Покрај сегашните проблеми со напуштање од голем број на корисници, низ кои минуваше последните месеци поради новите правила за приватност, WhatsApp претходно беше многу плодна почва за разни измами. Една од причините за тоа е фактот што луѓето честопати не ги читаат пораките до крај, но и не обрнуваат внимание од кого стигнала пораката. Ова е означено со најновата серија измами што може да ја загрозат безбедноста и приватноста на многумина, а се ...

Американскиот интернет гигант Google ќе инвестира 25 милиони евра во новосоздадениот Европски фонд за медиуми и информации, чија цел е борба против лажните вести. Пребарувачот го презема овој потег како одговор на критиките дека технолошките корпорации не прават доволно за да се справат со дезинформациите преку Интернет, пренесe Ројтерс. Пандемијата КОВИД-19 и претседателските избори во 2020 година во САД предизвикаа бран лажни вести на ...

Apple објави дека годишната конференција за развивачи на компанијата ќе започне на 7 јуни. Како и минатата година, настанот ќе биде само на Интернет поради постојаната пандемија Ковид-19. Ќе трае до 11 јуни и ќе биде бесплатно за учество на програмерите. Apple обично го открива својот нов софтвер за iPhone, iPad, Apple Watch, Apple TV и Mac на првиот ден од WWDC, како што е познат настанот. Понекогаш компанијата го користи за воведување нови ...

Facebook честопати прво им покажува на корисниците, па дури и ексклузивно им ја покажува содржината што алгоритмите ја избираат врз основа на нивните преференции, односно оние за кои тие „мислат“ дека можеби им се допаѓаат. Сепак, се чини дека интернет гигантот конечно реши да го промени тоа и да им овозможи на корисниците сами да одлучуваат за содржината што ќе им биде прикажана на врвот на нивниот News Feed. На својот блог на компанија, ...

Давателот на решенија за индустриска автоматизација Siemens ќе го дигитализира капацитетот на Mercedes-Benz, соопшти компанијата. Целта е да се создаде флексибилно, ефикасно и одржливо производство на автомобили. Фабриката во Берлин, „Мариенфелде“, која е најстара во глобалната производствена мрежа на компанијата, треба да се трансформира во компетентен дигитален центар, со фокус на развојот и имплементацијата на MO360, дигиталниот екосистем на ...

Јапонскиот производител на автомобили мора да повлече околу 761.000 возила Acura и Honda произведени од 2018 до 2020 година, поради проблеми со пумпите за гориво. Тие ќе мора да бидат заменети, во спротивно можно e да се појават проблеми со моторот, соопшти компанијата. Според списанието „ХАК ревија“, Хонда сè уште нема добиено извештаи за несреќи или повреди поврзани со дефект, па се чини дека нивната филозофија е подобро да се спречи, отколку ...

На крајот на минатата година, вкупниот хрватски долг изнесуваше 329,7 милијарди куни (43,54 милијарди евра) и е поголем за 12,6 проценти или 36,8 милијарди куни (4,86 милијарди евра) отколку во декември 2019 година, според хрватската Народна банка (ЦНБ). Учеството на јавниот долг во бруто домашниот производ (БДП) се искачи на 89,1 процент, од нивото од 72,8 проценти на крајот на 2019 година, пренесува Хина. Износот на долгот на крајот на ...

Во 2020 година, просечните (бруто) трошоци за час работа во целата економија (со исклучок на земјоделството и јавната администрација) се проценуваат на 28,5 евра во ЕУ и 32,3 евра во еврозоната, во споредба со 27,7 евра и 31,4 евра во 2019 година, објави Статистичката Канцеларија на ЕУ – Евростат. Како што е наведено, податоците за просечните трошоци за работна сила, исто така, укажуваат на значителни разлики помеѓу земјите-членки на ЕУ. Така, ...

Netflix на Tokyo Anime Japan 2021 eкспо соопшти дека ќе објави 40 нови аниме наслови во 2021 година, пренесе Блумберг, откако ланската аниме серија Blood of Zeus беше огромен успех. Нови серии се очекува да излезат оваа година и ќе вклучува адаптација на јапонската манга Record of Ragnarok, чија премиера ќе биде во јуни; Yasuke, за африкански самурај во феудална Јапонија, чија премиера ќе биде на 29 април; Resident Evil: Infinite Darkness, која ...

Тајванскиот производител на чипови TSMC во четвртокот објави дека ќе инвестира 100 милијарди долари во следните три години во проширување на производствениот капацитет, предвидувајќи голема побарувачка во следните години на бранот на изградба на 5G мрежи и развој на моќни компјутери. Најголемиот светски производител на чипови, меѓу чии клиенти е и американскиот технолошки гигант Apple, неодамна објави дека годинава ќе инвестира до 28 милијарди ...

Групата ОПЕК+ денес се согласи да започне постепено олеснување на ограничувањата на производството од мај, пренесе Ројтерс повикувајќи се на извори од тој нафтен сојуз. Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, неформален сојуз наречен ОПЕК +, се согласија да го ублажат ограничувањето на пумпањето за 350.000 барели на ден (BPD) во мај, потоа за уште 350.000 барели на ден во јуни и дополнителни 400.000 BPD во јули. ...

Словенечкиот развивач на софтвер „Даталаб“ потпиша договор за преземање на македонската компанија „ИнКом“, соопштија оттаму. „ИнКом“ и нејзините 10 вработени се специјализирани за имплементација на деловна информатика и практично ќе го удвојат капацитетот за имплементација на филијалата на „Даталаб“ во Северна Македонија, рече словенечката компанија во изјавата за Љубљанската берза во вторникот. – Покрај локалниот пазар, ќе ги надополниме и ...

„Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, друштвото за експлоатација на камен, трговија и услуги БКД-М дооел Скопје е фирма која е должна према Еуростандард банка околу 960 илјади евра. Не платила ништо 742 дена односно две години пред затворање на банката. На оваа фирма се води хипотека на деловен простор и друг недвижен имот со проценета вредност од околу 600 илјади евра“, велат од Здружението на Оштетени штедачи на ...

Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM) го претстави својот нов проект „Балканска патент иницијатива“, кој е поздравен од сите национални асоцијации на пронаоѓачи во регионот и пошироко. Овој проект ќе им обезбеди на пронаоѓачите во регионот поголеми олеснувања при пријавувањата на нивните патенти, пред сè во соседните држави, но и пошироко, како во административна така и материјална смисла, велат оттаму. Законот за патенти ...

Сојузот на синдикати на Македонија не се согласува со предлогот на Министерството за труд и социјална политика, правото недела да биде неработен ден, да се уреди и со Законот за трговија, освен со Законот за работни односи. Синдикатот смета дека ова право треба да се уреди само со Законот за работни односи како основен закон од трудовото право, а не да се уредува со посебни закони, затоа што тоа може да доведе до нееднаквост на правата на ...

Минималната плата сè уште не е достоинствена и кога економските услови ќе бидат добри ќе работиме да ја зголемиме и до 18.000 денари, но сега не е моментот. Само пред три години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, а 9.000 во сите сектори. Денеска е 15.194 денари и тоа покажува дали имаме политичка волја да ја зголемиме или не, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Претендирам минималната плата да ...

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски на денешното предавање на Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, истакна дека како држава треба да се насочиме кон искористување на потенцијалите на обновливите извори на енергија, односно производството на електрична енергија од сонце, ветер, вода. -Во исто време треба да се спроведува енергетската транзиција од фосилни горива на ...

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека е започната активноста за генерирање и доставување на Годишна даночна пријава за утврдување на данок на личен доход за 2020 година. „Ги повикуваме регистрираните корисници на системот „е-ПДД“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2020 година преку своите кориснички профили. Граѓаните може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2020 година, најдоцна до истекот на крајниот ...

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на невладината организација „Рацио”, денес учествуваше на панел дискусија на тема „Пристап и креативни стратегии во креирањето на програми за вработување на младите”, каде дискутрираше со универзитетските професори Висар Адеми и Гадаф Реџепи. Пред почетокот на панел дискусијата, во изјава за медиумите, ...

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6 отсто, предвидува Светска банка во најновиот извештај. За следната година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5 отсто. Од земјите во регионот најголем раст за годинава е предвиден за Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од 5, Албанија 4,4 , Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 отсто. За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора ...

Европските производители на автомобили се подготвени значително да ги намалат емисиите на стакленички гасови до 2030 година, доколку земјите од ЕУ се посветат на изградба на станици за полнење на електрични автомобили, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). За „зелена“ економија, владите на ЕУ во декември минатата година се согласија дека ќе ги намалат вкупните емисии повеќе од половина до 2030 година. За да се ...

Русија усвои закон со кој се бара руски компјутерски програми и апликации да бидат претходно инсталирани на сите телефони, компјутери и други уреди кои се продаваат во земјата, a имаат пристап до Интернет. Следејќи го законот, сите уреди ќе треба да бидат „опремени“ на таков начин од денес, без разлика дали се произведени во Русија или доаѓаат од увоз. На крајот на 2019 година, Путин го потпиша овој закон, а официјалната причина е промоција на ...

GMC го продаде првиот електричен Hummer на аукција за 2,5 милиони долари, а средствата се наменети за добротворни цели. Како што е познато, во Америка, првата копија од новиот модел на автомобил ќе биде продадена на аукција, по што средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Ова е случај и со новиот електричен модел GMC Hummer, откако VIN 001 беше продаден за 2,5 милиони долари. Некој очигледно очајно сакал да стане првиот сопственик на ...

Светската трговска организација (СТО) ја зголеми проценката за растот на светската трговија со стоки оваа година, но сепак предупреди на ризиците што ги носи недоволното производство и дистрибуција на вакцини против коронавирус. Трговијата треба да порасне за 8,0 проценти оваа година, по падот од 5,3 проценти во 2020 година, проценува СТО. Во октомври, организацијата предвиде дека трговијата ќе порасне за 7,2 проценти во 2021 година, по падот од ...

Безбедносните истражувачи открија нов, напреден малициозен Андроид софтвер, кој наоѓа чувствителни информации зачувани во заразени уреди и ги испраќа до серверите контролирани од напаѓачите. Апликацијата се маскира во ажурирање на системот што треба да се преземе од продавница за надворешни апликации, како што истакнуваат истражувачите од Zimperium. Тоа е далечински управуван „Тројанец“ кој прима извршни команди од сервер за команда и контрола. ...

Една од клучните одлики на нашата економија е одржувањето ниска и стабилна инфлација веќе подолг период наназад, при што, во просек, инфлацијата во последните години изнесува околу 1%. Остварувањата минатата година и во првите два месеци од оваа година речиси во целост се во согласност со проекциите на Народната банка. Слично на очекувањата за движењата на цените во ЕУ – инфлацијата во македонската економија останува умерена. И најновите ...

Американската технолошка компанија Boston Dynamics го претстави својот најнов робот Stretch. Тој е дизајниран специјално за товарење и истоварување на пратки од магацини, пренесува Ројтерс. Ова е прва машина на компанијата создадена со специфична карактеристика заснована на барања од потенцијални клиенти ширум светот, вели потпретседателот на Boston Dynamics, Мајкл Пери. Според него, главниот проблем со кој се соочуваат логистичките компании и ...

Блокчеин технологијата најде уште една корисна употреба. Неговата карактеристика за непроменливост на записите и безбедното чување на податоци ја искористи IBM, кој неодамна го лансираше својот Digital Health Pass, апликација заснована на блокчеин, која има за цел да носи податоци за луѓе кои биле вакцинирани или биле тестирани негативно на коронавирус. Апликацијата ќе служи како „ковид-пасош“ и потврда дека некое лице е здраво, што треба да им ...

Покрај топ премиум Mi 11 Ultra телефонот, Xiaomi најави уште еден премиум модел за глобалниот пазар – Xiaomi Mi 11i. Ова е уште еден телефон кој се напојува со чипсет Snapdragon 888 и е „украсен“ со 6,67-инчен AMOLED дисплеј, со брзина на освежување од 120Hz. Во областа на камерите, Mi 11i е опремен со 108MP HM2 главен сензор. Големината на сензорот е 1 / 1,52-инчи, но со „9-in-1 binning proces“ може да создаде 2,1 μm пиксели. Главната камера ...

Вредноста на биткоинот се зголеми за скоро 3 проценти во последните 24 часа, така што во моментов се тргува со најстарата и најпопуларна криптовалута по цена од околу 56.130 долари. Во претходните денови, вредноста на биткоинот падна за повеќе од 10%, откако инвеститорите почнаа да покажуваат знаци на нервоза и желба да остварат профит со продажба на дигиталните монети што е можно поскоро. Така, цената на биткоинот вчера беше претежно под 55.000 ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
79%
1028
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.0
74%
1029
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
74%
1026
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.09
54%
1026
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
64%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
4.92
68%
1021
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
35%
1020
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
39%
1022
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
57%
1025
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
8.23
87%
1022
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $