Современите паметни телефони обично имаат футроли кои комбинираат пластични материјали, стакло и метал. Некои производители експериментираат со керамички слоеви во топ уреди како што е Xiaomi MI MIX. Германски стартап наречен Carbon Mobile сега го привлекува нашето внимание со премиерата на паметен телефон кој нема аналог во индустријата. Станува збор за моделот наречен Carbon 1 Mark II и, како што се подразбира од името, е првиот паметен ...

Иако сме уште многу месеци до објавата на следната линија на iPhone, веќе се појавуваат гласини за претстојните телефони на Apple. Претходните извештаи сугерираат дека iPhone 13 ќе има секогаш вклучен 120Hz дисплеј, помал исечок, парна комора за подобро ладење и помали батерии. Сега гласините споменуваат дека новата линија ќе има опција за складирање на податоци од 1TB. Тековниот iPhone 12 има максимална опција за складирање од 512 GB, што значи ...

Во Австрија, поради кризата предизвикана од пандемијата, невработеноста е многу голема, па на крајот на февруари 508.923 лица биле без работа. Бројот на невработени на крајот на февруари, во споредба со истиот месец лани, беше за дури 27 проценти поголем, односно 109.564 невработени. Тоа е стапка на невработеност од 10,7 проценти, што е за 2,6 проценти повеќе од минатата година, соопшти Министерството за труд. Покрај тоа, на крајот на февруари, ...

Германската економија ќе ги чувствува ефектите од пандемијата на коронавирус најмалку до 2025 година, објави во понеделникот Институтот за истражување за вработување (ИАБ). Стапката на економски раст во следните пет години ќе се намали за 0,6 процентни поени како резултат на корона-кризата, рече коавторот на ИАБ, Енцо Вебер. Пазарот на трудот, од друга страна, се соочува со долгорочен пад на бројот на вработени, за околу нето 200 илјади до 2025 ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.57 %. Највисока стапка на слободни работни места од 4.13 % има секторот Б – Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.06 %. Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка ...

Покрај Ковидот на Пошта на Северна Македонија лани и се случи и стечајот на Еуростандар банка што од 12 август сериозно придонесе за негативниот финансиски тренд на компанијата и генерирање сериозни загуби, посочи денеска генералниот директор на Пошта Јани Макрадули. -Во најдобрите денови имало и два милиони денари дневен промет, односно 20 милиони денари месечно. Прометот се движел од 15 до 20 милиони денари месечно со што излегува дека ...

Има луѓе со кои разговараме за јавно приватно партнерство, а предноста на Пошта е што има инфраструкутра и ја покрива цела територија на државата, како и искуството и знаењето на луѓето што работат во Пошта, изјави денеска директорот на АД Пошта, Јани Макрадули. – Тоа е атрактивно за одредени субјекти иако во моментов имаме уште нерасчистени објекти во кои сопственоста е заедно со Телеком. Треба прво тој процес да го завршиме па потоа можеме да ...

Porsche ќе учествува во собирање на 130-150 милиони евра свеж капитал за Rimac Automobile. Тој капитал ќе го искористи хрватската компанија за преземање на Bugatti, изјави Мате Римац за „Automobilwoche“. Собирањето средства треба да заврши за два до три месеци, а следниот круг е планиран за крајот на годината, изјави Римац за списанието. Porsche е сопственик на 15,5% од акциите на Rimac Automobile и може да го зголеми својот удел на нешто ...

Британско-шведската мултинационална компанија „АстраЗенека“ го продаде својот удел од 7,7 проценти во „Модерна“ за повеќе од 1 милијарда долари откако акциите на американската биотехнолошка компанија пораснаа благодарение на пробивањето на пазарот на нејзината вакцина за коронавирус, објави лондонски „Тајмс“. Во текстот на „Тајмс“ се забележува дека не е познато кога „АстраЗенека“ го продала својот удел во „Модерна“, со која планира да го ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 % во однос на Одлуката од 22.2.2021 година. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денар во однос на ...

„Универзална ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и понатаму да служи во колективната меморија како симбол на солидарноста”, изјави премиерот Зоран Заев на настанот по повод презентацијата на проектот за реконструкцијата на Универзална сала – Скопје. Премиерот Заев, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска го најавија почетокот на реконструкција на ...

Многу туристи и светски патници сметаат дека пробувањето на странските домашни пива е неизбежен дел од нивното патување. Сепак, цената на овој популарен алкохолен пијалак варира од земја до земја, па затоа, американскиот портал „Експензивити“ направи споредба на цените на пивото во 58 земји. Така, жителите на Босна и Херцеговина, на пример, се на осмо место на листата на најголеми потрошувачи на пиво. А, бидејќи просечната цена е два долари за ...

Финансискиот резултат за “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период 01.01.2020-31.12.2020 покажува добивка во износ од 31.004 илјади денари. Споредбено со претходната 2019 година во истиот период, исто така имаме позитивен финансиски резултат од 39.220 илјади денари. Значи друштвото ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години, се вели во извештајот на компанијата. • Оперативните приходи на ...

Во одделни подружници на Македонска пошта од денес граѓаните повторно можат да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово. Функцинирањето на платниот промет во Пошта, кој беше во неколкумесечен прекин, во првата недела од март ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и ...

Одлуката на Централната Банка да ја ограничи распределбата на дивидендата на акционерите на банките и на штедилниците е преседан, вели за Стандард поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Иако зад ваквиот чекор сигурно има законска основа смета дека одлуката значи мешање во работата на приватните субјекти. Хајредини не очекува дека било која од деловните банки ќе се спротивстави на укажувањето на НБРМ, бидејки како што вели, средствата ...

Шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G мрежите низ ЕУ ќе биде воведена ширум европскиот блок, во обид да се поправат техничките ранливости на мобилните комуникации од следната генерација, соопшти Европската комисија. Овој потег доаѓа како дел од законот за сајбер безбедност на ЕУ усвоен во 2019 година, што се обидува да ги охрабри играчите на пазарот да ја зајакнат безбедноста на нивните поврзани уреди, со цел да се постигне ...

Канадскиот производител на авиони Bombardier оваа недела беше цел на хакерски напад. Тие потврдија дека биле жртви на сајбернапад во кој напаѓачите успеале да пристапат до нивната компјутерска мрежа и да „уловат“ нивни важни податоци. Како што обично се случува, криминалците испратија барање за откуп, а откако Bombardier одби да ја плати побаруваната сума, хакерите ја остварија својата закана и објавија чувствителни информации во јавноста. ...

Реномираниот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во новата студија пишува за популарноста на руската вакцина Спутник V, која секоја недела станува дел од програмата за вакцинација во се повеќе земји во светот. ФАЦ наведува дека досега руската вакцина е регистрирана од 38 земји во светот. Од земјите на Европската унија, Унгарија на некој начин прифати ризик од само-набавка на вакцини, а властите во оваа земја истакнаа дека не сакаат ...

Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето на родовиот јаз при исплата на платите, а преку почитување на колективните договори може да се дојде до поефикасно решение за надминување на таквата разлика, смета Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Оттаму велат дека јазот на платите според род не е во согласност со Конвенцијата С-100 на МОТ за еднакви плаќања, како и со Уставот и законите за работни односи, за антидискриминација и за ...

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа минатата недела, па тие забележаа скок од околу 20% во февруари, бидејќи инвеститорите се надеваат дека ќе го забрзаат закрепнувањето на економиите од корона-кризата, а со тоа и побарувачката за „црно злато“, пишува порталот SEEbiz. Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 4,8 проценти, на 64,42 долари, додека на американскиот пазар за еден барел порасна за 3,8 проценти, на ...

Познатата јапонска компанија Sony годинава оствари раст од 8,41 процент во акциите. Акциите на другите компании во секторот за производство на аудио-видео пораснаа за 6,08 проценти. Според дискреционата група на потрошувачи која вклучува 251 компанија, акциите на Sony го привлекуваат вниманието на многу инвеститори заради своите натпросечни перформанси. Финансискиот модел Zacks Sector Rank, кој вклучува 251 компанија, го рангираше Sony во првата ...

Добро познат инсајдер од социјалната мрежа Твитер откри дека телефонот Pixel Fold доаѓа оваа година. Според Рос Јанг, во втората половина на оваа година треба да видиме најмалку три телефони на Samsung, четири модели од Oppo, Vivo и Xiaomi, но и еден модел од Google. Се појавија информации дека Pixel Fold ќе има механизам за преклопување како Motorola Razr 2020 и Samsung Galaxy Z Flip. Google наводно им се придружува на Xiaomi и Oppo, па затоа ...

Граѓаните од денеска повторно ќе можат да плаќаат во готово преку шалтерите на Пошта. Системот од страна на Халкбанк е имплементиран и почнува да функционира платниот промет, согласно договорот потпишан со националната Пошта. Халкбанк АД Скопје, беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, откако претходно беше во прекин поради пропаѓање на Еуростандард банка. Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во ...

„Во изминативе денови бевме сведоци на неколку официјални изјави на Трифун Костовски како и официјални изјави од страна на Комерцијална банка каде се откриваат интересни моменти во целиот овој случај со грабежот на Еуростандард Банка и од каде излегуваат многу прашања, кои ние како Здружение преку ова соопштение би сакале да ги поставиме до институциите во државава вклучително и Народна банка односно гувернерката Анита Ангеловска Бежоска“, ...

Мicrosoft е една од најбогатите компании на планетата со пазарна капитализација од 1,7 трилиони долари. в е нивниот најпопуларен производ, но апликацијата Teams, конзолите Xbox, LinkedIn, Skype и пакетот MS Office се исто така многу успешни. Софтверскиот гигант планира да стане влијателен во новиот сегмент на пазарот што ќе ги стави во конкуренција на услуги како што се Squarespace и Wix. Новиот проект на Мicrosoft се нарекува Digital Marketing ...

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ ќе им наплати на патниците дополнителни 8,90 фунти (12,40 долари) во обид да ги покријат трошоците, бидејќи кризата со коронавирусите „го убива“ авионскиот сообраќај. Тарифата е дозволена од британскиот регулатор за авијација според протокол кој му овозможува на воздушниот центар да ги покрие трошоците за комунални услуги, багаж и услуги за пријавување. „Хитроу“ остварува „нула добивка“ од ваквите активности, а ...

Сундар Пичаи (Алфабет / Гугл) и Сатја Надела (Мајкрософт) се рангираат меѓу 100-те најплатени извршни директори, според новиот извештај на „As You Sow“. Не е тајна дека извршните директори на компании од индексот S&P 500 заработуваат добро, сепак, некои се веројатно „преплатени“, барем во споредба со другите вработени. „Бизнис инсајдер“ го користи терминот „преплатени“, што се однесува на преценување на ниво на заработка. Споменатата ...

Министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, денеска во Прилеп оддржаа средба со Сојузот на тутунарски здруженија, на која присуствуваа и дел од откупувачите на тутун. На средбата е разговаравно за откупот на реколтата 2020 година и изнаоѓање на решенија со кои ќе се надминат проблемите од годинава, воочи престојната сезона. Тутунопроизводителите изразија загриженост ...

Стејт департментот не преговара со Берлин за дополнителен неформален договор што ќе овозможи комплетирање на гасоводот „Северен тек 2“ (СТ2), изјави Моли Монтгомери, помошник државен секретар на САД за азиски и европски прашања. Неколку дена претходно, еден од петте европски инвеститори, германската компанија Wintershall, се повлече од проектот. Според американскиот портал Аксиос, тоа Монтгомери го изјавил на брифинг за членовите на ...

Со „Еуро 7 стандардот за издувни гасови 2025“, целата автомобилска индустрија се соочува со голема неизвесност. Производството на модели на дизел и бензин нема да им се исплати на многумина, а проблем се малите градски автомобили, кои се најпристапни за повеќето Европејци, како и десетици илјади работни места во индустријата. Претседателот на работничкиот совет на БМВ, Манфред Шох, предупреди на ова на Форумот на автомобилскиот клуб Мобил во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
74%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
81%
1032
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1032
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
80%
1031
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.52
67%
1031
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
83%
1032
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
4.47
85%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
70%
1024
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
65%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.24
66%
1030
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
1.34
89%
1033
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 2ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $