ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Македонските ракометари од пред неколку дена се во Хернинг, каде од утре ќе почнат со настапот на европското првенство што се одржува во Данска, Норвешка и во Шведска. Она што е интересно, овој дански град беше наш домаќин во групната фаза и пред 12 години, кога Данска исто такка беше носител на групата во „Јиске Банк Боксен“ арената, импресивен спортски објект кој во изминатите десетина години прерасна во ...

Македонските навивачи полека во поголеми групи заминуваат за Хернинг, Данска, каде од петок ќе бидат голема поддршка за нашата ракометна репрезентација за време на Европското првенство. Како и на секој голем настан, денеска со лет до Хамбург, а потоа со автомобили, во попладневните часови во Хернинг ќе пристигне една поголема група наши навивачи. Нашата „Фаланга“ доаѓа од повеќе краишта на Европа, но секако ќе има и навивачи од кои ќе дојдат ...

ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Ракометната репрезентација на Македонија утре против домаќинот Данска ќе го стартува настапот на Европското првенство во Скандинавија. Репрезентативниот пикер, Самоил Ристевски ги даде своите очекувања за шампионатот. „Целта е секогаш да бидеме на високо ниво и секоја година да бидеме дел од големите натпреварувања. Во Данска играат најдобрите ракометари на светот. Имаат малку слаби страни, повеќето им се ...

ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Македонските репрезентативци во Хернинг се подготвуваат за утрешната премиера на ЕП 2026 против Данска, а во овој град можеа да се сретнат и со добро познато лице. Немања Прибак, долгогодишниот капитен на Вардар кој неколку години настапуваше и за македонската репрезентација, исто така е во Хернинг, како дел од стручниот штаб на српскиот селектор Раул Гонзалес. Отворен за разговор како и секогаш, Прибак со ...

Македонската ракометна репрезентација својот воведен натпревар во групата Б ќе го игра утревечер во Хернинг со почеток во 20:30 часот против кодомаќинот Данска Франција ја совлада Чешка, додека Шпанија беше поуспешна од Србија, во двата воведни натпревари со кои вечерва официјално стартуваше 17. Европско првенство во ракомет чии домаќини се Данска, Шведска и Норвешка. Франција во доминантен стил триумфираше над Чешка во Осло со 42-28 за ...

Франција и Шпанија забележаа убедливи победи во воведните натпревари на 17. Европско првенство за ракометари, кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. Франција во Осло ја совлада Чешка со 42-28, додека Шпанија во Хернинг ја победи Србија со 29-27. Натпреварите вечерва Првиот ден од шампионатот ќе биде комплетиран со дуелите Норвешка – Украина и Германија – Австрија, кои ќе ги одредат почетните позиции во групите. Македонија го отвора ...

После поминати повеќе од 2.300 километри со автобус, македонските навивачи кои од Скопје патуваа на „потешкиот начин“ до Данска, веќе се во државата која е еден од домаќините на Европското првенство во ракомет. Од Македонија преку Србија, Унгарија, Словачка, Чешка (таму имаа и едно ноќевање) и Германија, екипата од 30-тина фанатаци меѓу кои има и жени и деца, рано утрово пристигна во Данска. Време за одмор нема многу, ќе треба да се патува и ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг против Данска Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е вторпат ...

На два дена пред почетокот на Европското првенство во Данска, кога нашите ракометари ги одработуваа последните подготовки за она што ќе следува вечерва во Хернинг, Данска, од Скопје на пат тргнаа најверните македонски навивачи – осмиот играч на ракометната репрезентација. Екипата полека се екипираше и со автобус го започна своето долго патување. Тргнувањето за Данска се поклопуваше со стара-нова година и празникот Василица, па истото започна ...

ЕКИПА во Хернинг Стеван Цаневски И покрај тоа што вечерва ќе има тешка задача против домаќинот и фаворит за највисок пласман Данска, сепак, за македонските ракометари нема да изостане поддршката од трибините во салата во Хернинг. Навивачите веќе го окупираа овој дански град, и вечерва се очекува да дадат силна поддршка за избраниците на Кире Лазаров, во обидот да се дојде до голема сензација на првиот меч на Европското првенство. Во Хернинг ...