Додека повеќето економии во богатиот свет беа погодени минатата година, Ирска расте, пишува The Wall Street Journal. Зад овој успех стојат просперитетни фармацевтски и технолошки компании, привлекувани со години во земјата со ниски даночни стапки. Со години, Ирска ги охрабруваше мултинационалните компании да отвараат продавници во малата земја, нудејќи ниски стапки на данок на добивка. Големите технолошки компании, од Фејсбук до Гугл, создадоа ...

Падот на акциите на технолошките фирми оваа недела збриша скоро 90 милијарди долари од пазарната капитализација на американскиот производител на електрични автомобили Tesla, објави Блумберг. Загубата ги надмина индивидуалните проценки на околу четири петтини од компаниите во индексот S&P 500. Цената на акциите на Тесла падна на околу 600 американски долари нешто по 19 часот по македонско време во петокот, на најниско ниво од 10 декември. ...

Операторот и сопственик на словенечката бања „Терме Чатеж“ ја продал марината Порторож на јапонски купувач, јавија словенечките медиуми. „Дело“ наведува дека купувачи се јапонски инвестициски фондови и дека цената е под 15 милиони евра, додека „Приморске новице“ објави дека јапонска мултинационална компанија ја купува марината за 16 милиони евра. Продажбата беше објавена пред неколку недели од Бојан Петан, чијашто издавачка компанија „Државно ...

Видовме толку многу зачудувачки примери на невообичаени градби ширум светот, како што се зградата Рен во Кина, Basket делото во САД, Cybertecture Egg Office во Индија или Bubble палатата во Франција. Дубаи наскоро ќе се приклучи на оваа неверојатна листа, доколку израелскиот уметник Зиго и неговиот тим успеат да „закачат“ кула во облик на штипка (The Clothespin Tower). Компанијата „Clothespin“ ќе ги трансформира познатите уметнички дела на Зигo ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска апелираше до граѓаните да се вакцинираат и да бидат подисциплинирани, бидејќи секој ден „заклучување“ ја чини државата 190 милиони евра. На заедничката прес-конференција со кинескиот амбасадор Чен Бо, Вучиќ рече дека Србија не знае дали, како Кина, годинава ќе може да постигне економски раст од шест проценти. Тој рече дека еден ден заклучување, како мерка за борба против ширењето на пандемијата, ...

Пари во банките доаѓаат побрзо отколку што успеваат да се позајмат, па затоа некои германски банки престанаа да прифаќаат парични депозити на граѓаните. Штедилницата на „Шпаркасе Дизелдорф“ ги одбила клиентите со премногу пари на нивните сметки, пишува Билд. Кој не се согласи со објавената затезна каматна стапка од 0,5 проценти или доброволно не го намали износот на неговата сметка, може да очекува од штедилницата да ги пренесат парите насилно ...

Ланецот супермаркети Lidl неодамна naјави продажба на автомобили во Германија, пишува списанието „ХАК ревија“. Како и обично, цените се намалени. Lidl го продаде Fiat 500 во рекордно време во 2016 година. Сега се обидува да експериментира со три модели, но само во Германија. Овие автомобили се нудат во форма на лизинг кој трае 48-месеци. За оваа комерцијална операција, Lidl соработуваше и со компанијата за изнајмување автомобили Sixt. Вкупно се ...

Од денес, германските малопродажни ланци „Алди Норд“ и „Алди Суд“ започнаа да продаваат и тестови за антиген за коронавирус. На купувачите ќе им биде дозволено да купат само еден пакет со цел да се избегне гужва и што повеќе луѓе да имаат пристап до тестирање, пренесува „Јутарњи“. Кон крајот на февруари, Германскиот федерален институт за лекови и медицински помагала издаде специјални одобренија за само-тестирање на коронавирус за прв пат. За ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во IV тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 941 524 лица, од кои вработени се 789.552, а 151.972 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 55.9, стапката на вработеност 46.8, додека стапката на невработеност изнесува 16.1. ...

„Сите хидроцентрали кои ги имаме, ветерниците кои ни се поставени, во моментот 30% од државата што произведува енергија е од обновливи извори на енергија и тука сме блиску до европскиот просек. Со инвестиции во обновливи извори на енергија имаме основани причини дека ќе постигнеме повеќе од 50% на севкупното производство на енергија да бидат од обновливи извори на енергија”, рече премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање на тема ...

Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра во регионот, се вели во извештајот за 2021 година на „Херитиџ“ фондацијата. Според индексот на почитуваната американска фондација, нашата економијае на 46-то место во светот. Од земјите во регионот, Словенија е 48-ма, и Србија е 54-та, Косово е на 58-ма позиција, Хрватска е на 79-то место,додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место. ...

Прометот остварен на Македонска берза во февруари достигна вредност од 1.390.563.281 денари, што претставува пораст од 170,48% во однос на јануари, покажува Месечниот статистички билтен на берзата. Пазарната капитализација во текот на минатиот месец се позиционираше на 191.695.003.172 денари или 1,80% повеќе во однос на јануари. Пораст од 67,50% има кај вкупниот број на трансакции што во февруари беа 2.563 на број. Индексот МБИ10 минатиот месец ...

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто од денеска е поставен за јавна консултација на Единствениот национален регистар за прописи – ЕНЕР, ќе придонесе за либерализација на пазарот на платежни услуги. Тој ќе овозможи влез на нови даватели на платежни услуги, пред сè од Финтек-секторот, и ќе поттикне дигитална трансформација на постојните учесници на пазарот. Очекуваното зголемување на конкуренцијата ќе придонесе за создавање ...

Министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешното гостување на „Топ Тема“ на „Телма“ ТВ посочи дека зголемувањето на буџетскиот дефицит и јавниот долг, во време на ковид-кризата, е реалност за скоро сите светски економии, вклучително и за нас. Тој рече дека економии како Шпанија, Италиja и Грција, минатата година го покачија државниот долг за над 20 процентни поени. Тој вели дека сега од најголемо значење ќе бидат посткризните политики во ...

Од бескаматната кредитна линија со грант компонента „Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со 5-ти март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик. Со други зборови, заклучно вчерашниот ден се исплатени 96,7% од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија. Досега, одобрени се вкупно ...

АД „Пошта на Северна Македонија“ викендов ја воведува опцијата за е-трговија, односно можноста секој заинтересиран граѓанин да направи онлајн нарачка-подарок кој ќе се испорачува на саканата адресан за време и по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Како што информираат од АД „Пошта на Северна Македонија“, процедурата е едноставна, брза и безбедна. Сите заинтересирани граѓани за користење на оваа услуга треба да ја посетат официјалната веб ...

Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза. Учесници од Македонија ќе имаат можност да присуствуваат на обуки за различни теми поврзани со пазарите на капитал, како што се портфолио менаџмент, користење на финансиски ...

Според Digitimes, Apple планира да претстави OLED iPad Pro следната година. Компанијата ќе користи 10,9-инчен OLED панел за својот iPad Pro во 2022 година. Извештајот, исто така, сугерира дека Apple планира и 12,9-инчен OLED iPad Pro, како и 16-инчен OLED MacBook Pro за подоцнежен период во текот на 2022 година. Извештајот е малку контроверзен, со оглед на тоа што голем број извори укажуваат на тоа дека Apple во линијата iPad Pro и MacBook Pro ...

Џон Мекафи – технолошки претприемач кој моментално е во шпански затвор и чека екстрадиција во САД – сега се соочува со нови обвиненија за измама и перење пари. Американски адвокат утрово објави дека Мекафи е обвинет за „заговор за извршување измама со стоки и хартии од вредност, заговор за вршење измама со хартии од вредност и рекламирање и заговори за перење пари“. Обвинет е и член на крипто-советодавниот тим на Мекафи, Џими Вотсон. Тој беше ...

Mинистерот за финансии, Фатмир Бесими, одржа средба со претставници на компаниите-членки на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори, предводена од Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата. На средбата беа разгледани клучните иницијативи и предлози во врска со прашања за даночната и царинската област, што се од значење за унапредување на работењето на компаниите со технолошки ...

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, оствари две одделни средби со претставници на Стопанската комора за фотографска и видео дејност на Република Северна Македонија, како и со претставници на Здружението на туристички водичи, со кои разговараше за актуелните случувања во овие дејности. Вицепремиерот Битиќи истакна дека за Владата на Република ...

Министерството за финансии подготвува техничка можност на дневна основа да се следат буџетските приходи и расходи, соопшти денеска на прес-конференција министерот Фатмир Бесими. -Во името на транспареноста и отчетноста, особено од аспект на јавните финансии ние во Министерството за финансии подготвуваме и можнот на дневна основа да објавуваме приходи и расходи на буџетот, и салдо на буџетот. Тоа ќе бидат прелиминарни податоци, рече Бесими. ...

Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 % која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзбици од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. ...

Во последно време, жените, што е малку изненадувачки, преземаат работни места што претходно беа резервирани за мажи. Тие ги извршуваат на исто ниво или уште подобро, што е придружено со повисоки плати. Најновите трендови сугерираат дека жените се движат од работни места со пониски плати, во кои мнозинството од женската работна сила „лежеше“, на повисоки позиции поврзани со финансиите, законодавството и лидерството. Всушност, според статистичките ...

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на денешното означување на почетокот на изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле, изјави дека во услови кога со децении ништо не е инвестирано во преносната мрежа, оваа Влада, заедно со стручниот тим на МЕПСО инвестира во реконструкција и модернизација на шест далекуводи од преку 130 километри. „Изминатата година целосно се завршени обемните реконструкции на трафостаниците Валандово, Осломеј, ...

Во рамки на активирањето на новата осма еврообврзница во висина од 700.000 милиони евра, попладнево, министерот за финансии, Фатмир Бесими посочи за која намена се земени овие средства. „Со овие средства ќе се врати долгот по основ на третата еврообврзница во износ од 500.000 милиони евра. Што значи дека останатите 200.000 милиони евра ќе се искористат за расходите создадени од Буџетот кој беше усвоен во Собранието. Примарно, овие средства ќе се ...

Полиса за животно осигурување и штедење, во едно се добиваат две придобивки. Со штедната компонента како финансиски производ, полисата за животно осигурување стана се поатрактивен и побаран начин за менаџирањето на сопствените средства. Тука не постои ни дилема, ниту пак едниот избор го исклучува другиот. Новите опции што ги нудат осигурителните компании, разни пакети и спојување на финансиски услуги придонесоа кај граѓаните постепено но ...

Авиокомпанијата „Луфтханза“ денес објави дека ја заврши 2020 година со рекордна нето загуба од 6,7 милијарди евра, што укажува на тоа дека може трајно да ги приземји сите стари авиони по корона-криза Нивните приходи во пандемиската година беа повеќе од преполовени, на 13,59 милијарди евра. Прилагодената загуба пред каматата и даноците беше 5,45 милијарди евра. Во последните три месеци од минатата година, „Луфтханза“ работеше со чиста загуба од ...

Точно една година откако Huawei ја објави својата продавница за апликации, AppGallery, од официјалната говорница на Mobile World Congress 2020, платформата пријави над 2,3 милиони регистрирани програмери, што е зголемување за 77%, а 300.000 од нив се надвор од Кина. Публиката на AppGallery ширум светот порасна на 530 милиони активни месечни корисници. Во Европа, платформата веќе има над 42 милиони корисници, што е раст од 61,5% за оваа ...

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески и на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, вчера вечер, заедно со членовите на работната група, одржаа состанок на кој се дискутираше за измените и ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
69%
1028
weather icon

Белград

-2ᴼ / -4ᴼ
0.0
87%
1031
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
90%
1031
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
80%
1029
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
0.56
68%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
81%
1031
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.36
80%
1023
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.13
67%
1029
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1031
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
7.2
87%
1025
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $