Групацијата НЛБ има амбиции за натамошно ширење во регионот, со цел за преземање или партнерство со банка во Албанија, и за што ќе се одлучува смислено, внимателно и мудро, се вели во почетната презентација на деловните резултати на словенечката банкарска групација. Водечките луѓе на НЛБ очекуваат дека процесот на преструктуирање и целосна интеграција на Комерцијална банка во словенечката банкарска група ќе заврши во 2022 година и проценуваат ...

До 2030 година, дополнителни 11 милиони здравствени и работници за долгорочна нега ќе бидат потребни во ЕУ за да се исполнат барањата на населението кое старее, се вели во извештајот објавен од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија во четвртокот. Голем дел од потребата за ваква работна сила сега се обезбедува од домашните системи за образование и обука, но миграцијата и мобилноста на трудот во рамките на ЕУ играат сè поголема ...

Peugeot е една од најстарите активни марки на автомобили, која од 1850 година е украсена со грб украсен со глава на лав. Сега францускиот бренд ја воведе единаесеттата еволуција на своето лого. Новиот помодерен и елегантен знак е создаден од Peugeot Design Lab, глобалното студио за дизајн на оваа марка. На почетокот на 2021 година, со лансирањето на палетата што ќе го претстави новиот Peugoet 308 со нова веб-страница и воспоставувањето на ...

Во рамките на MWC 2021 саемот во Шангај, Huawei го лансираше OptiX SuperSite решението за глобалните оператори. Ричард Јин, претседател на производната линија на Huawei за пренос и пристап истакна: „OptiX SuperSite е начинот на кој индустријата и домашните корисници се поврзуваат со голема брзина. Исто така, претставува можност за операторите да имаат корист од корпоративниот пазар и да го подобрат искуството за широкопојасен интернет во домот”. ...

Според резултатите од истражувањето на глобалниот пазар кое го спроведе компанијата Омдија, Samsung Electronics ја задржа титулата водечки производител на телевизиски технологии, веќе петнаесетта година по ред. Најновите податоци покажуваат дека компанијата Samsung остварила 31,8 проценти удел на глобалниот пазар на телевизори во четвртиот квартал во 2020 година, што е приближно со годишниот удел на пазарот минатата година од 31,9 проценти. ...

Европските компании ќе се соочат со критичен избор – дали треба да го искористат очекуваниот пораст на деловната активност за да ги зголемат цените, пишува Блумберг. Кога ќе се отстранат ограничувањата заради пандемијата, се очекува интензивирање на посетите на фризерски салони, ресторани и туристички агенции, што ќе биде поткрепено со одложената побарувачка и собраната готовина по повеќе од една година присилно штедење. Некои економисти сметаат ...

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) информира дека неговата повеќегодишна иницијатива, недела да биде неработна, 90 отсто е прифатена од социјалните партнери. -Тоа за македонскиот работник ќе значи дека недела ќе биде ден на неделен одмор. За мал број на дејности, кај кои процесот на работа е од таква природа што не може да се прекине, работниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добијат зголемена дневница за најмалку 50 проценти, како ...

Македонската економија е стабилна и се движи во добра насока. Во втората половина на годината очекуваме да се вратиме на нормалниот раст, изјави денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница. Одговарајќи на пратеничко прашање, Заев посочи дека кредитниот рејтинг на државата е потврден од агенцијата „Стандард и пурс“, а во моментот се преговара со девет нови странски компании. Фабриката за кабли во Неготино е купена од турска компанија, ...

„Уставниот Суд на седницата одржана на 24.02.2021 година реши да не поведе постапка за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, со којшто на Фондот за осигурување на депозити му се дава предимство при наплата на побарувањата во стечајната постапка во однос на сите други доверители. Ние, оштетените депоненти од Еуростандард Банка, физички и правни лица, длабоко сме разочарани од ваквата одлука бидејќи сме убедени, и покрај ...

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „Утрински брифинг”, на Слободна ТВ, кадешто зборуваше за повеќе актуелни теми, помеѓу кои и нивото на просечнта плата и управувањето со задолжувањата во Република Северна Македонија. Вицепремиерот Битиќи рече дека просечната плата продолжи да расте, а тоа е резултат и на значително ...

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „Утрински брифинг”, на Слободна ТВ, кадешто зборуваше за повеќе актуелни економски теми, помеѓу кои и за петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19. Тој нагласи дека мерките од Петтиот пакет имаат социјална, но се многу повеќе ...

Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово. Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска ...

Агенцијата за супервизија на осигурување побара осигурителните компании кои оствариле добивка лани да не делат дивиденда. Агенцијата соопшти дека основа на препораката се неповолните резултати остварени во секторот лани. „Падот на приходите на осигурителните компании за 5 проценти лани, трошоците за имплементација на повисоки стандарди за заштита на осигурениците и зајакнување на солвентноста на компаниите, како и промени во правилата за ...

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија (КХВ) на итна седница со која претседаваше Претседателот Нора Алити, поради измамнички и манипулативни дејствија донесе Решение со кое трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје, чиј управител е Виктор Мисовски. Комисијата трајно му ја одзема дозволата за работење и на лицето Дејан Делимитов, кој е овластен ...

„СР Германија е најважниот поединечен трговски партнер и голем поддржувач на Република Северна Македонија во евро-атлантските интеграции, со кој нашата земја има интензивна економска соработка, која од година во година е се позначителна”, посочи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на отворањето на третиот состанок на Заедничкиот економски управувачки ...

„Министерството за финансии интензивно работи на подготовка на проектот за воведување Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии (IFMIS), и истиот очекуваме да биде поддржан од Групацијата на Светска банка и од Европската комисија, во рамки на Вториот инструмент за претпристапна помош (IPA II). Проектот е од исклучително значење за управувањето со јавните финансии, бидејќи ќе овозможи интегрирано следење на приходите и ...

Цената на биткоинот падна денес за повеќе од 6 проценти, откако во неделата скокна на рекордни 58.354 долари, бидејќи продажбата на акции на глобалните пазари го потисна апетитот на ризичните инвеститори. Со најпопуларната криптовалута во светот се тргуваше до 11:00 часот по средноевропско време по цена од 54 000 долари, пренесува Ројтерс. Само еден ден порано, тој достигна нов хистеричен максимум, скоро двојно зголемување на неговата вредност ...

Паметни телефони од 55 долари базирани на чипсет од американската компанија Qualcomm наскоро ќе станат реалност. Стотици милиони достапни уреди со Snapdragon SoC се очекуваат на пазарот. Reliance Jio минатата година објави дека Google купил 7,7% од акциите на компанијата. Исто така, стана познато дека двете компании ќе работат заедно за да создадат ефтин смартфон со Android. Според сегашните информации, Qualcomm ќе има клучна улога во почетниот ...

Кина подготвува регулатива за забрана за пуштање на пазар на ултра-брзи безжични полначи за паметни телефони. Се работи за уреди со моќност поголема од 50 вати. Xiaomi веќе подолго време нуди вакви безжични полначи. Но, сега компанијата се соочува со ограничувања на владата. Факт е дека таквите уреди можат да предизвикаат пречки во радио брановите и да ги нарат телекомуникациските услуги. Според декретот, од 1 јануари 2022 година, безжични ...

Следејќи ја својата долгорочна политика на инвестиции во развојот и технолошките иновации, Huawei Consumer Business Group (BG) го претстави HUAWEI Mate X2 – преклопен flagship на новата генерација, кој започнува нова ера во иконскиот Falcon Wing Design и нови перспективи за технологијата на мобилните телефони. Huawei секогаш се труди да обезбеди подобри производи и услуги на своите корисници. За да се постигне оваа цел, компанијата продолжува да ...

Samsung, како и другите компании, развива уреди со технологија на проширена реалност (AR). За време на CES минатата година, Корејците дури покажаа очила со основна функционалност. Сега, благодарение на ликерот @ _h0x0d_, гледаме и концептуални развоји од Samsung на AR очилата со многу понапредна функционалност. Првиот модел, Samsung Glasses Lite, ќе може да „дизајнира“ голем виртуелен екран за игри или помала слика што личи на монитор за работа ...

Microsoft Word е една од најпопуларните канцелариски апликации на технолошкиот гигант. Минатата година дознавме за интересно подобрување што ќе го олесни воведувањето на текстот. Софтверските инженери на Microsoft со месеци експериментираат со функционалноста што ги обезбедува зборовите што сакаме да ги напишеме во Microsoft Word. На овој начин, алгоритмите на Microsoft Word ќе се обидат да предвидат кој текст сакаме да го внесеме за да го ...

Се повеќе има извештаи за потенцијалниот флексибилен iPhone на Apple, а најновиот го поврзува со „евтиниот“ iPad. MyDrivers сугерира дека Apple би можел да го замени iPad mini со нов флексибилен модел на iPhone, кој исто така ќе понуди можност за внесување содржина со паметно пенкало. Минатата недела се појавија информации дека флексибилниот телефон на компанијата од Купертино може да има поддршка за стилусот, но не е познато дали тоа ќе биде ...

Откако дозна дека LG Electronics размислува да го напушти бизнисот со паметни телефони, се појавија информации дека иднината на LG Rollable е нејасна. Во меѓувреме, за време на CES, компанијата соопшти дека смартфонот ќе биде претставен оваа година. Сега новите податоци од извори на „Јонхап“ покажуваат дека Корејците ги информирале своите доставувачи на компоненти дека развојот на уредот е запрен. Меѓу нив е и кинескиот BOE, кој требаше да ги ...

Sony обезбеди компатибилност на системот PlayStation VR i за PlayStation 5, но денес компанијата официјално потврди дека работи на нова верзија која ќе може да ја искористи целосно конзолата. Уредот не е завршен и нема да се појави на пазарот оваа година, но како и да е, во моментот и без тоа нема многу можности за набавка на конзолата. Објавувањето на Хидеаки Нишино на блогот на Sony вели дека новата верзија ќе понуди „драматично подобрување на ...

Една од најголемите светски банки, лондонската HSBC, ги објави финансиските резултати за 2020 година. Добивката пред оданочување падна за 34 проценти на 8,78 милијарди долари. Сепак, тоа е малку поголема сума отколку што првично се надеваа инвеститорите. Банката и покрај тоа исплати дивиденда од 15 центи по акција. HSBC генерира огромен удел на приходи во Азија, што е разбирливо со оглед на тоа што е основана во 1865 година во Хонг Конг под ...

Стапката на инфлација нагло се зголеми во јануари, како во еврозоната, така и низ цела ЕУ, во споредба со декември. Во еврозоната, годишната инфлација во првиот месец од оваа година изнесува 0,9%, а во Унијата 1,2%, според европскиот завод за статистика Евростат. Земјите со еврото забележаа дефлација од 0,3% во декември минатата година и раст на цените од 1,4% во јануари 2020 година. Во ЕУ, годишната инфлација беше 0,3% во декември и 1,7% во ...

Дигиталниот долар може да биде добро решение за Американците кои немаат пристап до банкарски сметки или системи за лесно плаќање, изјави Џенет Јелен, американската министерка за финансии. Јелен изјави дека администрацијата на претседателот Џо Бајден го поддржува истражувањето за одржливоста на дигиталниот долар, што претставува промена во однос на нејзиниот претходник – Стивен Мнучин. „Логично е централните банки да размислуваат за издавање ...

Twitter можеби не е прва асоцијација кога станува збор за социјалните медиуми. Сепак, платформата за микроблогирање активно ја користат над 300 милиони корисници. Апликацијата е популарна во некои земји, но голем дел од публиката е лоцирана во САД. Многу Европејци, исто така, се потпираат на Твитер за секојдневен пристап до вести, интересни објави и ексклузивна содржина. Компанијата се обидува да избегне директна конкуренција со Facebook и има ...

За време на својот говор на отворањето на мобилниот конгрес во Шангај, ротирачкиот претседател на Huawei, Кен Ху, привлече внимание на големото влијание што го има КОВИД-19 врз земјите, деловните субјекти и луѓето ширум светот и се фокусираше на улогата на технологијата во борбата против пандемијата. Според него, иновациите не се однесуваат само на решавање на денешните предизвици, туку се важни за иднината. Ху истакна дека откако ќе се совлада ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1031
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
80%
1033
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.0
91%
1032
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
86%
1031
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.99
69%
1032
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
87%
1033
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
4.02
84%
1025
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
75%
1025
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
52%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
68%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1034
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
6.69
87%
1027
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $