Министрите за финансии на земјите од Г20, односно дваесетте најсилни економии во светот, разговараат за воведување на меѓународна минимална стапка на данок на добивка, а според учесниците, во јули може да се постигне договор и реформа. Овој заеднички потфат на најголемите светски економии беше овозможен со иницијатива на Џенет Јелен, новата директорка на Министерството за финансии на САД, која пред неколку дена повика на крај на „трката кон ...

Глобалната економска состојба се подобрува, но многу бавно како резултат на неизвесноста и големиот јаз меѓу економиите на различни земји, напишаа министрите за економија и финансии и шефовите на централните банки на земјите од Г-20 во заедничката изјава по видео-конференцијата одржана на среда. Г20 признава дека има знаци на подобрување на глобалната економска состојба по значителниот пад во 2020 година. Ова може да се припише на започнување на ...

Најголемата европска банка HSBC одлучи да префрли повеќе од 1.200 вработени во Велика Британија на постојана работа од дома. Според Ројтерс, ова е еден од најсилните индикатори за тоа како банките се прилагодуваат на промените во начинот на работа на вработените за време на пандемијата, како и на намалувањето на трошоците. Околу 70 проценти од 1.800 вработени во кол-центрите на банката со седиште во Англија, Велс и Шкотска објавија дека не ...

Трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави се зголеми на рекордни 71,1 милијарди американски долари во февруари, пренесе АП. Пандемијата на коронавирусот ја гуши светската трговија повеќе од една година, но бариерите полека се намалуваат со вакцинирање на милиони луѓе, а државите почнуваат да ги ублажуваат ограничувањата на компаниите. Вкупната трговија по два месеци во 2021 година е само 1,8 проценти пониска од минатата година, пред ...

Економските односи на Русија со Европската унија се стратешки важни и не смеат да бидат заложници на политички коцкања, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко на пленарниот состанок на 12-тиот форум „Северна димензија“, што се одржува на Интернет. „Што и да кажат некои во Европската унија или во странство, односите меѓу Русија и европските земји се предодредени да бидат долгорочна цел. Ние веруваме дека нивното ...

Германски тинејџер стана најмладиот милијардер во светот, според списокот на милијардери објавен вчера од „Форбс“. Кевин Дејвид Леман вреди 3,3 милијарди долари откако од татко му наследи акции во ланецот на големо „ДМ“. „ДМ“ аптеки, изворот на богатството на Леман, е водечки ланец аптеки во Германија. Основани се во 1974 година и вработуваат над 41.000 луѓе во повеќе од 2.000 продавници во Германија. Според „Форбс“, ниту Леман ниту неговиот ...

„Амазон“ го поддржува предлогот на администрацијата на Џо Бајден за зголемување на даноците на компаниите со цел финансирање на инфраструктурни проекти, изјави сопственикот на најголемиот онлајн трговец – Џеф Безос по критиките од Белата куќа, Конгресот и на социјалните мрежи „Ние го поддржуваме фокусот на администрацијата на Бајден за инвестирање во инфраструктурата во САД. Разбираме дека за ова ќе бидат потребни отстапки од разни страни и го ...

Нова проценка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е дека кинеската економија годинава ќе порасне за 8,4 проценти. Оваа бројка е за 0,3 процентни поени над прогнозата на ММФ од јануари, според последното ажурирање на Светските економски изгледи објавено на почетокот на пролетните состаноци на ММФ и Светска банка, објави кинеската медиумска група. „Ова ќе биде најсилната стапка на раст во земјата од 2011 година, бидејќи ефективните мерки за ...

Facebook на WhatsApp конечно може да ви овозможи да користите ист профил на повеќе уреди и да ја префрлата историјата на разговори помеѓу Android и iPhone. Корисниците на паметни телефони не одлучуваат често да ги менуваат мобилните платформи, односно да го заменат Android со iPhone и обратно. Оние кои користат iPhone / Android со години, и со децении, преземале и купиле многубројни апликации за тоа време, а префрлувањето на нова платформа значи ...

Во неодамнешниот случај на истекување на податоци од Facebook, едно од најголемите досега, меѓу 533 милиони корисници чии податоци беа објавени во јавноста беа и на првиот човек на најпопуларната социјална мрежа во светот, Марк Закерберг. Меѓу личните податоци што ги објавија, хакерите го открија неговиот телефонски број, датум и место на раѓање, брачен статус, корисничка легитимација, но и дека Закерберг го користи секој ден – Signal, ...

На иницијатива на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Стопанската комора на Украина, како и со помош на Советот на извозници и инвеститори при Министерството за надворешни работи на Украина и Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, на 07 април 2021 година се одржа Првиот украинско-македонски онлајн настан посветен на развојот на соработката помеѓу водечките организации на претприемачи на Украина и Северна ...

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) покрена иницијатива до Уставниот суд за утврдување на уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања, односно признавање на ковид-19 како професионално заболување со цел секој работник да може да ги оствари своите права при евентуално заболување со вирусот. Здружението бара од Уставниот суд да ја поништи постоечката одредба и да донесе нова со која секој работник кој работи ...

Според Централниот регистар, не се точни тврдењата на малите сопственици дека еден од условите за да можете да добиете дигитален сертификат е да имате положен правосуден испит. „Упис во регистарот на вистински сопственици може да изврши секое физичко лице кое поседува валиден дигитален сертификат, а со истиот може да се здобие преку овластените издавачи – КИБС и Телеком. Уписот во регистарот е без надомест во рамки на законскиот рок, а ...

Покрај списокот на најбогати луѓе во светот, угледниот магазин „Форбс“ објави и список со десет градови кои имаат најмногу милијардери. На прво место е Пекинг, кој има 100 милијардери, што е зголемување за 33 во споредба со минатата година, а нивната вкупна вредност е 484,3 милијарди долари, додека најбогат жител на кинеската престолнина е Џанг Џиминг со 35,6 милијарди. Следи Њујорк, кој има 99 милијардери, што е зголемување за седум во споредба ...

Градскиот совет на Париз ја усвои повелбата за мобилни телефони. Документот беше издаден по голема консултација со граѓаните, која беше спроведена есента минатата година. Според градоначалничката на Париз, Ана Идалго, нејзиниот град е прв во Франција што воведе регулаторна рамка за комерцијална употреба на 5G. Таа се пофали на Фејсбук и дека се работи за најзаштитничка регулатива во Европа. Рамката усвоена на седницата на локалниот парламент, во ...

Оваа недела, Бразил организира аукции за концесија на 22 аеродроми, пет пристаништа и една железница, во надеж дека ќе собере 1,5 милијарди евра и ќе покаже можност за привлекување инвеститори и покрај кревкоста на нејзината економија. Денес започнуваат серија инфраструктурни аукции наречени „Infraweek“ и бразилската влада смета на учеството на најголемите светски играчи, како што се француските „Ванси“ и АДП, шпанската „Аена“ и ...

Шведската национална банка планира да ја тестира дигиталната валута е-круна во реалниот свет, а во проектот ќе вклучи и комерцијални банки, пренесува See.biz. Централните банки ширум светот планираат да воведат дигитални валути на централните банки (CBDC) како одговор на намалената употреба на готовина и како начин за забрзување на домашните и меѓународните плаќања. Досега, пилот-проектот за е-круна беше симулиран само во рамките на „Риксбанк“, ...

Тргувањето со акциите на „Тошиба“ беше прекинато денес откако овој технолошки конгломерат со седиште во Токио потврди дека добил прелиминарна понуда за преземање. Јапонскиот деловен весник „Никеи“ објави дека инвестицискиот фонд „ЦВЦ Капитал Партнерс“, со седиште во Луксембург, е заинтересиран да ја преземе јапонската компанија за два трилиони јени (18 милијарди долари), пренесе агенцијата „АП“. Од корпорацијата „Тошиба“ соопштија дека побарале ...

Credit Suisse банка изгуби 4,7 милијарди долари минатиот месец, поради поврзаноста со хеџ-фондот Archegos, чиј колапс го потресе Волстрит. Покрај финансиската загуба, познатата банка ја намали прогнозата за исплата на дивиденда за дури две третини, а двајцата најважни директори беа отпуштени. Директорите на сегментите за инвестициско банкарство, Брајан Чин и директорката за управување со ризици, Лара Ворнер се отстранети од функцијата и ниту ...

Народните пратеници да престанат да си играат со судбината на работниците, апелираат од Синдикатот за текстил и кожарство при ССМ. Ако петиот пакет мерки не се донесе до крајот на неделава, предупредуваат дека на принуден одмор ќе бидат пуштени тројно повеќе текстилни работници. „Нечовечки е во услови на пандемија, Парламентот да си игра со судбината на илјадници работници кои чекаат плата за февруари и март, а сега сме април. Народните ...

Американскиот гигант за малопродажба „Амазон“ може да постави нов деловен рекорд оваа година и да надмине приход од 500 милијарди долари, што претставува годишен раст од околу 30 проценти, според платформата „Trackr“. Патем, „Амазон“ ја заврши 2020 година многу успешно, достигнувајќи 386 милијарди долари приход. Компанијата успеа да го зголеми профитот за скоро 38 проценти и се очекува да продолжи да расте со тоа темпо и оваа година. Како што е ...

Во текот на вчерашниот ден во јавноста беа пласирани информации дека најголем дел од угостителите денеска ги одјавиле работниците, на што како синдикат најосторо реагираме. Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување, ...

Управата на каналот Суец (СЦА) размислува за проширување на јужниот дел на водниот пат, кој минатата недела беше блокиран од огромниот брод со контејнери „Евер Гивен“, изјави неговиот водач Осама Раби. „Евер Гивен“, долг 400 метри, заглави на 23 март во јужниот дел на каналот поради песочна бура и силни ветрови што ја намалија видливоста. Сообраќајот беше блокиран шест дена, што предизвика големи нарушувања во глобалната трговија. „Евер Гивен“, ...

Светската економија, стимулирана од силниот раст на американската економија, годинава ќе забележи раст од шест проценти, што е за 0,5 процентни поени повеќе од предвидуваните во јануари, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во новите економски прогнози. ММФ, исто така, го ревидираше растот на светскиот бруто домашен производ за 2022 година, што, како што наведе, ќе биде за 4,4 проценти, односно 0,2 процентни поени повеќе од јануари. ...

Владата на Република Северна Македонија денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19. Во истата насока на олеснување на ...

Владата го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програма за поддршка на угостителскиот сектор во Република Северна Македонија во рамките на економските пакети за поддршка за справување со последиците од КОВИД кризата која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од 60.000.000,00 денари. Според информацијата заклучно со 04.12.2020 година, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk ...

Зад обврската да се регистрираат како Вистински сопственици во Централниот регистар стојат скриени трошоци, обвинуваат малите стопанственици кои се јавија во редакцијата на „Стандард“. Иако на официјалната страница на ЦРМ стои дека до 27 април регистрацијата може да се направи без надомест, тоа во пракса велат тие, не е така. Обврската за регистрација преку регистрационен агент ги принудува стопанстениците регистрирани како ДООЕЛ да ангажираат ...

Над една третина од потрошувачите во Македонија користат паметни телефони за плаќање и извршување на трансакции, додека 61 процент од сите испитаници се заинтересирани да ја користат оваа опција за плаќање во иднина. Регионалното истражување спроведено од Visa покажува зголемена свест кај граѓаните од Македонија за потребата од примена на современи технологии, откривајќи и значителен простор за подобрување на прифаќањето на иновативни опции за ...

Душан Бајатовиќ, директор на јавното претпријатие „Србијагас“ и функционер на владејачката СПС, неодамна дојде на позицијата директор на „Гастранс д.о.о.“, а на тоа место не го постави Владата на Србија, ниту некое друго тело, туку „Србијагас“. Неговите приходи често се шпекулираат во јавноста, додека министерот за енергетика испраќаше разни повици и ја споредуваше неговата плата со платата на рударите од Ресавица. Многумина шпекулираат дека тој ...

Затворањето на угостителските објекти и целосната забрана за прием на гости и посетители, кои не се сместени во хотелите, согласно владината одлука за нови рестриктивни мерки за заштита на населението од ширењето на Ковид – 19 дополнително ќе ги зголемат и така големите штети што ги претрпува овој сектор, смета претседателот на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески. Според него, ваквата одлука требало да се донесе неколку недели порано. -Ова ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
60%
1026
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
1.54
85%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
82%
1029
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
74%
1027
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.76
56%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.0
82%
1028
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.92
67%
1023
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
49%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
39%
1023
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
6.26
57%
1026
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
91%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
93%
1021
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0777

Currency

41.7068

Currency

65.4836

Currency

8.18251

Currency

0.58194

Currency

0.38056

Currency

0.5253

Currency

1.6913

Currency

0.69304

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $