До крајот на неделава водата во Гостивар ќе може да се користи за пиење и за подготвување на храна. Ова се очекувањата на министерот за здрaвство Сашо Клековски, кој информираше дека денеска се регистрирани 71 нов пациент. Според него, намалување на бројката е резултат на подобрување на водата во градскиот водовод и веќе неколку дена таа се хлорира соодветно. Параметрите се подобруваат, а министерот верува дека водата ќе биде безбедна до ...
Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но забраната за пиење останува. Фекалните бактерии се елиминирани од водоводната мрежа, но при хиперхлорирањето и прочистувањето е пронајдена друга бактерија, бидејќи инсталацијата долго време не се користела. Анализите продолжуваат. „Во инсталацијата веќе ги нема оние фекални колиформни бактерии, но се појави нова резидуална бактерија која е присутна поради тоа што долго време инсталациите не ...
Гостиварци велат дека состојбата со епидемијата предизвикана од загадената вода се смирува и дека ситуацијата постепено се враќа во нормала. Откако беше дадено зелено светло водата да може да се користи за техничка употреба, очекуваат во текот на оваа недела водата од водоводот да може да се користи и за пиење. АНКЕТА СО ГРАЃАНИ: – Овие Швајцарци што доаѓаат тука не знаат дали водата се пие или не. Треба да ја затворат чешмата, а со што ја ...

