Популарен трговец со крипто-средства и аналитичар именува два алткоини за кои тој вели дека имаат најголем потенцијал за движење нагоре, додека закрепнува пазарот. Аналитичарот, познат во индустријата како Smart Contracter, вели дека децентрализираните протоколи за финансирање (DeFi) Aave (AAVE) и Synthetix (SNX) веројатно ќе скокнат најмногу, со оглед на тоа колку се стабилни во споредба со другите алткоини за време на неодамнешната корекција ...

На почетокот на оваа година се појавија информации дека Apple можеби работи на „Macbook Air“ од повисок сегмент. Една од карактеристиките на линијата Macbook Air е подостапна цена во рамките на екосистемот на Apple, но се чини дека има и такви кои бараат поголема моќност и од овој модел. Според „Блумберг“, наскоро би можеле да видиме токму таков лаптоп Air. Новинарот на „Блумберг“, Марк Гурман тврди дека Apple развива поголем 15-инчен MacBook ...

Вредноста на минералното богатство на Србија веди повеќе од 200 милијарди долари и тоа богатство треба да се искористи на одржлив начин, рече министерката за рударство и енергетика на Србија, Зорана Михајловиќ. „Целта е да се привлечат нови инвестиции во Србија и за околу три години уделот на рударството во БДП да биде близу четири проценти, наместо 1,9 проценти. Покрај тоа, ние сакаме развојот на рударството да биде одржлив и сè што се прави во ...

Facebook најави нова опција за Instagram, наречена Live Rooms. Функцијата им овозможува на корисниците да вшат пренос во живо на Instagram со најмногу три лица истовремено, во споредба со претходната опција за пренос со најмногу две лица. Facebook се надева дека овој потег ќе ги подобри креативните можности на корисниците и ќе им овозможи подобро поврзување со семејството и пријателите. Новата опција ќе биде достапна на глобално ниво и ќе биде ...

Денеска Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови работни места и ...

Американската сенаторка Елизабет Ворен во понеделникот предложи воведување посебен данок за многу богати домаќинства и физички лица во Соединетите држави, а според пресметката на агенцијата „Блумберг“, ќе се слеат над 78 милијарди долари од првите 100 американски милијардери во државната каса. Со нацрт-законот, популарно наречен Закон за даноци за ултрамилионери, Ворен продолжи со напорите да ја реализира идејата што беше централна ...

Volvo Cars си постави амбициозна цел да продава само електрични автомобили од 2030 година. Во позадина на зголемениот интерес за ваквите модели, шведската марка, која има кинески сопственик, денеска претставува нова линија на електрични автомобили. Компанијата вели дека ќе направи чекор пред своите конкуренти нудејќи ги своите електрични модели само преку Интернет, пишува „Блумберг“. „Избравме да инвестираме во иднина – електрични модели и ...

Србија планира да го забрани извозот на литиум од наоѓалиштето „Јадар“, а целта на Белград е да ја направи земјата европски центар за производство на литиум-јонски батерии, електрични возила и други производи што го содржат овој елемент. Ова во понеделникот го најави премиерот на нашиот северен сосед, Ана Брнабиќ. Според плановите на владата, Србија може да привлече 1,5 милијарди евра или 1,8 милијарди долари во приватни инвестиции за развој на ...

Европските компании ќе ја зголемат температурата на Земјата за 2,7 степени Целзиусови до 2100 година со планираното намалување на емисиите на стакленички гасови, покажува најновата анализа на непрофитното здружение Carbon Disclosure Project (CDP). „Европскиот корпоративен сектор произведува прегревање. Според поставените цели, тој е на пат да предизвика раст на температурата за 2,7 Целзиусови степени“, предупреди Максфилд Вајс, извршен директор ...

Градски трговски центар (ГТЦ) минатата година работеше со загуба од 40.626.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза. Една година претходно, загубата на ГТЦ беше 34.349.000 денари. „Остварен е негативен финансиски резултат во износ од 40.626.000 денари. Финансискиот резултат е последица од настанатата криза предизвикана од коронавирусот“, стои во Образложението кон финансискиот резултат. Во 12-месечното работење во 2020 ...

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година е -0.7 %. Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 2.0 % и И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 1.0 %. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на ...

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министеротза финансии Фатмир Бесими, на покана на Стопанската комора на Македонија, присуствуваа на работна средба на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на комората, како што се усогласувањето на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг. Вицепремиерот ...

Претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески на денешната средба со членките на комората посветена на актуелните прашања важни за стопанствениците, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и на министерот за финансии Фатмир Бесими, на прашање од новинари да ја прокоментира ситуацијата со вакцините во земјава, изјави дека да зависело од СКМ, тие досега ќе биле во земјата. „Да беше Стопанската комора задолжена ...

Неодамна, сведоци сме на се повеќе докази дека Apple развива паметен телефон со екран на преклопување. Во меѓувреме, аналитичарот Минг-Чи Куо сподели податоци за плановите на компанијата во врска со ова. Според него, уредот ќе има екран со дијагонала помеѓу 7,5 и 8 инчи и ќе се појави во 2023 година. Сепак ова е предвидено под услов да се решат проблемите поврзани со масовното производство и клучната технологија. Податоците на Куо покажуваат ...

Оваа Влада покажа како треба де се гради во државата и тоа најубаво може да види преку изградба на експресните патишта во Источниот дел на земјата. Изградбата на експресниот пат Штип-Кочани па и експресниот пат од Штип до Радовиш е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министерот, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми како и ...

Сер Крис Хон, управител на хеџ-фондот Children’s Investment (TCI), минатата година си исплатил 479 милиони долари, откако неговиот фонд забележа скок на добивката пред оданочување од 66 проценти на 695 милиони долари, пренесуваат британските медиуми. Се смета дека ова е најголемата годишна сума исплатена некогаш на едно лице во Велика Британија и изнесува 940.000 фунти на ден. Тоа е 9.000 пати повеќе од просечната плата во Велика Британија и ...

До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Царинскиот тарифник со одредени усогласувања на царинските стапки како што барааа компаниите, а драфтот за даночниот календар може да се очекува следната недела, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими на работната средба во Стопанската комора на Македонија. Бесими нагласи дека земјава ќе треба да ги има во целост усогласено царинските стапки со оние на ЕУ кога ќе стане нејзина ...

По влегувањето на пазарот во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир Lidl ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал European Supermarket Magazine со седиште во ирскиот главен град Даблин. Според ESM, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Lidl North Macedonia“, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на Lidl и со неа ...

Во рамките на MWC 2021 саемот во Шангај, Zhou Taoyuan, Потпретседател на Huawei и Претседател на производната линија за дигитална моќност, на конференција за медиуми го објави решението на Huawei за мрежи со нулта емисија на јаглерод (Digital Power Zero Carbon Network), со цел да им помогне на операторите ширум светот да ја применат стратегијата за мрежи без јаглерод и да го забрзаат зелениот и одржлив развој ширум светот. Ниската емисија на ...

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вчера вечер, остварија средба со претставниците на категоризираните ресторани за свадби и прослави и ноќни клубови, со кои разговараа за предизвиците со кои се соочуваат угостителите, како и за мерките за поддршка на стопанството и граѓаните од ...

Zoom предвидува дека ќе продолжи да покажува силни резултати оваа година, и покрај подобрите изгледи за здравствената состојба по претходната, во која оваа апликација за видео конференции стана главна алатка во професионалниот, училишниот и социјалниот живот. Компанијата предвидува раст на приходите од 42 проценти за оваа година, беше соопштено при објавувањето на кварталните резултати, иако веројатно е дека благодарение на вакцините против ...

Незапирлив тренд на одлив на високо-образован кадар од земјава. Во 2010 та година, според проценките на Светска банка 29,1% од високо образованите луѓе во земјава заминале да живеат или работат во странство. Девет години подоцна состојбата е драстично влошена, пишува Порталб. „Според последните податоци и издадената анализа во 2019 та година стапката на високо-образован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изнесува скоро 40% ...

„Ние, оштетените физички и правни лица на Еуростандард банка, делувањето на банкарската мафија во грабежот на нашите лични пари и нивна неказнивост, најдобро ги почувствувавме на своја кожа. Две високи и моќни институции во државата кои треба да бидат гарант на сигурноста, стабилноста и вербата во институциите, но и гарант на правата, правдата и законитоста, директно ни го покажаа патот кон несигурноста, неправото и пред и се, организираниот ...

Меѓународниот Aеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, e награден од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International) со ASQ-наградата за квалитет на аеродромските услуги, во категоријата: Најдобар аеродром во неговата големина и регион (од 2 до 5 милиони патници годишно во Европа) за 2020 година и во категоријата: Најдобри хигиенски мерки по регион (Европа) за 2020 година. ACI World ги објави годинашните ASQ-награди за ...

MicroStrategy Inc., главен корпоративен поддржувач на Bitcoin, соопшти во понеделникот дека купиле уште 328 BTC за околу 15 милиони американски долари, со што гo зголеми количеството на криптовалути, во сопственост на компанијата, туркајќи ги акциите за 7% во претходното тргување. Компанијата, чиј извршен директор Мајкл Сејлор е еден од најгласните поддржувачи на Bitcoin, ја купи криптовалутата по просечна цена од околу 45.710 долари за секоја ...

Целосно новата Тојота Јарис е прогласена за Европски автомобил за 2021 година. Со избирање на жири од 59 автомобилски новинари од цела Европа, четвртата генерација Јарис ја доби оваа награда 21 година откако иновативната прва генерација беше прогласена за европски автомобил на годината во 2000 година, прв пат за Тојота. Ова жири ја разгледуваше и секоја генерација на Јарис, па овој модел беше редовно во потесниот избор. Жирито ја пофали ...

Голема кинеска нафтена компанија која тргуваше на берзата на Волстрит со децении, стана последната жртва на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг. Имено, њујоршката берза во петокот објави дека ќе ја отстрани CNOOC, третата по големина кинеска нафтена компанија и најголемиот странски производител на нафта, од пазарот. Акциите на таа компанија ќе престанат да тргуваат веќе на 9 март, објави берзата. Берзата соопшти дека има за цел да се усогласи со ...

Европа купува електрични возила со рекордно темпо и е пред Кина како најголем пазар на електрични автомобили во светот, според „The ​​Wall Street Journal“. Уделот на Стариот континент во глобалната продажба на нови електрични автомобили скоро двојно се зголеми на 43% минатата година, додека Кина и САД го загубија уделот на пазарот. Европа во голема мера се потпира на стимулациите на владата направени за време на пандемијата, а аналитичарите ...

Норвешкиот фонд за нафта, најголемиот светски суверен инвестициски фонд, купи акции во вкупно 34 турски компании во вредност од 812 милиони долари во 2020 година, објави „Хуријет“. Најголемата инвестиција на фондот беше во „Акбанк“, каде што купи акции во вредност од 73,4 милиони долари, купувајќи 1,51% од сопственоста на банката. Во исто време, бизнисот во кој фондот има најголемо учество е ИТ-компанијата „Лого“ со 5,05%. Податоците на ...

Смартфонот Surface Duo на Microsoft има два екрани и веќе некое време е достапен во САД и некои европски пазари. Се чини дека компанијата ја развива и втората генерација на уредот, бидејќи ќе има 5G конекција и подобрена камера. За ова се навестуваат новите работни места создадени од Microsoft, а кодното име на идниот модел е Zeta. Уште минатата година, главниот директор за производи на компанијата изјави дека втората генерација на Surface Duo ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
74%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
81%
1032
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1032
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
80%
1031
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.52
67%
1031
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
83%
1032
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
3.13
85%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
65%
1024
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
65%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.24
67%
1030
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
89%
1033
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 3ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $