Секој што е „ужасно потресен“ за дизајнот на новата предна маска на сегашните модели на BMW, нека седне. Од 2025 година наваму, германската компанија ќе претстави радикално различни автомобили. „Neue Klasse“ е трета фаза во електричната трансформација на BMW што воведува нов дизајн и се фокусира на напредниот софтвер. Од 2025 година, групацијата BMW влегува во „третата фаза“ на преминот кон електрификација и дотогаш планира да продаде два ...

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла инвестираше околу 5,8 милијарди евра во првата фабрика во Европа, близу Берлин, објави германската телевизија ЗДФ. Американскиот производител не ја соопшти висината на инвестицијата, но портпаролката на Министерството за економија на германската сојузна држава Бранденбург, каде се гради фабриката, потврди дека вредноста на инвестицијата што ја објави ЗДФ во вторникот е точна. ...

Е-трговијата, во текот на изминатата година, порасна на повеќе од 16 проценти на глобално ниво. Доживеа најголемо ширење во Централна и Источна Европа, според податоците на платформата еМаркетер, специјализирана за е-трговија. Експертите за електронска трговија од агенцијата „Namics – A Merkle Company“ истакнуваат дека ова е последица на пандемијата на коронавирус. Како што објаснуваат, поради ограниченото движење на населението и скратеното ...

Пандемијата на коронавирус веројатно ќе ги чини Германците добри 50 милијарди евра, и тоа само во првиот квартал од 2021 година. Вкупната штета е многу поголема, според пресметките на Институтот за германска економија. Вкупната загуба на германската држава и граѓаните поради пандемијата на короната досега изнесуваше околу 250 милијарди евра, пресметаа од Институтот за германска економија од Келн (IV) точно една година по првата блокада што ...

По две децении глобална препознатливост во рамки на групацијата „Сеавус“, новата македонска ИТ компанија „Синами“ продолжува да го освојува светскиот пазар „Иновативни софтверски решенија кои го модернизираат начинот на кој работат нашите клиенти“ е мотото на македонската ИТ компанија, „Синами“ (www.synami.com). Компанијата до скоро беше дел од групацијата на „Сеавус“, меѓутоа по аквизицијата на „Сеавус“ од страна на чешката компанија АРИКОМА ...

Кризата со коронавирусот има неверојатно влијание врз економијата на Европската унија, како и врз пазарот на трудот и општеството во целина, се вели во студијата на Европската фондација за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound-Eurofound). Според резултатите од истражувањето на оваа агенција, со седиште во Даблин, до пролетта 2020 година, во ЕУ биле вработени 5,7 милиони луѓе помалку отколку на крајот на 2019 година, додека ...

Елон Маск, по којзнае кој пат, покажа дека тој е сè, освен обичен директор. Покрај неговото име, технолошкиот магнат го запиша „Technoking of Tesla“ како функција при поднесување на нова апликација до американската Комисија за хартии од вредност (SEC), а финансискиот директор на Tesla, Зак Киркхорн ја доби титулата „Coin Master“. Се разбира, двајцата се единствените во светот кои имаат такви позиции во компанијата – на крајот на краиштата, тие ...

Иако Kia го вклучи електричниот модел Soul EV во својата понуда во 2014 година, базиран на втората генерација на компактниот кросовер Soul, а потоа и e-Niro, штотуку претставениот кросовер EV6 е првиот целосно електричен модел на компанијата што се напојува исклучиво од електрична енергија. Елегантниот кросовер во форма на купе со средна големина пристигнува веднаш откако Hyundai го „лансираше“ својот прв електричен модел од новото семејство ...

Турција од денес воведе задолжителна електронска регистрација за странските туристи. Пред да влезат во Турција, во рок од 72 часа пред патувањето, странските туристи мора да го пополнат електронскиот формулар на Министерството за здравство, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Турските граѓани, лицата со дозвола за престој во Турција и патниците во транзит се изземени од обврската за електронска регистрација. ...

Најпопуларната криптовалута во светот, Биткоин, постави нов рекорд минатата ноќ кога вредноста на дигиталната монета беше околу 61.500 долари околу 21,30 часот по наше време. Во моментов паричката се тргува за околу 60.331 долари, според „Коиндеск“. Во изминатите 24 часа, вредноста на криптовалутата се зголеми за 5 проценти. Да потсетиме, од почетокот на оваа година, Биткоинот зајакна за 80 проценти, а во последните 12 месеци неговата вредност ...

