Ќе имаме сериозна штета врз економијата ако блокадите на камионџиите на граничните премини продолжат и не се изнајде решение, предупреди Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Не само на економијата во Македонија, туку и во целиот регион. Се работи за сериозно прашање кое го засега регионот, односно земјите од Западен Балкан, меѓутоа ги засега и земјите членки на Европската Унија“, смета Димовски. ...

Очекувам дека Европската комисија, во периодот што следува, ќе изнајде некое соодветно решение за визни форми за оние професии кои имаат висока мобилност, меѓу кои се и камионџиите, односно возачите, рече Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Во постојана комуникација сум со претставници во владата и со претставници на компаниите во Технолошко-индустриските развојни зони“, рече Димовски. С.Д. ...

Договорот на ТИРЗ со приватна агенција за времени вработувања се склучува веќе неколку години, не се склучува првпат, рече Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, за вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Се склучи и во 2025 година и во 2024 година, меѓутоа дефинираната вредност не значи дека ќе се исполни целата, односно искористи. Тоа е ако има потреба за нови вработувања на дирекцијата за ТИРЗ во иднина. Знаете, ние се шириме со нови ...

Од април лани почна примената на електронскиот систем за влез и излез (EES) со што е воведена автоматизирана и ригорозна контрола на пречекорувањата. Превозниците, претставени преку македонското здружение Макам-транс велат дека сега професионалните возачи се третираат како туристи, што го оневозможува нормалното функционирање на меѓународниот транспорт и води кон забрани за влез во ЕУ. Веќе трет ден превозниците од земјите на Западен Балкан ...

Црногорските транспортери, кои заедно со колегите од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина три дена ги блокираа граничните премени заради системот за влез и излез (ЕЕС) од Шенген зоната на Европската унија (ЕУ), денеска ги прекинаа блокадите. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Четврти ден блокади на граничните премини заради правилата за влез и излез во Шенген зоната Македонските и транспортерите од Србија и Босна и Херцеговина засега продолжуваат со ...