Координаторите на пратеничките групи и денеска со нов обид да постигнат консензус за Изборниот законик. На средбата во Собранието се разговара за забелешките на пратеничките групи од опозицијата и најавените илјадници амандмани. Премиерот им порача дека ако не се договорат, ќе остане стариот Изборен законик. Тој, вели, е подготвен да ги прифати сите нивни барања, вклучително и рамноправно медиумско претставување, како што бараат од Левица и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека предложеното електронско гласање на дијаспората носи сериозни ризици и може да ја доведе во прашање легитимноста на изборниот процес, пренесе МИА. На прес-конференција, Филипче рече дека премиерот Христијан Мицкоски прифатил речиси сите забелешки на СДСМ за измените на Изборниот законик, освен предлогот за електронско гласање на иселениците. Според него, ваквиот модел не е ниту европски, ниту ...

Отворени сме, вели Мицкоски, уште денеска, утре, да разговараме за сите модалитети. „Јавно кажувам, дајте да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората. Не е битно дали тоа ќе биде електронско, дали ќе биде со писма. Дајте да најдеме начин, да најдеме некоја пракса во светот како би успеале на тие луѓе да им овозможиме правото на гласање да го остварат на поедноставен начин бидејќи сега, конкретно го давам примерот со ...

Премиерот Христијан Мицкоски го претставува олеснувањето на гласањето за дијаспората како мост меѓу иселениците и татковината, но зад големите зборови за враќање на луѓето во Македонија се отвора и многу поконкретно политичко прашање: дали измените во Изборниот законик се прават за поголема демократија или за изборна математика пред следните циклуси? Во телевизиско гостување, Мицкоски порача дека клучната цел на предложените измени е да се ...

Измените на Изборниот законик повторно се претворија во една од најконтроверзните политички теми во земјата. Наместо да претставуваат резултат на широк политички и општествен консензус, реформите се најдоа во центарот на остар судир меѓу власта и опозицијата, со електронското гласање на дијаспората како клучна точка на несогласување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека воведувањето можност за електронско гласање за македонските ...