Биткоин се консолидираше под 60.000 долари утрово, откако забележа рекордно ниво за викендот – вредеше над оваа бројка. Во саботата, на 13 март, точната вредност на најпознатата криптовалута беше 61.781 долари. Тоа е раст од 5,77 проценти, а биткоинот зајакна за 80% само во 2021 година, и дури 570 проценти во последните 12 месеци. Главната причина? Коронавирусот, разнишана економија и бурни пазари на валути. Новото зајакнување на алтернативната ...

Microsoft планира да се пресели во четиринеделен циклус стабилни надградби за Edge, подоцна во текот на годината. Компанијата ќе започне со нов распоред за ажурирање од верзијата Edge 94, што се очекува во април. Претходно овој месец, Google, исто така, објави дека Chrome ќе се префрли на истиот циклус за објавување на ажурирања со Chrome 94. Компанијата од Редмонд посочува дека четиринеделниот циклус на ажурирање можеби не е идеален за секого. ...

Се чини дека прогонството на Parler од App Store ќе продолжи. „Блумберг“ известува дека Apple неодамна ја одбил понудата за враќање на апликацијата на iPhone, повикувајќи се на „многу несоодветна содржина“. Apple првично го исфрли Parler од App Store во јануари, веднаш по немирите во американскиот Капитол. Apple тогаш рече дека апликацијата треба да ја подобри умереноста на нејзината содржина и да вложи поголеми напори да спречи опасна содржина ...

Кина значително го зголеми водството во продажбата на нови автомобили, во споредба со Западна Европа. Додека на Стариот континент беа продадени 1,52 милиони возила во јануари и февруари, продажбата во Кина изнесуваше 3,96 милиони. Пред една година се продадени 1,99 милиони единици во Европа, пишува Seebiz, а само 1,6 милиони во Кина. Понатаму е наведено дека азиската земја „никогаш досега, во првите два месеци од една година, не постигнала толку ...

Според новото истражување, дури 32 проценти од луѓето во Германија кои се грижат за стари лица и болни размислуваат за промена на работното место. Причините се претежно високи физички и ментални оптоварувања, недостаток на препознавање и мала плата. Ова е драматичен факт во општеството кое старее, а веќе сега недостасуваат најмалку сто илјади негуватели. Според најцрните проценки, за две години ќе недостасуваат до двесте илјади. „Ние мора да го ...

Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да укине до 4.000 работни места во своите погони во Германија, нудејќи предвремени или делумни пензии за постарите вработени, што може да чини неколку стотици милиони евра, соопштија извори од компанијата. Во изјавата на Фолксваген се вели дека постигнал договор со работничкиот совет за делумно пензионирање на родените во 1964 година, додека им понудил предвремено пензионирање на родените ...

Повеќе од десет милиони смартфони со 5G конекција биле продадени во Европа минатата година, и покрај постојаните предизвици за ширење на мрежата, соопшти Институтот за истражување на пазарот GfK. Во четвртиот квартал од 2020 година, еден од седум продадени паметни телефони во Европа имал можност за 5G, наведува GfK. „Новиот 5G стандард за мобилни комуникации е веќе распространет на азиските пазари, a сега примерот го следат и европските пазари“, ...

Русија денес објави дека постигнала договори за производство на вакцината Спутник V против коронавирус со „компании од Италија, Шпанија, Франција и Германија“ во очекување на вакцината да биде одобрена во Европската унија. „Во тек се и други разговори за зголемување на производството во ЕУ. Ова ќе овозможи снабдување на единствениот европски пазар со Спутник V да започне веднаш штом ќе биде одобрено од Европската агенција за лекови (ЕМА)“, рече ...

Соединетите Американски држави ја потврдија својата позиција како најголем извозник на оружје во светот, со повеќе од една третина од глобалната продажба во последните пет години, објави во понеделникот шведскиот институт за истражување „СИПРИ“. Извозот на САД порасна за 15 проценти од 2016 до 2020 година, а САД учествуваа со 37 проценти во глобалната продажба на оружје, откри институтот. Американските производители продадоа оружје на 96 земји, ...

Czech Airlines (CSA), националниот превозник на Чешка, се соочува со големи финансиски проблеми, а доверителите на авиокомпанијата имаат рок до мај да одлучат дали ќе ја финансираат отплатата на наталожениот долг или судот ќе донесе одлука за продажба на имотот. Според локалните медиуми, компанијата не ги подмирува своите обврски и има долг од скоро 70 милиони евра кон добавувачите и патниците. Финансиските проблеми на оваа авиокомпанија не се ...

Германски „Volkswagen“ планира да обезбеди снабдување со мобилни батерии и да ја прошири инфраструктурата за полнење електрични возила во Европа, како дел од засилените напори за претекнување на „Tesla“ и поевтинување на т.н. е-мобилност. Вториот по големина производител на автомобили во светот, кој е среде силен пресврт кон автомобили на батерии, објави денес дека планира да лансира шест погони за производство на горивни ќелии во Европа до 2030 ...

Предлогот за воведување на таканаречени ковид-пасоши за слободно движење во рамките на Европската унија, што ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинација со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова е затоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на ЕУ. Илва Јохансон, комесарот за внатрешни работи во Европската комисија, ги потврди овие наводи во ...

Најпознатата криптовалута во светот достигна нов рекорд. Имено, таа достигна вредност од 59.000 долари, објави Телетрејдер. Во моментов, една дигитална паричка се тргува со 59,519 долари, според „Коиндеск“. ...

Вредноста на биткоинот денес надмина 60.000 долари, со што ја надмина рекордната вредност на таа криптовалута. Вредноста на биткоинот на платформата Бајнанс скокна на 5,77 проценти и достигна цена од 60.104 американски долари. Од почетокот на оваа година, биткоинот порасна за 80 проценти, а во последните 12 месеци неговата вредност се зголеми за 570 проценти. Неколку фактори придонесоа за нејзиниот вртоглав пораст, вклучително и зголемениот ...

Неодамна се појави информација дека HMD Global планира да пушти телефон на Nokia од новата серија G. Се верува дека оваа линија ќе вклучува модели со фокус на гејминг, а првиот телефон во серијата може да биде Nokia G10 (ознака на моделот TA-1334). Сега истиот модел доби сертификат од малезиската агенција SIRIM. Други варијанти на овој модел беа претходно забележани на платформите за сертифицирање TUV и NBTC, каде беше откриено дека моделот ...

Oppo неодамна изби на првото место во Кина по бројот на продадени телефони, а сега го претстави својот предводник за оваа година – Oppo Find X3 Pro. Уредот носи сè што би очекувале од моќен телефон со Android во 2021 година. Има 6,7-инчен екран, со QHD + резолуција и брзина на освежување од 120 Hz. Се напојува со најмоќниот чипсет Qualcomm – Snapdragon 888, и има 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Батеријата на овој телефон има капацитет ...

Американецот Ворен Бафет, кој е познат како еден од најуспешните инвеститори во светот, се приклучи на ексклузивниот клуб на богати, во кој меѓу другите се и Бил Гејтс, Џеф Безос, Елон Маск. 90-годишниот Бафет, кој е претседател на инвестициската компанија „Беркшир Хатавеј“, го исполни главниот услов за членство во овој „клуб“ – богатство вредно повеќе од 100 милијарди долари. Иако со децении беше на врвот на светската ранг-листа за богатство, ...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Абу Даби истакна дека се договорил заедно со Обединетите Арапски Емирати и Кина да се произведува вакцина против коронавирусот на кинеската компанија „Синофарм“ во Србија. По средбата со престолонаследникот Абуд Даби и заменик врховниот командант на вооружените сили на ОАЕ, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, Вучиќ за РТС посочи дека вечерва е направен голем договор – Во наредните денови, во рок од ...

Европската централна банка денес ја зголеми проекцијата на инфлацијата за 2021 година поради скокот на цените на почетокот на годината и малку ја зголеми прогнозата за раст на економијата, иако мерките на ограничувања за сузбивање на пандемијата Ковид-19 се продолжени. Според новото основно сценарио, ЕЦБ очекува бруто домашниот производ на еврозоната да порасне за 4 проценти оваа година, наместо 3,9 проценти, како што беше предвидено во ...

Некои корисници на „Нетфликс“ објавија дека на екранот им се појавила порака: „Ако не живеете со сопственикот на оваа сметка, потребна ви е своја сметка за да продолжите да гледате“. „Овој тест е дизајниран да осигури дека луѓето кои користат сметки на „Нетфликс“ се вистински овластени да го сторат тоа, пренесува Би-Би-Си. За време на пробниот период, корисниците можат да го потврдат пристапот до сметката преку код испратен преку текст или ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
75%
1026
weather icon

Белград

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
82%
1030
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
85%
1030
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
74%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.08
65%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1029
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.81
76%
1022
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
49%
1021
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
49%
1023
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
7.2
81%
1024
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $