Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес учествуваше на панел дискусија која беше дел од настанот на кој беше презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија”, како дел од проект кој го спроведе тинк-тенк организацијата „Фајнанс тинк”, со ...

На својата редовна 55-та седница што се одржа вчера, Владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта. Како доминантен сопственик на Тутунски комбинат Прилеп, Владата на Северна Македонија преку својот претставник во ова акционерско ...

Богатството на поранешниот американски претседател Доналд Трамп падна за околу 700 милиони долари на 2,3 милијарди долари за време на неговиот четиригодишен мандат, според Индексот на милијардери Блумберг, пренесува Би-Би-Си. Пандемија на коронавирусот го погоди Трамп откако неговите канцелариски згради, како и десетина хотели и одморалишта претрпеа загуби на приходите. Падот го забележале и неговите авиони и терени за голф, кои се 19 на број. ...

Скоро една петтина од компаниите во Германија веруваат дека пандемијата претставува закана за нивниот опстанок, се вели во студијата на ИФО институтот за деловна клима. Уделот на компаниите кои се чувствуваат егзистенцијално загрозени се искачи на 18,7 проценти во февруари од ноемвриското ниво од 17,6 проценти, но е малку пониско отколку во мај 2020 година, кога беше 21,8 проценти, според ИФО. „Меѓу најголемите економски сектори, малопродажбата ...

По утринскиот скок на берзата на криптовалути, кога биткоинот вредеше дури 58.500 долари, вредноста на најпопуларната криптовалута падна за само еден час за повеќе од 3.000 долари. Така, цената на биткоинот во 15 часот беше 54.950 долари, што е пад од 5 проценти за нешто повеќе од 60 минути. Во моментов, со најпознатата криптовалута се тргува по цена од 57.482 долари, според „КоинМаркетКап“. Да потсетиме, „МорганСтенли“ вчера стана првата голема ...

Британската мултинационална „Национална мрежа“, основана во Лондон во 1990 година, објави дека постигнала договор за купување на најголемиот дистрибутер на електрична енергија во земјата, а тоа е „Western Power Distribution“ (WPD) Купувањето го изврши американската корпорација „PPL“, за 7,8 милијарди фунти (10,92 милијарди долари). „PPL“ во посебна изјава рече дека вредноста на „WPD“ се проценува на 14,4 милијарди фунти (20,1 милијарди долари), ...

По тешката 2020 година и околу 2,6 милиони смртни случаи од Ковид-19, на почетокот на тековната година започна масовната вакцинација. Во играта има многу компании кои интензивно работеа на развој, производство и дистрибуција на вакцини претходните месеци, а меѓу нив се и „Синофарм“ (Кина), „Спутник Ве“ (Русија), потоа партнерите „Фајзер“ (САД) и „БајоНТек“ (Германија), „Модерна“ (САД), „АстраЗенека“ (британско-шведска вакцина) итн. Британски ...

Audi веќе нема да развива нови мотори со внатрешно согорување, туку само ќе ги подобри постоечките типови на единици од сегашната гама во своите модели во иднина. Компанијата од Инголштад се реши на овој потег со цел да обезбеди повеќе средства за инвестирање во електрификација на својот опсег на производство. Судејќи според зборовите на првиот човек на Audi, Маркус Дусман, со овој потег на германската компанија, познатата и на нашите простори ...

Светската економија може да зајакне повеќе отколку што се очекуваше оваа година, објави во четвртокот УНКТАД, проценувајќи дека пандемијата на коронавирус ќе предизвика економска штета од 10 трилиони (10.000 милијарди) долари. Светската економија годинава ќе порасне за 4,7 проценти, предвидува УНКТАД, зголемувајќи ја претходната проценка за 0,6 процентни поени поради очекуваното посилно закрепнување на САД. Според нив, годината 2020 година била ...

Во моментов, една дигитална монета – биткоин – вреди близу 56.000 долари, додека таа вредност беше значително надмината за викендот, кога беше 61.700 долари. Сè на сè, најпознатата криптовалута постојано расте, со занемарливи падови, кои главно се последица на она што се случува во САД. Според извештајот на РТ, вредноста на сите биткоини во моментов е поголема од вредноста на Visa и Mastercard. Нивната комбинирана пазарна капитализација е 871 ...

Бројот на ЕТH, чуван на централизираните платформи за тргување, постепено се намалува од септември 2020 година, откако средството се зголеми за 400% во текот на истиот период. Бидејќи цената на ЕТХ се прилагоди на околу 1800 долари по неодамнешните падови, инвеститорите во Ethereum продолжуваат да ги повлекуваат своите средства од централизираните берзи. Затоа, ова доведе до ново ниско ниво на ЕТH-токени што се чуваат на такви места за тргување, ...

Големиот заштитен ѕид, инструмент што го користат властите за контрола на интернет содржината до која можат да пристапат кинеските граѓани, од вчера ја додаде на „црната листа“ услугата „Signal“, мобилна апликација за безбедна и шифрирана преписка. Активистите кои ја следат кинеската цензура и го блокираат пристапот до содржината на Интернет, како и самите корисници, забележаа дека „Signal“ работи тешко од 5 март, за од вчера нивната ...

Прототип на флексибилен телефон, со кориснички интерфејс на Xiaomi, се појави на фотографии во живо на почетокот на оваа година. Сега се достапни повеќе фотографии, откривајќи го задниот дел од уредот. Се наведува дека телефонот ќе биде дел од линијата Mi Mix и ќе ја содржи опцијата за свиткување навнатре. Фотографиите ја откриваат формата на телефонот – што значи дека нема екран. Системот со три камери е видлив, но тоа е само резервирано место ...

Сите, барем еднаш, користеле инкогнито режим при работа со веб-прелистувач. Меѓутоа, ако „сурфате“ на Интернет анонимно, тоа не значи дека вашите активности се целосно скриени. На пример, ако користите Google Chrome за „инкогнито“ прелистување на Интернет, ќе видите известување дека историјата на прелистување, колачињата, обрасците и податоците за веб-страниците што сте ги посетиле – не се зачувани. Сепак, сите овие информации се уште можат да ...

На прелиминарниот брифинг на Huawei за онлајн медиумите и аналитичарите во рамките на MWC Шангај 2021, Пенг Сонг, Претседател на одделот за маркетинг и решенија за продажба на Huawei Carrier BG одржа главен говор под наслов „NetX2025: Водич за идната мрежа“, објаснувајќи ги клучните карактеристики на идната целна мрежа преку „GUIDE“ моделот. За време на говорот, Пенг го најави објавувањето на техничкиот документ за NetX2025 целната мрежа ...

Хрватски телеком продолжува да воведува комерцијална 5G мрежа низ цела Хрватска, а од денес, 5G сигналот е достапен во десет нови градови: Дуго Село, Карловац, Крапина, Нин, Пореч, Ровињ, Славонски Брод, Умаг, Велика Горица и Задар, со што сигналот 5G опфати 34 хрватски градови и 1,5 милиони жители на Хрватска. 5G технологијата овозможува три основни работи: побрз и подобар пристап до Интернет, побрз одговор на мрежата и значително подобра ...

Кинеските власти инаредија на мултинационалната технолошка компанија „Алибаба“ да продаде дел од своите медиумски средства затоа што се загрижени дека компанијата има големо влијание врз јавното мислење во земјата, пренесува „Волстрит журнал“. Загриженоста на властите го достигнаа својот врв кога „Алибаба“ објави дека ќе го откупи „Саут Чајна Морнинг Пост“, весник на англиски јазик со 118-годишна традиција. Иако критичарите го доведоа во прашање ...

Европската побарувачка за автомобили нагло падна во февруари под влијание на мерките за борба против пандемијата на коронавирус, според извештајот на здружението на производители на автомобили ACEA, пренесува Хина. Вкупно 771.486 нови автомобили се регистрирани во 26 земји на ЕУ (со исклучок на Малта) во февруари, најмалку од тој месец од 2013 година, објави ACEA во средата. Податоците покажуваат пад на европската побарувачка за автомобили за ...

Германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ донесе одлука да се „ослободи“ од поголемиот дел од сопственоста во „Bugatti“. Иако ова се знаеше и досега, деновиве се откриени детали за целата зделка. „Bugatti“ најпрво ќе стане сопственост на познатиот производител на спортски автомобили од Штутгарт, Porsche, по што компанијата (како дел од концернот VW) треба да формира заедничка компанија со хрватската компанија Rimac Automobili. „Bugatti“ тогаш ...

Данската компанија „Лего“ издвои 400 милиони долари со цел во следните десет години целосно да премине на еколошка варијанта на своите производи. Откако минатата година беше прифатена иницијативата дека „Лего“ повеќе не треба да се пакува во пластични кеси, сега одиме чекор понатаму, што ќе им овозможи на децата да не си играат со пластични коцки, туку со оние изработени од еколошки материјали. За почеток, „Лего“ ќе се откаже од пластично ...

Не е изненадувачки што славниот инвеститор Ворен Бафет нема да добие чек од 1.400 долари од американската влада, бидејќи неговото богатство неодамна надмина 100 милијарди долари, пишува Yahoo Finance. Еден од новите директни стимули на Вашингтон се базира на тоа колку пари заработуваат жителите, а приходите на Бафет го ставаат надвор од дозволената граница. Документите до федералните регулатори покажуваат дека легендата добива 100.000 ...

Ако барате секојдневна инспирација, оваа нова реклама на Nike треба да заврши работа. Откако пушти вежби за бремени жени и мајки, компанијата за спортска облека претстави и кратка реклама, доловувајќи ја оваа прилично предизвикувачка и трансформативна фаза од животот на жените. Повеќе од 20 жени ширум светот се претставени на видеото, чија порака е – мајчинството е ултрамаратон во кој победуваат сите. Зад рекламата стои Wieden + Kenndy ...

Донекаде изненадувачки факт открија стратезите на „JPMorgan“, поточно нивниот аналитичар Николаос Панигирцоглу. Малите инвеститори купувале повеќе биткоини овој квартал отколку институционалните инвеститори. Според проценките на „JPMorgan“, малите инвеститори досега купиле повеќе од 187.000 биткоини овој квартал, во споредба со приближно 172.684 од институционални инвеститори, пренесува „Банкар.ме“. Падот на институционалните инвестиции може да ...

Пред неколку месеци, Sony објави нова линија на Sony Bravia XR телевизори за 2021 година, која вклучува OLED и LCD модели. Неколку премиум телевизори исто така ќе го користат когнитивниот процесор XR, кој се обидува да го имитира начинот на кој мозокот обработува слика, со оптимизирање на најважните зони на секој фрејм. Сега започнува испораката на овие телевизори на пазарот, вклучувајќи ја и 65-инчната Bravia XR Master Series A90J OLED која го ...

Русија ќе го блокира Твитер во рок од еден месец, освен ако позната американска социјална мрежа не избрише забранета содржина, објавија руските новински агенции во вторникот повикувајќи се на висок регулаторен службеник. Москва минатата недела објави дека ја намалила брзината на Твитер во Русија како предупредување затоа што компанијата не отстранува одредена забранета содржина. Твитер тогаш соопшти дека е загрижен за влијанието на Русија врз ...

Nvidia во својата нова графичка картичка RTX 3060 вклучила програма, што ќе може да открие „рударство“ на криптовалутата на Етереум. Американската технолошка компанија сакала да ја направи оваа графичка картичка непожелна за рударите, но сега е потврдено дека тие „случајно“ го отклучиле тоа ограничување. „Управувачката програма за девелопери ненамерно вклучи код што го отстранува „hash rate“ ограничувачот на RTX 3060“, изјави за „The Verge“ ...

Греам Иван Кларк, тинејџер обвинет дека стои зад ланската измама на Твитер, ја призна вината. Тој помина три години во малолетнички затвор затоа што, според законите во Флорида, беше осуден како „млад престапник“, а не како возрасен. Инаку, во тој случај ќе добиеше 10 години затвор. Кларк беше уапсен во јули 2020 година, кога тој беше уште на 17 години, заедно со уште две лица, неколку недели откако ги хакираше сметките на познати личности на ...

По претходното ажурирање на Windows 10, некои корисници имаа проблеми со падови на системот и „синиот екран на смртта“ кога се обидоа да отпечатат нешто со помош на печатач. Проблемот беше ограничен на одредени печатачи и апликации, но сега е надминат преку ново ажурирање, објавија од Microsoft. Корисниците на Windows 10 верзијата 20H2, 2004, 1909 и 1803/1809 имаа проблеми при уривање откако го користеа печатачот, а ново ажурирање со „build“ ...

Samsung одржа годишен состанок со акционерите во Јужна Кореја, за време на кој извршниот директор ДиЏеј Кох откри неколку информации за плановите за серијата Note. Тој посочи дека компанијата размислува да го прескокне претставувањето на телефонот за 2021 година поради сериозната нерамнотежа на глобалниот пазар на полупроводници, што значи дека побарувачката за чипови е поголема од постојната залиха. Кох посочува дека Samsung сака да претстави ...

Европската унија постигна договор со американскиот производител на вакцината „Фајзер“ за зголемување на испораката за европскиот пазар и дека контингентот од 10 милиони дози, првично планиран за втората половина на годината, ќе биде доставени во следниот квартал. Според италијански „Фанпејџ“, производителот може да ја зголеми цената на вакцината, кој веќе е меѓу најскапите на пазарот, а за една доза се плаќаат 15,5 евра. Директорите на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
75%
1026
weather icon

Белград

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
82%
1030
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
85%
1030
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
74%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.08
65%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1029
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.81
76%
1022
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
49%
1021
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
49%
1023
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
7.2
81%
1024
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $