Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, како институција која ги штити деловните интереси на бизнисите во земјата, продолжува со своите напори на давање предлози и насоките што треба да ги преземат институциите, со цел да се подобрат условите за водење бизнис како предуслов за економски раст и развој на земјата, се вели во соопштението на СКСЗМ. „Помина повеќе од 1 година откако нашата земја влезе во списокот на земји погодени од ...

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека во следниот период ќе следува избор на јавен-приватен партнер за развивање на дитрибутивната мрежа на природен гас во целата држава. Изборот на јавен-приватен партнер следува во наредниот период, а Бислимоски очекува тоа да се случи до крајот на првата половина од годинава. Според информациите на РКЕ, во крајната фаза остануваат две компании од Турција. – ...

Халкбанк АШ Турција, како главен акционер на Халкбанк АД Скопје, на 26 март свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со одобрена докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра. Основна цел на оваа докапитализација е зајакнување на банкарскиот капитал во земјата и поддршка на реалниот сектор во земјава, особено годинава кога истиот има потреба за тоа. И минатата година, со стартот на кризата ...

Германија во февруари увезла 63 проценти повеќе руски гас отколку во февруари минатата година, според податоците на руската федерална царина, пренесени од руските медиуми во вторникот. Германскиот увоз на руски гас преку гасоводот во февруари изнесуваше 4,6 милијарди кубни метри. Во споредба со јануари, снабдувањето со руски гас во Германија се зголеми за 13,4 проценти. Германија одамна е европски лидер во набавките на руски гас. Руските ...

Рекордни 260 гигавати (GW) нов капацитет за обновлива енергија беше инсталиран ширум светот во 2020 година, и покрај влијанието на пандемијата „КОВИД-19“, според податоците на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА). ИРЕНА во извештајот „Статистика за обновлив капацитет 2021“. објави дека во 2020 година се инсталирани нови капацитети за производство на обновливи извори на енергија, скоро 50 проценти повисоки од оние чија работа ...

Откако минатата недела ја проби „магичната граница“ од 60.000 долари, и падна на 57.000 долари вчера, биткоинот денес повторно изненадува. Утрово, оваа криптовалута започна во „зелено“. Околу 11,30 часот биткоин вредеше 58,600 американски долари, што е раст од околу 2 проценти за 24 часа. Од друга страна, втората најпопуларна криптовалута, етерот, продолжи да руши рекорди. Новиот рекорд од 2.117 долари, што е зголемување за околу 4 проценти во ...

Европската унија одобри четири милијарди евра (4,7 милијарди долари) државна помош на Франција за националната авиокомпанија „Ер Франс“, која се бори со економските последици од пандемијата Ковид-19. За возврат, француската авиокомпанија вети дека ќе ги направи своите слотови на парискиот аеродром Орли достапни на конкурентите, пренесува агенцијата АП. Потпретседателката на Европската комисија Маргрет Вестагер рече дека ќе ја следи државната ...

Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на државата, а особено во секторите образование, здравство и социјална заштита. Како земјите се справуваат со последиците од кризата предизвикана од ковид 19 пандемијата и ударите врз здравството, образованието, ранливите категории на граѓани и работните места, градењето на одржливи и инклузивни системи отпорни на идни шокови, промовирањето на економски ...

Предизвиците со кои секторот беше соочен во последната година и мапирање на идните чекори кои е неопходно да се преземат со цел подобрување на условите за работа и зголемување на пласманите беа фокус темите кои се дискутираа на седница на Собрание на Индустриска комора на Македонија. На седницата м-р Трајан Ангеловски, косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал” беше избран ...

Бидејќи тлото на Јужна Кореја нема соодветни топографски карактеристики за изградба на големи фарми со ветерници, оваа технолошки напредна земја се сврте кон морето, со цел да се постигне целта за целосно отсуство на емисии на стакленички гасови до 2050 година. Државниот проект вреден дури 42,8 милијарди долари треба да се реализира во следните десет години со изградба на фарма со ветерници во морето, недалеку од јужнокорејскиот југозападен ...

Корона-кризата има невидено влијание врз економијата на ЕУ, како и врз пазарот на трудот и општеството, според новиот извештај на Европската фондација за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound). Според агенцијата, „до пролетта 2020 година, во ЕУ биле вработени 5,7 милиони помалку луѓе отколку на крајот на 2019 година“, додека стапката на невработеност во 27-члениот блок се зголеми од 6,6 на 6,7 проценти во истиот период. За 12 ...

Јапонската банка (БОJ) во понеделникот објави дека започнала експерименти за проучување на можноста за издавање сопствена дигитална валута. Со овој потег им се придружува на другите глобални централни банки во истражувањето на опциите во дигиталниот сектор. Веќе постои т.н. крипто долар, Кинезите подготвуваат план за дигитален јуан да влезе во масовна употреба, а Русија исто така најави тестирање на руската рубља во електронска форма, оваа ...

Со бумот во развојот на електрични возила и изградба на гигафабрики за литиумски батерии, во кои е во водство компанијата „Тесла“, цените на овој хемиски метал, почнаа да скокаат. Слично на она што се случува со скокот на цените на недвижностите, на пример, масовната побарувачка диктира тренд на раст. Од друга страна, понудата очигледно не е доволна. Ова е токму она што се случува во светот на литиумот. Имено, вториот по големина производител на ...

Uber беше тужен во 2014 година за дискриминација на слепи лица и нивни кучиња водичи и тие се согласија да ја променат својата политика како дел од спогодба од 2,6 милиони американски долари. Uber го финализираше решението во 2016 година, но сега треба да платат дополнителни 1,1 милиони за дискриминација на Лиса Ирвинг. Според „The San Francisco Chronicle“, Ирвинг доцнела на работа, лекарски прегледи, роденденски забави поради дискриминација и ...

TiMi Studios, сопственост на групацијата Tencent, најверојатно стана најголемиот развивач на игри во светот, пренесе Ројтерс. Минатата недела, Tencent објави дека во 2020 година, компанијата заработила околу 23,7 милијарди долари од продажба преку Интернет, а се претпоставува дека TiMi е одговорен за околу 40 проценти од таа сума, додека на второто место се Lightspeed и Quantum, развивачи на PUBG Mobile, со околу 29 проценти. Компанијата не ...

Во понеделникот на Волстрит, берзанските индекси достигнаа нови рекордни нивоа, откако серијата охрабрувачки макроекономски показатели го зголемија оптимизмот за закрепнување на американската економија од корона-кризата. Дау Џонс зајакна 373 поени или 1,13 отсто на 33.527 поени, додека С & П 500 скокна 1,44 отсто, на 4.077 поени, а индексот Насдак 1,67 отсто, на 13.705 поени. Највисоките индекси на Дау Џонс и С & П 500 во историјата се ...

Првиот човек на Apple, Тим Кук, навести дека компанијата сепак влегува во проект за автономни автомобили, за кој се шпекулираше со месеци. – Според мене, автономијата е основна технологија. Ако се оддалечите некако, автомобилот е робот на многу начини. Автономен автомобил е робот. И, можете да направите толку многу работи со автономијата. Ќе видиме што ќе прави Apple“, рече Кук во интервју за CNBC. – Внатрешно истражуваме толку многу работи. ...

Пазарната капитализација на сите криптовалути денес за прв пат се приближи на нивото од два трилиони (2.000 милијарди) долари. Вредноста на сите 9.115 криптовалути што ги следи веб-страницата CoinMarketCap.com, имаше комбинирана пазарна вредност од 1,996 милијарди долари, што претставува зголемување од околу 2,6% во последните 24 часа. Вкупната вредност на сите криптовалути на почетокот на јануари надмина 1 трилион американски долари, ...

FAATMAN е кратенка која се повеќе се користи за седумте најголеми и најпознати технолошки компании – Facebook, Alphabet, Amazon, Tesla, Microsoft, Apple и Netflix, а во просек овие технолошки компании генерираат неверојатни 416.768 долари секоја минута. Акциите на FAATMAN имаат колективна пазарна капитализација од 8,3 трилиони долари, а нивниот крај сè уште не е на повидок. И додека пандемијата сруши на колена многу компании и претприемачи, тоа ...

Од почетокот на пандемијата, бројот на Италијанци кои се сметаат за сиромашни е зголемен за еден милион, пишува весникот „Ил манифесто“, наведувајќи дека сега 5,2 милиони луѓе немаат доволно ниту за основните потреби. Зголемувањето на сиромаштијата е последица на економската криза што следеше како резултат на пандемијата на коронавирус, а весникот наведува дека бројот на сиромашни сигурно ќе се зголеми кога владиниот декрет за забрана за откази ...

Акциите на „Тесла“ денеска пораснаа за околу 7,5 проценти во тргувањето пред официјалното отворање на Њујоршката берза, објави Ројтерс. Ова се случи откако водечкиот светски производител на автомобили пријави рекордни испораки во првиот квартал на 2021 година. Цената на акцијата на „Тесла“ скокна на 714 долари пред ѕвончето да го најави почетокот на тргувањето со Волстрит, а пораст на вредноста забележаа и други производители на електрични ...

Благодарение на растот на цените на нафтата, богатството на нафтените милијардери во првиот квартал од оваа година се зголеми за околу 10 проценти во споредба со истиот период минатата година. На почетокот на 2021 година, енергетските магнати заработија вкупно 51 милијарда американски долари повеќе отколку во истиот период минатата година. Според индексот на милијардери на Блумберг, најголем победник во овој сектор е индискиот милијардер Гаутам ...

Јужнокорејската LG Electronics Inc. е првиот голем производител на паметни телефони што го затвори тој ланец на производство поради загуби откако не најде купувач. Одлуката за повлекување ќе остави испразнет околу 10 проценти од пазарот во Северна Америка, каде што е трет најсилен и каде Samsung Electronics и Apple Inc. ќе се борат за тој дел од пазарот. „Во САД, LG го насочи пазарот на уреди од средна и ниска класа и тоа значи дека Samsung, кој ...

Профитот на Samsung во првиот квартал од оваа година може да се зголеми за 45 проценти во споредба со истиот период минатата година, како резултат на силниот раст на продажбата на паметни телефони, телевизори и домашни апарати. Оперативната добивка на јужнокорејскиот технолошки концерн се очекува да се искачи на 8,2 милијарди долари во првиот квартал од оваа година. Тоа би значело највисоко ниво на оперативна добивка на Samsung во првиот квартал ...

Угостителството повторно целосно се затвора, што значи дека без основни приходи ќе останат околу 30.000 граѓани кои работат во овој сектор, затоа е потребно да има реципроцитет меѓу рестрикциите и финансиската помош, потенцира денес Мартин Ангеловски од Туристичко угостителската комора на Македонија. “Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите ...

Македонска берза денеска го објави Билтенот за месец март 2021 година во кој може да се забележи пад од 45,52 отсто на вкупниот промет во однос на минатиот месец, кој изнесува 757.514.703 денари. Бројот на трансакции исто така е намален за 42,19% и се 1.466 на број. Најтргувани акции во БЕСТ системот се оние на Комерцијална Банка, со износ од 130.208.028 денари. ...

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, денеска се обрати на настан по повод најава на нова инвестиција во рамки на компанијата „Сити Плаза”, односно зголемување на капацитетот на трговскиот центар „Рамстор” . Станува збор за инвестиција вредна 105 милиони евра, и најава за уште 700 нови работни места. Покрај премиерот Заев, на настанот се обратија и сопственикот Ајдован Адемовски, Озгур Торт, извршен директор на компанијата ...

Беспилотните летала многу брзо станаа една од омилените алатки за компаниите кои сакаат да го привлечат вниманието на корисниците, а Genesis, марката на автомобили на Hyundai, успеа да го стори тоа на најдобар можен начин. Имено, овој бренд го прослави својот влез на кинескиот пазар со соборување на Гинисовиот рекорд со бројот на симултани дронови во воздухот. На презентацијата на нивното лого над Шангај, на 29 март, во воздух беа 3.281 ...

Не може да се негира дека сајбер безбедноста навистина игра важна улога за секој бизнис во денешно време. Но, нејзината важност порасна во голема мера како резултат на кризата со коронавирусот. Поради тоа, деловните субјекти или компаниите мора да инвестираат во сајбер безбедност за да ги заштитат своите клиенти и себеси од сајбер криминалците, кои воведуваат нови начини за пристап и злоупотреба на доверливите податоци и информации на ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,80 % во однос на Одлуката од 29.3.2021 година, соопштија од РКЕ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
79%
1028
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.0
74%
1029
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
74%
1026
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.09
54%
1026
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
64%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
4.92
68%
1021
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
35%
1020
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
39%
1022
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
57%
1025
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
8.23
87%
1022
Currency

61.535

Currency

59.7926

Currency

72.8505

Currency

37.0068

Currency

41.5885

Currency

65.4754

Currency

8.14469

Currency

0.58113

Currency

0.38044

Currency

0.52516

Currency

1.68279

Currency

0.69068

Алуминиум

2 $

Иридиум

133440 $

Кобалт

450 $

Никел

500128 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

960 $

Злато

85981 $

Бакар

8 $

Паладиум

29774 $

Платина

30073 $

Цинк

90751 $