видео игри. Животното ужива во играта „Понг“, и тоа само со помош на сопствениот ум и посебен интерфејс, за мозокот да комуницира со компјутерот. За чиповите за Neuralink се зборува поинтензивно од средината на 2019 година, бидејќи во тоа време пристигнаа резултатите што беа многу повеќе од очекуваните, и тие се во чекор со сценарија, достојни за научна фантастика. Имено, компанијата ...

Кинескиот трговски гигант „Алибаба“ е казнет со 2,8 милијарди долари поради монополско работење. Кинеските власти ја засилуваат контролата над технолошките компании, бидејќи, според АП, кинеското политичко раководство е загрижено за доминацијата на најголемите онлајн компании кои се шират на финансискиот пазар, во областа на медицинските услуги и во другите витални индустрии. Компанијата е казнета за „злоупотреба на својата доминантна позиција ...

Јапонија размислува да воведе четиридневна работна недела за да го подобри квалитетот на животот на луѓето, соопштија официјалните лица. Тие се надеваат дека оваа шема ќе го подобри и туризмот во земја која се бори со пандемија на коронавирус и која е веќе добро позната по својата напорна работа и бесконечното работно време. Катсунобу Като, шеф на кабинетот на јапонскиот премиер, рече дека размислува за воведување на три слободни работни дена ...

Вработените во магацинот во Алабама гласаа против формирање на првиот синдикат на работници на „Амазон“ во САД. Американскиот синдикат RWDSU најавува жалба затоа што „Амазон“, наводно, незаконски влијаеле на резултатот од гласањето. Само добра половина од 5.800 вработени учествуваа на гласањето, 1.798 гласаа „против“ и 738 „за“ влез во синдикатот, додека 505 гласачки ливчиња се спорни, пренесе „Гардијан“. Поразот на синдикатот завршува со ...

ХСБЦ и Азиската банка за развој (АДБ) ќе обезбедат заедничко финансирање од 300 милиони американски долари. Целта е да им се помогне на азиските синџири на снабдување да го зголемат производствениот капацитет за вакцини против Ковид-19, изјавија претставници на двете финансиски институции. Иницијативата се заснова на шема за поделба на ризикот што ја започнаа двете банки во јули 2020 година за да се помогне на финансирањето на опрема за лична ...

Нa светските пазари, цените на нафтата минатата недела паднаа за повеќе од 2 проценти, бидејќи најголемите светски производители најавија зголемување на производството, а трговците не се сигурни кога побарувачката ќе порасне значително поради третиот бран на ширење на коронавирусот. Така, на лондонскиот пазар, цената на барелот во петокот падна на 62,95 долари, додека на американскиот пазар се лизна на 59,35 долари. Минатата недела цените ...

На европските берзи цените на акциите паднаа, па индексот STOXX 600 се лизна од рекордно ниво, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат дополнителни ризици пред почетокот на сезоната на објавување на квартални деловни резултати на компаниите. Индексот STOXX 600 на водечките акции во Европа падна за 0,3 проценти во 9:30 часот, откако минатата недела го достигна највисокото ниво во историјата и ги надомести сите загуби од корона-кризата во ...

Verizon соработува со Nokia и Здружените британски пристаништа (ABP) на поставување приватна 5G платформа на пристаништето во Саутемптон, за да му обезбеди на центарот безбедна приватна мрежна врска со мало доцнење. Со овој нов договор, пристаништето во Саутемптон ќе стане првото британско пристаниште на копно со приватна 5G мрежа. Според партнерите, приватната 5G технологија создава основа за идна примена на апликациите за Интернет на нештата ...

Мапирање на програмите за економски стимулации на земјите ширум светот, кампањи за вакцинација против Ковид-19 и инвеститори кои ги преуредуваат своите улоги во согласност со најавите за брзо нормализирање на економската состојба по пандемијата – се настани што го одредија текот на економските трендови на глобалните пазари во првиот квартал од оваа година. Што е тоа што во овие три месеци од 2021 година може да се нарече тренд на пазарот и какво ...

Групацијата на обновливи извори на енергија (ГОИЕ) при Стопанската комора на Северна Македонија денеска одржа онлајн прес-конференција претставувајќи ги своите заложби за одржливо искористување на ресурсите и презентирајќи ги придобивките од работата на малите хидроелектрани како еден од најефикасните и најзначајни обновливи извори на енергија. Според д-р Александар Дединец, од истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ, во ...

Податоците од Светскиот совет за злато, најточна база на податоци за резервите по држави, покажуваат дека Северна Македонија е само зад Србија во Регионот во однос на резервите на злато. Според податоците на Народната банка на Србија, од 2013 година, резервите на злато се зголемени во квантитет за 20,7 тони, т.е. тие се повеќе од двојно зголемени и вредат над милијарда евра, поточно 1,1 милијарда. Само во последните две години, резервите ги ...

Не станува збор за поддршка за да се седи под клуч во услови на пандемија, туку обратно – овозможуваме буџет кој ќе ја држи оваа економска гранка жива, активна, за да се создава содржина, да зрачат овие оператори во етер, да се продуцира нова програма и секако тие содржини да доаѓаат до граѓаните, до различните публики, до народот, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи за „Слободен печат“. Новиот предлог не вклучува ...

„Во време на здравствената криза со пандемијата Ковид-19 во која сме затекнати повеќе од една година за секој наш гостин најважно е здравјето и неговата сигурност во престојот на угостителските објекти кои ќе мора да покажат и докажат дека ги исполнуваат бараните стандарди, препораки и услови за безбедност и превеција во заштитата на здравјето, соопштуваат од НУК. „Сериозните угостителски објекти (ресторани, кафетерии, барови, хотели и клубови) ...

Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) одбележува 15 години успешна работа на македонскиот образовен простор, период во кој Универзитетот, основан во 2006 година од Фондацијата за образование и култура, УСКУП, како прв приватен и непрофитен универзитет во земјава, прерасна во ценета високообразовна институција која во целост ја исполнува основната цел – да едуцира самоуверени младинци кои ќе преземат одговорност кон општествата во регионот. ...

Од 706 пријавени на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, дури 540 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на ФИТР, додека 207 се стартап компании, покажува првичната анализа на Фондот за иновации и технолошки развој. „Горд сум што и во време на глобална пандемија добивме рекорден број доставени апликации во однос на било кој досегашен јавен повик кој го спроведува ФИТР. ...

Министерството за внатрешни работи се соочува со недостаток на регистарски таблички, а во секој случај не по вина на Раде Кончар – Контактори и релеи, соопштија денеска од компанијата по информациите кои се пласирани во јавноста преку одредени медиуми. „Раде Кончар – Контактори и релеи беше надлежен и одговорен за спроведување на договорот за изработка на регистарските таблички склучен со Министерствототo за внатрешни работи, до исцрпувањето на ...

ММФ ги подобри своите проценки за светската економија во 2021 година, посочувајќи на „невидени стимуланси“ со кои владите се обидуваат да ги ублажат ефектите од пандемијата „Ковид-19“. Сега очекува глобалниот БДП да порасне за шест проценти (половина процентен поен повеќе отколку на крајот на јануари), „најсилниот од 1976 година“. Од друга страна, разликите во темпото и перспективата на закрепнување се зголемуваат, сиромаштијата и нееднаквоста ...

Нема сомнение дека 2021 година ќе биде одлучувачка за целиот екосистем на криптовалутите. Биткоинот го турка пазарот кон нови рекорди на сите времиња, откако институционалните инвеститори се акумулираат во дигиталните финансии, но значајно влијание може да има и доаѓањето на Coinbase, водечка берза криптовалути, на Волстрит. Можеби БТК е најдоминантниот играч во светот на криптовалутите, но Coinbase стана лидер на пазарот во платформите каде што ...

Британската услуга за дигитално банкарство „Revolut“ додаде уште единаесет криптовалути за трговија во Велика Британија и Европската унија. Според објавата на блогот во четвртокот, се работи за кардано (ADA), унисвап (UNI), синтетикс (SNX), јерн.фајнанс (YFI), УМА, банкор (BNT), фајлкоин (FIL), лурпинг (LRC), нумерер (NMR), граф (GRT) и орхид (OXT). Оваа понуда е всушност продолжение на она што веќе им се нуди на корисниците на „Revolut“ и ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесува 27 569, а бројот на ноќевањата изнесува 60 013. Бројот на туристите во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 41.7 %, а бројот на ноќевањата е намален за 36.8 %. Бројот на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 10.4 %, а бројот на странските туристи е намален за ...

Европа треба да вбризга 300 милијарди евра (355 милијарди долари) во својата телекомуникациска инфраструктура до 2025 година, ако сака да воведе супер брз 5G низ блокот од 27 земји, за да го зајакне економскиот раст и да ги искористи потенцијалот на технологијата, се вели во најновиот извештај. Студијата на консултантската компанија BCG, нарачана од лоби групата ETNO, доаѓа во момент кога Европската унија се надева дека 5G ќе ја извлече од ...

Производителот на електрични автомобили „Римац Автомобили“, го претстави проектот на своето ново технолошки напредно седиште, кое вклучува тест патека, сместувачки капацитети и музеј. Според соопштението, „Римац Автомобили“ е создаден со визија за создавање возбудливи електрични автомобили и погонски системи за електрични возила, а за само десет години тие прераснаа од проект во гаража во компанија која веќе вработува 1.000 луѓе. Денес, велат ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.04.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР ...

Одговор на новата ситуација предизвикана од ковид-кризата треба да даде Планот за финансирање на заздравувањето и забрзување на економскиот раст. Целта е да ги зголемиме вкупните инвестиции во економијата, заздравување и забрзување на растот, а притоа да останеме на планот на фискална консолидација преку нови форми на финансирање кои ќе го активираат и приватниот капитал. Поддршка имаме и од меѓународните финансиски институции кои впрочем ...

Уметник создаде збир на виртуелни дијаманти – кои чинат колку и реалните. Тие се продаваат на новиот NFT пазар кој е во пораст, каде предмети како дигитална уметност, па дури и модни предмети се продаваат преку Интернет за криптовалута етер. Дигиталните дијаманти се опишани како „најретки од сите крипто инвестиции“. Постојат само 100 уникатни колекционерски предмети со доказ за сопственост. Тие беа создадени од њујоршкиот уметник Себастијан ...

Д-р Ванг Ченглу, претседател на одделот за софтвер инженеринг за потрошувачи на Huawei БГ и директор на деловна единица „AI and All-scenario Intelligence Business“, одржа говор на настанотTEDxHouHai, насловен: „HarmonyOS Connecting to a Simpler Life“. За време на овој говор, тој посочи дека индустријата за мобилен интернет, чиј фокус се паметните телефони, влезе во преоден период. Тој исто така говореше за тоа како брзиот развој на „интернетот ...

Безбедносниот експерт Макс Шремс поднесе жалба против Google во Франција, тврдејќи дека овој технолошки гигант ги следи сопствениците на телефони со Android без нивно знаење. Имено, телефоните со Android генерираат уникатни кодови кои се користат за маркетинг цели, и благодарение на тоа, Google, заедно со огласувачите, можат да ги следат интернет навиките на корисниците, со цел да постават реклами што се во согласност со нивните интереси. Во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
60%
1025
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
85%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
81%
1029
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
74%
1026
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.85
53%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.45
77%
1028
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.92
68%
1022
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
49%
1021
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
39%
1023
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
6.69
60%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
91%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
93%
1021
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0777

Currency

41.7068

Currency

65.4836

Currency

8.18251

Currency

0.58194

Currency

0.38056

Currency

0.5253

Currency

1.6913

Currency

0.69304

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $