Патот кон поеколошка и социјално праведна иднина е комплексен и има неопходна потреба од промена на начинот на генерирање и користење на енергија. Во оваа статија, прикажуваме три успешни приказни од локални општини низ Европскиот континент кои добиваат одлични резултати во однос на справувањето со климатската криза и енергетската сиромаштија, преку ремоделирање на нивните енергетски системи кон енергетската демократија. Обновливата енергија е ...

Вакцините против коронавирус ги зголемија надежите дека ќе се вратиме во нормален живот, но тие создадоа и глобален пазар вреден милијарди долари. Меѓу најголемите добитници се „Модерна“ и „Фајзер“, две многу различни американски фармацевтски компании кои заработуваат повеќе од 30 долари по лице за вакцината во две дози. Други компании, како што се „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, ветија ефтини вакцини до крајот на пандемијата. Засега е ...

Европската комисија и Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) одобри договор според кој Microsoft го купува ZeniMax Media, кој исто така е сопственик на студиото за видео игри Bethesda. Регулаторите на ЕУ и САД одлучија дека купувањето на ZeniMax од страна на Microsoft нема да влијае негативно на конкуренцијата на пазарот, ниту во однос на хардверот или софтверот. Ова значи дека Microsoft наскоро може да ја заврши аквизицијата вредна 7,5 ...

Федералната комисија за комуникации на САД идентификува пет кинески компании како закана за националната безбедност според законот од 2019 година, чија цел е заштита на комуникациските мрежи на САД. Комисијата соопшти дека станува збор за Huawei, ZTE Corp., Hytera Communications Corp., Hangzhou Hikvision Digital Technology и Dahua Technology, објави Ројтерс. Вршителот на должноста шеф на комисијата Џесика Розенворзел рече дека овој потег ќе ...

„Блокирањето на руската содржина од страна на американските ИТ компании има само една цел, употреба на информации и технолошки можности за нелојална конкуренција во сите сфери“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Според неа, американските дигитални компании одлучиле на свој начин да одбележат уште една годишнина од обединувањето на Крим и Русија. „Прво, „Гугл“ произволно воведе старосна граница ...

Шпанската влада во петокот усвои пакет помош од 11 милијарди евра за малите и средни претпријатија за да им помогне да ја надминат кризата предизвикана од пандемија на Ковид-19. Пакетот вклучува седум милијарди евра директна помош и три милијарди евра во програмата за доброволно реструктуирање на заемот одобрена од банките со државна поддршка за компаниите погодени од пандемијата, особено во клучниот туристички сектор. За докапитализација ...

Најмалку 10 различни хакерски групи ги искористија неодамна откриените недостатоци на мејл клиентот на Microsoft, за да напаѓаат низ целиот свет, објави денеска компанијата за интернет-безбедност ESET. Веќе постојат индиции дека едната група е специјализирана за кражба на компјутерски ресурси за експлоатација на криптовалути, пренесе Ројтерс. ESET, исто така, именуваше уште девет други групи насочени кон шпионажа, за кои тврди дека користеле ...

YouTube започна да ги информира креаторите на видеа што живеат надвор од САД дека ќе започнат да им одбиваат дел од заработката што ќе се користи за плаќање даноци во таа земја. Според YouTube, односно нивната матична компанија Google, од јуни 2021 година, авторите кои се надвор од САД ќе мора да наплатат дополнителен износ на данок на доход што го заработиле на оваа видео-платформа. Од таа причина, тие побараа од сите креатори да им достават ...

„Никеи Азија“ предупредува на нови информации, кои се однесуваат на плановите на „Епл“. Откако од овој медиум дојде информацијата дека компанијата од Купертино планира да го намали производствениот капацитет на линијата ајФон 12 (а тоа првенствено се однесува на ајФон 12 мини), сега се сугерира дека Епл ќе го одложи производството на своите нови лаптопи. Минатиот месец, аналитичарот Минг-Чи Куо предвиде дека новите МекБук ќе бидат објавени во ...

Крипто-трговецот и инфлуенсер, Ларк Дејвис ги открива неговите трикови во трговијата за наоѓање крипто-средства со потенцијал да се зголеми стократно. Во ново видео, Дејвис им кажува на своите 231.000 претплатници дека пазарната капитализација е важна кога се бара следниот голем потег. Тој предлага да се бараат фундаментално силни алткоини со релативно низок рејтинг. ...

Пазарната капитализација на биткоинот повторно се искачи на над трилион долари, а цената на биткоинот се искачи на 56.000 долари. Пакетот стимулации се очекува да има позитивно влијание врз биткоинот (и секако на преостанатите криптовалути) поради три фактори. Лудо печатење пари може да го загрози американскиот долар како резервна валута и да ја зајакне моќта на биткоинот, кој се смета за дигитално злато. Исто така, расте загриженоста дека ќе се ...

Google засега се воздржува од популарниот тренд на опремување на своите паметни телефони со тројни и четирикратни задни камери. Компанијата тврди дека присуството на помали сензори нема да влијае на квалитетот на фотографиите и производството на видео. На овој начин, Google им дава приоритет на софтверските алгоритми и иновациите, за сметка на интеграцијата на повеќе хардверски модели. Најновиот смартфон од висока класа е Google Pixel 6, кој има ...

Instagram ја објави глобалната достапност на верзијата „Lite“ на својата популарна апликација. Instagram Lite е намалена верзија на популарната услуга и овозможува пофлуидно искуство при користење на платформата на кој било уред и со каква било конекција. Оваа објава е наменета за земјите во развој. Програмерите на Lite истакнаа дека апликацијата е создадена со цел да обезбеди пристап до услугата во земји кои имаат ограничен или слаб пристап до ...

Провокативните твитови на американскиот милијардер и сопственик на „Тесла“, Елон Маск, за криптовалутите, се претворија во вистински повик за акција за Американците кои ги прават првите чекори на тој пазар. Анкета преку Интернет, спроведена минатиот месец од платформата „Пиплсеј“, во сопственост на фирмата за истражување на пазарот – „Шлезингер“ од Њу Џерси, покажува дека 37 проценти од испитаниците барем еднаш инвестирале во некоја криптовалута ...

Европската комисија (ЕК) треба да одреди краен рок за забрана на бензински и дизел автомобили на ниво на ЕУ за да го усогласи транспортниот сектор со поставените климатски цели, објавија во средата девет земји-членки. Предводени од Данска и Холандија, земјите напишаа писмо во кое ја повикуваат ЕК да спроведе поамбициозни политики на ЕУ во транспортот, кој е одговорен за една четвртина од стакленичките гасови. Тоа мора да вклучи постепено ...

Заборавете на NIO, XPeng и другите компании за електрични возила, бидејќи во текот на следните четири години Volkswagen ќе биде компанија што се натпреварува со Tesla за најголемата продажба на електрични автомобили на глобално ниво, според експертите на UBS цитирани од MarketWatch. Банката неодамна објави прогнози за тоа колку брзо ќе бидат усвоени електричните возила, а сега очекува електричните возила да пополнат 100% од пазарот до 2040 ...

Google го прославува десеттиот роденден на својата платформа Chrome OS со големо ажурирање, овозможувајќи нови функции, подобрена компатибилност, споделување Wi-Fi со телефони со Android и некои карактеристики што ја подобруваат продуктивноста. Phone Hub е нова кратенка на лентата со задачи и од тука е можно далечински да се овозможи пристапна точка за телефонот, да се менуваат режимите на звук, како и да се лоцира телефонот доколку е потребно. ...

Шпанскиот малопродажник на облека „Индитекс“, сопственик на „Зара“, во средата објави дека ја затворил фискалната 2020 година со 70 проценти помал нето профит поради затворањето на продавниците во многу земји за да се запре пандемијата на коронавирус. Во фискалната година што заврши во јануари, нето добивката на Индитекс лани падна на 1,1 милијарда евра. Приходите паднаа за 28 проценти, на 20,4 милијарди евра, откако скокот од 77 проценти во ...

Германија привремено ја прекина финансиската помош за некои компании погодени од ограничувањата на коронавирусот, по откривањето на неколку сомнителни случаи на злоупотреба, објави Министерството за економија. Одлуката за суспензија се однесува на компаниите кои аплицирале за финансиска помош за ноември и декември, како и за добивање на специјални заеми за надминување на деловните тешкотии, пренесе Ројтерс. Министерството изјави дека одлуката за ...

Германскиот производител на спортска опрема и облека „Адидас“ минатата година оствари нето добивка од 432 милиони евра, што е за 78 проценти помалку отколку во 2019 година. „Адидас“ го припиша падот на профитот на пандемијата „Ковид-19“ и многу затворени продавници ширум светот. Тој најави силно закрепнување оваа година. Германската групација, која се обидува да ја продаде својата американска подружница „Рибок“, лани оствари 19,8 милијарди евра ...

По објавувањето на неговиот прв извештај за родовата еднаквост во јануари, Netflix ги објави и резултатите од студијата за своите филмови и серии нарачани од САД во текот на 2018 и 2019 година. Иако претходниот извештај го опфаќаше составот на вработените во Нетфликс, сега тој состав е проширен со многу повеќе луѓе и соработници. Netflix денес објави фонд за креативен капитал кој ќе инвестира 100 милиони долари во текот на пет години во ...

Најпознатата криптовалута повторно расте, а моментално вреди 54.567 долари. Вредноста на сите биткоини повторно надмина 1 трилион долари, откако скокна цената на криптовалутата. Ова е само втор пат досега, вредноста на биткоинот да надмине еден трилион долари, а пресвртната точка се случи на 19 февруари оваа година. Тогаш тоа траеше неколку дена. Биткоин, патем, расте со месеци, со мало опаѓање. Другите криптовалути не се ни „на километар“ од ...

Мејл серверите на Европскиот банкарски орган (ЕБА) се хакирани во глобалниот кибер напад врз Microsoft, пренесе Би-Би-Си. Телото на Европската унија соопшти дека лични податоци можеби биле достапни од неговите сервери. „ЕБА работи на идентификување до кои податоци имало пристап“, се вели во соопштението. Серверите на Microsoft Exchange се широко користени за е-пошта од страна на големите компании и влади. Но, малку организации признаа дека биле ...

Програмерите на апликации сакаат да експериментираат со нови функции. Instagram постојано бара нови начини за подобрување на интерфејсот и полесно наоѓање на релевантна содржина. Огромната популарност го направи Instagram една од најголемите социјални платформи во веб-просторот. Покрај тоа што поставувате фотографии и ги прелистувате албумите на вашите пријатели, имате многу можности да се дружите со познати личности, како и да ги следите ...

Android 11 оперативниот систем добива интензитет. Според најновите податоци, секој петти уред со Android – паметен телефон или таблет – во САД веќе е ажуриран до најновата верзија на мобилната платформа на Google. Услугата за анализа на веб сообраќај StatCounter ги сумираше резултатите во февруари за верзии на паметни телефони и таблети со Android, кои покажуваат дека верзијата 11 работи на околу 20% од уредите. Самиот Android и производителите ...

Мате Римац, основач и косопственик на компанијата Римац автомобили, откри на Фејсбук дека компанијата направила „автономен автомобил“ во 2013 година. Кога истече договорот за тајност, Римац сподели детали за возилото што се движеше низ улиците на Самобор без возач. „Одамна, за време на едно интервју, ме прашаа дали работиме на автономно возење. Јас тогаш реков дека веќе направивме „самовозечки автомобил“. Во почетокот на компанијата, направивме ...

Руските власти тужат пет медиумски платформи, вклучувајќи ги Google, Facebook и Twitter, за наводно дека не ги избришале објавите во кои се повикуваат децата да учествуваат во нелегални протести, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на суд во Москва. Имено, Google, Facebook и Twitter се соочуваат со по три обвиненија и секое од нив се казнува до четири милиони рубљи (54.000 американски долари). Руските власти ги тужат и TikTok, како и Telegram. ...

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја зголеми прогнозата за глобалниот раст за оваа и следната година, повикувајќи се на подобрени економски перспективи како се забрзуваат вакцинациите против Ковид-19 и новиот огромен пакет за економски стимулации на САД. Светската економија годинава ќе порасне со стапка од 5,6 проценти и следната година со 4,0 проценти, објави денеска ОЕЦД во привремениот извештај за економските перспективи, ...

Американскиот продавач на мало, Амазон е во процес на отворање на три нови канцеларии во Романија и планира да вработи повеќе од 500 лица до крајот на оваа година, беше објавено во вторникот. Откако ќе се отворат во вториот квартал на 2021 година, новата канцеларија во Темишвар ќе се фокусира на уредите на Амазон, вклучувајќи уреди за домашна безбедност и услуги Ring, соопшти компанијата. Подоцна во 2021 година, ќе се отвори една од двете ...

Грција планира да ги укине ограничувањата на малопродажниот сектор и ќе ги отвори училишта пред крајот на март, но и ќе започне со отворање на туристичкиот сектор во мај пред летната сезона, соопшти во понеделникот владиниот портпарол. Одлуката зависи од епидемиолошките податоци, изјави Аристотелија Пелони пред новинарите, пренесе Ројтерс. На среден рок, како што напредуваат вакцинациите, владата планира да дозволи јадење на отворено во април и ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
75%
1026
weather icon

Белград

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
82%
1030
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1030
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
74%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.08
65%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.89
78%
1029
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
4.47
76%
1022
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
57%
1021
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
49%
1023
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 2ᴼ
7.2
81%
1024
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $